In English

En français

Говорот
на Судбината

Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате?
 
Кликнете на Книгата...

Останати теми:

Мое гледање на Астрологијата

Астролошките сајтови


Никој не избегал

Школо за новата реалност

Среќата го менува знакот

Седум фази

Плутон во Водолија

Господарот во матни води

Одиме на Марс

Кој сее ветер

Да сум јас некој

QUO VADIS MACEDONIA?

Никој не е совршен

Кај се тие времиња?

Сакам да се дружам само со убави луѓе

Лопови, Овци, Научници и Мистици

Црешовиот цвет

Кога ќе се сретнат Среќата и Фантазијата

Тест за пријателство

Сакај ме повеќе од се на светот

Денот на Свети Валентин

Победа на животот над смртта

Зошто славиме на 14-ти јануари

Чудни се патиштата Господови

Вашиот маж е вашето огледало

Зошто нашите желби не се исполнуваат?

Катарза на стравот од смртта

Што не спречува да бидеме среќни?

Зошто жените сакаат да личат на Џокер?

Убиство со збор

Кога бракот не е консумиран

Ретроградниот Меркур наш слуга

Кај што денот ја љуби ноќта

Кога ќе го преспиеш животот

Нејзиното Височество, Госпожа Карма

Те снаоѓа тоа...

Лоши работи, добри луѓе

Другата страна на надежта

Зошто е болно човештвото?

Дали најде радост

Пет чувари на бракот

Љуби, љуби, ама глава не губи

Во музиката е лекот

Ретроградниот Меркур работи за нас

Супер Цветна Крвава Месечина

Очи во очи со Кармата

Ниедна тајна не останала вечно скриена

Јупитер во Риби

Кога ќе се појавиш љубов моја?

Знаете ли кое е најдоброто патување?

Дај му го на другиот

Соковите на љубовта

Колку трае еден ден на секоја планета

Објавено на 18.10.2020 во 06:55

Колку трае еден ден на секоја планета
 

Дали некогаш сте помислиле, драги мои, како би ни изгледал животот на некоја друга планета? Еве, да не одиме подалеку. Да се задржиме на нашиот Систем, Сончевиот. Дали некогаш ви паднало на памет прашањето колку трае еден ден на другите планети од Сончевиот Систем?

Ако не, јас ќе ви помогнам да си го замислите. Ајде да започнеме со најблиската планета до Сонцето, со брзиот Меркур. Замислете да живееме на Меркур. Таман сме отвориле очи и уште добро не сме протегнале раце и нозе во креветот, ќе треба повторно да си легнеме. Или пак ќе треба да сме супер брзи и ефикасни за да ги завршиме сите обврски. Прашувате зошто? Затоа што еден ден на Меркур трае 1,4 часа.

На Венера е веќе нешто поинаку. Таму не ќе мораме да скокаме од кревет веднаш откако ќе отвориме очи. Можеме да се бакнуваме со партнерот, да водиме љубов. Ќе имаме време да си го испиеме утринското кафе, да се измиеме, облечеме, исчешламе, да се нашминкаме, да прочитаме по нешто на ФБ. Да слушаме музика. Можеби ќе имаме време и ручек да направиме, да погледнеме некој филм и толку. Денот кој трае 5,8 часа веќе завршил.

Е, Марс е како создаден за воркохолиците. Зошто? Бидејќи на Марс денот трае 25 часа. А, на зависниците од работата секогаш им недостасува барем уште еден час во денот да завршат со сите обврски. Замислете што се би направиле за 25 часа? Некои од нас би го преорале светот. Додека другите можеби нема да станат од кревет или од пред компјутер...Хм...хм...Кога ќе подразмислам подобро можеби затоа најбогатите луѓе уште од сега уплаќаат за резервирање на места за првата мисија која ќе има цел да го насели Марс.

Кај гасовитите планети се е воздушно, расплинето и покусо. Тоа е така бидејќи воздухот се карактеризира со ехспанзивност и не можеме да го задржиме на едно место. Така, ако живееме на Јупитер, еден ден ќе ни трае 10 часа. Тоа е доволно време за нешто да подработиме, да испиеме кафенце со пријателите, да каснеме некој вкусен ручек. И десерт по него. Обавезно. За вечерата секогаш мора да има време. Но, и за пешачење или практикување на некој спорт или друг вид физичка активност.

