In English

En français

Говорот
на Судбината

Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате?
 
Кликнете на Книгата...

Останати теми:

Мое гледање на Астрологијата

Астролошките сајтови


Школо за новата реалност

Среќата го менува знакот

Седум фази

Плутон во Водолија

Господарот во матни води

Одиме на Марс

Кој сее ветер

Да сум јас некој

QUO VADIS MACEDONIA?

Никој не е совршен

Кај се тие времиња?

Сакам да се дружам само со убави луѓе

Лопови, Овци, Научници и Мистици

Црешовиот цвет

Кога ќе се сретнат Среќата и Фантазијата

Тест за пријателство

Сакај ме повеќе од се на светот

Денот на Свети Валентин

Победа на животот над смртта

Зошто славиме на 14-ти јануари

Чудни се патиштата Господови

Вашиот маж е вашето огледало

Зошто нашите желби не се исполнуваат?

Катарза на стравот од смртта

Што не спречува да бидеме среќни?

Зошто жените сакаат да личат на Џокер?

Убиство со збор

Кога бракот не е консумиран

Ретроградниот Меркур наш слуга

Кај што денот ја љуби ноќта

Кога ќе го преспиеш животот

Нејзиното Височество, Госпожа Карма

Те снаоѓа тоа...

Лоши работи, добри луѓе

Другата страна на надежта

Зошто е болно човештвото?

Дали најде радост

Пет чувари на бракот

Љуби, љуби, ама глава не губи

Во музиката е лекот

Ретроградниот Меркур работи за нас

Супер Цветна Крвава Месечина

Очи во очи со Кармата

Ниедна тајна не останала вечно скриена

Јупитер во Риби

Кога ќе се појавиш љубов моја?

Знаете ли кое е најдоброто патување?

Дај му го на другиот

Соковите на љубовта

Никој не избегал

Објавено на 31.05.2023 во 22:14

Никој не и избегал на судбината
 

(Вистинска приказна од мојата пракса)

„Човек често ја среќава својата судбина на патот по кој тргнал за да ја избегне“

~ Жан де ла Фонтен

За волја на вистината, сум сретнала различни верзии на оваа изрека потпишани од различни луѓе, драги мои. Па, дури и една која му се припишува на Карл Густав Јунг. Но, бидејќи писателот Жан де ла Фонтен живеел пред сите нив, во 17 век (1621-1695), претпоставувам дека е тоа негова мисла, која другите само ја цитираат бидејќи е многу добра. Од каде пак де ла Фонтен ја чул, за сега, останува енигма и не е важно. Важно е дека секогаш, кога некаде ќе ја прочитам оваа изрека, мислите ме навраќаат кон Сања и нејзината приказна.

Ја сретнав пред десеттина години. Беше тоа симпатична девојка на дваесетидве-три, со средна висина, со бујна, костенлива коса и малку посилни бутини. Иако изгледаше како жена, одењето и движењата и беа некако машки, фраерски, како кај некој кој растел во машко опкружување или кој живеел во непријателска средина, па научил да испраќа сигнали дека не е добро да се р'чкаат со него. Разговорот почна веднаш, опуштено, на различни теми, како отсекогаш да сме се познавале, а сега само повторно сме излегле на кафе. Потоа, незабележливо се лизна на деталите од нејзината Натална Карта.

Најмногу се задржавме на она што мене ми бодеше очи, на семејното проклетство предизвикано од некој нејзин предок, а поврзано со некакво убиство, и на начините како тоа да го надмине, како да го прекине проклетството, со цел да се реализира себеси како жена и мајка, бидејќи тоа беше и нејзината желба.

После првата средба, редовно се гледавме еднаш годишно, на „апдејтирање“ преку Соларниот Хороскоп. Тогаш Сања ме информираше за сите новини што се случиле во изминатата година и анализиравме колку од предвидувањата се оствариле, и на кој начин. Бидејќи, таа веќе знаеше дека ѕвездите УКАЖУВААТ на иднината, но не ја ОДРЕДУВААТ. Така, јас бев во тек и знаев дека во меѓувреме се омажи, доби две деца и помина низ кризен период поврзан со член од семејството. Всушност, за сето тоа таа веќе беше однапред информирана на нашите средби. Но, и покрај тоа, се гордеев со неа, бидејќи се покажа дека е од цврст ков, зашто и најтешките моменти ги издржа стоички, трезвено, машки, како нешто најнормално што животот го носи.

