Говорот на Судбината

Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате? Кликнете на Книгата... |
Останати теми:
Мое гледање на Астрологијата
Астролошките сајтови
Луѓе со кои не се дружиме
Нептун во Овен
Ако имаше Господ...
Никој не избегал
Школо за новата реалност
Среќата го менува знакот
Седум фази
Плутон во Водолија
Господарот во матни води
Одиме на Марс
Кој сее ветер
Да сум јас некој
QUO VADIS MACEDONIA?
Никој не е совршен
Кај се тие времиња?
Сакам да се дружам само со убави луѓе
Лопови, Овци, Научници и Мистици
Црешовиот цвет
Кога ќе се сретнат Среќата и Фантазијата
Тест за пријателство
Сакај ме повеќе од се на светот
Денот на Свети Валентин
Победа на животот над смртта
Зошто славиме на 14-ти јануари
Чудни се патиштата Господови
Вашиот маж е вашето огледало
Зошто нашите желби не се исполнуваат?
Катарза на стравот од смртта
Што не спречува да бидеме среќни?
Зошто жените сакаат да личат на Џокер?
Убиство со збор
Кога бракот не е консумиран
Ретроградниот Меркур наш слуга
Кај што денот ја љуби ноќта
Кога ќе го преспиеш животот
Нејзиното Височество, Госпожа Карма
Те снаоѓа тоа...
Лоши работи, добри луѓе
Другата страна на надежта
Зошто е болно човештвото?
Дали најде радост
Пет чувари на бракот
Љуби, љуби, ама глава не губи
Во музиката е лекот
Ретроградниот Меркур работи за нас
Супер Цветна Крвава Месечина
Очи во очи со Кармата
Ниедна тајна не останала вечно скриена
Јупитер во Риби
|
Објавено на 03.04.2025 во 08:46
|
Зошто глупавите луѓе мислат дека се паметни?
Кога ќе го слушне зборот „експерт“, еден мој пријател добива инстант алергија и, со иронија во гласот, секогаш гласно коментира: „Експерт за ова, експерт за она. Од каде толку експерти се изродија? Ќе ми каже ли некој каде се добива диплома за експерт? Кој ја дава таа диплома, па и ние таму да одиме да си земеме?“ Му го разбирам гневот на пријателот, бидејќи едно чудо „експерти“ за се и сешто се појавија кај нас и во светот, а работата е се покилава. Плус тоа, барем мене не ми е познато дека постои диплома за експерти. Оваа титула си ја даваат самите на себе оние кои скромноста ја сметаат за слабост. А, самодовербата, вистинска или изглумена, со која настапуваат во јавноста прави многумина да „паднат“ на нивните теории и тогаш кога „тресат зелени на кило“. Вакви експерти има во секоја област, драги мои, и сите тие имаат заеднички НЗС: колку човекот е потенок во знаењето, толку повеќе е гласен и убеден дека е сезнајко. Ако прашувате: „Зошто е тоа така?“ Оваа појава може да се објасни со Данинг-Кругеровиот ефект. Имено, во 1999 година, вниманието на Дејвид Данинг и Џастин Кругер било привлечено од грабежот на 2 банки што го направил Мекартур Вилер. Тој некаде прочитал дека лимоновиот сок се користи како невидливо мастило, па бил во заблуда дека безбедносните камери на банките нема да го снимат неговото лице ако го намачка со сок од лимон. Значи, инспирирани од овој лик, Дејвид Данинг и Џастин Кругер извеле низа експерименти на одделот за психологија на Универзитетот Корнел и дошле до следниот заклучок: „Луѓето со скромно знаење или вештина во некоја област честопати повеќекратно ги преценуваат своите способности. Додека вистинските стручњаци многу често го потценуваат своето знаење“. Зошто? Затоа што оние што само загребале по површината на некое знаење стекнуваат информации кои прават да се чувствуваат супериорно, бидејќи имаат ПРИВИД дека другите луѓе не го знаат истото. Тука престануваат да ја истражуваат темата убедени дека се експерти. Оние пак кои ќе продолжат со истражувањето и учењето доаѓаат до момент кога ја сфаќаат длабочината и широчината на темата, добиваат впечаток дека ништо не знаат и нивната самодоверба опаѓа (долина на тагата). Со тек на времето успеваат да ја согледаат пошироката слика и нивната самодоверба се враќа. Ете, во таа „грмушка се крие зајакот“ поради кој глупавите луѓе мислат дека се паметни. Меѓутоа, додека да дојде тој миг на враќање на самодовербата кај вистинските стручњаци, луѓето со скромни знаења кои мислат дека знаат се, таканаречените „експерти“, веќе ги прошириле дезинформациите или ги направиле погрешните потези и бељите во политиката, бизнисот, науката, медицината, астрологијата. И после ниту 100 паметни не ќе можат да ги исправат грешките што ги направила една будала. Виолета С. Марсол
 Регистрирано во Македонска Авторска Агенција под реден број 970 Скопје Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот. Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
|
Изгледот на страницата одговара за Шкорпиите. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.
Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак. Направете го овој тест.
Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне да ги откриете причинско-последичните врски меѓу вашиот минат и сегашен живот, ќе ви открие што се случувало во вашиот минат живот, како тоа се рефлектира на вашето однесување и на случувањата во сегашниот и која е целта на вашето раѓање.
“ |
Многу сум задоволна. Пред да го добијам хороскопот и да се сретнам со тебе, не знаев што да очекувам и морам да признам дека податоците и објаснувањата беа шокантно вистинити. Ми понуди многу објективна слика на мојата личност и случувањата во мојот живот. Хороскопот ми е како една од оние “self-help” книги, но скроена само за мене.
” Ана, Скопје |
Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.
Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)
|