In English

En français

Говорот
на Судбината

Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате?
 
Кликнете на Книгата...

Останати теми:

Мое гледање на Астрологијата

Астролошките сајтови


Никој не избегал

Школо за новата реалност

Среќата го менува знакот

Седум фази

Плутон во Водолија

Господарот во матни води

Одиме на Марс

Кој сее ветер

Да сум јас некој

QUO VADIS MACEDONIA?

Никој не е совршен

Кај се тие времиња?

Сакам да се дружам само со убави луѓе

Лопови, Овци, Научници и Мистици

Црешовиот цвет

Кога ќе се сретнат Среќата и Фантазијата

Тест за пријателство

Сакај ме повеќе од се на светот

Денот на Свети Валентин

Победа на животот над смртта

Зошто славиме на 14-ти јануари

Чудни се патиштата Господови

Вашиот маж е вашето огледало

Зошто нашите желби не се исполнуваат?

Катарза на стравот од смртта

Што не спречува да бидеме среќни?

Зошто жените сакаат да личат на Џокер?

Убиство со збор

Кога бракот не е консумиран

Ретроградниот Меркур наш слуга

Кај што денот ја љуби ноќта

Кога ќе го преспиеш животот

Нејзиното Височество, Госпожа Карма

Те снаоѓа тоа...

Лоши работи, добри луѓе

Другата страна на надежта

Зошто е болно човештвото?

Дали најде радост

Пет чувари на бракот

Љуби, љуби, ама глава не губи

Во музиката е лекот

Ретроградниот Меркур работи за нас

Супер Цветна Крвава Месечина

Очи во очи со Кармата

Ниедна тајна не останала вечно скриена

Јупитер во Риби

Кога ќе се појавиш љубов моја?

Знаете ли кое е најдоброто патување?

Дај му го на другиот

Соковите на љубовта

Знаците на патот

Објавено на 31.03.2021 во 08:01

Знаците на патот
 

(Кога Универзумот сака да ни помогне)

Ние никогаш не сме сами.

Ова е едно од најважните сознанија до коe можеме да дојдеме во животот, драги мои. И оние од вас кои дошле до овој увид можат да посведочат дека нивниот живот се дели на „пред“ и „потоа“.

Некои од вас можеби сега се прашуваат: „А, како би биле сигурни дека никогаш не сме сами?“

Одговорот е: Така што, додека чекориме низ животот натоварени со спомените од минатото и фрлајќи поглед кон иднината, ќе се трудиме да ги читаме знаците кои ни се појавуваат на патот. Е, тие се јазикот на кој зборува Универзумот (Повисокиот Ум, Господ) кога сака да ни помогне, да ни го одврати погледот од правецот кој е погрешен и да не упати во правецот по кој би требало да одиме.

Ако прашувате кои се тие знаци?

Ги има повеќе. Но, овој пат, јас ќе ви откријам само некои од нив:

1. Дали некогаш ви се случило долго да се мачите со некое прашање или одлука и да не знаете како да постапите?

Сигурно „да“, бидејќи низ такви процеси поминува секој од нас, постојано. Но, дали сте забележале дека откако ќе се окупирате со нешто сосема друго и ќе престанете френетично да го барате одговорот, тој сам се појавува од нигде никаде? Тоа би можело да биде рефрен од некоја песна, наслов во весниците, случајно слушнат разговор меѓу луѓето кои чекореле пред вас на улица. Сеедно. Но, вие сте знаеле дека тоа е одоговор наменет само за вас.

Што мислите, кој би можел да ви го испраќа тој одговор?

Секако дека „нешто“ што ги надминува границите на нашиот рационален ум. Некој тоа нешто го вика Повисок Ум, некој Универзална Интелигенција, некој синхроницитет, некој Господ. Како и да го нарекувате помагачот не е важно, важно е дека помошта стигнала.

2. Сигурно ви се случило да забележувате исти низи броеви?

На пример: 14 часот и 14 минути, исти низи броеви во регистрациите на колите, на улиците, становите и слично.

Кога бевме деца и кога ќе видевме дека двете стрелки на часовникот се поклопиле велевме: „Цагер“ и бевме убедени дека токму во тој миг некој, кој го сакаме, мисли на нас. Е, сега, можеби тоа било само детска игра, меѓутоа секоја низа броеви си има своја симболика која треба да ја откриеме и да дознаеме што сака да ни порача. Така на пример низата во која се повторуваат броевите 1 и 4 претставува порака од Универзумот дека не треба да се обесхрабруваме туку да останеме фокусирани на вистинските цели во животот. Низата каде има само единици е знак дека Универзумот ги фотографирал нашите мисли и започнал да ги претвора во стварност. Низите во кои се застапени броевите 1 и 8, што мене често ми се случува да видам на часовникот, се потврда дека сме на вистинскиот пат и дека треба да продолжиме во тој правец..итн.

