Говорот на Судбината
Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате? Кликнете на Книгата... |
Останати теми:
Мое гледање на Астрологијата
Астролошките сајтови
Никој не избегал
Школо за новата реалност
Среќата го менува знакот
Седум фази
Плутон во Водолија
Господарот во матни води
Одиме на Марс
Кој сее ветер
Да сум јас некој
QUO VADIS MACEDONIA?
Никој не е совршен
Кај се тие времиња?
Сакам да се дружам само со убави луѓе
Лопови, Овци, Научници и Мистици
Црешовиот цвет
Кога ќе се сретнат Среќата и Фантазијата
Тест за пријателство
Сакај ме повеќе од се на светот
Денот на Свети Валентин
Победа на животот над смртта
Зошто славиме на 14-ти јануари
Чудни се патиштата Господови
Вашиот маж е вашето огледало
Зошто нашите желби не се исполнуваат?
Катарза на стравот од смртта
Што не спречува да бидеме среќни?
Зошто жените сакаат да личат на Џокер?
Убиство со збор
Кога бракот не е консумиран
Ретроградниот Меркур наш слуга
Кај што денот ја љуби ноќта
Кога ќе го преспиеш животот
Нејзиното Височество, Госпожа Карма
Те снаоѓа тоа...
Лоши работи, добри луѓе
Другата страна на надежта
Зошто е болно човештвото?
Дали најде радост
Пет чувари на бракот
Љуби, љуби, ама глава не губи
Во музиката е лекот
Ретроградниот Меркур работи за нас
Супер Цветна Крвава Месечина
Очи во очи со Кармата
Ниедна тајна не останала вечно скриена
Јупитер во Риби
Кога ќе се појавиш љубов моја?
Знаете ли кое е најдоброто патување?
Дај му го на другиот
Соковите на љубовта
|
Објавено во септември 2017
|
ФБИ откри кои хороскопски знаци се најопасни
Нема да верувате кој е на прво место. Пред неколку месеци ФБИ направил анализа за тоа кои луѓе се најопасни, според нивниот хороскопски знак. Но, и кој хороскопски знак со каков криминал најчесто се занимава. Бидејќи нивните сознанија се речиси идентични со моите истражувања на таа тема, решив да ја објавам анализата. Но, и да интервенирам онаму каде што моите астролошки анализи се разликуваат од нивните. Табелата започнува со знакот кој е најмалку опасен и завршува со најтврдокорните криминалци. 12-то место - Близнаци Претставниците на овој знак се превртливи и умеат да лажат во секојдневниот живот. Но, според статистиките на ФБИ, Близнаците се на дното на списокот на фатени криминалци. Заради тоа што главното „оружје“ на Близнаците се лажните ветувања, тие, и кога се занимаваат со криминал, најчесто смислуваат некои „шеми“ и измами. А, ако бидат откриени, тогаш тие се најслабата алка во шемата на измами. Затоа што, со цел да се извлечат, веднаш смислуваат купишта лаги и ги издаваат имињата на своите соучесници. Моите анализи се совпаѓаат со се што е погоре кажано. Инаку, еден од најпознатите криминалци меѓу Близнаците, што е исклучок од правилото, е Сем Џинкана. 11-то место - Водолија Според ФБИ, Водолиите не се толку големи криминалци. Бидејќи, ако одлучат да направат нешто нелегално, тогаш се занимаваат со хакерство, стануваат „гуруи“ или водачи на секти. Па, перејќи им го мозокот на другите добиваат моќ над нив и така им ги извлекуваат нивните пари. Според моите истражувања, Водолиите најчесто се одлучуваат за компјутерски криминал. Но, тие се и едни од најдобрите фалсификатори (пари, слики, документи), како и плагијатори на авторски дела. Посебно од областа на музиката. 10- то место - Лав Меѓу претставниците на огнените знакови, Лавовите се најмалку склони на криминал. Во криминални активности се вклучуваат со умисла и добро го разработуваат секој превземен чекор. Затоа, Лавовите криминалци спаѓаат во групата на опасни и ладнокрвни злотвори. Инаку, и според ФБИ и според моите увиди, Лавовите не се впуштаат во кражби и ситни прекршоци. Ако веќе одлучат да ја ризикуваат својата слобода, тоа ќе го направат поради некоја голема добивка или поради слава. Типичен пример е италијанскиот фашистички лидер Мусолини. 