In English

En français

Говорот
на Судбината

Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате?
 
Кликнете на Книгата...

Останати теми:

Мое гледање на Астрологијата

Астролошките сајтови


Никој не избегал

Школо за новата реалност

Среќата го менува знакот

Седум фази

Плутон во Водолија

Господарот во матни води

Одиме на Марс

Кој сее ветер

Да сум јас некој

QUO VADIS MACEDONIA?

Никој не е совршен

Кај се тие времиња?

Сакам да се дружам само со убави луѓе

Лопови, Овци, Научници и Мистици

Црешовиот цвет

Кога ќе се сретнат Среќата и Фантазијата

Тест за пријателство

Сакај ме повеќе од се на светот

Денот на Свети Валентин

Победа на животот над смртта

Зошто славиме на 14-ти јануари

Чудни се патиштата Господови

Вашиот маж е вашето огледало

Зошто нашите желби не се исполнуваат?

Катарза на стравот од смртта

Што не спречува да бидеме среќни?

Зошто жените сакаат да личат на Џокер?

Убиство со збор

Кога бракот не е консумиран

Ретроградниот Меркур наш слуга

Кај што денот ја љуби ноќта

Кога ќе го преспиеш животот

Нејзиното Височество, Госпожа Карма

Те снаоѓа тоа...

Лоши работи, добри луѓе

Другата страна на надежта

Зошто е болно човештвото?

Дали најде радост

Пет чувари на бракот

Љуби, љуби, ама глава не губи

Во музиката е лекот

Ретроградниот Меркур работи за нас

Супер Цветна Крвава Месечина

Очи во очи со Кармата

Ниедна тајна не останала вечно скриена

Кога ќе се појавиш љубов моја?

Знаете ли кое е најдоброто патување?

Дај му го на другиот

Соковите на љубовта

Јупитер во Риби

Објавено на 13.05.2021 во 08:27

Генерална проба за следната година - Јупитер во Риби
 

Како што глумците ја прават генералната проба пред премиерата, така и Јупитер од 14 мај до 28 јули 2021, на брзина ќе влезе во мечтателните Риби и ќе предизвика сите наеднаш да се почувствуваме поопуштено. Сите наеднаш ќе почувствуваме дека повторно се буди надежта во нас, интересот за љубовта, роматиката, емпатијата. И сето тоа под диригентската палка, на кој друг ако не, на Јупитер, планетата на среќата, кој ќе го разбуди Нептун, владетелот на Рибите.

Ако прашувате: „Зошто, поттикнат од Јупитер, Нептун би влијаел на нашиот интерес за љубовта?“, драги пријатели, одговорот е:„ Затоа што Нептун е повисоката октава на Венера, планетата на љубовта.“

Исто така, треба да знаеме дека, кога Јупитер патува низ Риби, неговите вибрации добиваат некаква исцелителска моќ што ни е неопходна за да можеме да закрепнеме од истоштувачкиот период кој го поминавме борејќи се со короната. Да бидам уште попрецизна, Јупитер ќе ја разбуди поубавата страна на Нептун, којшто владее со болестите, болниците, лекарите, лековите и психата на луѓето. Па, јас очекувам дека ситуацијата со короната ќе започне да се смирува или дури можеби ќе се открие полесен и поефикасен начин за справување со истата, до 28 јули 2021. Така ние, наеднаш, ќе ја видиме поубавата слика за светот, за другите луѓе, за нас самите. Одеднаш ќе не обземат некои големи идеали, ќе се зголеми интуицијата кај повеќето од нас, како и визионерството.

Меѓу другото, Јупитер во Риби ќе ја поттикне нашата фантазија, ќе ја зголеми нашата креативност, ќе го разбуди нашиот интерес за мистиката. А, овие квалитети најдобро ќе можат да ги искористат оние меѓу нас кои се занимаваат со некоја од гранките на уметноста, со музиката, поезијата, актерите. Потоа поуспешни ќе бидат и лекарите, фармацевтите, винарите, како и сите оние кои се занимаваат со алтернативните науки.

