In English

En français

Говорот
на Судбината

Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате?
 
Кликнете на Книгата...

Останати теми:

Мое гледање на Астрологијата

Астролошките сајтови


Глупавите луѓе

Нептун во Овен

Ако имаше Господ...

Никој не избегал

Школо за новата реалност

Среќата го менува знакот

Седум фази

Плутон во Водолија

Господарот во матни води

Одиме на Марс

Кој сее ветер

Да сум јас некој

QUO VADIS MACEDONIA?

Никој не е совршен

Кај се тие времиња?

Сакам да се дружам само со убави луѓе

Лопови, Овци, Научници и Мистици

Црешовиот цвет

Кога ќе се сретнат Среќата и Фантазијата

Тест за пријателство

Сакај ме повеќе од се на светот

Денот на Свети Валентин

Победа на животот над смртта

Зошто славиме на 14-ти јануари

Чудни се патиштата Господови

Вашиот маж е вашето огледало

Зошто нашите желби не се исполнуваат?

Катарза на стравот од смртта

Што не спречува да бидеме среќни?

Зошто жените сакаат да личат на Џокер?

Убиство со збор

Кога бракот не е консумиран

Ретроградниот Меркур наш слуга

Кај што денот ја љуби ноќта

Кога ќе го преспиеш животот

Нејзиното Височество, Госпожа Карма

Те снаоѓа тоа...

Лоши работи, добри луѓе

Другата страна на надежта

Зошто е болно човештвото?

Дали најде радост

Пет чувари на бракот

Љуби, љуби, ама глава не губи

Во музиката е лекот

Ретроградниот Меркур работи за нас

Супер Цветна Крвава Месечина

Очи во очи со Кармата

Ниедна тајна не останала вечно скриена

Јупитер во Риби

Луѓе со кои не се дружиме

Објавено на 11.04.2025 во 12:22

Луѓе со кои не треба да се дружиме
 

Се сеќавате ли на Бриџит Џоунс и на новогодишните одлуки со коишто таа го започна својот Дневник?

Ако сте заборавиле, ќе ве потсетам дека таа си вети себеси дека нема да започнува врска со ниту еден од набројаниве: алкохоличари, воркохоличари, луѓе кои имаат фобија да се посветат на една личност, воајери, мегаломанијаци, емоционално зафркнати, перверзни.

И ова е одличен список на 7-те типа луѓе што треба да ги избегнуваме кога почнуваме љубовна врска.

Меѓутоа, кога станува збор за пријателствата, јас го видоизменив овој список и тврдам дека не треба да се дружиме со вакви луѓе: Волци во јагнешка кожа, Вејки на Ветерот, Драма Квин, Радознало Маче, Зомби, Сите четири во вис, На Господ Бељата. Одиме по ред:

  1. Волци во јагнешка кожа
    „Чувајте се од оние што сакаат да ви наметнат вина, бидејќи сакаат да имаат власт над вас“ - Конфучие
    Овие луѓе се како паразити кои напаѓаат тело на кое му е намален имунитетот (системот за одбрана). Тие во вас гледаат тоа што вие имате, тие го немаат, а би сакале да го имаат. Како на пример: изглед, статус, пари, знаење, социјални контакти. Па, со цел да ви се приближат, на почеток ве „бомбардираат“ со комплименти, ви прават ситни услуги што можеби не сте ги ни барале, ви се јавуваат секој ден божем се интересираат како сте, ве канат на кафиња и ручеци што после ќе ви излезат на нос. Полека ќе гледаат да „пуштат пипци“ меѓу вашите пријатели, да станат дел од вашето секојдневие.
    Ако сте доволно наивни или порано сте немале контакт со такви луѓе, додека го запоседнуваат вашиот „систем“, ќе ви „пуштаат водичка“, со цел да ве анестезираат и да не преземете ништо да им се оттргнете од канџите. Нивната крајна цел е да се дограбаат до она што е ваше (име, моќ, позиција, знаење, маж, жена, социјални контакти), а ним им треба и да ве истиснат од вашиот живот заземајќи го вашето место.
     