3. Дали ви се случило, со ништо непредизвикани, да почнат да ви се јавуваат луѓе од минатото на кои не сте помислиле долго време? Ви се случило, нели?

Е, тоа би требало да ни покаже дека не го живееме животот со полни гради, дека повторуваме исти шеми на однесување кои ни создале проблеми во минатото, дека не сме ја научиле лекцијата или не сме ја затвориле комуникацијата.

Во вакви ситуации би требало да откриеме кои наши убедувања, навики и ставови не ни дозволуваат да живееме како што ни одговара нам и од што треба да се ослободиме за да можеме да дишеме со полни гради.

4. Што мислите, што би значело кога одненадеж почнуваме да губиме работи? Не ви текнува?

Добро, ќе ви кажам. Тоа, драги мои, е знак дека премногу сме се врзале за истите и дека сме фокусирани на материајлното. Во ова се вбројува и љубовта кон саканите личности. Во такви моменти би требало малку повеќе да „копаме“ по содржината на нашата личност и да откриеме кои работи навистина не исполнуваат. Можеби ќе се изненадите, ама тоа најчесто не се материјалните.

5. Што мислите, која е пораката од Универзумот кога почнуваме, несакајќи, да кршиме предмети по дома, да ги прегоруваме електричните апарати и сијалиците?

Ако нема некој технички проблем, бидете сигурни дека Универзумот ни открива дека просторијата е набиена со негативна енергија. Во таква ситуација потребно ни е да се ослободиме од акумулираниот бес и вишокот енергија. А, на кој начин? Секој од нас сам треба да открие кој е најдобриот за него.

6. Дали ви се случило да сонувате еден ист сон повторно и повторно?

Мене ми се случило. Во такви моменти знам дека мојата потсвест сака да ми покаже нешто што јас не го забележувам и упорно го повторувам, а тоа нешто го спречува мојот духовен развој. Во тие ситуации обично се трудам да сфатам каква е улогата на секоја личност која се појавува во сонот, какво чувство таа буди во мене. Какви се боите, светлината во сонот и најважното, какво е моето чувство откако ќе се разбудам. Знам, постојат Соновници со опис за секој симбол. Но, како што секој од нас се разликува по својот карактер, така и соновите се индивидуални. Па, и симболите што се појавуваат во секој од нив. На пример, за сиромашна жена која има многу деца, сонот во кој таа е повторно бремена би можел да значи некаков проблем и тежина, додека за младата невеста исполнување на желбата и слично.

Тоа е тоа. Кратко беше? Да, кратко ама слатко :)

За крај ми останува само да повторам дека дури и кога ни изгледа дека сме сами, препуштени на себеси, тоа не е така. Сите ние, со невидливи врски, сме поврзани во големата шема на интеракции која најчесто не умееме да ја согледаме. Но, животот е тука да не научи. Преку знаците на патот.

И тука има еден парадокс.

Нив можеме да ги видиме само ако сме будни.

Виолета С. Марсол

 

 
 
Регистрирано во Македонска Авторска Агенција
под реден број 970 Скопје
 
Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот.
Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
 

Изгледот на страницата одговара за Биковите. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.


Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак.
Направете го овој тест.


Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне

радикално да го подобрите вашиот животВашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне да ги откриете причинско-последичните врски меѓу вашиот минат и сегашен живот, ќе ви открие што се случувало во вашиот минат живот, како тоа се рефлектира на вашето однесување и на случувањата во сегашниот и која е целта на вашето раѓање.


Наталната карта ми помогна да си одговорам на некои дилеми и ми даде смерница за понатаму. 

Данче К., Скопје


Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.


Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)


© 2005-2024
Виолета Марсол
Сите права се задржани

Насловна страна | Знаците и... | АстроПортети | Натална Карта | Детски Хороскоп | Љубовен Хороскоп | Бизнис Хороскоп | АстроСовети

Насловна страна Знаците и... АстроПортети Натална Карта Детски Хороскоп Љубовен Хороскоп Бизнис Хороскоп АстроСовети Овен Бик (тековен стил) Близнаци Рак Лав Девица Вага Шкорпија Стрелец Јарец Водолија Риби