Говорот на Судбината
Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате? Кликнете на Книгата... |
Останати теми:
Мое гледање на Астрологијата
Астролошките сајтови
Никој не избегал
Школо за новата реалност
Среќата го менува знакот
Седум фази
Плутон во Водолија
Господарот во матни води
Одиме на Марс
Кој сее ветер
Да сум јас некој
QUO VADIS MACEDONIA?
Никој не е совршен
Кај се тие времиња?
Сакам да се дружам само со убави луѓе
Лопови, Овци, Научници и Мистици
Црешовиот цвет
Кога ќе се сретнат Среќата и Фантазијата
Тест за пријателство
Сакај ме повеќе од се на светот
Денот на Свети Валентин
Победа на животот над смртта
Зошто славиме на 14-ти јануари
Чудни се патиштата Господови
Вашиот маж е вашето огледало
Зошто нашите желби не се исполнуваат?
Катарза на стравот од смртта
Што не спречува да бидеме среќни?
Зошто жените сакаат да личат на Џокер?
Убиство со збор
Кога бракот не е консумиран
Ретроградниот Меркур наш слуга
Кај што денот ја љуби ноќта
Кога ќе го преспиеш животот
Нејзиното Височество, Госпожа Карма
Те снаоѓа тоа...
Лоши работи, добри луѓе
Другата страна на надежта
Зошто е болно човештвото?
Дали најде радост
Пет чувари на бракот
Љуби, љуби, ама глава не губи
Во музиката е лекот
Ретроградниот Меркур работи за нас
Супер Цветна Крвава Месечина
Очи во очи со Кармата
Ниедна тајна не останала вечно скриена
Јупитер во Риби
Кога ќе се појавиш љубов моја?
Знаете ли кое е најдоброто патување?
Дај му го на другиот
Соковите на љубовта
|
Текст објавен во јуни 2007
|
Зошто не постои дневен хороскоп?
Речиси сите дневни весници кои држат до своето реноме настојуваат своите последни страници да ги пополнат со дневен хороскоп. Па, во стилот на Марија Антоанета, која несвесна за проблемите на другите божем им советувала ако немаат леб да јадат колачи, така и весниците ако не можат да ве заштитат од страниците полни со насилство, глад, криминал, неправда, на крајот ви го нудат “колачето” наречено дневен хороскоп. А таму, во графата љубов ви пишува дека ве очекува страсна авантура, тогаш кога вашата тригодишна врска пропаѓа. Во графата работа стои “блескава кариера” тогаш кога добивате отказ. Додека за здравствената состојба хороскопот тврди дека е одлична тогаш кога лежите во кревет со температура од 40 °C. Тогаш, убедени дека астролозите се луѓе што работите си ги измислуваат од своја глава, вие во зависност од вашиот карактер или ќе продолжите да ги читате дневните хороскопи со цел да се забавувате со нивната содржина или ќе ја прескокнувате таа страница. – Дали астролозите лажат или? Ако над хороскопот не видите слика со име и презиме на тој што го пишува, постои голема веројатност хороскопот да не е напишан од астролог. Но, од друга страна, астролог кој сака да го сметаат за сериозен никогаш нема да се потпише под дневен хороскоп. – Зошто? Бидејќи знае дека такво нешто не постои. Водена од принципот на Хермес Трисмегистос, дека “како е горе така е долу, како е надвор така е внатре”, Астрологијата ги следи движењата на небеските тела и преку нив се обидува да ги предвиди идните случувања во животот на еден човек, група луѓе, народи, држави. – Зошто астрологијата не може да ги предвиди случувањата за секој нов ден? За да го објасниме ова, треба да се потсетиме за механиката на планетите. Значи, сите знаеме дека Земјата постојано се движи околу својата оска и околу Сонцето, сите планети постојано се движат околу своите оски и околу Сонцето. Нашата галаксија (Млечен Пат) постојано ротира околу својот центар. Целиот Универзум е во постојано движење. Заради тоа, планетите во однос на Земјата секогаш имаат поинаква позиција и поинаков агол. Но, и позицијата меѓу планетите постојано се менува. Така, не е исто ако планетите ги испраќаат своите вибрации на Земјата од делот на еклиптиката која одговара на знакот Близнаци (60 - 90°) или од делот на еклиптиката што одговара на знакот Шкорпија (210 - 240°). Како што не е исто дали аголот што го завземаат две планети меѓу себе има 30°, 60°, 90°, 120°, 180°. Бидејќи кога аголот меѓу планетите е 60° и 120°, вибрациите меѓу планетите се компатибилни, се надополнуваат. Но, ако аголот е 90° или 180°, тогаш тие си пречат едни на други, се сечат, се некомпатибилни. За да може да се предвиди каква ќе биде сликата на небото и каков ќе биде аголот што планетите ќе го завземат меѓу себе, исто така треба да се знае и брзината со која се движат планетите. Така најбрза е Месечината, која иако не е планета, бидејќи се наоѓа најблиску до Земјата, има силно влијание врз Земјата и врз се што живее на неа. На Месечината и требаат околу 28 дена да направи цел