In English

En français

Говорот
на Судбината

Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате?
 
Кликнете на Книгата...

Останати теми:

Мое гледање на Астрологијата

Астролошките сајтови


Никој не избегал

Школо за новата реалност

Среќата го менува знакот

Седум фази

Плутон во Водолија

Господарот во матни води

Одиме на Марс

Кој сее ветер

Да сум јас некој

QUO VADIS MACEDONIA?

Никој не е совршен

Кај се тие времиња?

Сакам да се дружам само со убави луѓе

Лопови, Овци, Научници и Мистици

Црешовиот цвет

Кога ќе се сретнат Среќата и Фантазијата

Тест за пријателство

Сакај ме повеќе од се на светот

Денот на Свети Валентин

Победа на животот над смртта

Зошто славиме на 14-ти јануари

Чудни се патиштата Господови

Вашиот маж е вашето огледало

Зошто нашите желби не се исполнуваат?

Катарза на стравот од смртта

Што не спречува да бидеме среќни?

Зошто жените сакаат да личат на Џокер?

Убиство со збор

Кога бракот не е консумиран

Ретроградниот Меркур наш слуга

Кај што денот ја љуби ноќта

Кога ќе го преспиеш животот

Нејзиното Височество, Госпожа Карма

Те снаоѓа тоа...

Лоши работи, добри луѓе

Другата страна на надежта

Зошто е болно човештвото?

Дали најде радост

Пет чувари на бракот

Љуби, љуби, ама глава не губи

Во музиката е лекот

Ретроградниот Меркур работи за нас

Супер Цветна Крвава Месечина

Очи во очи со Кармата

Ниедна тајна не останала вечно скриена

Јупитер во Риби

Кога ќе се појавиш љубов моја?

Знаете ли кое е најдоброто патување?

Дај му го на другиот

Соковите на љубовта

Каков карактер - таква болест

 
Објавено на 09.03.2018 во 17:43

Каков карактер - таква болест
 

Дали сте знаеле дека совесните и отворени луѓе живеат подолго, а дека ведрите луѓе поретко се разболуваат? Дали сте знаеле дека оптимистите поретко настинуваат, а дека перфекционистите почесто оболуваат од артритис? Дали сте знаеле дека лутината и бесот ве прават подложни на воспалителни процеси?

Уште Хипократ има забележано дека е поважно да знаеш каков е човекот кој има болест, отколку да знаеш од која болест тој човек боледува. А, пак американскиот философ, есеист и поет Ралф Валдо Емерсон е автор на изреката која вели:

„Кога ќе посееш мисла, ќе ожнееш акција,
 Кога ќе посееш акција, ќе ожнееш навика,
 Кога ќе посееш навика, ќе ожнееш карактер,
 Кога ќе посееш карактер, ќе ожнееш судбина.“

Токму така, нашиот карактер е тој кој ја одредува и креира нашата судбина, со ова тврдење се сложува и модерната астрологија. И додека нашиот карактер е одговорен за нашето однесување во животот, нашата потсвест наликува на еден искусен и здодевен, стар книговодител кој си молчи и педантно ги архивира сите наши постапки, сите наши реакции, сите наши радости, таги, стравови, грижи, разочарувања. А, потоа, еден ден, кога не се надеваме, ќе ја испорача во нашиот живот сметката: висок крвен притисок, тахикардија, дијабетес, алергии, инфаркт.

Ако се прашувате дали можат да се спречат овие болести, одговорот е дека можат. Само ако се знаат причините за нивното појавување и ако се отстранат тие причини. Впрочем, Хипократ, меѓу другото, има кажано и дека лекарот што не знае астрологија не може да биде лекар. Зошто?

Бидејќи, астрологијата отсекогаш ги поврзувала болестите со влијанието на некоја планета на одредени органи во човековото тело. Но, истовремено секоја планета истовремено има  и свој карактер и е одговорна за одредени чувства и состојби кај човекот. А, секоја планета е одговорна и за работата на одредена чакра во човековото тело.

Така, Сонцето секогаш е поврзано со гордоста, радоста, волјата, моќта. А, неговите вибрации се поврзани со третата чакра во човековото тело или со Соларниот плексус.

Месечината е поврзана со чувствата и женската страна на личноста. А, нејзините вибрации се поврзани со втората или сакралната чакра.

