In English

En français

Говорот
на Судбината

Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате?
 
Кликнете на Книгата...

Останати теми:

Мое гледање на Астрологијата

Астролошките сајтови


Никој не избегал

Школо за новата реалност

Среќата го менува знакот

Седум фази

Плутон во Водолија

Господарот во матни води

Одиме на Марс

Кој сее ветер

Да сум јас некој

QUO VADIS MACEDONIA?

Никој не е совршен

Кај се тие времиња?

Сакам да се дружам само со убави луѓе

Лопови, Овци, Научници и Мистици

Црешовиот цвет

Кога ќе се сретнат Среќата и Фантазијата

Тест за пријателство

Сакај ме повеќе од се на светот

Денот на Свети Валентин

Победа на животот над смртта

Зошто славиме на 14-ти јануари

Чудни се патиштата Господови

Вашиот маж е вашето огледало

Зошто нашите желби не се исполнуваат?

Катарза на стравот од смртта

Што не спречува да бидеме среќни?

Зошто жените сакаат да личат на Џокер?

Убиство со збор

Кога бракот не е консумиран

Ретроградниот Меркур наш слуга

Кај што денот ја љуби ноќта

Кога ќе го преспиеш животот

Нејзиното Височество, Госпожа Карма

Те снаоѓа тоа...

Лоши работи, добри луѓе

Другата страна на надежта

Зошто е болно човештвото?

Дали најде радост

Пет чувари на бракот

Љуби, љуби, ама глава не губи

Во музиката е лекот

Ретроградниот Меркур работи за нас

Супер Цветна Крвава Месечина

Очи во очи со Кармата

Ниедна тајна не останала вечно скриена

Јупитер во Риби

Кога ќе се појавиш љубов моја?

Дај му го на другиот

Соковите на љубовта

Знаете ли кое е најдоброто патување?

Објавено на 04.05.2021 во 08:52

Знаете ли кое е најдоброто патување?
 

(Јупитер и Сатурн во Водолија)

 

Не мора да бидеме експерти за Астрологија, драги мои, за да забележиме дека се случуваат драстични промени во светот, прераспределба на глобалниот распоред на силите, во начинот на кој до сега сме живееле и сме се однесувале, во нашите комуникации.

Но, ова беше очекувано од сите оние кои ја познаваат астрологијата. Бидејќи, социјалната дистанца, изолацијата, карантинот, полицискиот час, PCR тестовите за преминување граница, сите овие мерки кои се поврзани со општеството, социјализацијата, општествените групи и нивното поведение, одговараат на случувањата што ги предизвикува транзитот на Сатурн низ Водолија. Мене секогаш одново и одново ме восхитува филигранската прецизност со која вибрациите на планетите ги профилираат настаните на Земјата и во нашите животи. Уште повеќе што целата оваа промена се случува на Сатурновски начин, полека, последователно, чекор по чекор, речиси незабележливо. Сепак, на сите ни е веќе јасно дека последиците ќе бидат далекусежни и за нив допрва ќе стануваме свесни.

За работите да станат појасни, ќе кажам дека Сатурн во астрологијата е владетел на Јарецот, кој е земјен знак и е симбол за темелите, структурата и конструкцијата. Па, како што ѕидарот ја замислува својата градба, го собира материјалот, го прави малтерот, ѕида цигла по цигла, додека не стигне до покривот. Така и Сатурн, поминувајќи од знак во знак, не соочува со лекции кои се карактеристични за суштината на знакот низ кој минува. А, сето тоа со цел да ни помогне во созревањето, во градењето на нашата личност и на општеството во кое живееме, настојувајќи да се искачиме скалило погоре на патот од нашата еволуција. И само што ќе помислиме дека сме го изградиле објектот, оооп... ќе се случи нешто што ќе ни покаже дека тука не е крајот, дека треба да соѕидаме уште еден спрат, да оставиме место за прозорец таму каде што сме мислеле дека има доволно светлина.

Водолијата пак е знак кој секогаш го поврзуваме со новите технологии, електричната енергија, со компјутерите и Интернетот. И беше очекувано дека кога Уран, владетелот на Водолијата, патуваше низ својот знак, од 1996 до 2003 година, ќе се случува некаков бум во техниката и технологијата. Во реалноста, започна Ерата на Интернетот и мобилните телефони кои овозможија да бидеме во контакт со луѓето од целиот свет и покрај физичката далечина. Додека децата кои се родија и израснаа во овој период ги доживуваат компјутерите и Интернетот како продолжеток на своето тело без кој не би можеле да живеат.

Сега пак, кога физичките контакти и средби ни се забранети или редуцирани, ни останува само виртуелната комуникација. А, Сатурн кој воедно е планета на старите луѓе и мудроста, додека минува низ Водолија од 2020 до 2023, ќе ги натера повозрасните генерации, сакале тие или не, да ги научат најосновните функции на компјутерите и паметните телефони, за да останат во контакт со светот, со своите деца, со внуците. Помладите, наместо да одат на работа, на училиште и да се среќаваат со пријателите, принудени се да организираат работни состаноци и разговори преку Скајп, Зум и слично. А, поради недовербата и неатрактивноста на вестите кои се пласираат на телевизиите, сите ние се повеќе се информираме на Јутјуб. Техника... техника... се повеќе техника... Секојдневието полека стана незамисливо без техника.

Но, според законите на природата, секоја работа на овој свет, откако ќе го достигне врвот, почнува да пропаѓа. Па, ќе дојде момент, ако веќе не е дојден, кога ќе ни се смачи од таа силна техника и ќе почувствуваме глад за личниот контакт, за средбата во живо, за гледање на фацијалната експресија на соговорникот, за допирот.