9-то место - Вага Ова е најкриминогениот знак од сите воздушни знаци и според ФБИ и според моите сознанија. Специјалност на Вагите им се: стопанскиот криминал, корупцијата, непотизмот. Многу се промислени во своите постапки и лесно ги координираат своите соработници, како и луѓето на кои тие им даваат мито или од кои бараат мито. Нивните пипци се пуштени насекаде. Па, речиси на сите важни места имаат свои луѓе. Интерсен е податокот дека тие се еден од ретките знаци кои, ако бидат пронајдени од органите на прогонот, многу често наоѓаат начин да се извлечат. Најпознати криминалци меѓу Вагите се атентаторот на Кенеди, Ли Харви Освалд, и рускиот сериски убиец наречен руски касап, Андреј Чикатило. 8-мо место - Девица Изненадувачки е податокот дека после Овните, навидум пресметаните и контролирани Девици, се втори во списокот на знаците кои најчесто поседуваат или носат оружје. Инаку, според ФБИ, Девиците имаат најголема склоност кон финансискиот криминал. Но, често можат да се сретнат и меѓу хакерите и провалниците. Сепак, и покрај тоа што важат за добри аналитичари кои детално ги разработуваат своите криминални планови, статистиката на ФБИ открива дека најчесто бидуваат фатени. Тогаш не покажуваат некоја особена цврстина и брзо ги признаваат своите дела. Според моите сознанија, Девиците покрај финансискиот, често се впуштаат и во криминал со благородни метали и скапоцени камења. Најпознато криминално име меѓу Девиците е Карло Гамбино. 7-мо место - Риби Според ФБИ, Рибите најчесто се поврзани со криминалот со дрога, како што се одгледувањето, шверцувањето или дилањето дрога. Исто така, тие можат да бидат и шверцери на ретки животни, луѓе, цигари, нафта. Нивните дела се многу пати бизарни, па дури и смешни. Но, ако завршат во затвор, наместо да го коригираат своето однесување, таму дополнително се вткајуваат во криминалното милје и од ситни, прераснуваат во крупни криминални ѕверки. Според моите сознанија, Рибите се матни типови кои лесно забегуваат во секаква форма на криминал. Па, се занимават и со шверц на алкохол, лекови, на археолошки артефакти, со измами во казината и со сите останати возможни шеми за измама на луѓето. Како пример ќе го наведам Чарлс Понци, по кого и шемата на измами го добила името. Потоа, во познатите криминални имиња родени во знакот Риби спаѓаат и Багзи Зигел, Семи Гарвано, Осама бин Ладен. 6-то место - Јарец Вљубени во парите и амбициозни, Јарците и во криминалните активности „пукаат високо“. Тие се снаодливи и сестрани криминалци. Меѓутоа, како и кај останатите земјени знаци, нивен фах е финансискиот криминал. Добро ги прикриваат своите траги, бидејќи за валканите работи користат туѓи услуги. А, кога бидуваат откриени се даваат во бегство. Но, и покрај тоа, најмногу од уапсените за организиран криминал, според ФБИ, се припадници на овој знак. Според моите истражувања, освен со финансиски криминал, Јарците често се занимаваат и со шверц на историски и археолошки артефакти, со шверц на ретки руди и метали. Па, дури е можно да вршат шверц на разни семиња и земјоделски производи. Како најпознат претставник на Јарците криминалци е Ал Капоне. 5-то место - Овен Според статистиката на ФБИ, но и според моите сознанија, најголем процент од луѓето кои поседуваат оружје се Овни. Според нивниот психолошки профил, Овните се одлични како лидери на разни побуни, кои секогаш го користат арогантното објаснување „Да, го направив тоа и тоа и не жалам“. А, кога се одлучуваат за покрупен криминал, најчесто се туѓи платеници кои работат според договор. Всушност, некој ги плаќа да бидат уценувачи, провокатори, платени убијци и слично. Според моите увиди, заради тоа што го сакаат оружјето и парите, Овните често влегуваат и во шверц со оружје. А, заради импулсивноста и силното его, тие се и чести сторители на крвни деликти, крвни одмазди, злосторства од страст и слично. Најпознат Овен со криминална историја е мексикански нарко бос Ел Чапо. За Ел Чапо, некои извори тврдат дека е роден во знакот Јарец. 