Говорот на Судбината
Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате? Кликнете на Книгата... |
Останати теми:
Мое гледање на Астрологијата
Никој не избегал
Школо за новата реалност
Среќата го менува знакот
Седум фази
Плутон во Водолија
Господарот во матни води
Одиме на Марс
Кој сее ветер
Да сум јас некој
QUO VADIS MACEDONIA?
Никој не е совршен
Кај се тие времиња?
Сакам да се дружам само со убави луѓе
Лопови, Овци, Научници и Мистици
Црешовиот цвет
Кога ќе се сретнат Среќата и Фантазијата
Тест за пријателство
Сакај ме повеќе од се на светот
Денот на Свети Валентин
Победа на животот над смртта
Зошто славиме на 14-ти јануари
Чудни се патиштата Господови
Вашиот маж е вашето огледало
Зошто нашите желби не се исполнуваат?
Катарза на стравот од смртта
Што не спречува да бидеме среќни?
Зошто жените сакаат да личат на Џокер?
Убиство со збор
Кога бракот не е консумиран
Ретроградниот Меркур наш слуга
Кај што денот ја љуби ноќта
Кога ќе го преспиеш животот
Нејзиното Височество, Госпожа Карма
Те снаоѓа тоа...
Лоши работи, добри луѓе
Другата страна на надежта
Зошто е болно човештвото?
Дали најде радост
Пет чувари на бракот
Љуби, љуби, ама глава не губи
Во музиката е лекот
Ретроградниот Меркур работи за нас
Супер Цветна Крвава Месечина
Очи во очи со Кармата
Ниедна тајна не останала вечно скриена
Јупитер во Риби
Кога ќе се појавиш љубов моја?
Знаете ли кое е најдоброто патување?
Дај му го на другиот
Соковите на љубовта
|
Текст објавен во јуни 2007
|
Упатство за движење по астролошките сајтови
Ако до сега сте користеле или би сакале во иднина да користите услуги на астрологот во директна средба или преку некој астролошки сајт, со цел да се заштитите и да имате вистинска корист, треба да проверите каков е профилот на астрологот што се наоѓа наспроти вас или од другата страна на сајтот. Ако астрологот е професионален, тој мора да го почитува астролошкиот етички кодекс. Тоа значи дека се обврзува да биде постојано свесен за своето однесување, да внимава како ја претставува Астрологијата во јавноста, да биде одговорен за своите постапки кон клиентите, да внимава кој збор ќе го употреби во дадена прилика, свесен дека зборовите имаат посилно дејство дури и од куршумот. Бидејќи тие често живеат со години, создаваат немир, го трујат животот. А, понекогаш делуваат и сугестивно. Тоа најдобро го забележал босанскиот нобеловец Иво Андриќ кој запишал: “Би било добро кога зборовите би биле со краток век како што е звукот што ги изговорил. Но, тие често живеат со години како срамни рани, болат, жежат и го трујат животот...” Но, да тргнеме со ред, кој е етичкиот кодекс што треба да го почитува секој астролог? - Не би требало да започне со изработка на вашиот хороскоп ако не се прецизни податоците што му ги давате за себе (датум, место и час на раѓање). Кога станува збор за изработка на натална карта преку астролошки сајт тогаш одговорноста за точноста на податоците е ваша.
- Астрологот мора да се обврзе дека ќе ги чува вашите тајни и нема да ги злоупотреби сознанијата за вашиот психолошки профил за сопствени или туѓи цели. Посебно кога средбата е лична.
- Астрологот како и психијатарот не смее да ги користи знаењата од Астрологијата за заведување и за доаѓање до потенцијални сексуални партнери.
- Астрологот треба да го поттикнува развојот на клиентот штитејќи ја неговата автономност и интереси.
- Ако прифатиме дека карактерот ја креира судбината, тогаш астрологот со своите сознанија за позитивните и негативните периоди што го очекуваат клиентот е должен да му помогне на клиентот како да се носи и како да учи од нив, а не како да ја контролира судбината.
- Откривајќи го карактерот на клиентот според наталната карта, астрологот може да му укаже на клиентот што би можел неговиот карактер да му донесе како случувања во иднината и кога. Но, истовремено да му предочи што би требало клиентот да смени кај себеси, со цел да ги избегне лошите случувања во иднината и најдобро да се усклади со намерите на Универзумот.
- Астрологот не смее да одлучува наместо клиентот, бидејќи на тој начин превзема на себе дел од неговата карма. А, од друга страна го спречува личниот развој на клиентот. Па, тој во иднина веројатно ќе треба повторно да помине низ слични искуства. Значи, астрологот дава увид на природата на конфликтите што ги гледа во картата и препорачува во кој правец треба да делува клиентот, но притоа го почитува и поддржува неговото право на слободен избор.
