In English

En français

Говорот
на Судбината

Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате?
 
Кликнете на Книгата...

Останати теми:

Мое гледање на Астрологијата

Астролошките сајтови


Никој не избегал

Школо за новата реалност

Среќата го менува знакот

Седум фази

Плутон во Водолија

Господарот во матни води

Одиме на Марс

Кој сее ветер

Да сум јас некој

QUO VADIS MACEDONIA?

Никој не е совршен

Кај се тие времиња?

Сакам да се дружам само со убави луѓе

Лопови, Овци, Научници и Мистици

Црешовиот цвет

Кога ќе се сретнат Среќата и Фантазијата

Тест за пријателство

Сакај ме повеќе од се на светот

Денот на Свети Валентин

Победа на животот над смртта

Зошто славиме на 14-ти јануари

Чудни се патиштата Господови

Вашиот маж е вашето огледало

Зошто нашите желби не се исполнуваат?

Катарза на стравот од смртта

Што не спречува да бидеме среќни?

Зошто жените сакаат да личат на Џокер?

Убиство со збор

Кога бракот не е консумиран

Ретроградниот Меркур наш слуга

Кај што денот ја љуби ноќта

Кога ќе го преспиеш животот

Нејзиното Височество, Госпожа Карма

Те снаоѓа тоа...

Лоши работи, добри луѓе

Другата страна на надежта

Зошто е болно човештвото?

Дали најде радост

Пет чувари на бракот

Љуби, љуби, ама глава не губи

Во музиката е лекот

Ретроградниот Меркур работи за нас

Супер Цветна Крвава Месечина

Очи во очи со Кармата

Ниедна тајна не останала вечно скриена

Јупитер во Риби

Кога ќе се појавиш љубов моја?

Знаете ли кое е најдоброто патување?

Дај му го на другиот

Соковите на љубовта

Дали Астрологијата е наука?

 
Текст објавен во јуни 2007

Дали Астрологијата е наука?
 

За да одговориме на ова прашање, треба прво да го знаеме одговорот на прашањето “што е наука?” За сега, дефиницијата за наука вели дека е тоа поврзана група од знаења што имаат свои закони и можат да се проверат со експериментални методи.

Астрологијата пак се темели на древни знаења за функционирањето на Вселената и човечката психа. Ги користи знаењата на астрономијата и ефемеридите (прецизни табели за движењето на небеските тела). Се служи со математички пресметки. Но, истовремено ги соединува и знаењата на географијата, психологијата, митологијата...

Притоа подлежи на законите на физиката, не е во спротивност со Вселенските закони.

Значи, до сега два од трите правила што го дефинираат поимот наука се задоволени. Останува уште одговорот на прашањето “дали податоците што ги открива астрологијата можат експериментално да се проверат?” Одговорот на ова прашање е и да и не.

Имено, случувањата кои што ги претскажува астрологијата за еден човек можат да се проверат преку споредбата на она што било предвидено и она што се случило во неговото минато, како и преку описот на неговиот карактер. Така, преку животното искуство на една личност може да се докаже на пример дека збир на лоши планети во 7-то поле на хороскопот на таа личност и донеле проблеми во бракот, со бизнис партнерите, со судовите. Меѓутоа, се уште никој не може да објасни зошто тоа функционира токму така и на тој план. Зошто збир на лоши планети во делот на небото што се совпаѓа со седмото поле во хороскопот на таа личност, ќе се манифестира токму во нејзиниот брак, а не во другите сегменти од животот.

Од сето до тука кажано излегува дека астрологијата навидум изгледа како наука, но не е бидејќи не можат експериментално да се докажат сите нејзини правила и тврдења. Не може да се објасни зошто токму таа и таа планета (пр. Сонцето) сместена на таа и таа позиција на Небото (пр. Зенитот), во моментот на раѓање на една личност, е причината кај неа да се создадат однапред познати особини. Во конкретниов случај, харизматичност, лидерски способности и популарност.

