In English

En français

Говорот
на Судбината

Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате?
 
Кликнете на Книгата...

Останати теми:

Мое гледање на Астрологијата

Астролошките сајтови


Никој не избегал

Школо за новата реалност

Седум фази

Плутон во Водолија

Господарот во матни води

Одиме на Марс

Кој сее ветер

Да сум јас некој

QUO VADIS MACEDONIA?

Никој не е совршен

Кај се тие времиња?

Сакам да се дружам само со убави луѓе

Лопови, Овци, Научници и Мистици

Црешовиот цвет

Кога ќе се сретнат Среќата и Фантазијата

Тест за пријателство

Сакај ме повеќе од се на светот

Денот на Свети Валентин

Победа на животот над смртта

Зошто славиме на 14-ти јануари

Чудни се патиштата Господови

Вашиот маж е вашето огледало

Зошто нашите желби не се исполнуваат?

Катарза на стравот од смртта

Што не спречува да бидеме среќни?

Зошто жените сакаат да личат на Џокер?

Убиство со збор

Кога бракот не е консумиран

Ретроградниот Меркур наш слуга

Кај што денот ја љуби ноќта

Кога ќе го преспиеш животот

Нејзиното Височество, Госпожа Карма

Те снаоѓа тоа...

Лоши работи, добри луѓе

Другата страна на надежта

Зошто е болно човештвото?

Дали најде радост

Пет чувари на бракот

Љуби, љуби, ама глава не губи

Во музиката е лекот

Ретроградниот Меркур работи за нас

Супер Цветна Крвава Месечина

Очи во очи со Кармата

Ниедна тајна не останала вечно скриена

Јупитер во Риби

Кога ќе се појавиш љубов моја?

Знаете ли кое е најдоброто патување?

Дај му го на другиот

Соковите на љубовта

Среќата го менува знакот

Објавено на 15.05.2023 во 17:35

Среќата го менува знакот
(Јупитер во Бик)
 

Се сеќавате ли што ви се случуваше во периодот од 4 јуни 2011 до 11 јуни 2012 година, драги мои? Беа ли тоа убави работи? Можеби некој среќен пресврт во животот? Некој нов почеток? Или пак вашите проблеми ескалираа?

Јас, на пример, се сеќавам на штрајковите и нередите во Грција поради строгите мерки на штедење. Се сеќавам дека Apple и Microsoft го купија банкротираниот Nortel Networks за 4,5 милијарди долари. Швајцарскиот франк ја достигна рекордната вредност од 0,97 евра, поради што, луѓето кои имаа кредити во „швајцарци“, се најдоа во тешка ситуација. Потоа, се сеќавам дека екс украинската премиерка, Јулија Тимошенко, беше осудена на 7 години затвор поради коруптивниот договор со Русија за гас. Беше убиен Гадафи. Отворен е Северен Ток. Во 2012 членките на ЕУ, со исклучок на Чешка и Велика Британија, го одобрија договорот за фискална дисциплина.

Во Македонија беше во ек изградбата на проектот „Скопје 2014“. На 24 јануари 2011, Тоше Проески (Водолија со подзнак во Бик) беше одликуван со Орден заслуги за Македонија. На 26 јануари 2011, Би Би Си ја укина програмата на македонски јазик!!! На 21 јуни 2011, беше поставен споменикот на Александар Македонски на Плоштад. На 1 јануари 2012 почина Киро Глигоров (Бик). Во јануари 2012 беше и официјалното отворање на Порта Македонија. Во март 2012 најбогатиот човек на светот, за тоа време, Карлос Слим, ја посети Македонија. А, на 12 април 2012 беше масакрот кај Смилковското Езеро...

Дали забележувате дека главните теми на случувањата се поврзани со парите, имотот, градбите, природата и слично? Знаете зошто? Бидејќи такви работи обично се случуваат кога Јупитер, планетата на експанзијата, транзитира низ Бик, знакот кој секогаш е поврзан со материјалните работи, парите, имотот, градбите, храната, банките, природните ресурси, земјата. Па, ако Јупитер затекне поволна ситуација, тој ја зголемува. Но, истото го прави и со проблемите.

Што сака писателот да каже?

Писателот има намера да ве информира дека од денес, 16 мај 2023, по 12 години, Јупитер, планетата на среќата и благосостојбата, повторно ќе го има својот транзит низ бавниот и хедонистички настроен Бик. А, тоа ќе потрае до 26 мај 2024.

Што значи тоа за нас?

Додека минуваше низ Овен, од 11 мај 2022 до 16 мај 2023, вибрациите на Јупитер не поттикнуваа да се чувствуваме како да сме добиле адреналинска инјекција која не направила похрабри, поамбициозни, поактивни, пофокусирани на себеси и на сопствените интереси. Но, истовремено и полуди, поимпулсивни, понервозни и повоинствени. Доказ се воените дејствија во светот. А, најсвеж е примерот од соседството со детето кое стана масовен убиец на само 13 години, што е, до сега, најмладиот сериски убиец во светот.