Меркур е планета на логиката, интелектот, говорот, комуникациите. А, неговите вибрации се поврзани со третата и петата чакра.

Венера е планета на љубовта, земните задоволства, уживањето. А, нејзините вибрации се поврзани со четвртата чакра.

Марс е синоним за агресијата, бесот, лутината, храброста, страста, сексот. Неговите вибрации се поврзани со третата чакра.

Јупитер е планета на експанзијата, среќата и претерувањата. Неговите вибрации се поврзани со седмата, крунска чакра.

Сатурн е астролошки симбол за стравот и загубата. Неговите вибрации се поврзани со првата или коренската чакра.

Уран е врската на земното тело со трансценденталниот ум. Но, истовремено претставува симбол и за непредвидливите случувања и за шоковите што ни ги приредува животот. Неговите вибрации влијаат на седмата, крунска, чакра.

Нептун е синоним за илузиите, креативноста и безусловната љубов. Неговите вибрации влијаат на шестата чакра или таканареченото „трето око“.

Плутон е поврзан со тајните, грижата на совеста и метаморфозите. А, неговите вибрации се поврзани со првата, кoренска и со втората, сакрална чакра.

Исто како и планетите и чакрите, секоја наша емоција има одредена вибрација. Негативните емоции имаат ниски вибрации кои можат да ја пореметат правилната функција на одредени органи, доколку потраат подолго време. Значи, колку подолго и поинтензивно чувствуваме некоја негативна емоција и колку подолго таа останува неразрешена, негативниот ефект од неа се акумулира и по некое време органот заболува. За да го спречиме тоа треба да знаеме која планета со која чакра владее и на кои чувства и состојби на човековата психа реагира.

ПРВА ЧАКРА - (коренска)

Во астрологијата со оваа важна чакра која го приземјува човекот владеат Сатурн, планетата на казните, стравот и наградите, оној што се стврднува и кристализира. Потоа Плутон, планетата која што е одговорна за потсвеста и за се што е тајно, скриено и потиснато, оној кој е задолжен за метаморфозите. И Бикот, кој е владетел на Земјата.

Во оваа чакра е сместен импулсот за преживување и е сконцентрирана најголемата сила на човекот за која што тој, во нормални ситуации, не е ни свесен. Оваа сила се активира во моментите на екстремен страв, кога е загрозена егзистенцијата на човекот или неговиот живот. Луѓето што преживеале вакви ситуации веројатно ќе ви кажат дека во критичниот момент, кога се бореле на живот и смрт, во моменти кога во опасност бил животот на нивното дете и слично, дека не знаат како и од каде, но дека добиле натчовечка сила да се справат со опасноста. Така, успеале, на пример, да скокнат 17 метри, да ја кренат колата под која лежи детето само со сопствените две раце, победиле тројца посилни од себе. Всушност ќе ви кажат приказни за тоа како Давид го победил Голијат.

И ова се случува во ситуации кога постои екстремна опасност по својот или по животот на некој што многу ни значи. Меѓутоа, ако стравот е со помал интензитет, но е константен подолго време, тогаш страдаат разни органи во телото:

БУБРЕЗИ

Веројатно сте ја чуле изреката дека „човекот толку се уплашил што се помочал од страв“. Зошто тоа се случува? Затоа што во моменти на екстремно голем страв бубрезите се згрчуваат, се блокира филтрирањето на крвта, се згрчува и мочниот меур и содржината што е во него се испушта.

Покрај стравот, болестите на бубрезите се поврзани и со чувството на човекот дека е залажуван и понижуван. Потоа, се поврзани со големи разочарувања, несреќи, претеран критицизам, со осудување на себеси или на другите.

Р’БЕТ

Болестите на долниот дел од р’бетот се поврзани со константниот страв од немање финансиска поддршка и од сиромаштија. Додека горниот дел на р’бетот страда кога човекот не чувствува дека има емотивна поддршка од блиските. Тогаш тој има впечаток дека целиот товар од животот или работата е префрлен врз неговиот грб и грбот почнува да попушта под товарот на проблемите или обврските.

ТИРОИДНА ЖЛЕЗДА

Сите автоимуни болести се јавуваат поради некаков голем страв што траел подолго време.

Конкретно, тироидната жлезда може да страда поради две причини. Првата е кога човекот долго време носел во себе длабок, несвесен страв од смртта. А, втората е кога личноста не можела долго време да каже што мисли и чувствува, кога голтала неправди и понижувања. За првиот проблем е одговорна првата чакра, а за вториот петтата.

