In English

En français

Говорот
на Судбината

Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате?
 
Кликнете на Книгата...

Останати теми:

Мое гледање на Астрологијата

Астролошките сајтови


Никој не избегал

Школо за новата реалност

Среќата го менува знакот

Седум фази

Плутон во Водолија

Господарот во матни води

Одиме на Марс

Кој сее ветер

Да сум јас некој

QUO VADIS MACEDONIA?

Никој не е совршен

Кај се тие времиња?

Сакам да се дружам само со убави луѓе

Лопови, Овци, Научници и Мистици

Црешовиот цвет

Кога ќе се сретнат Среќата и Фантазијата

Тест за пријателство

Сакај ме повеќе од се на светот

Денот на Свети Валентин

Победа на животот над смртта

Зошто славиме на 14-ти јануари

Чудни се патиштата Господови

Вашиот маж е вашето огледало

Зошто нашите желби не се исполнуваат?

Катарза на стравот од смртта

Што не спречува да бидеме среќни?

Зошто жените сакаат да личат на Џокер?

Убиство со збор

Кога бракот не е консумиран

Ретроградниот Меркур наш слуга

Кај што денот ја љуби ноќта

Кога ќе го преспиеш животот

Нејзиното Височество, Госпожа Карма

Те снаоѓа тоа...

Лоши работи, добри луѓе

Другата страна на надежта

Зошто е болно човештвото?

Дали најде радост

Пет чувари на бракот

Љуби, љуби, ама глава не губи

Во музиката е лекот

Ретроградниот Меркур работи за нас

Очи во очи со Кармата

Ниедна тајна не останала вечно скриена

Јупитер во Риби

Кога ќе се појавиш љубов моја?

Знаете ли кое е најдоброто патување?

Дај му го на другиот

Соковите на љубовта

Супер Цветна Крвава Месечина

Објавено на 25.05.2021 во 09:01

Супер Цветна Крвава Месечина
(Тотално затемнување на Месечината во Стрелец)
 

Првото и единствено тотално Затемнување на Месечината (Лунарна Еклипса) во 2021 година ќе се случи токму денес, 26 мај во Стрелец, драги мои. Значи, во знакот кој копнее по далечините, и физички и духовни, по патувањата, учењето, вистината, престојот во природа и има широк опсег на карактеристики, од авантурист и скитник до судија и мудрец. Затемнувањето ќе биде тотално, а оваа Месечина веќе се најавува како Супер Цветна Крвава Месечина. Ќе биде видлива од Океанија, Хаваи, Источна Азија и Антарктик.

Зошто се вика Супер Цветна Крвава Месечина?

За оние што не се во тек, ќе кажам дека изразот Супер Месечина се употребува за појавата кога полната Месечина на небото изгледа посветла и поголема отколку обично, бидејќи се наоѓа на најблиско растојание од Земјата. Полната пак Месечина која се случува во мај се нарекува Цветна, бидејќи овој месец е познат по цветањето на растенијата. Додека Крвавата Месечина е астрономски феномен кој се јавува само кога има тотална Еклипса и кога Месечината се наоѓа во сенката на Земјата. Но, сепак добива малку Сончева светлина филтрирана од земјината атмосфера. Бојата е црвена заради физичкиот феномен наречен Rayleigh Scattering кој се јавува при изгревање или заоѓање на Сонцето, кога низ атмосферата поминуваат само зраците со најдолга бранова должина (црвени). Сепак, според содржина на атмосферата за време на Еклипсата бојата на Месечината може да варира меѓу жолто, портокалово, црвено и кафено.

Инаку, во астрологијата, Лунарната Еклипса е симбол на кулминацијата на некој процес и негов крај. Така што оваа Лунарна Еклипса во Стрелец би требало, во периодот од 26 мај до 19 ноември 2021 година, да го потенцира она што повеќе не ни е потребно во животот, за да не поттикне да се ослободиме од истото. А ако, како човештво, се прашуваме: „Од што треба да се ослободиме?“, тогаш треба да ја следиме симболиката на Стрелецот.

