In English

En français

Говорот
на Судбината

Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате?
 
Кликнете на Книгата...

Останати теми:

Мое гледање на Астрологијата

Астролошките сајтови


Никој не избегал

Школо за новата реалност

Среќата го менува знакот

Седум фази

Плутон во Водолија

Господарот во матни води

Одиме на Марс

Кој сее ветер

Да сум јас некој

QUO VADIS MACEDONIA?

Никој не е совршен

Кај се тие времиња?

Лопови, Овци, Научници и Мистици

Црешовиот цвет

Кога ќе се сретнат Среќата и Фантазијата

Тест за пријателство

Сакај ме повеќе од се на светот

Денот на Свети Валентин

Победа на животот над смртта

Зошто славиме на 14-ти јануари

Чудни се патиштата Господови

Вашиот маж е вашето огледало

Зошто нашите желби не се исполнуваат?

Катарза на стравот од смртта

Што не спречува да бидеме среќни?

Зошто жените сакаат да личат на Џокер?

Убиство со збор

Кога бракот не е консумиран

Ретроградниот Меркур наш слуга

Кај што денот ја љуби ноќта

Кога ќе го преспиеш животот

Нејзиното Височество, Госпожа Карма

Те снаоѓа тоа...

Лоши работи, добри луѓе

Другата страна на надежта

Зошто е болно човештвото?

Дали најде радост

Пет чувари на бракот

Љуби, љуби, ама глава не губи

Во музиката е лекот

Ретроградниот Меркур работи за нас

Супер Цветна Крвава Месечина

Очи во очи со Кармата

Ниедна тајна не останала вечно скриена

Јупитер во Риби

Кога ќе се појавиш љубов моја?

Знаете ли кое е најдоброто патување?

Дај му го на другиот

Соковите на љубовта

Сакам да се дружам само со убави луѓе

Објавено на 15.05.2022 во 11:13

Сакам да се дружам само со убави луѓе
 

(Вистинска приказна од мојот живот)

 

Ова беа првите зборови што ми ги кажа Сузана, кога се запознавме на Новогодишната ноќ, при дочекот на новиот милениум, во најпосетуваниот ноќен клуб во Скопје.

Во првиот миг тие ми зазвучеа брутално искрено и дискриминирачки. Па, во себе се прашував како можеше да ги изговори без око да и трепне. Во вториот миг сфатив дека ми дава комплимент, бидејќи го поминав првиот нејзин услов за дружба. Во третиот, ми падна жал за сите оние „грди“ луѓе кои не го поминуваат нејзиниот тест, а веројатно ниту тестот на мнозинството. Потоа ми падна на памет дека нејзината изјава е арогантна, бидејќи убавината е во окото на набљудувачот, а пред се во душата на оној кој ја носи. За, веќе во следниот миг да сфатам дека, иако параметрите за убавина се менувале во текот на вековите, сепак вистинската убавина е збир на карактеристики, физички и духовни, кои му се допаѓаат на секое око и кои му одолеваат на тестот на времето.

Всушност, таква беше и нејзината убавина, бидејќи Сузана беше висока девојка со темно зелени очи и со темно костенлива, сјајна коса, која се спушташе до рамениците, ишишана во Клеопатра стил, а имаше Деми Мур вајб. Тогаш ја прашав:

„Како тоа се дружиш само со убави луѓе? Зошто го правиш тоа?“

„Како зошто мачорко? Прво човек убаво се чувствува кога е опкружен со убавина, му се облагородува душата. А второ, убавите луѓе најчесто не се искомплексирани и затоа нема да ти завидуваат, да те озборуваат зад грб, да ти се докажуваат, да ти глумат пријатели а потајно да те мразат, да му се радуваат на твојот неуспех и да се насладуваат на твојата тага.“

„Да, убавината ќе го спаси светот, велеше Достоевски, ама, не ли ти се чини премногу сурово и површно да ги оценуваш луѓето според нивниот изглед?“, се обидував да ја вразумам јас. Иако, во тој период, веќе знаев дека духот го креира телото и дека физичкиот изглед на еден човек е плод на неговите духовни карактеристики.

„Зошто сурово?“, беше сигурна во исправноста на својот суд Сузана. „Јас само ги препознавам, затоа што Универзумот ги уредил работите така. И немој да мислиш дека сум хировита. Моето однесување сега, е резултат на разочарувањата што ми ги приредиле грдите луѓе во минатото. Не можеш да имаш грдо лице ако имаш убава душа, едноставно не оди. Го гледаше ли филмот „Малена“? Сети се зошто најмногу настрада Моника Белучи? Поради грдите жени кои беа лути дека нивните мажи беа тајно или јавно вљубени во неа. И ајде сети се кога и ја простија убавината? Кога таа остаре и се шеташе рака под рака со нејзиниот маж, инвалид.“

