In English

En français

Говорот
на Судбината

Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате?
 
Кликнете на Книгата...

Останати теми:

Мое гледање на Астрологијата

Астролошките сајтови


Никој не избегал

Школо за новата реалност

Среќата го менува знакот

Седум фази

Плутон во Водолија

Господарот во матни води

Одиме на Марс

Кој сее ветер

Да сум јас некој

QUO VADIS MACEDONIA?

Никој не е совршен

Кај се тие времиња?

Сакам да се дружам само со убави луѓе

Лопови, Овци, Научници и Мистици

Црешовиот цвет

Кога ќе се сретнат Среќата и Фантазијата

Тест за пријателство

Сакај ме повеќе од се на светот

Денот на Свети Валентин

Победа на животот над смртта

Зошто славиме на 14-ти јануари

Чудни се патиштата Господови

Вашиот маж е вашето огледало

Зошто нашите желби не се исполнуваат?

Катарза на стравот од смртта

Што не спречува да бидеме среќни?

Зошто жените сакаат да личат на Џокер?

Убиство со збор

Кога бракот не е консумиран

Ретроградниот Меркур наш слуга

Кај што денот ја љуби ноќта

Кога ќе го преспиеш животот

Нејзиното Височество, Госпожа Карма

Те снаоѓа тоа...

Лоши работи, добри луѓе

Другата страна на надежта

Зошто е болно човештвото?

Дали најде радост

Пет чувари на бракот

Љуби, љуби, ама глава не губи

Во музиката е лекот

Ретроградниот Меркур работи за нас

Супер Цветна Крвава Месечина

Очи во очи со Кармата

Ниедна тајна не останала вечно скриена

Јупитер во Риби

Кога ќе се појавиш љубов моја?

Знаете ли кое е најдоброто патување?

Дај му го на другиот

Соковите на љубовта

Времето е тест за љубовта

Објавено на 14.01.2020 во 05:49

Времето е тест за љубовта
 

(Вистинска приказна од мојата пракса)

 

„Не можам да излезам со тебе“. рекла Предрасудата.

„Ајде да прошетаме низ градот рака под рака“, рекол Копнежот.

„Може да ме види некој познат“, одговорила Предрасудата.

„А да одиме негде кај што нема луѓе?“ шепнал Копнежот.

„Може случајно да наиде некој и да ме види со тебе“, почнала да се нервира Предрасудата.

„А што мислиш да излеземе само како пријатели?“, бил упорен Копнежот.

„Како да не, зарем пријателите не треба да се избираат?“, просаскала Предрасудата и продолжила: „Не, не и не. Во никој случај не можам да излезам со тебе!“

Ех, колку убави мигови во животот пропуштаме, драги мои, робувајќи им на предрасудите? А, токму за предрасудите зборува и оваа вистинска приказна од мојата пракса.

Мелек си ја купи Наталната Карта преку мојот сајт Астроскопиа. И кога почнав да ја разработувам, пред да се сретнам со неа, што да видам. Последните две ипол години за неа биле пекол. Имала проблеми со членовите на семејството, несакана промена на домот, конфликт со мајката, измама од пријателите. А, бидејќи неубавите случувања ќе продолжеа уште извесен период и после ќе се префрлеа на љубовен план, решив дека мора да најде начин како ќе се бори со нив.

Нејзината Натална Карта покажуваше дека Мелек е израсната во семејство со нарушени односи. Нејзината мајка беше алфа и омега во домот. А, не прототип на нежна жена полна со љубов, која безусловно ќе ја сака, разбира и ќе и помага во животот. Она што му е потребно на секое девојче за да може да порасне во жена која ќе се почитува себеси и ќе има исполнет живот.

На план кариера, Мелек беше професионалец и требаше да има успех, посебно во работата со маркетингот на големи и богати компании. Но, според Наталната Карта, со пријателите во текот на целиот живот требаше да има проблеми, бидејќи оние од нив во кои ќе има најголема доверба, требаше да ја измамат и искористат. Па, финансиски, требаше да минува низ периоди кога ќе биде на работ на егзистенцијата. Сепак, имаше потенцијал да стане екстремно богата, ако успееше да ги победи своите стравови поврзани со сиромаштијата и ако научеше да ги цени материјалните вредности. Она што не го научила во минатиот живот.

Сето ова до тука личеше подносливо, бидејќи во сечиј живот има и убави и лоши мигови. Меѓутоа, најчувствителниот дел во нејзината Натална Карта беше нејзиниот љубовен живот. Заради лошиот однос со мајката и заради строгото воспитување, таа требаше да не умее да се сака себеси ниту да оствари стабилна љубовна врска. Уште повеќе што, заради проблематичните односи со членовите на своето семејството, таа требаше да има навика да ги крие своите вистински чувства пред нив, а посебно својот љубовен живот. Тенденција која би можела да трае целиот нејзин живот, доколку не ги смени своите визури, а со тоа и своето однесување.

