Говорот на Судбината
Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате? Кликнете на Книгата... |
Останати теми:
Мое гледање на Астрологијата
Астролошките сајтови
Никој не избегал
Школо за новата реалност
Среќата го менува знакот
Седум фази
Плутон во Водолија
Господарот во матни води
Одиме на Марс
Кој сее ветер
Да сум јас некој
QUO VADIS MACEDONIA?
Никој не е совршен
Кај се тие времиња?
Сакам да се дружам само со убави луѓе
Лопови, Овци, Научници и Мистици
Црешовиот цвет
Кога ќе се сретнат Среќата и Фантазијата
Тест за пријателство
Сакај ме повеќе од се на светот
Денот на Свети Валентин
Победа на животот над смртта
Зошто славиме на 14-ти јануари
Чудни се патиштата Господови
Вашиот маж е вашето огледало
Зошто нашите желби не се исполнуваат?
Катарза на стравот од смртта
Што не спречува да бидеме среќни?
Зошто жените сакаат да личат на Џокер?
Убиство со збор
Кога бракот не е консумиран
Ретроградниот Меркур наш слуга
Кај што денот ја љуби ноќта
Кога ќе го преспиеш животот
Нејзиното Височество, Госпожа Карма
Те снаоѓа тоа...
Лоши работи, добри луѓе
Другата страна на надежта
Зошто е болно човештвото?
Дали најде радост
Пет чувари на бракот
Љуби, љуби, ама глава не губи
Во музиката е лекот
Ретроградниот Меркур работи за нас
Супер Цветна Крвава Месечина
Очи во очи со Кармата
Ниедна тајна не останала вечно скриена
Јупитер во Риби
Кога ќе се појавиш љубов моја?
Знаете ли кое е најдоброто патување?
Дај му го на другиот
Соковите на љубовта
|
Објавено во август 2017
|
Доналд Трамп - Хилари Клинтон: Играта на троновите сѐ уште трае
Многу луѓе во САД и ширум светот го обожаваат. Голем дел го мразат. Но, едно е сигурно, Доналд Трамп никого не остава рамнодушен. Роден во знакот Близнаци (14.06.1946), со подзнак на кралскиот степен од Лав и со Месечина во Стрелец, тој е сѐ само не е здодевен. Сонцето во Близнаци го прави забавен, интересен, силен на јазик, со виспрен дух. Додека блискиот контакт меѓу Сонцето и Уран во моментот на неговото раѓање го направил да биде со визионерски дух. Посебно на професионален план. Па, тој може да види профит онаму каде што другите луѓе не го забележуваат. Но, од друга страна, коњукцијата меѓу Сонцето и Уран направила Доналд Трамп да биде своеглав, противречен и упорен. Па, дури и кога греши. Овој аспект, од астролошка смисла, не е поволен кога човек се занимава со бизнис и банкарство, бидејќи тој е коцкар во душата кој ужива во адреналинот што му го предизвикува ризикувањето со парите и инвестициите. Поради тоа постои можност енормно да се збогати за кусо време. Но, исто така, тој, преку ноќ може да загуби сѐ што има. Значи, додека обичните смртници уживаат да се коцкаат во Лас Вегас, Доналд Трамп ужива кога истото го прави на повисоко ниво. Тој ризикува со големи идеи, многу пари и милионски инвестиции. Во политиката, прегратката меѓу неговото Сонце и Уран ќе предизвика тој да ужива кога ги шокира другите, посебно своите опоненти. Но, Сонцето и Уран се одговорни и за храброста на Трамп да зборува гласно за работи кои што другите се плашат да ги споменат и да има визии за својата држава кои ќе бидат пред времето. Па, луѓето не ќе можат да ги сфатат. Но, тој нема да се плаши да ги каже. Кога на сето ова се надоврзе и неговиот Марс во Лав, полека се исцртуваат контурите на профилот на Доналд Трамп како човек кој има силна и центрирана енергија. Но, и како човек кој лесно избувнува и е склон на театрални постапки и бучно однесување. Тој сака сите очи да бидат вперени во него и тоа го прави на незграпен начин. Негови предности би биле упорноста, високиот праг на издржливост на надворешните притисоци, неговата недофатливост поради брзото прилагодување на промените и храброста да се впушти во ризик. Додека негови недостатоци би биле брзоплетоста и неистрајноста во борбата со ривалите, како карактеристика за Близнаците, и хировитоста и непредвидливоста, како влијание на Уран. Фиксната ѕвезда Регулус над неговиот Асцендент во Лав во моментот на неговото раѓање укажувала на тоа дека тој ќе стане богат и моќен човек и дека ќе биде „крунисан наспроти кралот“. Значи, дури