Говорот на Судбината

Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате? Кликнете на Книгата... |
Останати теми:
Мое гледање на Астрологијата
Астролошките сајтови
Тоа што очајнички го посакуваме
Како научив физика
Корумпираната држава
Луѓе со кои не се дружиме
Глупавите луѓе
Нептун во Овен
Ако имаше Господ...
Никој не избегал
Школо за новата реалност
Среќата го менува знакот
Седум фази
Плутон во Водолија
Господарот во матни води
Одиме на Марс
Кој сее ветер
Да сум јас некој
QUO VADIS MACEDONIA?
Никој не е совршен
Кај се тие времиња?
Сакам да се дружам само со убави луѓе
Лопови, Овци, Научници и Мистици
Црешовиот цвет
Кога ќе се сретнат Среќата и Фантазијата
Тест за пријателство
Сакај ме повеќе од се на светот
Денот на Свети Валентин
Победа на животот над смртта
Зошто славиме на 14-ти јануари
Чудни се патиштата Господови
Вашиот маж е вашето огледало
Зошто нашите желби не се исполнуваат?
Катарза на стравот од смртта
Што не спречува да бидеме среќни?
Зошто жените сакаат да личат на Џокер?
Убиство со збор
Кога бракот не е консумиран
Ретроградниот Меркур наш слуга
Кај што денот ја љуби ноќта
Кога ќе го преспиеш животот
Нејзиното Височество, Госпожа Карма
Те снаоѓа тоа...
Лоши работи, добри луѓе
Другата страна на надежта
Зошто е болно човештвото?
Дали најде радост
Пет чувари на бракот
Љуби, љуби, ама глава не губи
Во музиката е лекот
Ретроградниот Меркур работи за нас
|
Објавено на 30.03.2023 во 11:10
|
Зад секоја успешна жена... стои таа, самата
Сите ние, драги мои, илјадапати сме ја чуле изреката која вели дека зад секој успешен маж стои една силна жена. Кога велам силна, не значи ниту силна на мускули, ниту силна на вилица, макаршто ни тоа не е исклучено. Силна жена значи жена со цврст карактер, стамена личност која знае што сака, столбот на кој се потпира мажот, вратот кој ја движи главата на семејството и, ако сакате, и нацијата. И навистина, ако се потсетиме на личностите кои ја создавале историјата, ќе го забележиме следното: Зад Александар Македонски стоела неговата мајка Олимпија. Зад Цезар - Калпурниа. Зад Октавијан Август - Ливија. Зад Константин Велики, неговата мајка, Елена. Зад Јустинијан - Теодора. Зад Наполеон - Жозефина. Зад Сулејман Величествениот - Хурем Султан. Зад Исус Христос стоеле дури две жени, мајка му, Марија и преобратената блудница што станала негова ученичка, Марија Магдалена. Во поновата историја, на пример, зад Теодор Рузвелт стоеше Елинор. Зад Кенеди - Жаклина. Зад Реган - Ненси, зад Тито - Јованка. Но, во новиов милениум не пронаоѓам ваков случај. Можеби затоа и немаме голема историја. Дали некој од вас размислувал кој стоел зад жените кои ја создавале историјата? Ако не, еве, јас размислував на таа тема и дојдов до следниот заклучок: Зад Семирамида (811-783 ПНЕ, кралица на Асирија); Нефретете, Хатшепсу и Клеопатра (кралици на Египет); Елизабета Прва и Викторија (кралици на Велика Британија), Амина (1533-1610, кралица воин на Зазау, северозападна Нигерија), Тцу- Хси (попозната како жена Змеј, која владеела со Кина на крајот на династијата Кинг, 1835-1908) и зад уште неброено многу познати и непознати жени низ историјата, кои ги претвориле своите кралства во империи, не стоел никој... освен тие, самите. Сите тие ги направиле своите империи без да имаат крал покрај себе. Во поновата историја, Индира Ганди (Индија) и Сиримаво Бандеранаике (Шри Ланка), се активирале во политиката и ги воздигнале своите држави дури откако станале вдовици. Сопругот на Индира, Ферозе Ганди, починал во 1960 година од срцев удар. А, сопругот на Сиримаво Бандеранаике, Соломон, загинал во атентат во 1959 година. Додека, кралицата Елизабета Втора, целиот свој живот имаше маж покрај себе, Принцот Филип. Но тој, никогаш не доби титула крал, туку вечно остана принц, а живееше речиси 100 години. На крајот, на памет ми паѓаат прашањата: „Дали кога владеат мажите, всушност повторно владеат жените преку нив?“ и „Дали се жените помоќни кога се сами, бидејќи ја фокусираат својата енергија само на една цел?“ Историјата потврдува дека е тоа така. А, јас немам намера да додадам јаготка врз шлагот на феминистичката идеологија. Сакам само да покажам колкава е енергијата што секоја жена свесно ја инвестира во одржувањето на своето семејство, во грижата за домот, во одгледувањето на децата, во грижата за мажот и плус во извршувањето на работните задачи. Затоа, секој маж и секое општество, кои не умеат да го препознаат, почитуваат и наградат инвеститорот, самите се осудуваат на назадување и пропаѓање. Тоа не го велам јас, тоа се Законите на Универзумот. Виолета С. Марсол
 Регистрирано во Македонска Авторска Агенција под реден број 970 Скопје Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот. Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
|
Изгледот на страницата одговара за Овните. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.
Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак. Направете го овој тест.
Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви открие кои се вашите скриени таленти, во кои професии би можеле да постигнете најголем успех, каков е вашиот однос со колегите и претпоставените и зошто, какви се вашите потенцијали на финансиски план.
“ |
Наталната карта која ја направив кај вас е рефлексија на мојата душа, на суштината на она што сум јас или на она што се нарекува битие!!! Благодарам што ми ја покажавте вратата кон другите скриени димензии на креацијата наречена живот! ” Димитар Луневски-Чипо, Скопје |
Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.
Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)
|