Говорот на Судбината

Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате? Кликнете на Книгата... |
Останати теми:
Мое гледање на Астрологијата
Астролошките сајтови
Тоа што очајнички го посакуваме
Зад секоја успешна жена
Корумпираната држава
Луѓе со кои не се дружиме
Глупавите луѓе
Нептун во Овен
Ако имаше Господ...
Никој не избегал
Школо за новата реалност
Среќата го менува знакот
Седум фази
Плутон во Водолија
Господарот во матни води
Одиме на Марс
Кој сее ветер
Да сум јас некој
QUO VADIS MACEDONIA?
Никој не е совршен
Кај се тие времиња?
Сакам да се дружам само со убави луѓе
Лопови, Овци, Научници и Мистици
Црешовиот цвет
Кога ќе се сретнат Среќата и Фантазијата
Тест за пријателство
Сакај ме повеќе од се на светот
Денот на Свети Валентин
Победа на животот над смртта
Зошто славиме на 14-ти јануари
Чудни се патиштата Господови
Вашиот маж е вашето огледало
Зошто нашите желби не се исполнуваат?
Катарза на стравот од смртта
Што не спречува да бидеме среќни?
Зошто жените сакаат да личат на Џокер?
Убиство со збор
Кога бракот не е консумиран
Ретроградниот Меркур наш слуга
Кај што денот ја љуби ноќта
Кога ќе го преспиеш животот
Нејзиното Височество, Госпожа Карма
Те снаоѓа тоа...
Лоши работи, добри луѓе
Другата страна на надежта
Зошто е болно човештвото?
Дали најде радост
Пет чувари на бракот
Љуби, љуби, ама глава не губи
Во музиката е лекот
Ретроградниот Меркур работи за нас
|
Објавено на 18.04.2025 во 15:10
|
Како научив физика
Сите ние, драги мои, од искуство знаеме дека најлесно се учи тогаш кога немаш впечаток дека учиш. Значи, преку игра, пеење, правејќи ги работите што ти носат задоволство, а не те асоцираат на некаква лекција што треба да ја научиш. Еве на пример, јас знам многу деца што научија шпански гледајќи ги шпанските серии со родителите или англиски јазик, гледајќи цртани филмови или играјќи игрици. Меѓутоа, дали некогаш сте размислувале што сте научиле во детството без да сте биле свесни дека учите? Еве, на пример, јас дури пред некое време сфатив дека мајка ми ме научила физика многу рано, без да сум свесна дека ги учам законите на физиката. Ако ме прашувате: „Како?“ Еве како: Кога мајка ми ме опоменувала со зборовите: „Симни се од црешата, ќе паднеш!“ Јас не сум била свесна дека така сум го научила Законот на ГРАВИТАЦИЈАТА. Кога мајка ми ми велела: „Не се смеј додека јадеш, ќе ти залетне храна во душникот!“ Јас не сум била свесна дека тогаш сум го научила Законот на сврзаните садови. Кога мајка ми ме прашувала: „Како? Не ти зборува Маја? Сигурно и ти нешто си направила штом не ти зборува.“ Јас не сум знаела дека така ме учела на Третиот Њутнов Закон за акција и реакција. Кога мајка ми ме советувала: „Облечи џемпер, ќе настинеш.“ Јас сум немала поим дека тогаш сум го научила Законот за пренесување топлина. Кога мајка ми ми сугерирала: „Не ја полни кадата до врв. Кога ќе седнеш во неа водата ќе се подигне и може да го поплавиш купатилото.“ Мене ни на крај памет не ми паѓало дека таа тогаш ме научила на Архимедовиот закон. Кога мајка ми ме прашувала: „Ти падна шнолата зад креветот? Не се пикај под него, земи магнет и таа сама ќе се закачи.“ Јас практично сум видела какво е влијанието на магнетните сили. Кога мајка ми приговараше: „Не читај од многу блиску, ќе си го расипеш видот!“ Јас не сфаќав дека така сака да ме научи на Законот за прекршување на светлината. Кога мајка ми, за некој што се закануваше со сила, ќе речеше: „Ама стапот има два краја!“ Јас не знаев дека тогаш научив за функционирањето на едностраниот лост. Кога мајка ми велеше: „Оди да купиш леб и одма враќај се дома. Дури јас мислам дека си натаму, ти да бидеш овде.“ Јас, без да знам, тогаш научив за брзината на светлината. И тука можам да редам до бескрај, еден куп вакви лекции и од биологијата, географијата, медицината, бон-тонот, завиткани во форма да не личат на лекции. Ако прашувате: „Зошто ги издвоив токму законите од физиката, а не нешто друго?“ Одговорот е: „Затоа што законите на физиката се закони кои управуваат со Универзумот и кој ги знае нив, ја знае суштината на животот.“ Виолета С. Марсол
 Регистрирано во Македонска Авторска Агенција под реден број 970 Скопје Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот. Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
|
Изгледот на страницата одговара за Овните. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.
Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак. Направете го овој тест.
Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви открие кои се вашите скриени таленти, во кои професии би можеле да постигнете најголем успех, каков е вашиот однос со колегите и претпоставените и зошто, какви се вашите потенцијали на финансиски план.
“ |
Имам веќе две натални карти и искрено не очекував Оваа да биде нешто многу поразлична од останатите. Сепак многу се изненадив. Многу сум задоволен од одговорите кои ги добив благодарејќи на Вашата натална карта! Искрено Благодарам! ” Гога Поп-Георгиевски, Скопје |
Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.
Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)
|