In English

En français

Говорот
на Судбината

Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате?
 
Кликнете на Книгата...

Останати теми:

Мое гледање на Астрологијата

Астролошките сајтови


Тоа што очајнички го посакуваме

Како научив физика

Зад секоја успешна жена

Луѓе со кои не се дружиме

Глупавите луѓе

Нептун во Овен

Ако имаше Господ...

Никој не избегал

Школо за новата реалност

Среќата го менува знакот

Седум фази

Плутон во Водолија

Господарот во матни води

Одиме на Марс

Кој сее ветер

Да сум јас некој

QUO VADIS MACEDONIA?

Никој не е совршен

Кај се тие времиња?

Сакам да се дружам само со убави луѓе

Лопови, Овци, Научници и Мистици

Црешовиот цвет

Кога ќе се сретнат Среќата и Фантазијата

Тест за пријателство

Сакај ме повеќе од се на светот

Денот на Свети Валентин

Победа на животот над смртта

Зошто славиме на 14-ти јануари

Чудни се патиштата Господови

Вашиот маж е вашето огледало

Зошто нашите желби не се исполнуваат?

Катарза на стравот од смртта

Што не спречува да бидеме среќни?

Зошто жените сакаат да личат на Џокер?

Убиство со збор

Кога бракот не е консумиран

Ретроградниот Меркур наш слуга

Кај што денот ја љуби ноќта

Кога ќе го преспиеш животот

Нејзиното Височество, Госпожа Карма

Те снаоѓа тоа...

Лоши работи, добри луѓе

Другата страна на надежта

Зошто е болно човештвото?

Дали најде радост

Пет чувари на бракот

Љуби, љуби, ама глава не губи

Во музиката е лекот

Ретроградниот Меркур работи за нас

Корумпираната држава

Објавено на 19.03.2025 во 08:30

Корумпираната држава ги јаде сопствените деца
 

Обично се вели дека револуциите ги јадат сопствените деца. Но, тоа го прават и родителите со застарени сфаќања, ова посебно е изразено меѓу татковци и синови. А богами и корумпираните држави можат да се најдат во таа улога и ние, за жал, со години сме сведоци на оваа појава. Во текстот што следува подолу ќе ви објаснам „Зошто?“

Кога сакам да ја спознаам генезата на некоја работа, секогаш одговорот го барам во митологијата, таа примордијална психологија што сите ја носиме во нашето несвесно. Е па, приказните во митологијата откриваат дека Уран, богот на небото, бил кастриран со срп од огнен камен и свргнат од престолот од својот син Сатурн (Хронос), богот на времето. Потоа Сатурн, за да не му се случи истата судбина, ги јадел сопствените деца. Меѓутоа, мудриот Јупитер (Зевс), богот на редот, поредокот и законот, успеал да му дојде до глава, да ги ослободи своите браќа и сестри проголтани од Сатурн, да го преземе неговиот престол и да создаде нова хиерархија на богови кои се повинувале на нови, посправедливи закони.

Оваа приказна, драги мои, во оваа или онаа форма, се повторува со векови, од генерација на генерација.

Ако ја преведеме на наш јазик, Сатурн е синоним за суров владетел кој толку се сродил со својата функција што станал деспот. Сатурн е симбол на закоравени сфаќања и навики кои не се прилагодуваат на новото време, симбол на смртта која е скриена во отпорот кон промените, симбол на корумпираниот систем што ги „јаде сопствените деца“. Сатурн сака да го замрзне времето и ситуацијата што му одговара, да ги обликува законите во своја корист, да ги потчини другите на својата волја. Сатурн е симбол за старите луѓе кои живеат во „свој филм“, за луѓе што ги прегазило времето и не можат, или не сакаат, да се менуваат. Сатурн сме сите ние кога ќе станеме старци, ако го ставиме својот комодитет пред доброто на другите и ако инсистираме другите да живеат според наши правила.

Како да се справиме со Сатурн?

Онака како што направил Јупитер во приказната, брзо и ефикасно. Јупитер е симбол за владеењето на духот, РЕД кој се наметнува со ЗАКОН, ако не сме способни самите да се доведеме во ред. Јупитер е синоним за физичките, моралните и духовните закони. Јупитер е симбол за широка наобразба и духовен раст. Јупитер е оној што верува дека во здраво тело се наоѓа здрав дух. Негови атрибути се молњата и громот, всушност лутината како начин да се сменат работите што не чинат и да се доведат во ред.

Зошто ова го пишувам?