Сега ги разгледуваме болестите поврзани со првата чакра, па ако разговарате со луѓе кои имаат проблеми со тироидната жлезда, веројатно ќе откриете дека тие доживеале некоја голема траума во периодот на раното детство. На пример, смрт на родител или болест на родител која можела да заврши со смртни последици. Потоа, разделување од родителот или од личноста што ја сакале или од која зависеле, заради различни причини (работа во друг град, развод на родителите и слично). Овие луѓе потоа имаат потреба предвреме да пораснат и да не зависат од никого или пак тие ја преземаат грижата за блиските врз себе со цел да не зависат од другите, со што се намалува нивниот страв.

Ако организмот е многу силен и не ја појави болеста во периодот на детството, тогаш, кога овие луѓе ќе станат возрасни, било кој настан што претставува опасност за загуба на некој близок, е окидачот кој го активира потиснатиот страв од смртта кај нив и ги активира проблемите со тироидата. Значаен орган кој го регулира метаболизмот на сите ткива во организмот.

ХЕМОРОИДИ

Обично се појавуваат кај луѓе кои се плашат дека ќе ја загубат контролата над себеси и над сопствените емоции. Потоа, кај луѓе кои се притиснати со рокови и се плашат дека нема да ги завршат обврските во одреденото време. Но, и кај луѓето кои се плашат од разделби и затоа немаат храброст да ги разрешат насобраните проблеми.

ДЕБЕЛО ЦРЕВО

Страда кога кај човекот постои страв да се ослободи од тоа што е застарено, од минатото, од она што повеќе не му треба или му пречи, од старите врски, предмети, пријателства, од кариерата и слично. А, стравот постои поради осудата на другите за неговиот чин. Но, стравот може да биде поврзан и со мислата дека тие работи (стари врски, алишта, предмети и сл.) можеби повторно ќе му требаат.

НОЗЕ И КОЛЕНА

Проблеми се појавуваат поради стравот на луѓето да се движат напред во животот или поради стравот дека ќе мора да бидат флексибилни. Симболички кажано „да се поклонат пред некого“, а претерано се горди.

ВТОРА ЧАКРА - (сакрална)

Со оваа чакра во астрологијата владеат Месечината, симболот за чувствата и Плутон, планетата на сексот, тајните, пороците, потсвеста и метаморфозите.

Додека човекот е задоволен од својот живот, ужива во земните задоволства, во храната, сексот и се што може да се купи со пари, втората чакра функционира нормално. Но, кога, поради некоја причина, се појави чувството на вина, тогаш се пореметува нормалната вибрација на оваа чакра и ако негативните чувства потраат подолго време, се развиваат болести.

ГЕНИТАЛИИ

Потешките здравствени проблеми поврзани со гениталните органи обично се јавуваат кај жени кои биле жртви на некаков облик на сексуално насилство. Но, наместо да го казнат виновникот за нивното страдање, тие се казнуваат себеси, бидејќи мислат дека тие се виновни за насилството што го доживеале или дека тие го предизвикале на некој начин.

Полесните гинеколошки проблеми (нередовни менструации, полицистични јајници, цисти, проблеми со забременувањето) можат да бидат резултат на неприфаќањето на женската страна на сопствената личност или пак на убедувањето дека сексот е нешто валкано и грешно.

ВЕНЕРИЧНИ БОЛЕСТИ се јавуваат како резултат на грижата на совеста поради бурниот сексуален живот.

СИДА најчесто се јавува како резултат на чувството на вина заради погрешниот начин на кој човекот ја живее својата сексуалност. Заради чувството дека човекот не е доволно добар или дека е грешен.

ТРЕТА ЧАКРА - (Соларен плексус)

Оваа чакра е многу важна за нормалното функционирање на човековиот организам, бидејќи таа е врската меѓу материјалниот и духовниот свет, меѓу Земјата и Небото. Во астрологијата, за работата на третата чакра се задолжени дури три планети, Сонцето, планетата на волјата, радоста и гордоста. Марс, планетата на акцијата и агресијата и Меркур, планетата на транспортот и комуникациите.