Средбата со Мелек, по мое мислење, беше срдечна. Таа беше прекрасна млада жена, со модерен изглед и интелигентен поглед. Но, и покрај тоа, имав чувство дека целата нејзина аура вреска за помош. Длабока беше тагата во нејзините очи. Ми личеше истрауматизирано, како ранета срна која се стресува на секој непознат звук. Разговорот го почнавме со тоа што таа ми спомена дека имаме заеднички пријател кој ме препорачал кај неа. Потоа се префрливме на општи теми и полека, без да почувствуваме, дојдовме до причината поради која се сретнавме. И го кажав тоа што и вам погоре ви го објаснив, но во една проширена верзија. Мелек ме гледаше со своите срнечки очи и ми рече дека се што е поврзано со минатото е точно. И за семејството, и за мајка и, и за работата, пријателите, парите, љубовта. Буквално се. Нејзиниот живот во изминатите две години се распаднал како кула од песок.

Потоа ми раскажа дека имала приватна фирма во која работела ортачки со некој пријател, кој финансиски ја ограбил и ја презел фирмата. Дека моментно е без работа, а отплаќа кредит за стан. На моето прашање: „Зошто не побара помош од семејството?“, бидејќи, според редот на нештата, само најблиските имаат должност да и подадат рака во тешки мигови, Мелек само одмавна со глава и рече:

„Па, токму тие се одговорни за моите проблеми. Бев во врска со Марко седум години. Многу се сакавме. Тој до денес е мојата најголема љубов. Ама, мајка ми и брат ми ми бранеа да бидам во врска со некој од друга вера. Кај него се противеше татко му. Ни правеа огромен притисок. Па, моравме да се криеме додека бевме заедно.“

„Ако љубовта била вистинска, како што ми кажуваш, таа требала да победи се“, се надоврзав јас.

„Па, едно време и победуваше“, рамнодушно возврати Мелек „Ама кога видоа дека не се откажувам од Марко, моите ме избркаа од дома.“

„Како тоа те избркаа од дома?“, со доза на неверување ја прекинав реката на сурови зборови кои излегуваа од нејзината уста.

„Така, буквално. Ми рекоа ако останам со Марко нема место за мене под нивниот покрив.“

Јас бев шокирана, но не изустив ништо, бидејќи не сакав да го прекинам нејзиниот излив на емоции и сеќавања. Само знам дека се трудев да се ставам во нејзината кожа во таква ситуација додека слушав како Мелек продолжува да зборува: „Во тоа време се уште добро заработував. Па, сакав да им покажам дека не можат ниту да ме исплашат ниту да ме уценат. Земав кредит и си купив мое станче. “

„Браво, си се борела за својата љубов и за живот каков што ти си сакала да го живееш, а не како што другите планирале за тебе“, реков јас задоволна од нејзината борба за она што и е важно.

„Јас се борев. Издржав се. Мајка ми ме тепаше и постојано повторуваше: „Јас сум те родила, јас ќе те задавам.“ Брат ми еднаш, во жарот на кавгата, се обиде да ме убие. Но, се свести и ме остави во последен миг. Сето тоа го издржав, ама љубовта на Марко изгледа не беше доволно силна. Тој се откажа од нас.“

„Зошто мислиш така“, бев љубопитна да дознаам.

„Бидејќи откако ги поминавме најтешките мигови, баш кога требаше да почнеме заеднички живот, Марко ме остави. Рече дека не можел повеќе. Дека подобро е да се разделиме“, го поткрена Мелек гласот со цел да ги потисне солзите кон грлото.

„Не верувам“ продолжив јас. „Кога било тоа?“

„Има две години од тогаш, како што рече ти“ одговори таа помирливо. „Сега веќе се привикнав. Но, на почетокот мислев дека ќе умрам. Легнав во кревет и не можев да станам два месеци. Се направив коски и кожа. Се разболев. Откако не можев повеќе самата да се грижам за себеси отидов кај моите да побарам прошка.“

„А, тие не те побараа пред тоа?“ сакав да знам.

„Не. Не сакаа да чујат за мене. Ама тоа не ме болеше. Ме скрши помислата дека ме предаде човекот кој го сакав, за кој се жртвував, се откажав од семејството, со кој планирав иднина.“

„И од тогаш го немаш ли видено?“ се чудев јас.

„Се сретнавме еднаш случајно, на улица, во Центар. Слушнав дека веќе има друга девојка, се посветил на кариерата, добро му одело“, раскажуваше Мелек како да зборува за друг.

„Направивте ли муабет“, ми беше важно да знам.

