In English

En français

Говорот
на Судбината

Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате?
 
Кликнете на Книгата...

Останати теми:

Мое гледање на Астрологијата

Астролошките сајтови


Никој не избегал

Школо за новата реалност

Среќата го менува знакот

Седум фази

Плутон во Водолија

Господарот во матни води

Одиме на Марс

Кој сее ветер

Да сум јас некој

QUO VADIS MACEDONIA?

Никој не е совршен

Кај се тие времиња?

Сакам да се дружам само со убави луѓе

Лопови, Овци, Научници и Мистици

Црешовиот цвет

Кога ќе се сретнат Среќата и Фантазијата

Тест за пријателство

Сакај ме повеќе од се на светот

Денот на Свети Валентин

Победа на животот над смртта

Зошто славиме на 14-ти јануари

Чудни се патиштата Господови

Вашиот маж е вашето огледало

Зошто нашите желби не се исполнуваат?

Катарза на стравот од смртта

Што не спречува да бидеме среќни?

Зошто жените сакаат да личат на Џокер?

Убиство со збор

Кога бракот не е консумиран

Ретроградниот Меркур наш слуга

Кај што денот ја љуби ноќта

Кога ќе го преспиеш животот

Нејзиното Височество, Госпожа Карма

Те снаоѓа тоа...

Лоши работи, добри луѓе

Другата страна на надежта

Зошто е болно човештвото?

Дали најде радост

Пет чувари на бракот

Љуби, љуби, ама глава не губи

Во музиката е лекот

Ретроградниот Меркур работи за нас

Супер Цветна Крвава Месечина

Очи во очи со Кармата

Ниедна тајна не останала вечно скриена

Јупитер во Риби

Кога ќе се појавиш љубов моја?

Знаете ли кое е најдоброто патување?

Дај му го на другиот

Соковите на љубовта

Што е прецесија?

 
Текст објавен во јуни 2007

Што е прецесија?
 

Прецесијата се среќава и под имињата една Голема година, Вселенска година, Господова година, Платонска година, еквиноциски циклус. За да се објасни што е тоа една Голема година, треба прво да објасниме што означува една година на Земјата. Тоа е барем едноставно, бидејќи знаеме дека тоа што ние, луѓето, го нарекуваме година е еднакво на времето што и е потребно на Земјата да направи цел круг околу Сонцето. Тоа време отприлика изнесува 365,25 дена.

Меѓутоа, движејќи се околу Сонцето, Земјата истовремено се врти и околу својата оска, која опишува површина на конус. Значи, додека една од крајните точки на Земјината оска останува релативно фиксирана, другата опишува круг. Поради тоа движење, пролетната точка полека се померува по Вселенското тркало. А гледано од Земјата делува како да се движи наназад. Како и да е, времето кое и е потребно на Земјината оска да направи цел круг околу оската на еклиптиката (голем круг од небеската сфера чија што рамнина минува низ дванаесетте соѕвездија) изнесува 25.920 земни години. Значи, пролетната точка во Зодијачкиот круг од каде што почнало движењето, повторно ќе дојде на истата позиција за 25.920 земни години. И токму тоа се нарекува една Голема или прецесиона година.

Кога 25.920 години се поделат со 12, колку што е бројот на соѕвездијата, излегува дека еден Голем месец (една астролошка ера) трае 2.160 земни години. Значи, потребни се 2.160 земни години за пролетната точка да помине низ еден цел зодијачки знак и да влезе во друг.

Оттука заклучокот дека оската на Земјата нема фиксна позиција во однос на небескиот свод и на ѕвездите. Таа се померува за еден степен од еклиптиката на секои 72 години или за еден човечки живот. Така што Големата Мечка, Вега, Алфа Центаури во минатото ја немале позицијата што ние ја гледаме денес. А по илјадници години, нивното место ќе го завземат други ѕвезди и соѕвездија.

– Дали прецесијата е откритие на Платон (428/427–348/347 П.Н.Е.)?