- Астрологот не смее да предизвика страв од иднината кај клиентот. Затоа, кога зборува за вознемирувачки случувања, не би требало да ги именува со експлицитни термини како развод, болест, финансиски колапс. Астрологот би требало да зборува за можности, како на пример можност за емотивни и финансиски проблеми и повеќе да се задржи на причините за истите. Бидејќи ако човекот самиот е креатор на сопствена судбина и ако знае кои се причините во него што доведуваат до последиците надвор од него, тогаш емотивната криза не мора да заврши со развод и финансиската криза не мора да заврши со финансиски колапс.
- Ако изработувате споредбени хороскопи (меѓу вас и вашиот партнер), астрологот ги зема вашите податоци и податоците на вашиот партнер и дава коментари за тоа колку и на кој план сте компатибилни, каде се разликувате и како би можеле тоа да го надминете. Исто така, астрологот може да ги открие и кризните периоди за вашата врска во иднина, како и да ви советува што би требало да смените во вашето однесување за да не дојде до нив. Најдобро е ако ви помогне да сфатите што требало да научите од некој непријатен настан што не сте можеле да го избегнете.
Меѓутоа, астрологот не смее да ви ги открива слабите страни на партнерот, ниту да ви “помага” да манипулирате со него, ниту пак смее да ви открива податоци за него без негова дозвола. (Ова не може 100% да се почитува при изработка на натални карти преку астролошки сајт. Затоа, во сајтовите и нема толку конкретни моменти од нечиј живот, како кога човек има лична средба со астрологот.) - Свесниот астролог не би требало да изработува натални карти на деца до 18 години. Посебно не би требало тие податоци да им ги открива на нивните родители. Зошто? Бидејќи живеејќи со тие сознанија, родителите би можеле сугестивно да делуваат на своите деца и да им го ограничат правото на слободен избор. Од друга страна, она што можеби изгледа неубаво за родителите (на пример развод, прекин во студирањето на нивните деца) и со кој товар тие би требало да живеат со години, можеби нивните деца ќе го доживеат како ослободување.
Меѓутоа, кога е во прашање изработка на натална карта за личност помлада од 18 години, може да се направи исклучок само во ситуации кога треба да и се помогне на личноста при изборот на професијата или кога треба да им се помогне на родителите правилно да се постават во процесот на воспитување на сопственото дете, со цел да го помогнат неговиот индивидуален развој. Меѓутоа, родителите кои не се склони на доминација и кои ги почитуваат потребите на детето и неговите избори (дури и кога греши), и без познавање на неговата натална карта би можеле да дојдат до истите резултати. - Сериозниот астролог не би требало да прифати изработка на дневни хороскопи, па дури ако тоа негативно се одразува на неговиот буџет.
- Иако Астрологијата ја третира симболиката на броевите, па дури и зборува кои броеви се посреќни за еден знак од другите, тоа повеќе се однесува на симболичко ниво. Затоа, ако наидете на астролози кои ви зборуваат за среќни броеви и датуми кои ќе ви донесат богатство, бидете убедени дека тие размислуваат само на сопственото богатство.
- Астрологијата не се служи со магиски формули, магнетизирани слики со енергијата на астрологот и слично. Вашата сила лежи во вас самите. Но, за да бидете вистински силни треба прво да расчистите со негативните кодови од вашата потсвест кои ве влечат надолу и ви го спречуваат развојот. Колку повеќе ќе ги победувате негативните обрасци во вашето поведение, толку повеќе ќе се поврзувате со Божественото во себеси и ќе станувате креатор на сопствената судбина. Всушност, контактот меѓу вас и Бог е личен, за тоа не ви требаат посредници.
- Ако астрологот, посебно во личен контакт, ве наведува почесто да му се обраќате за совет, бидете сигурни дека се работи за измамник кој само сака да извлече од вас повеќе пари. За да стекнете општа претстава за себеси и за својата иднина доволна е само една средба. Консултации се договараат најмногу еднаш до два пати годишно, само кога ви се случуваат клучни моменти во животот, кога имате некаков проблем или дилема. Измамниците најчесто знаат да ја искористат длабоката желба на секој човек да чуе нешто убаво за себеси и ќе ве наведуваат почесто да им се обраќате за совет.
- И како последно правило од кодексот, според факултетот за астролошки студии (Faculty of Astrological Studies), формиран во Англија во 1948 година, бидејќи работата на астрологот подразбира познавање на повеќе науки, хонорарот треба да биде достоен на еден академик. Уште повеќе што луѓето не ја вреднуваат духовната работа се додека истата не биде изразена во некаква материјална вредност (пари).
Регистрирано во Македонска Авторска Агенција под реден број 970 Скопје Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот. Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
|
Изгледот на страницата одговара за Шкорпиите. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.
Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак. Направете го овој тест.
Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви открие кој е вашиот идеален партнер, како се однесувате во љубовта и сексот, зошто секогаш привлекувате одреден тип на личности и како можете да го подобрите својот љубовен живот.
“ |
Вистината што извираше од првите страници на мојата натална карта ме скамени. Цела недела ми беше страв да продолжам со читањето. Сепак, љубопитноста победи. Имав што да научам за себеси. ” Борис П., Скопје |
Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.
Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)
|