Третата чакра функционира нормално додека човекот има волја за живот и му се радува на животот. Но, ако се појават и подолго време траат чувствата на бес, лутина, гнев, срам, омраза, злоба, завист или незадоволство, тогаш се пореметува нормалната вибрација на оваа чакра и се појавуваат болести на црниот дроб, жолчката, слезината, желудникот, цревата. Народот тоа го забележал одамна, затоа кога некој ве лути или нервира му велите: „Џигерот ми го изеде“ или „Ќе ми пукне жолчката од тебе“. Па, дури и во литературата е одомаќинет изразот „жолчна расправија“, за кавга која е исполнета со многу лутина.

ЖОЛЧКА

Се разболува кога собираме и потиснуваме огромна лутина кон некого или кон нешто. Но, болеста може да се јави и како нус појава на нефункционирање на тироидата, која е одговорна за метаболизмот на мастите. Резултатот и од едната и од другата причина е ист, проблем со разложувањето на мастите, создавање камења во жолчката и покачен холестерол.

ХОЛЕСТЕРОЛ

Покачениот холестерол е резултат на затворање на каналот на животната радост или немање причина за радување.

ЦРН ДРОБ, ПАНКРЕАС, ДВАНАЕСЕТПАЛАЧНО ЦРЕВО

Можат да заболат ако долго време чувствувате презир, гнев и бес кон некого или нешто, но не сте во состојба ништо да смените. Црниот дроб страда поради чувството на презир кон поголема група луѓе. Панкреасот, кога ќе се загуби сласта на животот и ќе се зголеми агресијата кон себеси или кон другите, кога се чувствува завист. А, чирот на дванаесетпалачното црево е резултат на преголема амбиција која се граничи со алчност.

Но, патот до болеста може да биде и двонасочен. Па, погоре наведените органи можат да заболат и од агресивна храна како што е брзата, масна и премногу зачинета храна, од премногу алкохол, цигари и газирани пијалоци. Со други зборови кажано, ако сте бесни и гневни го труете својот црн дроб со овие негативни емоции. Но, и обратно. Доколку го труете црниот дроб со нездрава храна која е полна со токсини, резултатот ќе биде да се чувствувате гневно и луто.

ВИСОК ПРИТИСОК

Се јавува кога луѓето се трудат да ги задоволат туѓите очекувања и да бидат почитувани од другите, додека своите вистински емоции ги потиснуваат. Затоа, кога ќе наидат на непочитување, лутината се разгорува и тоа го покачува притисокот. Но, притисокот може да се покачи и како резултат на други болести или на проблеми при метаболизмот на солта.

ЖЕЛУДНИК

Исто така страда поради лутината и омразата. Затоа, велиме „ми се стегна желудникот“ во ситуации кои ни се непријатни или кога некој не налутил и не можеме да ги свариме неговите постапки или зборови. Но, желудникот страда и кога некого интензивно мразиме подолг период.

СЛЕЗИНА

Заболува како резултат на константна загриженост за се и сешто.

ЧЕТВРТА ЧАКРА - (Срцева)

Со оваа чакра во астрологијата владее Венера, планетата на љубовта и животните задоволства. А, според некои извори, со горниот дел од соларниот плексус владее Сонцето, кое своето влијание, освен на стомакот, го има и во делот со кој владее срцевата чакра.

Четвртата чакра функционира нормално кога човекот чувствува љубов кон некого или кон нешто, кон Господ, кон децата, партнерот, природата, кон своите миленичиња или кон своето хоби. Според кинеската медицина, тагата доведува до нарушување на рамнотежата во протокот на виталната енергија во два органа што ги покрива четвртата чакра, и во срцето и во белите дробови.

СРЦЕ

Иако малкумина ја знаат функцијата на чакрите во човечкото тело, речиси секој човек кога е разочаран во љубовта ќе ви каже „Тој и тој ми го скрши срцето“. Кога за нешто тагуваме велиме „Ми препукна срцето од жал“. Кога сме вљубени цртаме две срценца. Па, дури и емотиконот на ФБ за нешто што буквално го сакаме или многу ни се допаѓа е токму црвеното срце.

Оттука, може да се заклучи дека срцевата чакра функционира нормално кога човек сака, кога е среќен во животот, кога е задоволен. Но, ако доживееме интензивна тага која трае подолго време, како што е загубата на саканата личност, работата и слично, тогаш овие негативни чувства ја пореметуваат работата на срцевата чакра и предизвикуваат болести на срцето или на белите дробови. Но, срцето може да страда и поради преголемата амбиција која се граничи со алчноста.

