In English

En français

Говорот
на Судбината

Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате?
 
Кликнете на Книгата...

Останати теми:

Мое гледање на Астрологијата

Астролошките сајтови


Никој не избегал

Школо за новата реалност

Среќата го менува знакот

Седум фази

Плутон во Водолија

Господарот во матни води

Одиме на Марс

Кој сее ветер

Да сум јас некој

QUO VADIS MACEDONIA?

Никој не е совршен

Кај се тие времиња?

Сакам да се дружам само со убави луѓе

Лопови, Овци, Научници и Мистици

Црешовиот цвет

Тест за пријателство

Сакај ме повеќе од се на светот

Денот на Свети Валентин

Победа на животот над смртта

Зошто славиме на 14-ти јануари

Чудни се патиштата Господови

Вашиот маж е вашето огледало

Зошто нашите желби не се исполнуваат?

Катарза на стравот од смртта

Што не спречува да бидеме среќни?

Зошто жените сакаат да личат на Џокер?

Убиство со збор

Кога бракот не е консумиран

Ретроградниот Меркур наш слуга

Кај што денот ја љуби ноќта

Кога ќе го преспиеш животот

Нејзиното Височество, Госпожа Карма

Те снаоѓа тоа...

Лоши работи, добри луѓе

Другата страна на надежта

Зошто е болно човештвото?

Дали најде радост

Пет чувари на бракот

Љуби, љуби, ама глава не губи

Во музиката е лекот

Ретроградниот Меркур работи за нас

Супер Цветна Крвава Месечина

Очи во очи со Кармата

Ниедна тајна не останала вечно скриена

Јупитер во Риби

Кога ќе се појавиш љубов моја?

Знаете ли кое е најдоброто патување?

Дај му го на другиот

Соковите на љубовта

Кога ќе се сретнат Среќата и Фантазијата

Објавено на 10.04.2022 во 22:44

Кога ќе се сретнат Среќата и Фантазијата
(Јупитер 0° Нептун во Риби)
 

Кога после цели 166 години двете братучетки, Среќата (Јупитер) и Фантазијата (Нептун) ќе се сретнат повторно во домот (Риби) на Фантазијата, драги мои, во светот ќе се случуваат чуда и ќе се родат визионери кои ќе го сменат истиот. Дека ова е така, потврда се Никола Тесла, Зигмунд Фројд, Џорџ Бернард Шо, сите великани во својата област и сите родени во иста година, 1856.

Веројатно веќе се прашувате: „Зошто е толку важна баш таа, 1856 година?“

Затоа што тоа е годината кога последен пат се случи средбата на Јупитер и Нептун во Риби. Со таа разлика што, овој пат, нивната средба ќе биде потпомогната (60°) од Северниот Месечев Јазол во Бик и Плутон во Јарец.

А, бидејќи историјата има навика да се повторува, еднаш како трагедија, а вторпат како фарса, за да знаеме што би можеле да очекуваме во периодот што следува, треба да знаеме што се случувало во минатото кога Нептун минувал низ Риби, од 1847 до 1862 година. Заради тоа што коњукцијата со Јупитер сето ова само ќе го потенцира.

Значи, периодот од 1847 до 1862 година, е време на социјални немири поради незадоволството на работничката класа со својата положба во општеството. Понижените, несреќните, експлоатираните, болните го бараат својот спасител. Затоа, социјалната работа и мисионерството ја доживуваат својата експанзија. Се јавуваат многу комунистички и утописки идеи за преобразба на општеството засновани на принципите на раното христијанство. Тогаш Маркс и Енгелс го пишуваат „Комунистичкиот манифест“. Но, како што обично бива, кога е во прашање Нептун, по првичниот општ занес, многумина се чувствуваат измамени и се разочаруваат. Тука треба да се споменат и Чарлс Дикенс, Виктор Иго, Емил Зола, кои пишуваат романи инспирирани со животот на сиромашните и бездомниците. Достоевски ги поставува основите на психолошкиот роман.

Во овој период расте интересот за разните мистериозни појави, спиритизам, окултизам, хипноза.

На глобален политички план се случува втората опиумска војна меѓу Кина и В. Британија. А, тоа можеби влијаеше Бодлер да ги напише своите дела „Вино и хашиш“, „Вештачки раеви“, „Цвеќето на злото“. Додека Ханс Кристијан Андерсен ги пишува своите бајки, а браќата Грим своите басни. Но, тоа е и време на еманципација на жените што ја предводи француската писателка Жорж Санд, додека во Англија своите дела ги создаваат сестрите Бронте.

Нептуновата инспирација најмногу доаѓа до израз во музиката каде што настапува периодот на романтизам преку делата на Жорж Бизе, Шопен, Брамс, Чајковски. Додека во сликарството е воведен импресионизмот преку Сезан, Мане, Дега.