Според моите досегашни истражувања во областа на астрологијата, но и на физиката, метафизиката, психологијата, објаснувањето лежи во взаемното дејство меѓу енергетско-информационото поле на планетите и она на човекот.

Но, од друга страна, ако за едно учење да се прифати како наука е потребно неговите закони и знаења и експериментално да се докажат, тогаш не е логично зошто на пример психологијата е прифатена како наука, а астрологијата не, кога и проблематиката со која што психологијата се занимава (чувства, комплекси, внимание, фобии) е поврзана со интимните доживувања на личноста. А, тие не можат експериментално да се докажат и измерат. Понатаму, исто така се наметнува прашањето дали нешто што во моментов (на нашето ниво на свеста и развојот на техниката) не можеме да го објасниме значи дека тоа нешто не постои и нема никакво влијание?

– Зошто не можеме експериментално да ги докажеме законите на астрологијата?

Ова што сега ќе го кажам сфатете го само како мое размислување на таа тема, што не мора да значи дека е комплетно точно. Според мене, најголемиот дел од одговорот веројатно се крие во начинот на кој функционира човечкиот мозок. Имено, познато е дека мозокот е поделен на две хемисфери: лева и десна. Познато е дека левата хемисфера е одговорна за функционирање на десната страна од човечкото тело, за рациото и логиката. Додека десната хемисфера е поврзана со емоциите, креативноста, интуицијата. Таа ги чува искуствата од субјективниот и духовен свет и е одговорна за функционирањето на левата половина од човечкото тело.

Докажано е дека човек е во хармонија со себеси, отворен за сознанијата од духовниот свет само кога и неговата десна и левата хемисфера работат подеднакво. Тоа се случува кога неговиот мозок функционира на фреквенција од 7 до 14 Hz (идеално 10 Hz), или на алфа ниво. Тоа е фреквенцијата на која што природно функционира мозокот пред да заспиеме, кога ќе станеме од спиење, додека сонуваме со отворени очи. Тоа е фреквенцијата на која што функционира мозокот на децата во периодот од 7 до 14 години. Подоцна, со стареењето и со акумулирањето на разни податоци преку образованието и од светот што не опкружува, ние се повеќе ги користиме побрзите фреквенции. Затоа, повеќе од 90% од возрасните луѓе во светот, според испитувањата на Хозе Силва, ја користи само левата хемисфера од мозокот, која функционира на фреквенцијата од околу 21 Hz.

Кога ова се знае тогаш, јасно е што сакал Исус да каже тврдејќи дека “за да се влезе во царството небеско, треба да се стане дете”. Значи, за човек да биде во хармонија со Вселената, со Вселенските закони и повторно да се соедини со Божествено во себе, треба да направи се неговиот мозок да функционира како детскиот, на фреквенцијата од 10 Hz. Тоа се постигнува преку молитва или медитација. Но, тогаш пред човекот и без да сака се откриваат и оние работи за функционирањето на природата и Вселената кои до тогаш не можел да ги согледа или за него претставувале тајна. За таквиот човек велиме дека прогледал, се просветлил. А, всушност секој човек е создаден како просветлен, додека во процесот на растењето тој учи да биде слеп за вистинската природа на светот што го опкружува.

– Дали од секогаш било така?

Сигурно дека не. Во некои од ерите од развојот на човештвото, луѓето биле во поблиска врска со природата и со Божественото во себе. Тие биле целовити луѓе, во хармонија со себеси и со светот околу себе, нивниот мозок речиси постојано функционирал на алфа фреквенција. Значи, и левата и десната хемисфера функционирале подеднакво. Астрологијата потекнува токму од тоа време (според мене од периодот на Атлантида), кога знаењата од науката (лева хемисфера) не биле одделени од знаењата со кои располагале уметноста, религијата, митологијата (десна хемисфера). Напротив, тие знаења претставувале едно цело, откривале како функционира Вселената и човекот во неа. А, тие знаења исчезнале со пропаста на Атлантида, што според астрологијата се случило три ери (6.480 години) пред почетокот на нам првата позната цивилизација, цивилизацијата на Сумерите. Значи, човештвото живее во мрак повеќе од 15.000 години со исклучоци во стар Египет и стара Грција. Некои од нивните научници и свештеници на некаков начин успеваат да дојдат до мал број од знаењата на Атлантида, внесувајќи зрак светлина во свеста на човештвото.