Ама, додека не дојде тој момент и додека мораме секојдневно да учествуваме во балот под маски на улица и во продавници, ние ќе среќаваме маскирани луѓе и тоа на дистанца. А, бидејќи не го гледаме изразот на нивните лица, потешко ни е да сфатиме што другите мислат и чувствуваат, па мора повеќе да се трудиме. Од друга страна, носењето маски ни покажа дека не мора да им се насмевнуваме на луѓето кои ги среќаваме, ако не сакаме, само затоа што тоа се очекува од нас. А, ова е уште една од лекциите на кои сака да не научи Сатурн во Водолија, отежнувајќи ни ја социјализацијата.

Да заклучам, минувајќи низ Водолија, Сатурн всушност нема намера да не поддржи во патувањата, во запознавањето нови луѓе и ширењето на кругот на пријателите, туку сака да ни даде до знаење дека најдоброто патување е отсуството на патување.

А, знаете зошто?

Бидејќи, тогаш ЧОВЕК Е ПРИНУДЕН ДА ЈА ЗАПОЗНАЕ ВСЕЛЕНАТА, ВНАТРЕ, ВО СЕБЕСИ.

Сатурн во Водолија сака да не научи повеќе да уживаме во сопственото друштво и во сопствените интереси, да се истражиме себеси, да знаеме кои сме, што ни треба и што правиме по инерција, оти така требало. Сатурн во Водолија сака да не претвори во индивидуалисти, кои можат да бидат сами, ама избираат да бидат во друштво на вистинските луѓе. Бидејќи, во изменетите услови на живеење, ние, и покрај маските, ќе го откриеме вистинското лице на многу луѓе. Посебно на оние кои сме ги сметале за пријатели. Па, ќе сфатиме дека е доволно да имаме еден, ама вреден пријател, отколку дузина лажни.

Сатурновиот транзит низ Водолија најмногу ќе ги раздрма темелите во животот на Водолиите. Па, оние Водолии, кои, заради желбата за слобода не ја прифатиле одговорноста, ќе бидат принудени да внесат структура во својот живот и самодисциплина. Во спротивно, тој ќе се распадне пред нивните беспомошни очи како кула од карти. Лавовите ќе мора да го видат светот со очите на другите, а не преку сопственото его, ако сакаат да го сочуваат сопствениот мир, углед и бракот. Во животите на Биковите и Шкорпиите, некој или нешто, ќе им мести околности во кои ќе немаат можност за слободен избор. Па, ќе мора да им се прилагодуваат на непланираните промени.

Сатурн ќе го одржува чувството на среќа кое потекнува од досегашниот личен развој и успех кај Близнаците и Вагите. А, потоа и кај Овните и Стрелците, но со помал интензитет. Додека Рибите, Јарците, Раковите и Девиците, најмалку ќе ги почувствуваат Сатурновите лекции на сопствената кожа.

Заедно со Сатурн до крајот на 2021, освен во периодот од 14 мај до 29 јули, низ Водолија ќе транзитира и Јупитер. Во најдобар случај, Јупитер ќе не поттикне на раст и експанзија во областа која ќе ја зафати. Ќе ни донесе среќни околности. Во најмала рака ќе ни донесе верба во себеси и оптимизам. Од друга страна, Јупитер честопати знае да ги зголеми и мултиплицира работите кои ќе ги затекне. Затоа, кога ме прашувате: „Зошто Јупитер, кој долго сте го очекувале, не ви донел среќа туку проблеми?“, мојот одговор би бил: „Затоа што тој направил експанзија на она што го затекнал во вашиот живот.“ Ако ве затекнал во добар момент и ситуација, тие би можеле да станат уште подобри. Но, ако ве затекнал во проблем, проблемот би можел да предизвика лавина други.

Сепак, додека Јупитер е во Водолија, на сите нам ни е дозволено да сонуваме, што повеќе и што почесто. Бидејќи, кој знае, би можеле да добиеме интересни идеи поврзани со новите технологии, интернетот, електронското банкарство и да станеме следниот Jeff Bezos или Elon Musk. Посебно Водолиите, Јарците, Раковите, Биковите и Девиците.

П.С. На периодот од 14 мај до 29 јули, кога Јупитер за кратко ќе ѕирне во Риби, ќе му посветам посебен текст. Тогаш кога ќе дојде времето.

Виолета С. Марсол

 

 
 
Регистрирано во Македонска Авторска Агенција
под реден број 970 Скопје
 
Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот.
Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
 

Изгледот на страницата одговара за Шкорпиите. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.


Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак.
Направете го овој тест.


Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне

радикално да го подобрите вашиот животВашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне да ги откриете причинско-последичните врски меѓу вашиот минат и сегашен живот, ќе ви открие што се случувало во вашиот минат живот, како тоа се рефлектира на вашето однесување и на случувањата во сегашниот и која е целта на вашето раѓање.


Понекогаш ни самата незнам дали ќе ги направев вистинските животни избори, ако ја немав наталната карта. Мое огледало во минатото и мое лично упатство за подобра иднина. 

Ивона Талевска, Скопје


Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.


Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)


© 2005-2024
Виолета Марсол
Сите права се задржани

Насловна страна | Знаците и... | АстроПортети | Натална Карта | Детски Хороскоп | Љубовен Хороскоп | Бизнис Хороскоп | АстроСовети

Насловна страна Знаците и... АстроПортети Натална Карта Детски Хороскоп Љубовен Хороскоп Бизнис Хороскоп АстроСовети Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Шкорпија (тековен стил) Стрелец Јарец Водолија Риби