In English

En français

Говорот
на Судбината

Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате?
 
Кликнете на Книгата...

Останати теми:

Мое гледање на Астрологијата

Астролошките сајтови


Никој не избегал

Школо за новата реалност

Среќата го менува знакот

Седум фази

Плутон во Водолија

Господарот во матни води

Одиме на Марс

Кој сее ветер

Да сум јас некој

QUO VADIS MACEDONIA?

Никој не е совршен

Сакам да се дружам само со убави луѓе

Лопови, Овци, Научници и Мистици

Црешовиот цвет

Кога ќе се сретнат Среќата и Фантазијата

Тест за пријателство

Сакај ме повеќе од се на светот

Денот на Свети Валентин

Победа на животот над смртта

Зошто славиме на 14-ти јануари

Чудни се патиштата Господови

Вашиот маж е вашето огледало

Зошто нашите желби не се исполнуваат?

Катарза на стравот од смртта

Што не спречува да бидеме среќни?

Зошто жените сакаат да личат на Џокер?

Убиство со збор

Кога бракот не е консумиран

Ретроградниот Меркур наш слуга

Кај што денот ја љуби ноќта

Кога ќе го преспиеш животот

Нејзиното Височество, Госпожа Карма

Те снаоѓа тоа...

Лоши работи, добри луѓе

Другата страна на надежта

Зошто е болно човештвото?

Дали најде радост

Пет чувари на бракот

Љуби, љуби, ама глава не губи

Во музиката е лекот

Ретроградниот Меркур работи за нас

Супер Цветна Крвава Месечина

Очи во очи со Кармата

Ниедна тајна не останала вечно скриена

Јупитер во Риби

Кога ќе се појавиш љубов моја?

Знаете ли кое е најдоброто патување?

Дај му го на другиот

Соковите на љубовта

Кај се тие времиња кога си знаев англиски?

Објавено на 01.06.2022 во 02:19

Кај се тие времиња кога си знаев англиски?
 

(Вистинска приказна од мојот живот)

 

Ова беа зборовите што пред дваесеттина години излегоа од устата на мојата 8-9 годишна сосетка, а се однесуваа на времињата кога таа имала 4-5 години. Кажани од детска уста овие зборови изгледаат смешно. Бидејќи времето што едно дете од 8-9 години го поминало на овој свет е безначајно за тоа да жали за своето минато. Но, од аспект на детето, таа куса временска отсечка е целиот негов живот, па колку тој и да бил кус. Исто како што цел еден човечки живот од 72 земни години за Господ е само еден ден. Ако им веруваме на пресметките на Платон и Прецесијата.

Нејсе. За да ви објаснам за што станува збор, ќе ви кажам дека кај семејството на Сања, мојата мала сосетка од почетокот на приказнава, во времињата за кои таа жалеше дека поминале, на гости беа дојдени нивните роднини од Австралија. Меѓу нив имаше и две деца на слична возраст како и Сања во тоа време. Нашите македонци предадени на борбата за преживување во туѓина не ги беа научиле своите деца на мајчиниот, македонски јазик. Па, тие зборуваа англиски. Беше лето, прозорците беа отворени, и без да сакам, морав да го слушнам разговорот меѓу децата кои си играа во дворот. Прво гласот на Сања, која, од огромна желба да комуницира со братучедите од Австралија, зборуваше нешто како:

„Вауууу дауууу аууу тууу? Кауууу мауууу ту донг?“

Охрабрена од нивниот одговор на англиски, Сања продолжуваше: „Дам тим аууу кааанг? Там дим бауууум ханг“. Нешто слично како што музичарите во кафеаните пеат англиски песни, а не го познаваат ниту јазикот, ниту текстот на песната. Но, за среќа, ретко кој го забележува тоа.