  2. Вејки на Ветерот
    „Ако ме излажеш еднаш, срам да ти е. Ако ме излажеш втор пат, срам да ми е. Ако ме излажеш трет пат, да се засрамиме и двајцата“ - Стивен Кинг, „Сеќавање на занаетот“
    Темелот врз кој се гради секоја подлабока релација меѓу луѓето, пријателска или емотивна, е довербата. А, овие луѓе се како вејки на ветрот, денес се со вас, утре се со некој друг. Сега ги интересира една работа, утре веќе се загреани за нешто друго. Забавни се, познаваат многу луѓе, имаат многу „пријатели“. Но, сето тоа е површно, бидејќи немаат време да ги продлабочат односите. Ветуваат работи што не можат или не сакаат да ги исполнат, за да си дадат на значење, а потоа не се сеќаваат на ветеното.
    Всушност тие, поради забава или за да се претстават дека се „некој и нешто“, си играат со вашите надежи и така покажуваат бесчувствителност, а тоа е лоша основа за дружење. Бидејќи, оној кој не води грижа за нашите чувства не може да биде наш пријател. А, според една Вавилонска поговорка, најголема казна за лажговците е тоа што не си веруваат ниту себеси дури и тогаш кога ја кажуваат вистината.
     
  3. Драма Квин
    „Малото поточе скока и жубори, додека големата река замислено молчи“ - Михаил Шолохов
    Овие луѓе од мува прават слон, во јајце наоѓаат влакно, гласни се и нападни, на негативен начин го привлекуваат туѓото внимание, познати се како скандал мајстори.
    Со нив никогаш ќе немате мир. Вашите потреби ќе бидат ставени на последно место. Ќе трошите енергија на тривијални работи. Ќе се срамите во разни пригоди, пред разни луѓе, поради нивна вина. Тие ќе ви го „крадат шоуто“, со разни драми и хистеризирања, тогаш кога вие треба да бидете во фокусот на туѓото внимание. А некаде, богами, би можеле да „попиете“ и некој бокс поради нив.
     
  4. Радознало Маче
    „Чувајте се од оние што ви доверуваат ситни тајни. Тоа го прават за да ги измамат од вас големите“ - анонимен автор
    Тие се луѓе кои се длабоко несреќни или незадоволни од својот живот. Но, немаат храброст, знаење или желба да поработат на себеси и да ја сменат ситуацијата, туку компензација бараат во несреќата на другите. Зошто? Бидејќи така се залажуваат дека не се тие неспособни да си го средат животот, кога, ене, има и полоши од нив.
    Како функционираат? Овие луѓе ќе ве испрашуваат за вашиот живот до „најситни црвца“ толку професионално, што и ЦИА би им позавидела. Тајно ќе ве следат на социјалните мрежи и ќе ја „мерат“ секоја ваша поза и насмевка. Ќе роварат и меѓу вашите пријатели за да оценат кои се тие и какви се вашите односи со нив. Ќе се распрашуваат за вашето семејство до 7-мо колено наназад за да откријат некој сочен детаљ.
    Ама за себе не кажуваат речиси ништо, само неколку безболни информации, колку да ја стекнат вашата доверба и да добијат легитимитет за своето љубопитство. Ваквите луѓе не се искрени, секогаш кријат некој „Џокер во ракав“. А, информациите до кои ќе дојдат потоа со апетит ќе ги раскажуваат и на другите. Колку сте вие попозната и поетаблирана личност во општеството, толку нивните рекла-казала добиваат на вредност и нивната фрустрација со сопствениот живот се амортизира.
     