Така, излегува дека веројатно ќе треба да се ослободиме од забраните за слободно движење, за патување во странство, за одење на училиште и факултет. Потоа, веројатно ќе посакаме да се ослободиме од некои наметнати правила кои се косат со здравиот разум, со законот и правото или пак ќе бараме да бидат поткрепени со закон мерките кои се спроведуваа над човештвото во изминатиов период. Посебно по 30 ноември 2020 кога се случи последната Лунарна Еклипса. Потоа, ќе посакаме да ги разобличиме лагите и лажните информации и да ја дознаеме вистината.

Тоталната Еклипса овој пат се случува на 5 степени и 26 минути од Стрелец. Затоа, сите оние меѓу нас, кои имаат некоја планета на овој степен во својата Натална Карта, би требало најсилно да ги почувствуваат последиците од Помрачувањето на Месечината. Ако сакате да проверите дали имате планета на 5 степени од Стрелец, направете ја вашата бесплатна Натална Карта на мојот сајт:

http://www.astroscopia.com/natalchart.php?view=8&lang=3

Инаку, Лунарната Еклипса најмногу ќе го погоди животот на Стрелците во следните 6 месеци. Посебно родените на 26, 27 и 28 ноември, би требало да се подготват за некакви радикални, но неочекувани промени во својот живот. Тоа значи дека е можно да доживеат непланирани промени на личен план, во кариерата, во љубовниот живот или со здравјето.

Близнаците, посебно родените на 25, 26 и 27 мај, веројатно ќе бидат принудени да направат напор да ја зауздаат гордоста и да се прилагодат на новонастанатите околности во нивниот брачен живот и во партнерствата на професионален план.

Рибите, посебно родените на 24, 25 и 26 февруари, ќе треба мудро да одговорат на искушенијата поврзани со кариерата и да ги амортизираат предизвиците во односот со доминантниот родител. Но, постои и можност да бидат принудени да го ревидираат својот однос кон авторитетите.

Девиците, посебно родените на 28, 29 и 30 август, во следните шест месеци ги очекуваат промени во домот или во односите со родителите. Но, голема е веројатноста да го сменат и местото на живеење, да се преселат во друг стан, град или држава, да го реновираат домот.

Дали Супер Месечината е причинител на земјотреси и цунами?

И покрај тоа што научно е потврдено дека Месечината ја предизвикува плимата и осеката, до сега нема научна потврда за каква било поврзаност меѓу појавата на Супер Месечината и големите земјотреси или цунами. Сепак, искуството покажува нешто друго. Имено, земјотресот (магнитуда 9,1) и цунамито во Тохокуу во 2011 година се случија на 11-ти март 2011, а Супер Месечината беше на 19-ти март 2011 година. Додека земјотресот со магнитуда 7,8 кој се случи во околината на Калверден, Нов Зеланд, на 14-ти ноември 2016, беше на ист ден со Супер Месечината.

А, за време на Супер Месечината, ноќта меѓу 1-ви и 2-ри јануари 2018 година имаше серија земјотреси во реонот околу Дојранското Езеро, Гевгелија, Струмица, Берово и северниот дел на Грција.

Да се надеваме дека земјотресите, овој пат, ќе не одминат.

Нека Господ биде со нас...

Виолета С. Марсол

 

 
 
Регистрирано во Македонска Авторска Агенција
под реден број 970 Скопје
 
Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот.
Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
 

Изгледот на страницата одговара за Овните. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.


Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак.
Направете го овој тест.


Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне

радикално да го подобрите вашиот животВашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви открие каков е вашиот однос со родителите и зошто, но истовремено ќе ви покаже како да ги подобрите односите со блиските и околината.


Имам веќе две натални карти и искрено не очекував Оваа да биде нешто многу поразлична од останатите. Сепак многу се изненадив. Многу сум задоволен од одговорите кои ги добив благодарејќи на Вашата натална карта! Искрено Благодарам! 

Гога Поп-Георгиевски, Скопје


Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.


Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)


© 2005-2024
Виолета Марсол
Сите права се задржани

Насловна страна | Знаците и... | АстроПортети | Натална Карта | Детски Хороскоп | Љубовен Хороскоп | Бизнис Хороскоп | АстроСовети

Насловна страна Знаците и... АстроПортети Натална Карта Детски Хороскоп Љубовен Хороскоп Бизнис Хороскоп АстроСовети Овен (тековен стил) Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Шкорпија Стрелец Јарец Водолија Риби