На едно од нашите видувања и соопштив дека во следната година има голема можност повторно да остане бремена, на некој чуден, изненаден, непланиран, шокантен начин. Па, ако нема намера да го проширува семејството, со време да се заштити од изненадувања. Тогаш таа ме погледна и рече:

„Ти луда ли си? Каква бременост, какви бакрачи? Јас толку се изморив изминативе неколку години, родив две деца, добив отказ на работа, се судев со газдите, се грижев за болен човек и сега почнав со нова работа. Не, не можам повторно да раѓам и да одам на породилно. Мора прво да се стабилизирам и да ја зацврстам позицијата на работа.“

„Сето тоа си е во ред“, се надоврзав јас смеејќи се. „Но, никој не те прашува кои се твоите желби, ако Господ има други планови за тебе. Значи, или внимавај, ако е тоа можно, или уште од сега собирај сила за сите непроспиени ноќи кои те очекуваат, бидејќи, како што знаеш, со вакви аспекти во Наталната Карта и со семејно проклетство предизвикано од одземен животот, ти не смееш да направиш абортус. Инаку, џабе ќе биде сиот твој труд да ја прекинеш негативната семејна карма, ако посегнеш по нечиј живот. Така ќе ги осудиш и твоите потомци, деца, внуци, правнуци, да продолжат да го носат крстот на семејното проклетство на својот грб.“

„Нееее, тоа не смее да се случи. Никако“, со решеност во гласот и ококорени очи ми соопшти Сања. А, кога забележа дека јас се насмевнувам и сомничаво вртам со главата лево-десно како да сакам да кажам: „Не сум сигурна дека ќе биде така, ама ајде“, го дигна показалецот кон небото и отсече: „Ти гарантирам“, како да сакаше да стави потпис и печат на кажаното и, со тоа, конечно да го стави можниот проблем ад акта.

Следната година, наесен, вообичаено, Сања се јави да закаже нова средба.

„Еве ме пак, ко обично. Ама чекај прво да те прашам. Дали мора да дојдам сама или може да донесам и некој друг со мене?“

Кога јас почнав да и го преповторувам мојот принцип на работа, кој е во правец на комплетна заштита на интимата на клиентот, зашто некои работи не се кажуваат дури ни пред себеси, а камоли пред мајка или другарка, Сања ме прекина во зборувањето и рече:

„Знам, знам, сето тоа го знам. Ама се работи за мало човече што ќе спие и нема да разбере што зборуваме. Сакав да го запознаам со тебе, оти ти го виде пред јас да имам каква било идеја за него.“

За миг замолкнав да размислам што сака да ми соопшти. Броев во главата колку време поминало откако последен пат сме се виделе и дали е тоа доволно да забремени и да се породи? И кога сијаличката во главата ми светна дека поминале 12 месеци од нашата последна средба, радосно извикав: „Лелееее, значи се случи?! Па, како се случи? Ти се смени мислењето откако ти ја соопштив можноста или? Како?“

Сања беше куса: „Се случи како што ми кажа. Одненадеж и на чуден начин. Ама ќе ти раскажам ако не примиш на гости“.

Неколку дена подоцна го запознав малиот-голем човек и ја дознав целата приказна. Накусо, работите се случиле вака:

Сања продолжила со секојдневниот ритам, дома- градинка-работа-градинка-дома. Како нововработена која сака да се докаже и пред колегите, а уште повеќе пред шефовите, таа имала еден куп обврски, па дури заборавила понекогаш да јаде. Дома, исто така, работа преку глава. Па, навечер била мртва уморна, а не пак да и текнува на секс и слични глупости. Меѓутоа, фатиле новогодишни празници, таа и маж и имале повеќе слободно време, децата биле кај мајка и...и се случило тоа што се случило.

„Замисли, забременив преку кондом“, раскажуваше Сања, сеуште восхитена од фактот дека се случило нешто што е невозможно. „Ете ти го чудниот начин за кој ми зборуваше.“

„Како? Не ми се верува? Ме лажеш“, редев јас зборови што први ми паѓаа на памет, со цел да си дадам време да го поврзам она што го чув во логична целина.