На Американскиот континент во тек е калифорниската златна треска. Додека меѓу Африка и Азија се гради Суецкиот Канал.

Во науката заживува теоријата за потеклото на видовите и еволуцијата од Чарлс Дарвин.

А, во медицината се усовршува анестезијата и започнуваат да се користат дериватите на опиумот за лечење.

Конкретно во 1856 заврши Кримската војна која се водеше меѓу Русија, од една страна и В. Британија, Франција, Отоманското царство и италијанското кралство Пиемонт. Поопширно ќе прочитате на оваа страница.

Ви личи ли ова познато? Војна околу Крим, Чајковски, користење на дрогите во медицината?

Ако одговорот е позитивен, тоа е доказ дека историјата циклично се повторува. Но, како што напоменав погоре, првиот пат како трагедија, а ако не ја научиме лекцијата, следниот пат како фарса.

Што значи овој голем настан за нас, земјаните?

Бидејќи среќата, обично, многу скапо ни го продава она за кое мислиме дека ни го подарува, последиците би можеле да бидат и позитивни и негативни.

Позитивни: Би можеле да бидеме сведоци на чуда за кои ќе немаме рационално објаснување. Потоа, би требало да бидеме поотворени за духовниот развој, некои од нас ќе имаат визионерски моменти, другите ќе почувствуваат необјаснив наплив на идеализам и оптимизам, зголемена креативност, инспирација. Но, сите ќе имаме шанса за реализација на нашите идеи во текот на месец април 2022, посебно на 12-тиот ден од месецот.

Негативни: Заради преголемиот оптимизам би можеле да се однесуваме наивно и да бидеме жртви на лаги, измами, лажни ветувања, изневерени надежи, заблуди и разочарувања, масовна психоза. Бројот на пациенти со психички проблеми ќе биде во пораст. Оние кои се склони на алкохол, дроги и таблети би можеле да претеруваат со истите. А, активноста на некои верски групи и секти ќе се засили.

Во секој случај, најголема ренесанса би требало да доживеат оние меѓу нас кои се занимаваат со креативна работа, уметност, пишување, музика, психологија. Посебно ако се родени во знак или со Подзнак во Риби. Потоа оние кои тргуваат со лекови, нафта и нафтени деривати, вино и алкохоли.

За многумина ова ќе биде период кога ќе им се случуваат љубови, како на филм, со харизматични и мистични личности, љубови кои ќе траат до крајот на животот и ќе бидат инспирација за нивните дела. Ова посебно важи за Шкорпиите и Раковите, во знак и Подзнак. Па, за да бидеме сигурни дека не сме ја пропуштиле вистинската љубов, во месец април ќе биде пожелно да им дадеме шанса дури и на оние потенцијални партнери за кои не сме сигурни дека се по наш терк.

Бидејќи влијанието од средбата на Јупитер и Нептун ќе го почувствуваме сите, но на различен начин и во различни области од животот, за да знаеме каде најмногу ќе не погоди би требало да видиме во кое поле од нашата Натална Карта паѓа 23° од Риби и какви аспекти прави со нашите натални планети. За таа цел направете го бесплатниот примерок на вашата Натална Карта.

За крај, запомнете дека ѕвездите само укажуваат, но ние делуваме. А, бидејќи среќата ги крши луѓето побрзо од несреќата, би требало да ја набилдаме способноста да се носиме со неа.

До следниот пат кога Јупитер и Нептун повторно ќе се сретнат во Риби, до 2188 година, со среќа да ни биде патувањето!

Виолета С. Марсол

 

 
 
Регистрирано во Македонска Авторска Агенција
под реден број 970 Скопје
 
Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот.
Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
 

Изгледот на страницата одговара за Близнаците. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.


Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак.
Направете го овој тест.


Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне

радикално да го подобрите вашиот животВашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне да ги откриете причинско-последичните врски меѓу вашиот минат и сегашен живот, ќе ви открие што се случувало во вашиот минат живот, како тоа се рефлектира на вашето однесување и на случувањата во сегашниот и која е целта на вашето раѓање.


Наталната карта ми помогна да си одговорам на некои дилеми и ми даде смерница за понатаму. 

Данче К., Скопје


Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.


Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)


© 2005-2024
Виолета Марсол
Сите права се задржани

Насловна страна | Знаците и... | АстроПортети | Натална Карта | Детски Хороскоп | Љубовен Хороскоп | Бизнис Хороскоп | АстроСовети

Насловна страна Знаците и... АстроПортети Натална Карта Детски Хороскоп Љубовен Хороскоп Бизнис Хороскоп АстроСовети Овен Бик Близнаци (тековен стил) Рак Лав Девица Вага Шкорпија Стрелец Јарец Водолија Риби