In English

En français

Говорот
на Судбината

Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате?
 
Кликнете на Книгата...

Останати теми:

Мое гледање на Астрологијата

Астролошките сајтови


Никој не избегал

Школо за новата реалност

Среќата го менува знакот

Седум фази

Плутон во Водолија

Господарот во матни води

Одиме на Марс

Кој сее ветер

Да сум јас некој

QUO VADIS MACEDONIA?

Никој не е совршен

Кај се тие времиња?

Сакам да се дружам само со убави луѓе

Лопови, Овци, Научници и Мистици

Црешовиот цвет

Кога ќе се сретнат Среќата и Фантазијата

Сакај ме повеќе од се на светот

Денот на Свети Валентин

Победа на животот над смртта

Зошто славиме на 14-ти јануари

Чудни се патиштата Господови

Вашиот маж е вашето огледало

Зошто нашите желби не се исполнуваат?

Катарза на стравот од смртта

Што не спречува да бидеме среќни?

Зошто жените сакаат да личат на Џокер?

Убиство со збор

Кога бракот не е консумиран

Ретроградниот Меркур наш слуга

Кај што денот ја љуби ноќта

Кога ќе го преспиеш животот

Нејзиното Височество, Госпожа Карма

Те снаоѓа тоа...

Лоши работи, добри луѓе

Другата страна на надежта

Зошто е болно човештвото?

Дали најде радост

Пет чувари на бракот

Љуби, љуби, ама глава не губи

Во музиката е лекот

Ретроградниот Меркур работи за нас

Супер Цветна Крвава Месечина

Очи во очи со Кармата

Ниедна тајна не останала вечно скриена

Јупитер во Риби

Кога ќе се појавиш љубов моја?

Знаете ли кое е најдоброто патување?

Дај му го на другиот

Соковите на љубовта

Тест за пријателство

Објавено на 15.03.2022 во 22:47

Тест за пријателство
 

Ако почувствуваат дека ни се потребни,
луѓето стануваат аздисани и арогантни.
~ Шопенхауер

Сте го почувствувале ли ова на своја кожа, драги мои?

Можеби, да. Но, сигурна сум дека ви било тешко да го дефинирате.

Прашувате: „Од каде знам?“.

Па, секако од мое, лично искуство. Имајте на ум дека луѓето речиси никогаш нема ви кажат што навистина мислат за вас. Но, секогаш ќе го покажат тоа со некаков гест. Затоа, ќе треба да внимаваме како се однесуваат кон нас, а не што ни зборуваат.

Како да знаеме кој ни е вистински пријател, а кој не?

Вистинските пријатели треба да го поминат тестот на седумте Библиски гревови. Ако, паднат на некој од нив, ќе знаете дека не ви се вистински пријатели. Вие можете и понатаму да се дружите со нив, но секогаш ќе треба да внимавате на грмушката во која се крие зајакот. А, ако еднаш ви згрешат, јас не би им дала втора шанса, бидејќи тоа е исто како да му дадете нов куршум на некој кој еднаш стрелал во вас и ве промашил.

Кои се 7-те чекори од тестот?

1. Потрудете се да дознаете колку се алчни?

И тоа не со вас, бидејќи пред вас можеби ќе глумат. Потрудете се да дознаете како се однесуваат со своите роднини, со останатите пријатели? Дали кога имаат корист од нив го менуваат однесувањето, стануваат услужливи, насмеани? Дали коваат планови да им го земат имотот на некој од роднините или веќе имале такви епизоди во минатото? Ако одговорот е „да“, тогаш тоа ќе го направат и со вас, кога ќе имате нешто вредно за земање.

2. Утврдете дали се завидливи?

Ако им завидуваат на другите, ако се трудат да ги омаловажат за нивниот успех, изглед, среќа, истото го чувствуваат и кон вас и сигурно ве озборуваат кога не сте присутни. А, зависта е енергија што влече надолу и такви личности не ви требаат во вашето опкружување.

3. Дали се мрзливи?

Нивната мрзливост, сама по себе, не ве погаѓа вас, лично. Но, тоа е статична енергија која би можела да ве успорува или да прави да се чувствувате виновни ако сакате да го забрзате темпото и да одите напред.

4. Дали се горди?

Ако постојано се удираат в гради за тоа што тие го направиле, колку се тие способни, со кого тие се познаваат, што поседуваат, ако, во скриена или директна форма, навестуваат дека се подобри од вас, тоа, на почетокот, би можело да ви биде смешно или забавно. Но, имајте на ум дека таквите луѓе не ве третираат како да сте рамноправни. А, кога нема рамнотежа во размената нема вистинско пријателство. Бидејќи, тој што се претставува себеси како господар, ќе очекува да му бидете роб.

5. Како се однесуваат кога се лути?

Согледајте дали умеат да го контролираат својот бес? Ако не умеат, кажете му „збогум“ на пријателството, иако можеби уште не ни почнало. Бидејќи, во мигот кога вашиот пријател повторно ќе се разјари можно е вашата дружба да заврши со вкрстени тупаници.

6. Дали се скржави?

Оној кој е научен да ги стиска парите, тој го стиска и своето срце и не ќе умее да сподели со вас ниту убави чувства, ниту зборови на утеха.

7. Дали се однесуваат блудно?

Каков е нивниот сексуален живот не би требало да ве интересира. Но, блудниот карактер покажува дека човекот не умее да ги контролира своите страсти, дека мисли дека му е дозволено да си земе се што ќе види и посака. Всушност покажува дека му недостасува морал. Тоа значи дека, еден ден, би можел да посегне и по нешто што е ваше, ако му се допадне. Па, дури и по вашиот сопруг или сопруга. Да, да. Имало еден куп такви примери околу нас. А, да не зборуваме за тоа дека лошото друштво ги расипува добрите навики.

И на крај да заклучам:

Кога луѓето се однесуваат кон нас како да не им значиме ништо, драги мои, треба да им веруваме и секогаш да имаме на ум дека тие стануваат аздисани и арогантни ако почувствуваат дека ни се потребни.

Виолета С. Марсол

(Текстот е авторски труд и не е дозволено да се копира и реобјавува без дозвола од В.С.Марсол)

 

 
 
Регистрирано во Македонска Авторска Агенција
под реден број 970 Скопје
 
Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот.
Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
 

Изгледот на страницата одговара за Стрелците. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.


Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак.
Направете го овој тест.


Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне

радикално да го подобрите вашиот животВашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви открие кои се вашите скриени таленти, во кои професии би можеле да постигнете најголем успех, каков е вашиот однос со колегите и претпоставените и зошто, какви се вашите потенцијали на финансиски план.


Понекогаш ни самата незнам дали ќе ги направев вистинските животни избори, ако ја немав наталната карта. Мое огледало во минатото и мое лично упатство за подобра иднина. 

Ивона Талевска, Скопје


Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.


Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)


© 2005-2024
Виолета Марсол
Сите права се задржани

Насловна страна | Знаците и... | АстроПортети | Натална Карта | Детски Хороскоп | Љубовен Хороскоп | Бизнис Хороскоп | АстроСовети

Насловна страна Знаците и... АстроПортети Натална Карта Детски Хороскоп Љубовен Хороскоп Бизнис Хороскоп АстроСовети Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Шкорпија Стрелец (тековен стил) Јарец Водолија Риби