Во нашата цивилизација, поделбата меѓу науката и религијата се случила некаде во 17-ти век, кога откривањето на природните закони од страна на науката започнало да ги раздрмува темелите на кои се потпирала религијата. За религиозниот естаблишмент она што не можело да се докаже со термините на познатите природни закони претставувало чудо, кое треба да се прифати како Божје дело и не треба да се испитува понатаму. Од друга страна пак, за научниците сето она што не може да се измери, не постои, затоа не е вредно да се проучува. Тие не сакале нивните празнини во знаењата да бидат злоупотребени од страна на религијата. Така, на состанокот на Британското Кралско Друштво (формирано во 1660) било изнајдено Соломонско решение, науката да се оддели од религијата. На овој начин, научниците покажале дека се слични со религиозните догматици, правејќи од науката религија на скептицизмот. Тогаш Едмонд Халеј, божем на шега, му префрлил на Исак Њутн дека премногу ја симпатизира астрологијата. На тоа, кралот на физиката и астрономијата мудро му одговорил: “Не се смејте колега, јас работата ја проучував, вие не”.

– Дали проблемот е во науката, дали можеби таа треба да ревидира некои свои ставови и дефиницијата за тоа што е наука?

За среќа, во тој правец се движи и актуелната наука. Па додека пред стотина години, само пророците зборуваа преку парадокси, а за науката парадоксот беше грешка на научниот ум, денес ситуацијата е поинаква. Со испитувањата на феномените како што се природата на светлината, електромагнетизмот, теоријата за релативитетот и други, науката почнува да прифаќа дека на извесен начин реалноста е парадоксална. На пример, светлината е истовремено и бран и честица, електроните се невидливи но видлив е нивниот резултат кога насочено се движат (струја). Дали тогаш Бог не постои само поради фактот што не можеме да го видиме иако го чувствуваме неговото делување? Дали ѕвездите немаат влијание врз животот на луѓето само затоа што не можеме да објасниме како тие делуваат или можеби сме сведоци на повторната средба меѓу науката и религијата? Всушност, астрологијата предвидувала дека науката и религијата повторно ќе ги соединат своите знаења во ерата на Водолијата.

Значи, до вистинските одговори за многу до сега непознати и неизмерливи нешта, како и до признавањето на астрологијата како наука, ни преостанува прво да почекаме повторно да дојде до вистинско обединување на сознанијата од науката и религијата, во следните 2.160 години, во ерата на Водолијата.

 

 
 
Регистрирано во Македонска Авторска Агенција
под реден број 970 Скопје
 
Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот.
Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
 

Изгледот на страницата одговара за Овните. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.


Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак.
Направете го овој тест.


Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне

радикално да го подобрите вашиот животВашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви открие кој е вашиот идеален партнер, како се однесувате во љубовта и сексот, зошто секогаш привлекувате одреден тип на личности и како можете да го подобрите својот љубовен живот.


Наталната карта што ја добив е фантастична!
Ви благодарам многу што ми го подаривте огледалото на мојот живот :) 

Виктор К., Скопје


Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.


Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)


© 2005-2024
Виолета Марсол
Сите права се задржани

Насловна страна | Знаците и... | АстроПортети | Натална Карта | Детски Хороскоп | Љубовен Хороскоп | Бизнис Хороскоп | АстроСовети

Насловна страна Знаците и... АстроПортети Натална Карта Детски Хороскоп Љубовен Хороскоп Бизнис Хороскоп АстроСовети Овен (тековен стил) Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Шкорпија Стрелец Јарец Водолија Риби