Кусиот пат на Јупитер во Риби ќе ја зголеми и нашата желба за патување. Па, и онака доаѓа лето, веројатно ќе се олабават мерките за патување и ние уште од сега можеме да размислуваме каде би сакале да одиме.

На што го темелам ова мислење?

На фактот што Јупитер ќе му избега на Сатурн, кој ќе остане во Водолија. Па, во Риби, Јупитер ќе може послободно да се однесува, бидејќи ќе престојува во знакот чијшто совладетел е и каде се чувствува како дома, како свој на своето. Тоа, од една страна, ќе значи дека ќе ги имаме сите предуслови да се позанимаваме со нашата духовна состојба и со нашето ментално здравје. А, од друга страна, најмногу шанса за просперитет ќе имаме во она поле од животот со коешто владеат Рибите во нашата Натална Карта.

За да дознаете со кое поле владеат Рибите во вашата Натална Карта, можете да го направите бесплатниот примерок на мојот сајт, а потоа да ги видите аспектите на Јупитер и Нептун со другите планети

Е сега, по добрата, следува лошата вест.

Од 28 јули до 18 октомври 2021 Јупитер ќе се врати повторно во Водолија и тогаш веројатно ќе ги актуелизира старите проблеми со короната или ќе предизвика некоја нова болест, некаков вид рестрикции поврзани со патувањата, со ковид-пасошите, PCR тестовите или пак ќе ни бидат само потребни дополнителни мерки на претпазливост. Јупитер во Риби ќе се врати на 29 декември 2021 и таму ќе остане до 11 мај 2022. Потоа ќе престојува во Овен и повторно ќе се врати во Риби од 28 октомври до 20 декември 2022. И јас сосема го разбирам. Домот во кој се чувствуваш убаво тешко го напушташ и секогаш му се враќаш.

Ах, да. Уште една информација за крај, како бакшиш.

Потсетете се што ви се случуваше во 2010 и во 1998 година. Можно е да се најдете во слична ситуација. Притоа, додека патува низ Риби, Јупитер ќе предизвика да процветаат родените во тој знак или со тој Подзнак. Потоа родените во знак или со подзнак во Шкорпија и Рак. Поволен ќе биде за Биковите и Јарците, во знак или со Подзнак. Неутрален за Овните, Водолиите, Вагите и Лавовите, во знак или со Подзнак. Додека неповолен ќе биде за Девиците, Близнаците и Стрелците.

Јупитер си го направи своето. Сега редот е на нас.

Виолета С. Марсол

 

 
 
Регистрирано во Македонска Авторска Агенција
под реден број 970 Скопје
 
Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот.
Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
 

Изгледот на страницата одговара за Близнаците. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.


Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак.
Направете го овој тест.


Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне

радикално да го подобрите вашиот животВашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви открие каков е вашиот однос со родителите и зошто, но истовремено ќе ви покаже како да ги подобрите односите со блиските и околината.


Ова се вистинските зборови што ја опишуваат наталната карта што ми ја изработивте: Наталната карта на Астроскопиа е шлаканицата што ви е потребна да го направите квантниот скок во вашата судбина. Големо благодарам што ми помогнавте да живеам со ширум отворени очи! 

Сања С., Скопје


Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.


Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)


© 2005-2024
Виолета Марсол
Сите права се задржани

Насловна страна | Знаците и... | АстроПортети | Натална Карта | Детски Хороскоп | Љубовен Хороскоп | Бизнис Хороскоп | АстроСовети

Насловна страна Знаците и... АстроПортети Натална Карта Детски Хороскоп Љубовен Хороскоп Бизнис Хороскоп АстроСовети Овен Бик Близнаци (тековен стил) Рак Лав Девица Вага Шкорпија Стрелец Јарец Водолија Риби