In English

En français

Говорот
на Судбината

Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате?
 
Кликнете на Книгата...

Останати теми:

Мое гледање на Астрологијата

Астролошките сајтови


Никој не избегал

Школо за новата реалност

Среќата го менува знакот

Седум фази

Плутон во Водолија

Господарот во матни води

Одиме на Марс

Кој сее ветер

Да сум јас некој

QUO VADIS MACEDONIA?

Никој не е совршен

Кај се тие времиња?

Сакам да се дружам само со убави луѓе

Лопови, Овци, Научници и Мистици

Црешовиот цвет

Кога ќе се сретнат Среќата и Фантазијата

Тест за пријателство

Сакај ме повеќе од се на светот

Денот на Свети Валентин

Победа на животот над смртта

Зошто славиме на 14-ти јануари

Чудни се патиштата Господови

Вашиот маж е вашето огледало

Зошто нашите желби не се исполнуваат?

Катарза на стравот од смртта

Што не спречува да бидеме среќни?

Зошто жените сакаат да личат на Џокер?

Убиство со збор

Кога бракот не е консумиран

Ретроградниот Меркур наш слуга

Кај што денот ја љуби ноќта

Кога ќе го преспиеш животот

Те снаоѓа тоа...

Лоши работи, добри луѓе

Другата страна на надежта

Зошто е болно човештвото?

Дали најде радост

Пет чувари на бракот

Љуби, љуби, ама глава не губи

Во музиката е лекот

Ретроградниот Меркур работи за нас

Супер Цветна Крвава Месечина

Очи во очи со Кармата

Ниедна тајна не останала вечно скриена

Јупитер во Риби

Кога ќе се појавиш љубов моја?

Знаете ли кое е најдоброто патување?

Дај му го на другиот

Соковите на љубовта

Нејзиното Височество, Госпожа Карма

Објавено на 11.09.2021 во 22:12

Нејзиното Височество, Госпожа Карма
 

Ни крива ни должна, таа на своја сметка се има изнаслушано различни муабети, та дека е немилосрдна, та дека е кучка, та дека сурово казнува, та дека е злопамтило... и што уште не.

Е сега, некој би рекол дека зад добар коњ прашина се крева, но јас сум забележала нешто друго. Оние кои, на некаков начин, се оштетени се крстат во нејзиниот реванш. Оние кои направиле некакво зло се преправаат дека таа не постои. Оние кои прават добро обично не размислуваат за последиците или, како што велат нашите стари: „Прави добро, не кај се. Прави лошо, надај се.“

Ајде сега да видиме „што кармата е“ и „што кармата не е“.

1. Кармата не нуди мени. Таа ви го сервира тоа што го заслужувате.

2. Кармата не наградува ниту казнува. Таа претставува праведна реакција на Универзумот на некоја наша акција во минатото.

3. Не постојат миленичиња на кармата. Што сме посеале, во овој или во некој минат живот, тоа ќе си жнееме.

4. Како луѓето се однесуваат кон нас е нивна карма. Како ние реагираме на тоа е наша.

5. Кармата порачува: Ако се фокусираме на повредата, ќе продолжиме да страдаме. Ако се фокусираме на лекцијата ќе продолжиме да растеме.

6. Нема потреба од одмазда. Потребно е само да сме стрпливи и да чекаме. Оние што не повредиле, на крајот ќе направат нешто на своја штета и, ако имаме среќа, Бог ќе ни дозволи да гледаме.

7. Кармата никогаш не ја заборава адресата.

И најважното, како што вели Ц.С. Луис, во Универзумот не постои неутрална територија. Секој квадратен сантиметар, секој дел од секундата му припаѓа на Бог или е загаден од ѓаволот.

Посакувам Бог во секој дел од секундата да биде со нас за да бидеме на безбедна територија.

Виолета С. Марсол

 

 
 
Регистрирано во Македонска Авторска Агенција
под реден број 970 Скопје
 
Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот.
Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
 

Изгледот на страницата одговара за Водолиите. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.


Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак.
Направете го овој тест.


Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне

радикално да го подобрите вашиот животВашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне да ги откриете причинско-последичните врски меѓу вашиот минат и сегашен живот, ќе ви открие што се случувало во вашиот минат живот, како тоа се рефлектира на вашето однесување и на случувањата во сегашниот и која е целта на вашето раѓање.


Околу една и пол година пред да дојдам кај Вас ми се случи нешто страшно. Настанот го пребродив, но постојано ме вознемируваа прашањата “Господе што сум ти згрешила за да поминам низ такво нешто? Со што го заслужив ова, кога отсекогаш имав посебен однос спрема религијата?” Откако дојдов кај Вас добив вистинскиот одговор на сите овие прашања. Иако јас воопшто не Ви спомнав за овој настан, бев фрапирана кога меѓу првите работи од нашиот разговор ми го спомнавте. Преку наталната карта, а особено преку книгите кои ми ги посочивте да ги прочитам, успеав да добијам одговор на сите прашања. Повторно почнав да си го сакам животот, заедно со сите добри и лоши случувања во него, кои оставам да ме водат по патот на духовниот развој. Ви благодарам. 

С. М., Скопје


Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.


Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)


© 2005-2024
Виолета Марсол
Сите права се задржани

Насловна страна | Знаците и... | АстроПортети | Натална Карта | Детски Хороскоп | Љубовен Хороскоп | Бизнис Хороскоп | АстроСовети

Насловна страна Знаците и... АстроПортети Натална Карта Детски Хороскоп Љубовен Хороскоп Бизнис Хороскоп АстроСовети Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Шкорпија Стрелец Јарец Водолија (тековен стил) Риби