круг околу нашата планета. Додека, како сателит на Земјата, Месечината околу Сонцето се врти за исто време како и Земјата, за 365,25 дена. На Меркур му требаат 88 дена да направи еден цел круг околу Сонцето, на Венера 225 дена. Марс ротира околу Сонцето за една година и 322 дена, Јупитер за 11 години и 315 дена, Сатурн за 29 години и 267 дена, Уран за 84 години и 7 дена, Нептун за 164 години и 285 дена и Плутон за 248 години и 157 дена. Ако сега ова се сведе на времето што и е потребно на секоја планета да помине еден знак од Зодијакот (30° од еклиптиката) со цел да се промени сликата на небото гледано од некоја точка на Земјата, тогаш го имаме следниот резултат. На Меркур како најбрз од сите планети, му требаат 14 дена да помине еден хороскопски знак. Венера истото растојание го поминува за 26 - 30 дена. А, кога е ретроградна (привидно се движи наназад) што се случува 1 до 2 пати годишно, тогаш и се потребни 2 месеца да помине еден знак. На Сонцето (гледано од Земјата) му требаат 28 - 31 дена за еден знак. Марс поминува еден знак во просек за 2 месеци. Понекогаш е побрз и му требаат само 40 дена. Но, ако е ретрограден му требаат дури 6 месеци. Меѓутоа, не е ретрограден секоја година. Јупитер просечно поминува еден знак за една година. Ако е побрз може да се случи да го помине знакот за 6 месеци. Но, ако е ретрограден, што не се случува секоја година, му требаат 18 месеци за еден знак. Сатурн поминува во секој знак по 2,5 години. Во тој период е ретрограден 2 - 3 пати. На Уран му се потребни околу 7 години да помине еден знак (30° од еклиптиката). Тој секоја година е ретрограден, значи 7 пати во ист знак. Нептун поминува еден знак за 14 - 15 години, а ретрограден е речиси секоја година. Периодот на ретроградноста може да трае и до 5 месеци. И конечно доаѓаме до Плутон. Неговата орбита е до тој степен ексцентрична што некогаш му требаат 12 години, друг пат дури 25 години да помине еден знак. Најбрзо минува низ Шкорпија (12 години), најбавно низ Рак (25 години). Речиси секоја година е ретрограден во времетраење од 6 месеци. – После сето кажано, што мислите за колку планетите можат да ја сменат својата позиција во еден ден, за да создадат нов однос меѓу себеси и нова небеска слика, за тоа да донесе голема промена и во животот на еден човек? – Одговорот е: речиси никаква. Единствено на Месечината и требаат 2 до 2,5 дена да помине низ еден знак. Меѓутоа, тоа е само капка во морето од другите, посилни влијанија на планетите. Значи, најмал период за кој може да се смени нешто на Небото, но не секогаш, е една недела. – И сега, кога го знаете сето ова, дали ви изгледаат сериозно дневните хороскопи? Гледано со очите на сериозните астролози, тоа е само начин да се девалвира вредноста и значењето на Астрологијата. Но, за жал, живееме во време кога за најголемиот број луѓе “парите се единствениот Бог на кој што тие му се поклонуваат”. Па, подготвени се да ја девалвираат професијата со цел да дојдат до повеќе пари. Но, да не бидеме премногу строги и да не заборавиме дека астролозите се сепак само луѓе. А луѓето не се совршени, нели?
Регистрирано во Македонска Авторска Агенција под реден број 970 Скопје Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот. Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
|
Изгледот на страницата одговара за Овните. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.
Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак. Направете го овој тест.
Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви открие кој е вашиот идеален партнер, како се однесувате во љубовта и сексот, зошто секогаш привлекувате одреден тип на личности и како можете да го подобрите својот љубовен живот.
“ |
Околу една и пол година пред да дојдам кај Вас ми се случи нешто страшно. Настанот го пребродив, но постојано ме вознемируваа прашањата “Господе што сум ти згрешила за да поминам низ такво нешто? Со што го заслужив ова, кога отсекогаш имав посебен однос спрема религијата?” Откако дојдов кај Вас добив вистинскиот одговор на сите овие прашања. Иако јас воопшто не Ви спомнав за овој настан, бев фрапирана кога меѓу првите работи од нашиот разговор ми го спомнавте. Преку наталната карта, а особено преку книгите кои ми ги посочивте да ги прочитам, успеав да добијам одговор на сите прашања. Повторно почнав да си го сакам животот, заедно со сите добри и лоши случувања во него, кои оставам да ме водат по патот на духовниот развој. Ви благодарам. ” С. М., Скопје |
Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.
Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)
|