Меѓутоа, иако можеби ќе ви звучи парадоксално ова што сега ќе ви го соопштам, и силните убави чувства можат да предизвикаат здравствени проблеми. Не бадијала рекле дека среќата го крши човека побрзо од несреќата. Така, новата или долго очекуваната љубов може да создаде таква возбуда поради која човек не може ниту да јаде, ниту да спие. Човекот може да добие температура или тахикардија. А, постојат и случаи кога луѓе добиле срцев удар кога слушнале некоја убава вест што не ја очекувале или не и се надевале, како на пример дека од војна се вратил синот за кого мислеле дека е погинат и слично.

БЕЛИ ДРОБОВИ

Дали сте забележале дека во миговите на шок, возбуда и тага престанувате да дишете? Дали сте забележале дека кога некој настан ги надминува границите на тоа што можете да го поднесете во тој миг ви недостасува воздух? Тоа е така, бидејќи белите дробови се портата преку која вдишувате и издишувате живот. Затоа, проблеми со белите дробови имаат луѓето кои се тажни, бидејќи согледуваат дека не можат да „дишат со полни гради“, не можат да го живеат животот како што би сакале тие.

БРОНХИТ

Хроничен бронхит обично имаат луѓе во чиј што дом постои лоша атмосфера, нервоза, која им создава чувство на безизлезност.

ДИЈАБЕТ

Може да се појави како резултат на шок, поради недостаток на љубов или како резултат на мрзеливост и апатија.

ПЕТТА ЧАКРА - (грлена)

Во астрологијата со петтата чакра владее планетата на комуникациите, говорот и интелектот, Меркур и знакот Бик.

Оваа чакра функционира нормално додека низ нашиот говорен апарат излегува она што навистина го мислиме и чувствуваме, додека излегува вистината. Во оној момент кога, поради различни причини, поради тоа што ни е забрането, поради тоа што другите не би го прифатиле она што го мислиме, сме принудени да не ја кажуваме вистината, тогаш ги нарушуваме вибрациите на грлената чакра. Истото се случува и доколку свесно лажеме подолг период. Како резултат на нарушените вибрации на петтата чакра се создаваат проблеми со грлото.

Колку повеќе сме ја потиснувале вистината и не сме го живееле животот според своите желби и потреби, туку сме се труделе да ги задоволиме другите, толку посериозно сме ја нарушиле работата на грлената чакра и толку посериозна ќе биде нашата болест. Почнувајќи од ларингитис, преку проблеми со тироидата до разни тумори.

ШЕСТА ЧАКРА - (трето око)

Со оваа чакра во астрологијата владее планетата Нептун, магот на креативноста и на илузиите. Тоа значи дека чакрата функционира нормално додека успеваме да го сфатиме и разбереме светот околу нас и она што нам ни се случува, реално и објективно. Оној миг кога некој не доведува во илузија или самите си правиме илузија за полесно да го преживееме тоа што ни се случува или пак ако употребуваме средства кои доведуваат до илузија (алкохол, дроги), тогаш ја нарушуваме нормалната вибрација на оваа чакра. Доколку нарушувањето потрае подолго време, како резултат се појавуваат здравствени проблеми, онолку сериозни колку што е сериозно нарушувањето.

АЛЕРГИИ

Се јавуваат кај луѓето кои не поднесуваат некого или нешто во својот живот или во својата околина, но не се свесни за тоа или не се способни да се спротивстават, ниту да изразат незадоволство. Или пак, дури да изразат незадоволство, никој не се грижи за нивните чувства или немаат начин да ја сменат ситуацијата.

СИНУСИ

Страдаат кога имате чувство дека некоја блиска личност премногу ве иритира.

ОЧИ

Се појавуваат проблеми со видот кога не сакате да го видите тоа што се случува во вашиот живот. Така, кратковидоста е показател дека се плашите од иднината. Додека, далекувидоста е знак дека не ви се допаѓа сегашноста. А, глаукомот е доказ дека немате способност за простување.

ДЕМЕНЦИЈА

Се јавува кога сте разочарани во животот, во блиските и кога немате надеж дека би можело да биде подобро.