„Не, вистина е. Така беше. Водевме љубов само тој еден пат, а после тоа немавме ништо со сопругот, знаеш обврски. Па, дури и не забележав дека менструацијата ми доцни 3 месеци.“

„Три месеци?! Како не забележа 3 месеци?! Па, ти си градска девојка?!“, бев шокирана јас.

„Па, нели знаеш дека циклусот не ми е редовен и дека тоа мене не ми е чудно. Затоа отидов кај гинекологот да види што ми е. Мислев дека пак ми се пореметиле хормоните поради преголем замор и стрес, па да ми препише нешто за нивно средување. Ама кога легнав за да ми направи ехо, тој ми честиташе дека ќе станам мајка.“

„Каква црна мајка“, му велам јас. „Видете подобро.“

„Еве, увери се сама“, го сврте лекарот екранот кон мене да ме убеди во тоа што го кажува. И јас ќе се онесвестев кога видов. Ми вели: „Имаш уште 3 дена фора ако планираш абортус, потоа не ќе може. Оди дома, преспиј, размисли и дојди, ако решиш.“

Отидов дома и цела ноќ око не склопив. Ги броев сите „за“ и „против“. Се борев со мојата совест. Ми текна и на твоите зборови што ми ги кажа последниот пат. Но, откако го видов тоа мало човече во мене, немав срце да се ослободам од него. Си помислив дека треба да е преголема неговата волја за живот штом сум останала бремена преку кондом и пресеков: „Ќе си го родам“...

„Си го направила вистинскиот избор“, бев задоволна јас од нејзината зрела постапка, и тогаш и ја раскажав приказнава што сега ќе ја споделам и со вас. Еве вака:

Еднаш, многу одамна, си седел некој човек во гостилница во Дамаск и си пиел вино. Во еден миг го кренал погледот од чашата вино и ја видел Смртта како го набљудува со ширум отворени очи. Тој исплашено извикал: „Не, ова не е мојот час!“ Потоа, со цел да и избега на Смртта, излетал од гостилницата како стрела, го јавнал коњот и во кас избегал од Дамаск. Јурел така низ пустината, несвесен за себеси и стигнал во Самара. Дури тогаш сфатил колку е жеден. Застанал над еден бунар да се напие вода, кога таму што ќе види. Смртта повторно го гледала в очи. Кога и го фатил погледот, по втор пат, крикнал: „Не е можно пак?! Па, нели ти избегав во Дамаск?“

Смртта му ја ставила раката на рамо и рекла:

„И јас се изненадив кога те видов во Дамаск. Бидејќи, отсекогаш знаев дека треба да се најдеме тука, во Самара.“

Тонч, драги мои. Затоа треба да внимаваме какви одлуки донесуваме и какви постапки правиме, бидејќи токму тие ја креираат нашата судбина. А, само на кармичките долгови не можеме никако да им избегаме, додека не ги отплатиме.

Виолета С. Марсол

 

 
 
Регистрирано во Македонска Авторска Агенција
под реден број 970 Скопје
 
Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот.
Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
 

Изгледот на страницата одговара за Стрелците. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.


Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак.
Направете го овој тест.


Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне

радикално да го подобрите вашиот животВашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне да ги откриете причинско-последичните врски меѓу вашиот минат и сегашен живот, ќе ви открие што се случувало во вашиот минат живот, како тоа се рефлектира на вашето однесување и на случувањата во сегашниот и која е целта на вашето раѓање.


Имам веќе две натални карти и искрено не очекував Оваа да биде нешто многу поразлична од останатите. Сепак многу се изненадив. Многу сум задоволен од одговорите кои ги добив благодарејќи на Вашата натална карта! Искрено Благодарам! 

Гога Поп-Георгиевски, Скопје


Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.


Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)


© 2005-2024
Виолета Марсол
Сите права се задржани

Насловна страна | Знаците и... | АстроПортети | Натална Карта | Детски Хороскоп | Љубовен Хороскоп | Бизнис Хороскоп | АстроСовети

Насловна страна Знаците и... АстроПортети Натална Карта Детски Хороскоп Љубовен Хороскоп Бизнис Хороскоп АстроСовети Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Шкорпија Стрелец (тековен стил) Јарец Водолија Риби