Говорот на Судбината
Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате? Кликнете на Книгата... |
Останати теми:
Мое гледање на Астрологијата
Астролошките сајтови
Никој не избегал
Школо за новата реалност
Среќата го менува знакот
Седум фази
Плутон во Водолија
Господарот во матни води
Одиме на Марс
Кој сее ветер
Да сум јас некој
QUO VADIS MACEDONIA?
Никој не е совршен
Кај се тие времиња?
Сакам да се дружам само со убави луѓе
Лопови, Овци, Научници и Мистици
Црешовиот цвет
Кога ќе се сретнат Среќата и Фантазијата
Тест за пријателство
Сакај ме повеќе од се на светот
Денот на Свети Валентин
Победа на животот над смртта
Зошто славиме на 14-ти јануари
Чудни се патиштата Господови
Вашиот маж е вашето огледало
Зошто нашите желби не се исполнуваат?
Катарза на стравот од смртта
Што не спречува да бидеме среќни?
Зошто жените сакаат да личат на Џокер?
Убиство со збор
Кога бракот не е консумиран
Ретроградниот Меркур наш слуга
Кај што денот ја љуби ноќта
Кога ќе го преспиеш животот
Нејзиното Височество, Госпожа Карма
Те снаоѓа тоа...
Лоши работи, добри луѓе
Другата страна на надежта
Зошто е болно човештвото?
Дали најде радост
Пет чувари на бракот
Љуби, љуби, ама глава не губи
Во музиката е лекот
Ретроградниот Меркур работи за нас
Супер Цветна Крвава Месечина
Очи во очи со Кармата
Ниедна тајна не останала вечно скриена
Јупитер во Риби
Кога ќе се појавиш љубов моја?
Знаете ли кое е најдоброто патување?
Дај му го на другиот
Соковите на љубовта
|
Објавено на 24.10.2018 во 17:01
|
Ако сте родени меѓу два хороскопски знака
Ако спаѓате во онаа група луѓе кои се родени на преминот од еден во друг знак сигурно се прашувате на кој знак му припаѓате? Тоа со сигурност можете да го дознаете само дури кога ќе се направи пресметка на позицијата на која што било Сонцето во моментот кога сте се родиле. Но, оние кои се родени 3 до 5 дена пред преминот на еден знак во друг, ќе ги имаат особините и од двата знака. Кај оние пак кои се родени во првите 10 дена од почетокот на новиот знак, најсилно ќе се манифестираат особините на тој знак. Каков ќе биде миксот на вашите особини ако сте родени на границата меѓу два хороскопски знака следува подолу во текстот. Овен (родени од 16 до 21 април) Во овие денови обично се раѓаат херои. Овие луѓе ќе го задржат вулканскиот темперамент од Овенот, на кој ќе се надоврзе и желбата се да контролираат. Иако се храбри и знаат што сакаат, тие нема да реагираат на прва топка, туку работите ќе ги прават етапно и внимателно. Се однесуваат тврдокорно, брзо се разбеснуваат. Но, им треба многу време да се смират кога ќе се разбеснат. Нивна најголема маана е што немаат слух за туѓото мислење и ако ова го победат, од нив би можеле да станат вистински лидери. Најчесто се занимаваат со професии кои се поврзани со економијата. Бик (родени од 17 до 22 мај) Во овие денови обично се раѓаат генијалци. Иако Бикот важи за најтромиот знак во Зодијакот, луѓето кои се родени на преминот од Бик кон Близнаци се сосема поинакви. Тие се интелигентни, имаат капацитет за научничка работа. Добри се и за работа во социјални установи. Од друга страна, тие се луѓе кои го следат своето срце и не го запоставуваат својот љубовен живот. Ги сакаат парите и тоа што со нив може да се купи. Па, за таа цел некои се подготвени до пари да дојдат на таинствен начин или пак ги кријат материјалните добра кои ги поседуваат. Така што на крајот завршуваат или со многу имот или без ништо. Близнаци (родени од 17 до 22 јуни) Ова се денови кога се раѓаат снаодливи луѓе. Овие луѓе се талентирани за повеќе работи. А, посебно за сите гранки на уметноста. Се однесуваат изнасилено љубезно кон другите луѓе. Но, во суштина се премногу чувствителни и несигурни. Многу фантазираат, но ретко што реализираат. Ако нешто ви ветат, сметајте дека тоа го прават со некоја прикриена цел и дека ветеното никогаш нема да го исполнат. Зад маската на кокетност се кријат суштества кои копнеат за сигурност, љубов и нежност. Иако немаат способност некому да нанесат некое посериозно зло, најчесто не се омилени кај луѓето заради нивната склоност да озборуваат, смислуваат трачеви и да сплеткарат. Рак (родени од 19 до 24 јули) Во овие денови се раѓаат најголемите заводници и од женски и од машки пол. Шармантни се и оставаат впечаток каде и да се појават. Кај овие луѓе се води внатрешна борба при одлуката каде припаѓаат и каде би сакале да припаѓаат. Од една страна го сакаат народското, а од друга сонуваат за аристократското. Премногу се чувствителни, посебно на туѓиот потсмев. Затоа се трудат да не направат некаква грешка. Токму стравот од грешки ги спречува да експериментираат и нормално да се развиваат. Како и да е, тие умеат да трпат без да се жалат. Но, ако станат славни, тоа, на некој начин, може да биде опасно за нив. Лав (родени од 19 до 24 август) Во овие денови се раѓаат најмногу пронаоѓачи. Овие луѓе се честољубиви. Можат да се пофалат со специјална логика, поразлична отколку кај другите луѓе. Многу се прецизни во работите што ги прават. Но, бидејќи сметаат дека се подобри од другите луѓе во комуникацијата се непристапни. Затоа, или ќе се изборат за позиција од моќ или навредени ќе се повлечат од играта. Желбата за брзо збогатување може да ги наведе на шверц и други видови криминал со злато и други скапоцености. А, најчувствителен дел од нивното тело е срцето. Девица (родени 19 до 24 септември) Во овие денови се раѓаат најмногу мудри луѓе. Родените во овој период се