In English

En français

Говорот
на Судбината

Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате?
 
Кликнете на Книгата...

Останати теми:

Мое гледање на Астрологијата

Астролошките сајтови


Никој не избегал

Школо за новата реалност

Среќата го менува знакот

Седум фази

Плутон во Водолија

Господарот во матни води

Одиме на Марс

Кој сее ветер

Да сум јас некој

QUO VADIS MACEDONIA?

Никој не е совршен

Кај се тие времиња?

Сакам да се дружам само со убави луѓе

Лопови, Овци, Научници и Мистици

Црешовиот цвет

Кога ќе се сретнат Среќата и Фантазијата

Тест за пријателство

Сакај ме повеќе од се на светот

Денот на Свети Валентин

Победа на животот над смртта

Зошто славиме на 14-ти јануари

Чудни се патиштата Господови

Вашиот маж е вашето огледало

Зошто нашите желби не се исполнуваат?

Катарза на стравот од смртта

Што не спречува да бидеме среќни?

Зошто жените сакаат да личат на Џокер?

Убиство со збор

Кога бракот не е консумиран

Ретроградниот Меркур наш слуга

Кај што денот ја љуби ноќта

Кога ќе го преспиеш животот

Нејзиното Височество, Госпожа Карма

Те снаоѓа тоа...

Лоши работи, добри луѓе

Другата страна на надежта

Зошто е болно човештвото?

Дали најде радост

Пет чувари на бракот

Љуби, љуби, ама глава не губи

Во музиката е лекот

Ретроградниот Меркур работи за нас

Супер Цветна Крвава Месечина

Очи во очи со Кармата

Ниедна тајна не останала вечно скриена

Јупитер во Риби

Кога ќе се појавиш љубов моја?

Знаете ли кое е најдоброто патување?

Дај му го на другиот

Соковите на љубовта

Ретрограден Марс во Овен

Објавено на 08.09.2020 во 15:41

Ретрограден Марс во Овен - Мечот ќе ја затапи својата острица
 

Во периодот од 9-ти септември до 14-ти ноември 2020 година, на својот пат низ воинствениот Овен, Марс, црвената планета и негов владетел, ќе се предомисли и ќе започне привидно да се движи наназад (ретроградно).

Зошто е важно да го знаеме ова?

Затоа што, како планета на акцијата и агресијата, Марс предизвикува чувство на напнатост, притисок, нервоза, борбеност, порив за акција, освојување, победа. Но, кога ќе тргне да се движи наназад, од 9 септември до 14 ноември, сите ние ќе имаме недостаток на мотивација за било каква активност. Затоа добро е доколку сите наши поважни обврски, посебно професионалните, ги завршивме до 9 септември.

По овој датум, на површина би требало да излезат најнегативните пориви меѓу нас луѓето, но на пасивно - агресивен начин. Па, сиот наш бес, бунт и импулс за борба со неистомислениците ќе го правиме подмолно, зад завеса, со недозволиви средства. Но, доколку сме конструктивни, ќе ги искористиме вибрациите на Марс да го успориме темпото на нашиот живот, да преиспитаме некои наши постапки од минатото, како и оправданоста на некои наши планови и цели за иднината.

Како ќе ги чувствуваме вибрациите на ретроградниот Марс?

Начин на читање: Прво текстот за вашиот Подзнак (Асцендент), дури потоа за знакот. Ако не го знаете својот Подзнак, направете бесплатен примерок на вашата Натална Карта на оваа страна.

Ретроградниот Марс најмногу ќе го почувствуваат Овните, бидејќи е нивен владетел и Шкорпиите, бидејќи е нивен совладетел.

Така, додека нивниот владетел се движи наназад, Овните самите на себеси ќе си бидат најголеми непријатели. Па, агресијата и незадоволството би можеле да ги свртат кон себе, во вид на автодеструктивни постапки. Но, ако во минатото се имаат научено на самоконтрола, тогаш овие придушени вибрации на Марс би можеле да ги искористат за реализација на сите планови кои бараат стрпливост.