и да потекнувал од најсиромашно семејство судбината му наменила на Доналд Трамп да постигне професионален успех и богатство. И како јаготка врз шлагот, да стане претседател на една од најмоќните држави на светот. Важно е да се потенцира дека Соларната Еклипса од 21-ви август 2017 година ќе се случи директно над Асцендентот и над Марс, кој се наоѓа во полето на тајните и на таинствените моќни непријатели, во Наталната Карта на Доналд Трамп. Тоа значи дека Трамп го очекуваат 18 пресудни месеци кога небото му дава шанса да ја докаже својата надмоќ и како Феникс да се издигне над влијанието на своите моќни непријатели. За да ја искористи оваа шанса тој ќе треба мудро да ги влече своите потези во следните 18 месеци. Никакво брзање, непромислени изјави ниту лаги не смеат да му се случат. Бидејќи само така ќе успее да си обезбеди симпатии кај народот. А, поддршката од народот би бил негов адут во борбата со своите противници. Меѓутоа, ако Трамп не одигра филигрански прецизно во случувањата што следуваат во следните 18 месеци, тој ќе ја загуби битката и ќе мора да се повлече. Но, во тој случај, можно е да заврши во некаков вид на изолација (болница, затвор). Мудрите велат: „Чувај ги пријателите блиску до себе, а непријателите уште поблиску.“ Во случајот на Доналд Трамп најмногу проблеми би можеле да му создадат оние кои што ги смета за пријатели, а кои се родени во знакот на Овенот и Шкорпијата. Посебно ако се вработени во шпиунските служби и полицијата. И тука повторно на сцена се појавува Хилари Клинтон. Дали таа ќе биде најголемата закана за задржување на мандатот на Трамп? Хилари Клинтон е родена во знакот на Шкорпијата (26.10.1947), со подзнак во Шкорпија и Месечина во Риби. Моќна комбинација која покажува дека станува збор за личност која е непоколеблива, строга и безмилосна за светот и за соработниците. Но, лесно повредлива, прилагодлива и попустлива кон луѓето со кои е емотивно блиска. Под влијанието на ограничувачките вибрации на Сатурн кој од октомври 2012 година го започнал својот транзит низ нејзиниот знак, Шкорпија, нејзе и требало двојно повеќе сила отколку обично за остварување на било кој план. Сѐ се местело против неа, енергијата и била на долната граница. А, биле можни и проблеми со здравјето. Иако Сатурн од септември 2015 година конечно го напушти знакот на Шкорпијата и премина во Стрелец, тој ќе продолжи да ја саботира Клинтон до ноември 2017. Тогаш Јупитер, планетата на среќата, кој од октомври 2017 ќе влезе во Шкорпија, наталниот знак на Хилари Клинтон, ќе може да настапи со сиот свој сјај. Тоа значи дека ѕвездата на Хилари Клинтон би можела повторно да блесне, на овој или оној начин, во периодот од ноември 2017 до ноември 2019 година. Дали Хилари Клинтон е најголемата закана за Доналд Трамп? Дали е тоа некоја друга личност родена во знакот Шкорпија или можеби во Овен? Кој ќе победи во оваа игра на троновите? Времето ќе покаже. П.С. Оваа анализа е точна доколку се точни податоците (датум, час и место на раѓање) за Доналд Трамп и Хилари Клинтон кои ги најдов на интернет.
Регистрирано во Македонска Авторска Агенција под реден број 970 Скопје Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот. Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
|
Изгледот на страницата одговара за Девиците. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.
Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак. Направете го овој тест.
Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви открие кој е вашиот идеален партнер, како се однесувате во љубовта и сексот, зошто секогаш привлекувате одреден тип на личности и како можете да го подобрите својот љубовен живот.
“ |
Ова се вистинските зборови што ја опишуваат наталната карта што ми ја изработивте: Наталната карта на Астроскопиа е шлаканицата што ви е потребна да го направите квантниот скок во вашата судбина. Големо благодарам што ми помогнавте да живеам со ширум отворени очи! ” Сања С., Скопје |
Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.
Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)
|