4-то место - Бик Заради тоа што се хедонисти од раѓање, Биковите најчесто се вплеткуваат во криминални активности од кои би можеле материјално да профитираат, како што се перењето пари или кражбата на луксузни и уметнички предмети. Тие најчесто работат сами, со цел да го намалат ризикот да бидат фатени. А, со својот плен никому нема да му се пофалат поради истите соображенија. Кога бидуваат откриени заземаат поза на покајаник и молат за милост и разбирање. Меѓу Биковите кои се најпознати по своите злодела ќе ги наброиме Хитлер, Садам Хусеин и Пол Пот. 3-то место - Стрелец Стрелците се неумерени и неодмерени по својата природа. Па, во криминал влегуваат поради финансиска корист или поради нужда. Тие се вешти лопови кои се бават со различни видови измами. А, учествуваат и во пљачки на банки. Интересен е податокот на ФБИ дека Стрелците избегнуваат да ги повредат своите жртви, додека тоа не стане неопходно. Според моите истражувања, Стрелците се виртуози за пронаоѓање дупки во законите. Затоа, најчесто се занимаваат со изигрување на законот, со корупција, коцкарска лихва и со криминалот со дрога и лекови. Како пример ќе ги наведам Пабло Ескобар и Лаки Лучиано. 2-ро место - Шкорпија Иако не се често застапени во останатите криминали, Шкорпиите се на првото место во списокот на сериските убијци и психопати. Интерсен е податокот дека ако, заради некоја причина (одмазда, материјална корист, љубопитност) се одлучат на криминални активности, тие потоа се однесуваат без милост, поради што се идеален избор за платени убијци. А, според ФБИ, злосторство најчесто извршуваат заради љубомора или повредена суета. Но, според моите анализи, Шкорпиите би можеле да се занимаваат и со шверц на оружје, на радиоактивни супстанции и со коцкарски измами. Најпознати криминалци меѓу Шкорпиите се Чарлс Менсон, Тото Рина, Џон Готи. 1-во место - Рак Раковите на прв поглед изгледаат како луѓе кои ниту на мравка не би згазнале, бидејќи се премногу чувствителни и меки. Но, според статистиката на ФБИ и според мои истражувања, најмногу криминалци се родени токму во овој знак. Зошто? Токму нивната деликатна психа е причината за тоа. Па, тие се склони на насилни дела во состојба на афект, како што се убиствата од страст, киднапирањето и сл. Исто така, заради тоа што тешко го контролираат својот темперамент, Раковите се први кои би го убиле шефот поради добиен отказ. Според моите астролошки анализи, ако Раковите не можат да ја задоволат својата потреба од емотивна сигурност, тогаш можат да ја заменат со материјалната сигурност. А, од тој момент до правењето на некој криминален акт чекорот е мал. Оттаму, Раковите најчесто се одлучуваат за некаков вид на финасиски криминал. Меѓутоа, во тој случај, за да се заштитат себеси од можни реперкусии, ќе настојуваат тие да бидат мозокот, а други луѓе да бидат изведувачите на делото. Најпознати Ракови обвинети за криминал се актерот Бил Козби и О Џеј Симсон, играчот на американски фудбал.
Регистрирано во Македонска Авторска Агенција под реден број 970 Скопје Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот. Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
|
Изгледот на страницата одговара за Вагите. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.
Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак. Направете го овој тест.
Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви открие кој е вашиот идеален партнер, како се однесувате во љубовта и сексот, зошто секогаш привлекувате одреден тип на личности и како можете да го подобрите својот љубовен живот.
“ |
Наталната карта што ја добив е фантастична! Ви благодарам многу што ми го подаривте огледалото на мојот живот :) ” Виктор К., Скопје |
Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.
Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)
|