„Да, да. Се поздравивме и тој почна да плаче. Ме држеше за раце и не можеше да се смири. Ми рече дека не сакал така да излезе, дека ме сакал, ама така морало да биде. Глупости. Ако ме сакаше ќе останеше со мене.“

„Не верувам дека те лажел“, коментирав јас. „Човек може да излаже со зборови, но неговите постапки покажуваат што навистина чувствува и мисли. Ако твоето семејство ти се заканувало тебе, можеби му се заканувале и нему. Не можеш да знаеш како навистина било. Можеби се повлекол за да те спаси тебе. Има десетици можеби. А, тоа можеби ќе го дознаеш еден ден, ако треба да го знаеш. Во принцип, за мене минатото е нешто што треба да си остане таму, во минатото. Затоа, размисли што требало да научиш од тоа искуство и продолжи напред во некоја поквалитетна иднина. Меѓутоа, ако вашата љубов била навистина силна и ако било речено да бидете заедно, на крајот работите ќе се наместат така за тоа да се случи. Но, не седи во очекување. Отвори се за нови шанси и нов живот.“

Вака некако заврши разговорот со Мелек. Меѓутоа, нејзината приказна некако ми се надоврзува на една друга, поучна приказна, која сакам да ја споделам со вас. Таа оди вака:

Некогаш одамна, на некој осамен остров среде океанот, среќно и весело си живееле Љубовта, Богатството, Тагата, Суетата и Знаењето. Но, како што сите убави и неубави работи имаат почеток и крај, нивната среќа исчезнала кога островот на кој живееле започнал да тоне. Вознемирени од новонастанатата ситуација, сите се спакувале и избегале од островот, со цел да спасат гол живот. Освен Љубовта. Сентиментална по природа, таа била врзана за убавите спомени и се надевала дека ситуацијата некако повторно ќе се врати како што била во среќните денови. Кога сфатила дека нема надеж, се спакувала и таа да си оди. Меѓутоа, тогаш веќе сите чамци и бродови биле заминати. Уплашена за својата судбина Љубовта почнала да вика барајќи помош.

Некако во тоа време на тоа место поминувало Богатството. Љубовта, среќна што го гледа, го замолила да ја земе со себеси на бродот. Но, Богатството и одговорило:

„Извини, но мојот брод е полн со злато и скапоцени камења, нема место за тебе.“ И си заминало.

Љубовта почнала да ја фаќа паника и уште погласно викала за помош. Тогаш од некаде се појавила Тагата, веслајќи на својот сплав.

„Таго те молам земи ме со тебе. Ќе биде штета да се удавам и луѓето да останат без мене.“

„Жал ми е. Но, толку сум тажна што сакам да бидам сама“, рекла Тагата и заминала.

Љубовта станувала се поочајна и мислела дека нема надеж за неа, кога ја здогледала Суетата.

„Суето, поведи ме со тебе. Ти си ми единствена надеж“, молела Љубовта.

„Не доаѓа предвид. Гледај каква си мокра и извалкана. Ќе ми го упропастиш чамецот“, извикала Суетата и навредена продолжила понатаму.

Кога веќе водата и дошла до грло, Љубовта се предала на Судбината, мислејќи дека со неа е готово. И тогаш, како во сон, забележала како и се приближува некој странец во чамец. Тој и подал рака, ја сместил на чамецот и ја пренел до соседниот остров. Но, дури откако си отишол, Љубовта се освестила и се сетила дека не го прашала како се вика. Затоа, дотрчала до Знаењето кое седело на брегот и го прашала:

„Кажи ми Знаење, кој беше странецот кој ме спаси од сигурна смрт?“

„Зарем не знаеш?“ се насмеало Знаењето. Па, тоа беше Времето. Единствено Времето е способно да спознае колку е голема Љубовта.

Ух... Се ежам секогаш кога го кажувам ова. Ама вистината е таква, драги мои. Само времето е тест за големината на една љубов. Затоа, кога се колебаме во своите чувства или во својата љубов мудро е да оставиме на времето да ни покаже дали е таа толку голема како што во моментот ни се чини. Ќе бидете изненадени колку често нашите претстави за некого или нешто се менуваат поради нашите желби и очекувања.

Впрочем, таков беше случајот и со Мелек. Таа денес е среќно омажена жена и мајка. Ама за друг човек.

 

 
 
Регистрирано во Македонска Авторска Агенција
под реден број 970 Скопје
 
Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот.
Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
 

Изгледот на страницата одговара за Овните. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.


Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак.
Направете го овој тест.


Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне

радикално да го подобрите вашиот животВашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви открие кој е вашиот идеален партнер, како се однесувате во љубовта и сексот, зошто секогаш привлекувате одреден тип на личности и како можете да го подобрите својот љубовен живот.


Понекогаш ни самата незнам дали ќе ги направев вистинските животни избори, ако ја немав наталната карта. Мое огледало во минатото и мое лично упатство за подобра иднина. 

Ивона Талевска, Скопје


Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.


Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)


© 2005-2024
Виолета Марсол
Сите права се задржани

Насловна страна | Знаците и... | АстроПортети | Натална Карта | Детски Хороскоп | Љубовен Хороскоп | Бизнис Хороскоп | АстроСовети

Насловна страна Знаците и... АстроПортети Натална Карта Детски Хороскоп Љубовен Хороскоп Бизнис Хороскоп АстроСовети Овен (тековен стил) Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Шкорпија Стрелец Јарец Водолија Риби