СЕДМА ЧАКРА - (крунска)

Со седмата чакра во астрологијата владее Уран, планетата на Универзалниот Ум, на идејата, на енергијата и Јупитер, планетата на среќата и експанзијата.

Оваа чакра работи нормално се додека е во можност да се напојува од чистата, Вселенска енергија. Но, ако сме претерано врзани за земните работи, во мигот кога ги губиме, доживуваме шок. Ако овој шок потрае подолго време и ако не сме во состојба да се простиме со минатото, со луѓето, настаните и материјалните работи од минатото, кои сега ги нема, тогаш се пореметува вибрацијата на оваа чакра и можат да се развијат сериозни заболувања.

ДЕПРЕСИЈА

Губење на желба за живот поради неспособноста на човекот некои неубави чувства и спомени од минатото да ги пушти да си одат.

МОЗОЧЕН УДАР

Мозокот е природен компјутер во човечкото тело. Крвта што доаѓа до него го напојува со животна радост и желба за живот. А, вените и артериите се само канали преку кои крвта (радоста) се спроведува од местото каде што се создава до мозокот. Ако мозокот го споредиме со компјутерот, крвта е како струјата, вените се жиците, а артериите се каблите, преку кои таа тече и го напојува мозокот. Но, ако човекот престане да се радува, ако неговиот ум е постојано исполнет со негативни мисли, ако не си дозволува да преболи некоја загуба, тогаш негативните мисли се однесуваат како вирусите уфрлени во компјутерот. Тие прават дар-мар, го блокираат компјутерот и човекот доживува мозочен удар или парализа.

АЛЦХАЈМЕРОВА БОЛЕСТ

Најчесто се јавува кај луѓето кои се затворени за новите искуства и информации. Овие луѓе најчесто живеат сами, слабо комуницираат со другите и постојано го преџвакуваат своето минато. Па, со текот на времето остануваат заробени во него.

ТУМОРИ

Се појавуваат кога на ментален план се фокусираме на некоја стара рана и повреда, постојано мислиме на неа, со што и даваме сила. Таа, на крајот, ќе се претвори во некаков див израсток во телото, на истиот принцип како што школката создава бисер, трудејќи се да го изолира зрнцето песок кое влегло во нејзината внатрешност.

Што покажува болеста?

Болеста е знак дека е време за длабока промена на нашата личност, на нашиот живот и време за духовна трансформација. Првиот чекор кон излекувањето, покрај терапијата, е кога самите на себеси ќе си признаеме дека причината за нашите здравствени проблеми е нашето неправилно однесување.

Потоа, следува долгата и макотрпна работа на промена на нашите ставови и однесување во животот. Ова е долга и тешка борба со себеси, но е неопходна во процесот на исцелувањето. Вие, симптомите, на некои болести, можете да ги држите под контрола со лекови. Кај некои болести ниту лековите не помагаат. Меѓутоа, ако не го смените својот систем на вредности, своите мисли, својот начин на живот, своето однесување, болеста кога-тогаш повторно ќе земе сила. Здравјето ќе го повратите и сочувате се додека живеете „во“ и „со“ вистината. Бидејќи, се додека човек ги лаже другите, тоа е театар. Но, кога почнува да се лаже и себеси, тогаш ширум им ја отвора вратата на болестите. Не дозволувајте му на злото да победи.

 

 
 
Регистрирано во Македонска Авторска Агенција
под реден број 970 Скопје
 
Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот.
Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
 

Изгледот на страницата одговара за Вагите. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.


Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак.
Направете го овој тест.


Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне

радикално да го подобрите вашиот животВашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви открие каков е вашиот однос со родителите и зошто, но истовремено ќе ви покаже како да ги подобрите односите со блиските и околината.


Навистина овој хороскоп не е клише како многу други. Овој хороскоп баш ти дава одговори за тоа кој си бил, каков си и што треба да правиш за да станеш подобра личност. 

Деја З.К.


Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.


Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)


© 2005-2024
Виолета Марсол
Сите права се задржани

Насловна страна | Знаците и... | АстроПортети | Натална Карта | Детски Хороскоп | Љубовен Хороскоп | Бизнис Хороскоп | АстроСовети

Насловна страна Знаците и... АстроПортети Натална Карта Детски Хороскоп Љубовен Хороскоп Бизнис Хороскоп АстроСовети Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага (тековен стил) Шкорпија Стрелец Јарец Водолија Риби