In English

En français

Говорот
на Судбината

Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате?
 
Кликнете на Книгата...

Останати теми:

Мое гледање на Астрологијата

Астролошките сајтови


Никој не избегал

Школо за новата реалност

Среќата го менува знакот

Седум фази

Плутон во Водолија

Господарот во матни води

Одиме на Марс

Кој сее ветер

Да сум јас некој

QUO VADIS MACEDONIA?

Никој не е совршен

Кај се тие времиња?

Сакам да се дружам само со убави луѓе

Лопови, Овци, Научници и Мистици

Црешовиот цвет

Кога ќе се сретнат Среќата и Фантазијата

Тест за пријателство

Сакај ме повеќе од се на светот

Денот на Свети Валентин

Победа на животот над смртта

Зошто славиме на 14-ти јануари

Чудни се патиштата Господови

Вашиот маж е вашето огледало

Зошто нашите желби не се исполнуваат?

Катарза на стравот од смртта

Што не спречува да бидеме среќни?

Зошто жените сакаат да личат на Џокер?

Убиство со збор

Кога бракот не е консумиран

Ретроградниот Меркур наш слуга

Кај што денот ја љуби ноќта

Кога ќе го преспиеш животот

Нејзиното Височество, Госпожа Карма

Те снаоѓа тоа...

Лоши работи, добри луѓе

Другата страна на надежта

Зошто е болно човештвото?

Дали најде радост

Пет чувари на бракот

Љуби, љуби, ама глава не губи

Во музиката е лекот

Ретроградниот Меркур работи за нас

Супер Цветна Крвава Месечина

Очи во очи со Кармата

Ниедна тајна не останала вечно скриена

Јупитер во Риби

Кога ќе се појавиш љубов моја?

Знаете ли кое е најдоброто патување?

Дај му го на другиот

Соковите на љубовта

Дали Астрологијата се служи со магијата?

 
Текст објавен во јуни 2007

Дали Астрологијата се служи со магијата?
 

И ова е едно од честите предубедувања кои се поврзуваат со Астрологијата. Но, за да се одговори на ова прашање треба прво да се одговори на едно друго прашање.

Што е суштината на Астрологијата, а што на магијата?

Некаде до средината на дваесеттиот век, Астрологијата не беше интегрирана со знаењата од психологијата. До тогаш, поборниците на Астрологијата веруваа дека секој човечки гест зависи од влијанието на ѕвездите и планетите. Всушност дека надворешниот свет, а не карактерот на човекот, ја креира неговата судбина. А ова да признаеме делува крајно фаталистички.

Од друга страна беше магијата чии што симпатизери веруваа дека човекот може да влијае на надворешниот свет, на случувањата во својот и во туѓите животи и да ги контролира. Оттука произлегува дека се зависи од човекот и од неговата безгранична волја.

За волја на вистината, за да се зацврсти меѓу луѓето убедувањето дека Астрологијата е поврзана со магијата постоеле и реални причини. Имено, некаде до 1656 год. Астрологијата е признаена како професија. Со смртта на последниот од професионалните астролози, Морин де Вилфранш (1583-1656), престанува и постоењето на службената астрологија, па астролозите работеле во некаква полуилегала. Во периодот до 1656 год, голем број од папите и другите свештени лица или и самите се занимавале со Астрологијата или барале совети од професионални астролози. А тие, покрај занимавањето со Астрологијата, најчесто практикувале и магијата. На тој начин, до денешен ден, црквата го застапува убедувањето дека оној што се занимава со Астрологијата во суштина е опасен маѓепсник. А преку колективното несвесно тоа убедување е втиснато во потсвеста на најголемиот број луѓе.

Но, како и секогаш и во овој случај вистината е некаде на средина. Во тоа откритие голема улога одиграа сознанијата на психологијата. Според нив, човекот навистина може да влијае на својот живот, на своето однесување. Дури и на животите на другите луѓе. Но, истовремено трпи и влијание од надворешниот свет. Меѓутоа, една од најголемите заслуги на психологијата е фактот што таа не учи дека светот не се менува со тоа што својата волја ќе ја користиме да ги контролираме другите и што ќе им го програмираме животот според нашите желби (магиски пристап), туку со тоа што ќе се смениме себеси и нашите нефункционални погледи на светот. А тогаш, според принципот како е внатре така е и надвор (Хермес Трисмегистос), ќе се смени и светот околу нас.
Ова е учењето и на современата Астрологија. Оттука ако тврдиме дека Астрологијата е поврзана со магијата, автоматски тврдиме дека и психологијата, маркетингот, политиката, економијата и други науки кои не учат како да влијаеме врз одлуките и изборите на луѓето и од тоа да имаме сопствена корист, се базираат на магиските сознанија. Што, ќе признаете, е несериозно.

Свештени лица кои ја користеле Астрологијата:

  1. Дионис Ареопагита, бискуп, ученик на св. Павле во Атина.
     
  2. Папа Силвестер II (950-1003), најучениот човек на своето време. Учел Астрологија кај Сарацените во Шпанија, за потоа кралот Отто III да го постави за надбискуп во Равена.
     