Затапената острица од мечот на Марс ќе влијае позитивно на работата на Шкорпиите со уметнички професии. Но, на вработените во полицијата, војската, здравството и услужните дејности ќе им недостасува мотив за работа. Додека, поради намалениот имунитет, Шкорпиите би требало повеќе да се чуваат од инфекции и воспаленија. А, потиснатите незадоволства би можеле да се манифестираат и преку покачениот притисок.

Ретроградниот Марс во Овен ќе биде најнепријателски расположен кон Вагите, Раковите и Јарците. Вагите ги очекуваат искушенија во партнерските односи, и приватни и професионални. Шефувањето, како начин на однесување, повеќе нема да им поминува кај другите. А, Вагите со јавни професии би можеле, со некоја своја постапка, да испровоцираат несимпатии и свртување на јавното мислење против нив.

Раковите ќе мора да донесат одлуки поврзани со кариерата, со парите и личниот живот. Ќе мора да одлучат кои се нивните приоритети, да согледаат на што ги трошат парите и колку време и труд им треба да ги заработат истите. Додека Јарците ќе можат да ги надминат проблемите поврзани со членовите на семејството и местото на живеење ако повеќе слушаат што тие им замеруваат отколку што се слушаат себеси.

Биковите ќе водат донкихотовска битка со ветерниците од минатото и ќе сакаат да се изолираат од светот. Но, ако го оживеат минатото во сегашноста, ќе можат да си создадат само болести. Близнаците ќе имаат повеќе шанси да ги реализираат своите планови ако ја прифатат помошта од страна на пријателите. Кај Лавовите би можел да се изјалови некој план за патување во странство или пак ќе треба да преполагаат некој испит. Девиците ќе треба да стекнат увид во своите инвестиции, заеми и реална финансиска моќ, со цел да ги избегнат извршителите, каматите и казните. Но, можно е да имаат проблеми и со либидото.

Стрелците би можеле да имаат страстен период во љубовта, ако му се препуштат на моментот и ако го зауздаат поривот за авантура. Во спротивно, нивните грешки од минатото ќе се вратат да побараат наплата. Водолиите би требало да бидат исклучително внимателни во сообраќајот. А, можно е да имаат и проблеми на некое патување. Додека Рибите би требало да го зауздаат својот порив за купување непотребни нешта. Во спротивно ги очекува дестабилизација на финансиски план.

Да си ја сфатиме сериозно работата и сите да си ги засукаме ракавите. Таму каде што треба ;-)

 

 
 
Регистрирано во Македонска Авторска Агенција
под реден број 970 Скопје
 
Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот.
Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
 

Изгледот на страницата одговара за Овните. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.


Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак.
Направете го овој тест.


Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне

радикално да го подобрите вашиот животВашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви открие кои се вашите скриени таленти, во кои професии би можеле да постигнете најголем успех, каков е вашиот однос со колегите и претпоставените и зошто, какви се вашите потенцијали на финансиски план.


Имам веќе две натални карти и искрено не очекував Оваа да биде нешто многу поразлична од останатите. Сепак многу се изненадив. Многу сум задоволен од одговорите кои ги добив благодарејќи на Вашата натална карта! Искрено Благодарам! 

Гога Поп-Георгиевски, Скопје


Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.


Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)


© 2005-2024
Виолета Марсол
Сите права се задржани

Насловна страна | Знаците и... | АстроПортети | Натална Карта | Детски Хороскоп | Љубовен Хороскоп | Бизнис Хороскоп | АстроСовети

Насловна страна Знаците и... АстроПортети Натална Карта Детски Хороскоп Љубовен Хороскоп Бизнис Хороскоп АстроСовети Овен (тековен стил) Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Шкорпија Стрелец Јарец Водолија Риби