Доколку живееме на Сатурн ќе имаме време и да завршиме со професионалните обврски и да каснеме нешто на брзинка и да тркнеме до маркет да си купиме јадење за утре или да завршиме со дел од утрешните обврски. Таму денот трае 11 часа.

На Уран каде што денот трае 17 часа, покрај сето друго, ќе имаме време неколку часа да висиме на компјутер или телефон, да играме игрици, да постираме слики на Инстаграм, да правиме видеа за Тик-Ток. Па, дури и да подработиме нешто корисно, бидејќи за завршување со професионалните и домашните обврски ќе ни треба малку време. Во се што ќе правиме ќе имаме помош од најнапредната техника, роботи, компјутери и слично.

Аха, за малку ќе заборавев. Тоа би било така само доколку умееме да се прилагодиме на непланираните промени. Како на пример, онаму каде што денес изгреало Сонцето утре би можело да зајде и слично. Леле колку возбудливо!

Ако пак живееме на Нептун, таму денот ќе ни трае 16 часа. Но, наместо висење по социјалните мрежи, ќе можеме долго да си лежиме во постела, да си фантазираме за иднината. Потоа можеме да изгледаме некое филмче, да пишуваме и читаме поезија со чаша вино или пак да водиме љубов. Е, сега што ќе правиме за пари не се знае. Но, веројатно богатата фантазија ќе ни помогне да се снајдеме на најкреативен начин.

И сега доаѓаме до Плутон. Не верувам дека некој од нас би сакал да живее на Плутон. Прашувате зошто? Затоа што еден ден на Плутон трае 153,3 часа...Да, да добро прочитавте, еден ден на Плутон трае како 6,4 дена на Земјата. Па, кој би сакал толку долго да му трае еден ден? Секако не оние што се наоѓаат во проблем, ниту оние што се тажни или пак што страдаат на друг начин. Можеби само вљубените и тоа оние што се тазе вљубени. Замислете првиот бакнеж или првото водење љубов да ни траат по четвртина од еден ден.

Затоа предлагам Плутон да го прогласиме за место каде што ќе ги испраќаме на издржување казна оние што направиле нешто лошо против човештвото. Замислете го Хитлер како живее на Плутон и како никако не може да дочека да му помине денот долг 153,3 часа, обземен од размислувања за злоделата што ги сторил. И така до крајот на животот. Бррр...вистински кошмар. Можеби на воркохолиците ќе им се допадне да имаат ден што ќе трае 153,3 часа? Или можеби не? Можеби дури тогаш ќе сфатат дека зависноста од работата е казна, а не задоволство.

Е, па тоа имав да ви кажам јас, драги мои. Сега е редот на вас да кажете што одлучивте?

Знаете ли каде би сакале да живеете?

Јас за мене си знам.

Виолета С. Марсол

 

 
 
Регистрирано во Македонска Авторска Агенција
под реден број 970 Скопје
 
Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот.
Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
 

Изгледот на страницата одговара за Биковите. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.


Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак.
Направете го овој тест.


Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне

радикално да го подобрите вашиот животВашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви открие каков е вашиот однос со родителите и зошто, но истовремено ќе ви покаже како да ги подобрите односите со блиските и околината.


Наталната карта ми помогна да си одговорам на некои дилеми и ми даде смерница за понатаму. 

Данче К., Скопје


Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.


Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)


© 2005-2024
Виолета Марсол
Сите права се задржани

Насловна страна | Знаците и... | АстроПортети | Натална Карта | Детски Хороскоп | Љубовен Хороскоп | Бизнис Хороскоп | АстроСовети

Насловна страна Знаците и... АстроПортети Натална Карта Детски Хороскоп Љубовен Хороскоп Бизнис Хороскоп АстроСовети Овен Бик (тековен стил) Близнаци Рак Лав Девица Вага Шкорпија Стрелец Јарец Водолија Риби