  3. Алберт Велики ди Болестад (1193-1280), т.н. “Доктор Универзалис”. Тој е основач на доминиканскиот ред и советник на Фридирих Барбароса. Неговиот универзален дух ги обединува религијата, астрологијата, учењето на Аристотел, арапската филозофија. Меѓутоа, се занимава со магија и со спиритизам. Од металите со кои владее секоја од планетите прави вештачкото човече, т.н. “инструмент на андроидите”. Според него “ѕвездите влијаат на телото, но не на карактерот”.
     
  4. Папа Хонориј (1216-1227) прави таблици за движењето на планетите. Всушност, астролошките објаснувања за луѓето и светот стануваат некако појасни од христијанските мистични верувања.
     
  5. Св. Тома Аквински (1225-1274). Тој е ученик на Алберт Велики, аристотеловец. Долго ги проучува Авицена и Албумасар и познат е како најголем систематичар на црковните учења. Но, за разлика од својот учител Алберт Велики, Св. Тома Аквински капитулира пред вистинитоста на астролошкото учење, па тврди дека “ѕвездите влијаат на телото и на карактерот на човекот, додека Господ помага со својата милост”. Од тој момент астрологијата влегува во сите домови на високото друштво, астролозите шетаат од еден до друг дворец, стануваат поценети од теолозите.
     
  6. Алберт Кажотиќ од Трогир, се потпишувал како Касоти, е најважен бискуп на загребскиот капитол. Инаку е ученик на Св. Тома Аквински и советник на Шарл I од Анжуј.
     
  7. Арналдо де Вилануова (1238-1310) е лекар, математичар. Но, студира теологија и алхемија. Неговиот живот е богат и бурен. Тој е личен советник на папите Бонафициј VIII, Бенедикт XI, Клемент XV. Потоа, повикан од Петар III од Арагон, тој прецизно му ја предвидува смртта во 1285 год. (сметам дека тука делува сугестивно бидејќи смртта не може да се предвиди со Астрологијата). Подоцна е прогласен за дворски лекар од страна на Јаков II. За астролошката пракса е значаен бидејќи учи дека не треба да се оперира органот во телото додека Месечината се наоѓа во знакот кој владее со тој орган.
     
  8. Папата Урбан V ги отвора првите студии по астрологија, на кои се учела и алхемија и херметика.
     
  9. Георг Трапезунт (1396-1484), предава астрологија на грчки во Венеција и го преведува Алмагест од Птоломеј. Истовремено ја врши должноста секретар на папата Еуген IV и Никола II. Потоа во Рим станува учител на познатиот Региомонтанус зад чиј псевдоним се крие Јохан Милер од Кенигсберг. Тој го утврдува системот на нееднакви полиња, го реформира календарот, издава ефемериди. Подоцна станува и кардинал, но е отруен во Рим.
     
  10. Папата Јулиј II (1443-1513) бара хороскоп за денот на своето крунисување, додека сликарот Рафаело Санти му ја украсува салата “Диспута” со слики со теолошко-астролошка содржина.
     
  11. На исток, патријархот Фотиј, учител на св. Кирил, истовремено е познат и како астролог.
     
  12. Папата Леон X, на римскиот универзитет основа катедра за астрологија.
     
  13. Попот Гафарело, советник на Ришелје, ги знае сите ориентални јазици, кабала, астрологија и за неговите дела долго се дискутира на Сорбона.
     
  14. Макс Хајндел, основач на Ружиниот Крст во Калифорнија. Исто така, таму делува т.н. “Црква на Светлината” (The Church of Light) која се труди да го поврзе христијанството со астрологијата.
     

 

 
 
Регистрирано во Македонска Авторска Агенција
под реден број 970 Скопје
 
Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот.
Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
 

Изгледот на страницата одговара за Вагите. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.


Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак.
Направете го овој тест.


Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне

радикално да го подобрите вашиот животВашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви открие кои се вашите скриени таленти, во кои професии би можеле да постигнете најголем успех, каков е вашиот однос со колегите и претпоставените и зошто, какви се вашите потенцијали на финансиски план.


Околу една и пол година пред да дојдам кај Вас ми се случи нешто страшно. Настанот го пребродив, но постојано ме вознемируваа прашањата “Господе што сум ти згрешила за да поминам низ такво нешто? Со што го заслужив ова, кога отсекогаш имав посебен однос спрема религијата?” Откако дојдов кај Вас добив вистинскиот одговор на сите овие прашања. Иако јас воопшто не Ви спомнав за овој настан, бев фрапирана кога меѓу првите работи од нашиот разговор ми го спомнавте. Преку наталната карта, а особено преку книгите кои ми ги посочивте да ги прочитам, успеав да добијам одговор на сите прашања. Повторно почнав да си го сакам животот, заедно со сите добри и лоши случувања во него, кои оставам да ме водат по патот на духовниот развој. Ви благодарам. 

С. М., Скопје


Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.


Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)


© 2005-2024
Виолета Марсол
Сите права се задржани

Насловна страна | Знаците и... | АстроПортети | Натална Карта | Детски Хороскоп | Љубовен Хороскоп | Бизнис Хороскоп | АстроСовети

Насловна страна Знаците и... АстроПортети Натална Карта Детски Хороскоп Љубовен Хороскоп Бизнис Хороскоп АстроСовети Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага (тековен стил) Шкорпија Стрелец Јарец Водолија Риби