Во овој случај, на секое обраќање на Сања, братучедите и одговараа нешто на англиски, па таа продолжуваше да го везе својот „англиски“. Потоа, сите гласно се смееја и повторно си зборуваа на истиот начин. Се смеев и јас со нив скришум, зад прозорецот. За големо чудо, децата совршено се разбираа меѓу себе. Братучедите на австралиски англиски и Сања на нејзин „англиски“. И после 4-5 години од настанот, таа, дојдена кај мене на гости, ги кажува оние носталгични зборови: „Кај се тие времиња кога си знаев англиски?“, длабоко убедена дека навистина некогаш знаела англиски, а сега заборавила.

На моето прашање: „Да, и јас те слушав кога зборуваше англиски со братучедите од Австралија. Зарем сега не знаеш?“

Таа, тажно и резигнирано, како стара жена која ги гледа своите фотографии од младоста и жали за она што никогаш повеќе нема да се врати, одговори: „Не, не знам. Сега учиме англиски на школо и ништо не се сеќавам. Не знам како сум заборавила?“

Иако на нејзиниот одговор реагирав со смеење, тоа ме натера да размислувам дали зборовите се навистина потребни за луѓето да се разберат меѓу себе, ако навистина го сакаат тоа? Ако се што постои во Универзумот е само вибрација, фреквенција и енергија, како што зборуваше Тесла, дали е доволно само да се наштелуваме себеси на некоја фреквенција за луѓето да можат да не разберат и како се прави тоа? Дали е тоа тајната на немуштиот јазик на змиите, кој, само шаманите умееле да го протолкуваат? Конечно, ако делфините се на повисок степен од еволутивниот развој отколку човекот, зошто ним не им требаат зборови во комуникацијата, туку звуци со различна фреквенција? Барем така ни се чини, нам, луѓето.

Кога денес, со топлина се сеќавам на Сања и нејзиниот коментар, се прашувам: Дали навистина нашите спомени за некој настан, човек, за нашата најголема љубов, за работата што сме ја сакале и изгубиле, за пријателите што не се повеќе со нас, се реални или се само разубавена претстава на стварноста која нашата меморија сакала да ја задржи, бидејќи се труди да ги архивира само убавите спомени?

Како и да е. Сања е денес возрасна девојка. Не знам дали и станало јасно дека „знаењето англиски“ беше само нејзина пуста желба и фантазија. Јас никогаш не и го кажав тоа, бидејќи не сакам да бидам расипувач на нечии соништа, ниту уништувач на нечии спомени. Меѓутоа, од тој миг па наваму, секогаш кога сакам некому да кажам дека жалам за некои работи кои никогаш повеќе нема да се вратат, велам само: „Ех, кај се тие времиња кога си знаев англиски?“

Виолета С. Марсол

 

 
 
Регистрирано во Македонска Авторска Агенција
под реден број 970 Скопје
 
Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот.
Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
 

Изгледот на страницата одговара за Шкорпиите. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.


Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак.
Направете го овој тест.


Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне

радикално да го подобрите вашиот животВашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви открие кои се вашите скриени таленти, во кои професии би можеле да постигнете најголем успех, каков е вашиот однос со колегите и претпоставените и зошто, какви се вашите потенцијали на финансиски план.


Наталната карта која ја направив кај вас е рефлексија на мојата душа, на суштината на она што сум јас или на она што се нарекува битие!!! Благодарам што ми ја покажавте вратата кон другите скриени димензии на креацијата наречена живот! 

Димитар Луневски-Чипо, Скопје


Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.


Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)


© 2005-2024
Виолета Марсол
Сите права се задржани

Насловна страна | Знаците и... | АстроПортети | Натална Карта | Детски Хороскоп | Љубовен Хороскоп | Бизнис Хороскоп | АстроСовети

Насловна страна Знаците и... АстроПортети Натална Карта Детски Хороскоп Љубовен Хороскоп Бизнис Хороскоп АстроСовети Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Шкорпија (тековен стил) Стрелец Јарец Водолија Риби