најчесто исклучително интелигентни, со убав изглед. Се трудат секогаш да бидат чисти и уредни. Перфекционисти кои сакаат да бидат опкружени со убави работи. Во комуникацијата со луѓето се тактични и обично оставаат убав впечаток, иако на емотивен план тешко наоѓаат рамнотежа, бидејќи имаат променливо расположение и се ситничари. Имаа развиена моќ на забележување детали и добра проценка на ситуациите. Меѓутоа, слаба страна им се нервите и пречувствителни се на многу лекови иако можно е да ги трошат како да се бонбончиња. Вага (родени од 19 до 24 октомври) Во овие денови се раѓаат најмногу истражувачи на непознатото. Овие се вредни луѓе со голем потенцијал, кои обично го добиваат тоа што го сакаат. Би можеле да бидат многу креативни. Но, бидејќи се склони на екстреми претходно мора да поработат на средување на своите чувства и на мотивите за своите реакции. Некогаш имаат потреба да бидат сожалувани од другите. Друг пат имаат потреба да глумат дека се среќни кога не се и обратно. Способни се за истерување на правда и за професии кои се поврзани со правото и правдата. Меѓутоа, ќе мора да внимаваат да не потпаѓаат на провокации и да прават чести лекарски контроли на работата на нивните бубрези. Шкорпија (родени од 18 до 23 ноември) Во овие денови се раѓаат луѓе кои умеат на материјалните работи да им дадат духовна димензија. Овие луѓе најчесто се заинтересирани за науката, политиката, философијата или мистиката. Имаат во себе некоја невидлива сила која им помага да се одвојат од толпата и да бидат забележани од другите. Овие луѓе се способни да реализираат работи што е невозможно да ги реализира никој друг. Длабокоумни се. Се изразуваат остро и прецизно како жилет, во ироничен манир. Во исто време се практични и длабоко емотивни. Заради својата харизма и заради страста со која се впуштаат во секоја работа можат да бидат одлични мотивациони говорници. Но, и одлични манипулатори. Стрелец (родени од 17 до 22 декември) Во овие денови се родени најмногу духовно разбудени луѓе. Во овие луѓе се прекршува врзаноста за традицијата со потребата од нешто ново и напредно. Па, ако успеат овие две спротивставени тенденции да ги соединат преку она што ќе работат, би можеле да постигнат голем професионален успех. Дури е можно од своите современици да бидат сметани за визионери. Меѓутоа, мал е бројот на таквите луѓе. Повеќето Стрелци родени во овој период и се предаваат на мрзливоста и на желбата да заработат без труд. Па, обично остануваат трајно невработени или имаат несигурен професионален ангажман, за што самите се виновни. А, заради својот несериозен и неодговорен однос кон луѓето можно е да си создадат и многу непријатели. Јарец (родени од 16 до 21 јануари) Во овие денови се раѓаат најмногу водачи. Овие луѓе се паметни, одлучни, несекојдневни, индивидуалисти. Тврдоглави се и лојални кон оние што ја заслужиле нивната доверба. А, такви се малку, бидејќи тие во принцип не им веруваат на луѓето. Веруваат во судбината и затоа не се возбудуваат многу при секојдневните случувања. Во секоја ситуација сакаат да бидат најдобри и не прифаќаат пораз. Иако се недоверливи кон луѓето, умеат да ги мотивираат да го дадат најдоброто од себе. Често пати имаат проблем со зглобовите. Водолија (родени од 16 до 21 февруари) Во овие денови се раѓаат најмногу фантазери. Овие луѓе изгледаат како да не се присутни во реалноста, како да си живеат во некој свој свет на фантазии. И токму нивната склоност да фантазираат ги прави привлечни во очите на другите. Голем успех би постигнале ако успеат своите соништа да ги реализираат на конструктивен начин. Покажуваат голем интерес за читање и пишување. А, најмногу уживаат во романи. Поседуваат силна интуиција која им помага да ги предвидат настаните во иднината, како и своите непријатели. Срцето е нивна слаба страна. Риби (родени од 17 до 22 март) Во овие денови се раѓаат најмногу пророци и проповедници. Овие луѓе се похрабри од типичните Риби и непоколебливи се во решеноста своите соништа да ги спроведат во дело. Во тој потфат најчесто и успеваат. Меѓутоа, проблематичен е нивниот емотивен живот. Растргнати меѓу желбата за љубов и кариера, често се однесуваат неправедно кон своите партнери. Како резултат на тоа имаат несреден љубовен живот, многу разочарувања, чувство дека никој не ги сака. Доколку не работат сериозно на себе во откривањето на мотивите на нивните постапки, постои опасност да се соочат и со психички проблеми или да се оддадат на алкохол и дроги. Би биле одлични и како сликари и музичари.
Регистрирано во Македонска Авторска Агенција под реден број 970 Скопје Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот. Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
|
Изгледот на страницата одговара за Раковите. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.
Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак. Направете го овој тест.
Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви открие кои се вашите скриени таленти, во кои професии би можеле да постигнете најголем успех, каков е вашиот однос со колегите и претпоставените и зошто, какви се вашите потенцијали на финансиски план.
“ |
Навистина овој хороскоп не е клише како многу други. Овој хороскоп баш ти дава одговори за тоа кој си бил, каков си и што треба да правиш за да станеш подобра личност. ” Деја З.К. |
Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.
Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)
|