Затоа што во Н.К. на Македонија Сатурн има највисока позиција, се наоѓа во близина на Зенитот. Јупитер е во иста линија со Меркур, кој е синоним за младите, и се наоѓа во полето на местата за забава (петто). Уран (шок, екстреми, пресврт) од април 2021 транзитира низ полето на народот (прво) и таму ќе остане до мај 2028. Додека Плутон, планетата што ги урива застарените работи и поттикнува нивна трансформација, од 14 февруари до 22 декември 2024 се движеше напред-назад над точката (0°45’ Водолија) каде се наоѓаше Сатурн во моментот кога е прогласена независноста на Македонија. Но, и во моментов е оддалечен само 2°7’ (коњукција) и ќе го манифестира своето влијание до 2028 години.

Што значи тоа?

Тоа значи дека ѕвони ѕвончето за узбуна. Зрели сме за тотален ресет. Тоа значи дека обрасците на размислување и однесување со кои, како општество, се служевме во изминативе 30 и кусур години повеќе не можат да одговорат на новото време и сменетите околности и мора да се трансформираме и тоа длабоко, за да не „умреме“ како општество. Кои се тие обрасци: мрзливост, желба се да се добие без труд набрзина без знаење, залуденост со површни материјални работи и поклонување на „златното теле“, фаќање врски, барање и давање мито, користење на секоја прилика за ПР на партиите наместо на прво место да е интересот на државата во која сите живееме, правила и закон кои важат само за оние што немаат пари и политичка моќ, водење нездрав живот на нацијата, негрижа за младите поколенија, инвестирање во лажни дипломи наместо во знаење, неказнивост... нефункционирање на институциите и системот во целина.

Кое е чарето?

Ако се навратиме на симболиката поврзана со Сатурн и Јупитер од почетокот на текстот, ќе треба стариот начин на размислување и однесување (систем на вредности) да се пресече со еден замав, како гордиевиот јазол, и да се замени со нов. Новиот систем треба да се гради врз основа на цврсти правни, морални и духовни закони (Јупитер). Законот ќе мора да важи подеднакво за сите. Ако не сме способни самите да се доведеме во ред, тоа треба да го направи стриктното спроведување на законот, „ни по баби ни по стичевима, веќ по Бога истинога“ (Јупитер). Доброто образование (Јупитер) треба да има највисоко место во нашиот систем на вредности, што значи дека државата ќе треба сериозно да се зафати со „чистење“ на лажните дипломи. Амбицијата на младите треба да се насочи кон духовниот раст и спортот наместо кон пороците и трката по материјалното...

Уф, процесот ќе биде тежок и болен. Ама помалку е болно да направиме „операција“ и да ја отстраниме рак-раната, отколку да имаме летален исход.

Виолета С. Марсол

 

 
 
Регистрирано во Македонска Авторска Агенција
под реден број 970 Скопје
 
Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот.
Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
 

Изгледот на страницата одговара за Девиците. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.


Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак.
Направете го овој тест.


Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне

радикално да го подобрите вашиот животВашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви открие кој е вашиот идеален партнер, како се однесувате во љубовта и сексот, зошто секогаш привлекувате одреден тип на личности и како можете да го подобрите својот љубовен живот.


Околу една и пол година пред да дојдам кај Вас ми се случи нешто страшно. Настанот го пребродив, но постојано ме вознемируваа прашањата “Господе што сум ти згрешила за да поминам низ такво нешто? Со што го заслужив ова, кога отсекогаш имав посебен однос спрема религијата?” Откако дојдов кај Вас добив вистинскиот одговор на сите овие прашања. Иако јас воопшто не Ви спомнав за овој настан, бев фрапирана кога меѓу првите работи од нашиот разговор ми го спомнавте. Преку наталната карта, а особено преку книгите кои ми ги посочивте да ги прочитам, успеав да добијам одговор на сите прашања. Повторно почнав да си го сакам животот, заедно со сите добри и лоши случувања во него, кои оставам да ме водат по патот на духовниот развој. Ви благодарам. 

С. М., Скопје


Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.


Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)


© 2005-2025
Виолета Марсол
Сите права се задржани

Насловна страна | Знаците и... | АстроПортети | Натална Карта | Детски Хороскоп | Љубовен Хороскоп | Бизнис Хороскоп | АстроСовети

Насловна страна Знаците и... АстроПортети Натална Карта Детски Хороскоп Љубовен Хороскоп Бизнис Хороскоп АстроСовети Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица (тековен стил) Вага Шкорпија Стрелец Јарец Водолија Риби