Отсега, додека Јупитер ќе транзитира низ Бик, повеќе ќе се ангажираме околу материјалните работи, како што се: парите, имотот, живеалиштата, земјата, природата, храната, градежништвото, применетата уметност, банките, кредитите, долговите, заштедите, даноците. И би требало да имаме СРЕЌА во сето тоа, ако другите аспекти во нашите Натални Карти и условите во кои живееме, ни се наклонети. Потоа, би требало да бидеме пострпливи од обично и нема лесно да се откажуваме од она што ни е важно. Посебно ако тоа нешто влијае на нашиот комодитет, моментно и долгорочно.

Меѓутоа, уште поважно е да знаеме дека Јупитер не е само добриот чичко на чие доаѓање сите му се радуваме. Како најголема гасовита планета во Соларниот систем, Јупитер е тој кој ги проширува работите кои ќе ги затекне. Затоа, ако сме во долгови (кон други луѓе, банки и сл.), тие би можеле да станат уште поголеми и ќе мора да преземеме строги мерки на штедење (и како поединци и како држави). Ако имаме проблеми со сопственоста на имотот, ќе дојде до момент кога ќе мора истите да ги решаваме. Потоа, ќе мора да ја зауздаме сопствената себичност, мрзливост, неодлучност и поривот да трошиме пари на непотребни нешта (консумеризам).

Вибрациите на промени ќе бидат најсилни од денес, 16 мај, и во јуни, посебно ден пред и по 27 мај 2023 (транзитен Јупитер 0°СМЈ на 2°26’ Бик), време кога Јупитер ќе биде во иста линија со Северниот Месечев Јазол, кој е одговорен за судбината, лична и колективна. Со други зборови кажано, во втората половина на мај 2023, до 11 јуни, кога Јупитер, СМЈ, Меркур и Уран ќе бидат во Бик, ќе се одлучува за патот по кој нашата цивилизација ќе тргне кон иднината. Втор битен момент е април 2024, посебно 21 април (Јупитер 0° Уран на 21°49’ Бик). Тогаш не очекува непланиран, позитивен пресврт на настаните, со што завршува циклусот почнат на 4 јануари 2011 и стартува нов циклус кој ќе трае до 8 септември 2037 (роденденот на независна Македонија).

Како транзитот на Јупитер низ Бик ќе влијае на секој од нас?

Овој транзит најмногу ќе влијае на Биковите, во знак и подзнак. А, дали влијанието ќе биде позитивно или негативно ќе зависи од тоа што ќе затекне Јупитер во нивните животи. Во секој случај, ако Биковите ја победат вродената мрзливост, ќе имаат шанса за нов почеток и за успешна година. Потоа, транзитот на Јупитер низ Бик ќе биде поволен и за Девиците, во знак и подзнак, на план решавање на законските проблеми, престој и учење во странство, преселување. Поволен ќе биде и за Јарците, во знак и подзнак, на план љубов и деца. Поволен ќе биде и за Раковите во остварување на нивните планови, за граѓански активизам или за политичко делување. Потоа, поволен ќе биде и за Рибите, во знак и подзнак, на финансиски план.

За Шкорпиите, Лавовите и Водолиите, во знак и подзнак, би требало да доаѓа проблематичен период. И тоа, Шкорпиите ќе треба да научат да им се прилагодуваат на другите. А, главните лекции ќе ги учат преку бракот и партнерските односи од секаков вид. Лавовите ќе треба да најдат рамнотежа меѓу желбите и можностите на план кариера. Додека Водолиите на план дом, семејство, родители, место на живеење, имот. За останатите: Овни, Близнаци, Ваги, Стрелци, во знак и подзнак, транзитот на Јупитер низ Бик нема да остави поголем впечаток. Тие ќе го чекаат 26 мај 2024 кога Јупитер ќе помине во Близнаци и пак „Јово на ново“.

За крај, само би порачала да не си играте многу со СРЕЌАТА, бидејќи таа е посуетна од несреќата и со гаранција ќе ви ја откаже послушноста ако долго време ве носи на својот грб.

Виолета С. Марсол

 

 
 
Регистрирано во Македонска Авторска Агенција
под реден број 970 Скопје
 
Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот.
Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
 

Изгледот на страницата одговара за Лавовите. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.


Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак.
Направете го овој тест.


Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне

радикално да го подобрите вашиот животВашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви открие на кои болести сте склони и зошто. Па, откако ќе ги победите причините, ќе исчезнат и негативните последици по вашето здравје.


Наталната карта ми помогна да си одговорам на некои дилеми и ми даде смерница за понатаму. 

Данче К., Скопје


Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.


Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)


© 2005-2024
Виолета Марсол
Сите права се задржани

Насловна страна | Знаците и... | АстроПортети | Натална Карта | Детски Хороскоп | Љубовен Хороскоп | Бизнис Хороскоп | АстроСовети

Насловна страна Знаците и... АстроПортети Натална Карта Детски Хороскоп Љубовен Хороскоп Бизнис Хороскоп АстроСовети Овен Бик Близнаци Рак Лав (тековен стил) Девица Вага Шкорпија Стрелец Јарец Водолија Риби