  5. Зомби
    „Рамнодушноста е парализа на душата, предвремена смрт“ – Чехов
    Секоја здрава релација меѓу луѓето, без разлика дали е пријателска или љубовна, подразбира подеднакво давање и земање (љубов, време, поддршка, помош, разбирање). Но, ако другата страна секогаш е нерасположена, ако секогаш е во емотивна криза и ѝ треба вашето рамо за плачење, таа зема од вас време, емоции, поддршка, разбирање. Но, кога вие се наоѓате во криза, таа не реагира на истиот начин. Нема време за вашите жалопојки, не сочувствува со вас, ве „гледа бледо“ и рамнодушно. Значи, не сака емоционално да се поврзе со вас. Тогаш немате пријателска врска, драги мои, туку имате енергетски „вампир“ кој ви ја цица енергијата и прави да се чувствувате празно и фрустрирано.
    Никогаш не заборавајте ја Кинеската мудрост која вели дека меѓу тебе и другата личност има точно 10 чекори. Ако ти си ги изодел своите 5 и никого не си сретнал по патот, време е да се свртиш и да си заминеш.
     
  6. Сите четири во вис
    „Во куќата на мрзливоста се множат само сонови“ - Корејска поговорка
    Да, мрзливите луѓе имаат најмногу сонови, бидејќи животот го поминуваат во спиење. А, ако се прашувате: „Како таквите пријатели би можеле да ви наштетат?“, одговорот е: Со тоа што ќе ви го трошат времето, ќе ви ги префрлаат нивните обврски вам, ќе ви ја префрлаат и одговорноста за многу работи, негативно ќе влијаат на вашата мотивираност за акција. Всушност, добро забележал Хан Ксиангзи дека со помагање на мрзливите луѓе им помагате да ви седат на врат.
     
  7. На Господ Бељата
    „Никој не се осмелува да се раздели од својата навика. Многу самоубијци на прагот на смртта ги спречило сеќавањето на кафеаната во која доаѓале секој вечер да одиграат партија домино“ - Балзак
    Кога доминото создава ваква зависност, драги мои, тогаш што да кажеме за алкохолот, дрогата, сексот? А, знаеме дека лошото друштво ги расипува добрите навики како што една скапана јабука ја расипува целата кошница здрави плодови. Затоа, подалеку од овие луѓе, бидејќи, во најмала рака, несакајќи, ќе ви украдат енергија, ќе ви ја спуштат вибрацијата, ќе ве направат депресивни. А, скраја да е, во ситуации кога се во апстиненцијална криза и им фалат пари, би можеле и со глава да платите.

Текстов ќе го завршам со едно многу луцидно согледување на Божидар Кнежевиќ кој вели дека луѓето се како пари. Најголемиот дел се само ситни пари кои најмногу се трошат, најмногу требаат и ги има најмногу. Додека големите вредности се повлекуваат од животот и од оптекот.

Виолета С. Марсол

 

 
 
Регистрирано во Македонска Авторска Агенција
под реден број 970 Скопје
 
Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот.
Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
 

Изгледот на страницата одговара за Шкорпиите. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.


Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак.
Направете го овој тест.


Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне

радикално да го подобрите вашиот животВашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви открие кој е вашиот идеален партнер, како се однесувате во љубовта и сексот, зошто секогаш привлекувате одреден тип на личности и како можете да го подобрите својот љубовен живот.


Наталната карта ми помогна да си одговорам на некои дилеми и ми даде смерница за понатаму. 

Данче К., Скопје


Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.


Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)


© 2005-2025
Виолета Марсол
Сите права се задржани

Насловна страна | Знаците и... | АстроПортети | Натална Карта | Детски Хороскоп | Љубовен Хороскоп | Бизнис Хороскоп | АстроСовети

Насловна страна Знаците и... АстроПортети Натална Карта Детски Хороскоп Љубовен Хороскоп Бизнис Хороскоп АстроСовети Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Шкорпија (тековен стил) Стрелец Јарец Водолија Риби