Иако прецесијата се среќава и под имињата Голема Година и Платонска Година, науката располага со факти кои откриваат дека за прецесијата се знаело и пред Платон, но тој бил само доволно вреден да бара по старите библиотеки и доволно образован да ја сфати суштината на старите преданија.

Според нив, уште кај Акадијците кои владееле со Месопотамија пред 2334 година П.Н.Е., кога Месопотамија е освоена од Сумерите, се знаело за патеката на Ану, богот на Небото. Патеката на Ану е всушност систем од 23 тогаш познати ѕвезди и соѕвездија.

На камената плоча која денес се наоѓа во турскиот град Богаз Кеј, а датира горе-долу од истиот период, меѓу другото пишува: “Почетокот на пролетта е во Бик”.

Додека на куполата на храмот на божицата Хатор во Дендера, Египет, кој што е изграден врз урнатините на еден уште постар храм е нацртан кружен Зодијак (од 1919 година се наоѓа во Лувр), на кој почетокот на пролетта е означен во Близнаци. Уште позачудувачки делува сето тоа, кога археологот Швалер де Лубич објаснува дека кружниот Зодијак од Дендера открива дека старите Египќани знаеле дека позицијата на соѕвездијата се менува на отприлика секои 2.200 години. Всушност тие знаеле за прецесијата. Но, се поставува прашањето дали овие сознанија биле исклучиво нивни или и тие ги наследиле како готови од нивните претходници? Бидејќи, постојат спротивставени мислења за тоа од кога датира Зодијакот од Дендера. Некои научници велат само 2.500 години П.Н.Е. Други се убедени дека станува збор за повеќе илјади години. А има и такви кои тврдат дека станува збор за стотина илјада години и така не поврзуваат директно со Атлантида.

Оттука, наивно делуваат тврдењата дека Платон е пронаоѓачот на прецесијата. Уште повеќе ако се знае дека пролетната точка толку бавно се движи (еден степен од еклиптиката за 72 години), што не може да се забележи за еден човечки живот. А веќе несериозно делуваат толкувањата што сака да ни ги подметне науката дека со “читање од ѕвездите” започнале пештерските луѓе од каменото доба. Веројатно најблиску до вистината се оние кои веруваат дека народите ја добиле астрологијата како готово и разработено знаење, уште во мугрите на нашата цивилизација. Бидејќи за истата да се создаде се потребни огромни сознанија за функционирањето на Вселената, за човечкиот карактер. А најмногу од се потребна е длабока и сеопфатна духовност. Тоа се атрибути што ќе признаете дека не можат да им се припишат на пештерските луѓе.

 

 
 
Регистрирано во Македонска Авторска Агенција
под реден број 970 Скопје
 
Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот.
Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
 

Изгледот на страницата одговара за Вагите. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.


Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак.
Направете го овој тест.


Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне

радикално да го подобрите вашиот животВашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне да ги откриете причинско-последичните врски меѓу вашиот минат и сегашен живот, ќе ви открие што се случувало во вашиот минат живот, како тоа се рефлектира на вашето однесување и на случувањата во сегашниот и која е целта на вашето раѓање.


Многу сум задоволна.
 
Пред да го добијам хороскопот и да се сретнам со тебе, не знаев што да очекувам и морам да признам дека податоците и објаснувањата беа шокантно вистинити. Ми понуди многу објективна слика на мојата личност и случувањата во мојот живот. Хороскопот ми е како една од оние “self-help” книги, но скроена само за мене.
 

Ана, Скопје


Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.


Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)


© 2005-2024
Виолета Марсол
Сите права се задржани

Насловна страна | Знаците и... | АстроПортети | Натална Карта | Детски Хороскоп | Љубовен Хороскоп | Бизнис Хороскоп | АстроСовети

Насловна страна Знаците и... АстроПортети Натална Карта Детски Хороскоп Љубовен Хороскоп Бизнис Хороскоп АстроСовети Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага (тековен стил) Шкорпија Стрелец Јарец Водолија Риби