И тогаш ми раскажа како нејзината најдобра пријателка, која имала навика секогаш да ги презема дечковците и мажите на своите другарки, за да си докаже себеси дека вреди повеќе од нив, се обидела истото да и го направи и нејзе, додека Сузе се занесувала дека толку се блиски и толку се сакаат што тоа нејзе нема да и се случи. Потоа, ми раскажа искуство со друга другарка. Секогаш кога ја земала да излезе со неа и дечкото, за да не седи дома сама, таа кажувала работи за да ја оцрни пред него. Ми раскажа за трета пријателка, која често и ги откажувала договорените средби правдајќи се со работа, а всушност настојувајќи да ја понижи и да се почувствува подобро во сопствената кожа, како некој кој го контролира нивното дружење. Потоа зборуваше за некоја познаничка која отворено кажувала дека ги мрази сите луѓе, а ги сака животните. Е, токму таа, пред неа и глумела дека ја сака, а зад грб ја озборувала пред другите.

„Можеби и животните не би ги сакала кога тие би можеле да зборуваат и да и кажат што мислат за неа“, се смееше Сузе, пола на шега пола на вистина, и додаде: „И знаеш што е НЗС во сите овие лоши искуства? Грдите жени. Од тогаш решив уште на старт да се поштедам себеси и да се дружам само со убави.“

„Сакаш да ми кажеш дека со убавите не си имала негативни искуства и разочарувања? Не сум убедена во тоа. Јас имам и спротивни искуства“, се обидував да ја разубедам.

„Не, секако дека не. До денес, не. А, ако некоја убава жена направи нешто од тоа што ти го кажав, сигурно во дното на душата се чувствува грдо, но тоа вешто го крие. Верувај ми, имам поминато подолга километража во животот од тебе. Сум читала купишта интервјуа со многу познати манекенки кои кажуваат дека во детството се чувствувале како грди пајчиња. Можеби сите ги гледаат како убави денес. Но, тие во душата и понатаму се чувствуваат како грди пајчиња. И токму затоа сакале да бидат манекенки и модели, барале потврда од другите дека се убави“, газеше на својата идеја таа.

„Добро, до сега ми зборуваш за грдите жени. А, што е со мажите?“, бев упорна јас.

„Е, со нив е поинаква работата. Тие повеќе се комплексираат од други работи. Но, никогаш не се однесуваат подмолно како жените. Со нив секогаш си на чисто.“

„А, да не си ти под влијание на Петре М. Андреевски?“, сакав да бидам сигурна. „Тој има напишано: „Никаде да не одиш со грд човек. Со грд човек секаде ќе ти биде грда работата. Ќе си земеш некој убав човек со голема сенка и насекаде свртен. Од која страна да го погледнеш, оттаму да му се гледа лицето. На сите страни да има лице. И тој не мора ништо да зборува ами остави го само до тебе да стои. Покрај убавиот човек и ти ќе бидеш поубав.“

Таа громогласно се насмеа и рече: „Неее, ова не сум го знаела. Не заборавај, студирав економија, ама сега ќе го научам на памет, многу е добро: „Покрај убавиот човек и ти се чувствуваш подобро“... Хахахаха... Ете гледаш, не сум само јас која дошла до ваков заклучок. Тоа го кажале и попаметни од мене.“

Денес не знам каде се наоѓа Сузана. Едноставно патиштата ни се разделија и ние незабележливо се оддалечивме. Немаше кавги, немаше лоши зборови, немаше апсолутно ништо лошо во нашето дружење. Секоја средба беше исполнета со смеја, сериозни муабети, поддршка, помош, совети. Подоцна разбрав дека таа се преселила во странство. Кој знае, можеби нејзината мисија во мојот живот или мојата во нејзиниот заврши. Не знам што научи таа од мене. Но, јас на неа секогаш ќе се сеќавам по изјавата:

„Сакам да се дружам само со убави луѓе.“

П.С. На фотографијата сум блажена јас меѓу двајцата Топ- модели, Алек Наумовски и Павле Николовски ;)

Виолета С. Марсол

 

 
 
Регистрирано во Македонска Авторска Агенција
под реден број 970 Скопје
 
Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот.
Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
 

Изгледот на страницата одговара за Лавовите. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.


Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак.
Направете го овој тест.


Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне

радикално да го подобрите вашиот животВашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви открие каков е вашиот однос со родителите и зошто, но истовремено ќе ви покаже како да ги подобрите односите со блиските и околината.


Навистина овој хороскоп не е клише како многу други. Овој хороскоп баш ти дава одговори за тоа кој си бил, каков си и што треба да правиш за да станеш подобра личност. 

Деја З.К.


Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.


Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)


© 2005-2024
Виолета Марсол
Сите права се задржани

Насловна страна | Знаците и... | АстроПортети | Натална Карта | Детски Хороскоп | Љубовен Хороскоп | Бизнис Хороскоп | АстроСовети

Насловна страна Знаците и... АстроПортети Натална Карта Детски Хороскоп Љубовен Хороскоп Бизнис Хороскоп АстроСовети Овен Бик Близнаци Рак Лав (тековен стил) Девица Вага Шкорпија Стрелец Јарец Водолија Риби