In English

En français

Говорот
на Судбината

Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате?
 
Кликнете на Книгата...

Останати теми:

Мое гледање на Астрологијата

Астролошките сајтови


Никој не избегал

Школо за новата реалност

Среќата го менува знакот

Седум фази

Плутон во Водолија

Господарот во матни води

Одиме на Марс

Кој сее ветер

Да сум јас некој

QUO VADIS MACEDONIA?

Никој не е совршен

Кај се тие времиња?

Сакам да се дружам само со убави луѓе

Лопови, Овци, Научници и Мистици

Црешовиот цвет

Кога ќе се сретнат Среќата и Фантазијата

Тест за пријателство

Сакај ме повеќе од се на светот

Денот на Свети Валентин

Победа на животот над смртта

Зошто славиме на 14-ти јануари

Чудни се патиштата Господови

Вашиот маж е вашето огледало

Зошто нашите желби не се исполнуваат?

Катарза на стравот од смртта

Што не спречува да бидеме среќни?

Зошто жените сакаат да личат на Џокер?

Убиство со збор

Кога бракот не е консумиран

Кај што денот ја љуби ноќта

Кога ќе го преспиеш животот

Нејзиното Височество, Госпожа Карма

Те снаоѓа тоа...

Лоши работи, добри луѓе

Другата страна на надежта

Зошто е болно човештвото?

Дали најде радост

Пет чувари на бракот

Љуби, љуби, ама глава не губи

Во музиката е лекот

Ретроградниот Меркур работи за нас

Супер Цветна Крвава Месечина

Очи во очи со Кармата

Ниедна тајна не останала вечно скриена

Јупитер во Риби

Кога ќе се појавиш љубов моја?

Знаете ли кое е најдоброто патување?

Дај му го на другиот

Соковите на љубовта

Како ретроградниот Меркур да стане наш слуга, а не господар?

Објавено на 28.09.2021 во 20:23

Како ретроградниот Меркур да стане наш слуга, а не господар?
 

Американците често ја користат поговорката која вели: „Ако животот ти даде лимон, тогаш направи лимонада“. Со тоа сакаат да кажат дека и во неубавите ситуации може да се најде нешто убаво и дека, дури и кога ни се чини дека сме губитници (лузери), би можеле да ја смениме нашата позиција во добитничка, само ако го смениме начинот на кој ги гледаме работите.

Е, ајде сега ова правило да го примениме на нашиот случај, кога станува збор за негативното влијание на ретроградниот Меркур. Што треба да направиме? Како да се поставиме?

Како прво, треба да го познаваме противникот за да можеме да се носиме со него. Нели е така драги мои?

Е, па првото нешто што треба да го знаеме за нашиот противник, за брзиот и палав Меркур, е дека тој ќе биде ретрограден до 18 октомври. А, во својата сенка ќе остане до 2 ноември 2021.

Второто нешто што треба да го имаме в предвид е дека Меркур, во митологијата, бил гласникот на Боговите. Оттаму, астрологијата го смета како планета која владее со рационалниот ум, со сите видови на комуникации и со говорот. Тој е покровител на трговијата, пишувањето, сообраќајот. Кога тој се движи нормално, директно, ја поттикнува работата на рационалната страна на мозокот, неговата лева хемисфера, која работи линеарно и некако предвидливо. Затоа пак, кога Меркур е ретрограден, рационалниот ум е во конфузија. А, за сметка на тоа, несвесната страна на нашиот ум, одговорна за интуицијата и визионерските идеи, со која раководи десната хемисфера на мозокот, ги има своите пет минути.

Што сакам да порачам?

Би сакала да ви кажам дека периодот до 2 ноември, а посебно до 18 октомври би требало да го искористиме за:

1. Би требало да се обидеме, како трет човек од страна, да го согледаме процесот на нашето размислување. Да се потрудиме да сфатиме на кој начин низ нашиот ум, како низ филтер, минуваат разните информации, слики, мириси и звуци и како тој потоа ги претвора во асоцијации, сеќавања, убедувања, идеи.

Ако прашувате зошто е ова потребно?

Затоа што нашите мисли ја креираат нашата иднина. Па, ако умееме да ги препознаеме обрасците како тие се формираат, ќе умееме да ја смениме или барем контролираме иднината.

2. Во периодот кога Меркур е ретрограден, нашето рацио е грогирано, па би требало да биде посилна нашата интуиција. Бидејќи, ако за Меркур „Тertium non datur“ (Трета можност не е дадена, или е вистина или лага или е црно или е бело), за интуицијата се е можно. Но, иако секој од нас ја поседува, таа е заспана додека не поработиме на нејзиното будење. А, сега е вистинското време за тоа.

3. Во периодот до 2 ноември, би можеле да имаме чудни соништа со архетипски симболи, чие што значење би требало самите да го откриеме. Бидејќи Меркур се наоѓа во Вага, симболите би можеле да бидат поврзани со љубовта, меѓучовечките односи, бракот, партнерствата и сојузите од секаков вид, правото и правдата, преговорите, договорите, купувањето, продавањето, вистините и лагите. Па, дури би можеле да бидат и визионерски.

Ако прашувате: „Зошто?“

Затоа што визиите не можат да произлезат од рационалниот Ум туку само од нешто поголемо, од Повисокиот Ум. Но, потребно е да имаме антени со кои истите ќе ги уловиме, додека рационалниот ум спие.

Ајде, тогаш на работа. Треба да ги наштелуваме нашите антени и да ги поставиме во вистинскиот правец. За таа цел, треба прво да се ослободиме од тенденцијата да ја врзуваме нашата душа за материјалните работи. Во спротивно, можно е да добиеме погрешни сигнали. Па, да се занесуваме дека добиваме информации од Повисокиот Ум, а всушност тоа да бидат само желби на нашето земно тело, гладно его и несовршена душа.

Е, така со нас си игра и ни се смее од зад грб дворскиот шут Меркур, гласникот на Боговите, додека оди наназад и ги прислушкува нашите мисли.

Виолета С. Марсол

 

 
 
Регистрирано во Македонска Авторска Агенција
под реден број 970 Скопје
 
Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот.
Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
 

Изгледот на страницата одговара за Овните. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.


Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак.
Направете го овој тест.


Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне

радикално да го подобрите вашиот животВашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви открие кои се вашите скриени таленти, во кои професии би можеле да постигнете најголем успех, каков е вашиот однос со колегите и претпоставените и зошто, какви се вашите потенцијали на финансиски план.


Наталната карта ми помогна да си одговорам на некои дилеми и ми даде смерница за понатаму. 

Данче К., Скопје


Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.


Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)


© 2005-2024
Виолета Марсол
Сите права се задржани

Насловна страна | Знаците и... | АстроПортети | Натална Карта | Детски Хороскоп | Љубовен Хороскоп | Бизнис Хороскоп | АстроСовети

Насловна страна Знаците и... АстроПортети Натална Карта Детски Хороскоп Љубовен Хороскоп Бизнис Хороскоп АстроСовети Овен (тековен стил) Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Шкорпија Стрелец Јарец Водолија Риби