Говорот на Судбината

Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате? Кликнете на Книгата... |
Останати теми:
Мое гледање на Астрологијата
Астролошките сајтови
Како научив физика
Зад секоја успешна жена
Корумпираната држава
Луѓе со кои не се дружиме
Глупавите луѓе
Нептун во Овен
Ако имаше Господ...
Никој не избегал
Школо за новата реалност
Среќата го менува знакот
Седум фази
Плутон во Водолија
Господарот во матни води
Одиме на Марс
Кој сее ветер
Да сум јас некој
QUO VADIS MACEDONIA?
Никој не е совршен
Кај се тие времиња?
Сакам да се дружам само со убави луѓе
Лопови, Овци, Научници и Мистици
Црешовиот цвет
Кога ќе се сретнат Среќата и Фантазијата
Тест за пријателство
Сакај ме повеќе од се на светот
Денот на Свети Валентин
Победа на животот над смртта
Зошто славиме на 14-ти јануари
Чудни се патиштата Господови
Вашиот маж е вашето огледало
Зошто нашите желби не се исполнуваат?
Катарза на стравот од смртта
Што не спречува да бидеме среќни?
Зошто жените сакаат да личат на Џокер?
Убиство со збор
Кога бракот не е консумиран
Ретроградниот Меркур наш слуга
Кај што денот ја љуби ноќта
Кога ќе го преспиеш животот
Нејзиното Височество, Госпожа Карма
Те снаоѓа тоа...
Лоши работи, добри луѓе
Другата страна на надежта
Зошто е болно човештвото?
Дали најде радост
Пет чувари на бракот
Љуби, љуби, ама глава не губи
Во музиката е лекот
Ретроградниот Меркур работи за нас
|
Објавено на 18.04.2025 во 18:12
|
Зошто тоа што очајнички го посакуваме, никогаш го немаме?
Познавате ли луѓе кои најмногу од се би сакале да имаат семејство, а останале сами и луѓе кои најмногу од се ја ценат својата слобода, а живеат во големи семејства? Жени што сакаат да се убави, а изгледаат гротескно? Луѓе кои сакаат да се богати, а изгледаат како клошари? Поединци кои сакаат да изгледаат духовно, а всушност изгледаат смешно? Јас познавам и отсекогаш сум се прашувала: „Зошто е тоа така?“ Имам неколку објаснувања. Прво, во народот постои изрека која вели: „Тоа што неќеш, тоа Господ ќе ти даде“ или сликовито објаснето: Она од коешто бегаш, тоа ќе ти се случи. Психолозите пак тврдат дека тоа на што го фокусираме нашето внимание предизвикуваме да „расте“, да се зголемува. Оние пак што проучуваат како нашиот ум ги процесира зборовите, велат дека умот функционира само во сегашно време и не препознава негација, туку изговорените негации ги прифаќа во афирмативна форма. Така, ако често повторуваме дека нешто не сакаме, умот тоа го преведува како да го сакаме и на крајот истото го добиваме во реалноста. Меѓутоа, најточниот одговор на прашањето „Зошто тоа што очајнички го посакуваме, никогаш го немаме?“ го најдов во теоријата на американскиот писател и говорник со британски корени, Алан Вотс (1915-1973). Тој има една теорија која звучи откачено, ама функционира беспрекорно. Теоријата е наречена „Обратен Закон“ (The Backwards Law). Имено, проучувајќи ја и популизирајќи ја будистичката, таоистичката и хиндуистичката филозофија, Алан Вотс го открил парадоксалниот феномен според кој: „Колку повеќе тежнееме кон тоа да се чувствуваме подобро, се помалку сме задоволни, бидејќи стремежот кон нешто само го потенцира фактот дека тоа нешто ни недостасува.“ Ајде да провериме како овој закон делува во пракса. Познавате ли луѓе кои се богати, а се екстремно циции? Ако познавате, а кој не познава, сигурно сте се запрашале што ги тера овие луѓе на вакво однесување? Според Обратниот Закон, овие луѓе толку многу сакаат да бидат богати, што секогаш чувствуваат дека немаат доволно, дека се сиромашни, дека нешто им фали. Колку пари и да имаат мислат дека тоа не е доволно и ги „стискаат“ парите за да не доосиромашат. Па, често изгледаат како да се најсиромашни, во стара, безлична облека и испоснички израз на лицето. Познавате ли жени кои почнале да прават пластични операции, да ставаат ботокси и филери, да се подложуваат на разни диети и липосукции? Според Обратниот Закон, овие жени толку многу сакаат да бидат убави и секси, да ги привлекуваат машките погледи, што секогаш ќе се чувствуваат неубаво, непосакувано, недоволно фит. Затоа, до изнемоштеност ќе се подвргнуваат на разни козметички и хируршки зафати, на диети. Но, на крајот се случува токму спротивното од она што тие го посакувале: Тие никогаш нема да се доживуваат себеси како убави и им стануваат одбивни на мажите. Луѓето што очајнички посакуваат да бидат популарни и омилени во јавноста, секогаш ќе се чувствуваат безвредно без туѓата потврда и на крајот, можеби, ќе направат нешто со што ќе го испровоцираат бесот на јавноста или ќе доживеат јавен срам. Луѓето кои се фокусирани на здравјето, кои секојдневно напорно вежбаат и строго внимаваат што и колку јадат, секогаш ќе чувствуваат дека не прават доволно за своето здравје, дека треба да откријат некоја нова, чудотворна метода, што ќе направи да пукаат од здравје и да бидат во топ форма. Па, често се случува да претераат со грижата за здравјето и да си предизвикаат некаква болест. Мајките кои сите надежи ги полагаат во едното свое дете, најчесто станува збор за синот (ако имаат два сина, тогаш најчесто е тоа повозрасниот од нив), па го третираат како да е принц, обично на крајот се најдлабоко разочарани токму од него. Луѓето кои сакаат да се прикажат како духовно просветлени, најчесто повеќе време посветуваат на својот имиџ, а не на својот духовен развој. Па, стануваат површни и материјално ориентирани... Итн... итн. Точно е, нели? Сега се прашувате: „Што е илјачот?“ Многу едноставно. Решението е во рамнотежата. Бидејќи, колку повеќе работи ставаме на едниот тас на вагата на животот, толку повеќе ќе недостасува на другиот. А, најголемата тајна гласи: „За да го добиеме тоа што го сакаме, треба да престанеме да го сакаме.“ Виолета С. Марсол
 Регистрирано во Македонска Авторска Агенција под реден број 970 Скопје Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот. Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
|
Изгледот на страницата одговара за Девиците. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.
Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак. Направете го овој тест.
Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви открие на кои болести сте склони и зошто. Па, откако ќе ги победите причините, ќе исчезнат и негативните последици по вашето здравје.
“ |
Од секогаш сакав да си одговорам на моите големи, длабоки прашања. После средбата со вас и читањето на мојата натална карта сите одговори си дојдоа на своето место... Наталната карта ме разбуди, упати да тргнам по правата патека од мојот живот. ” Р.Б., Штип |
Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.
Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)
|