Говорот на Судбината

Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате? Кликнете на Книгата... |
Останати теми:
Мое гледање на Астрологијата
Астролошките сајтови
Луѓе со кои не се дружиме
Глупавите луѓе
Нептун во Овен
Никој не избегал
Школо за новата реалност
Среќата го менува знакот
Седум фази
Плутон во Водолија
Господарот во матни води
Одиме на Марс
Кој сее ветер
Да сум јас некој
QUO VADIS MACEDONIA?
Никој не е совршен
Кај се тие времиња?
Сакам да се дружам само со убави луѓе
Лопови, Овци, Научници и Мистици
Црешовиот цвет
Кога ќе се сретнат Среќата и Фантазијата
Тест за пријателство
Сакај ме повеќе од се на светот
Денот на Свети Валентин
Победа на животот над смртта
Зошто славиме на 14-ти јануари
Чудни се патиштата Господови
Вашиот маж е вашето огледало
Зошто нашите желби не се исполнуваат?
Катарза на стравот од смртта
Што не спречува да бидеме среќни?
Зошто жените сакаат да личат на Џокер?
Убиство со збор
Кога бракот не е консумиран
Ретроградниот Меркур наш слуга
Кај што денот ја љуби ноќта
Кога ќе го преспиеш животот
Нејзиното Височество, Госпожа Карма
Те снаоѓа тоа...
Лоши работи, добри луѓе
Другата страна на надежта
Зошто е болно човештвото?
Дали најде радост
Пет чувари на бракот
Љуби, љуби, ама глава не губи
Во музиката е лекот
Ретроградниот Меркур работи за нас
Супер Цветна Крвава Месечина
Очи во очи со Кармата
Ниедна тајна не останала вечно скриена
Јупитер во Риби
|
Објавено на 21.03.2025 во 08:53
|
Ако имаше Господ...
Пред некој ден, случајно, слушнав еден разговор од возрасен човек кој тврдеше дека ако имало Господ тој нема да ја дозволел оваа несреќа што ја зацрни Македонија. Да, несреќата е немерлива, признавам. Да, сите ние сме длабоко потресени и се наоѓаме во втората фаза од процесот на справување со тагата. А, втората фаза е бес, кој е покритие за нашата немоќ. Бидејќи нашиот ум полесно прифаќа да сме бесни отколку да сме немоќни. Но, во моменти на тага, кога не размислуваме рационално, најлесно е да го насочиме бесот во погрешен правец. Во овој случај, човекот го насочи својот бес кон Бога. За него и за сите како него ќе го кажам следното: Бог, како секој добар родител, не создал „според ликот свој“ и ни дал разум. За полесно да се движиме во светот ни тутнал в рака 10 Заповеди, како што мајка тутка в рака со мака одвоени пари од уста кога детето заминува во туѓина. Но, ни оставил слободна волја, бидејќи секој добар родител го прави тоа кога сака неговите деца да учат од сопствено искуство, да станат зрели личности кои сами ќе се пробиваат низ животот, а не без’рбетници. Е сега, ако децата не ги читаат 10-те Заповеди, а уште помалку ги почитуваат, примамени од лажливите светла на градот, ако прават работи кои се противат на Законите за здрав живот, ако се бунтуваат и му се потсмеваат на „родителот“ и на неговиот светоназор, тој ќе им прости сто и еден пат. Но, не ќе може да ги спаси од нив самите и од нивниот неправилен систем на вредности. Бидејќи не сакам да додавам сол на нашата колективна рана во денови на болка, ќе кажам само дека Бог сигурно не му ставил во глава идеја на сопственикот на диското од штала да прави диско, да не го почитува законот за таков вид објекти, да дава мито за лиценца итн. Не, тоа го направила неговата алчност (една од седумте смртни гревови). Исто така, Бог не им ги затворил очите на луѓето кои 12 години му прогледувале низ прсти. Не, тоа исто така го направила нивната алчност, кај оние кои земале мито или нивната немоќ, кај оние кои гледале од страна, итн. Затоа, пред да обвинувате некого, пред да хулите на Бога, застанете пред огледало. Па, ако утврдите дека наликувате на него, а Тој е несправедлив кон вас, тогаш зборувајте гласно и Тој да ве чуе. Во спротивно, Библијата в раце и учете кои се моралните начела што треба да ги почитувате за да имате хармоничен живот. Виолета С. Марсол
 Регистрирано во Македонска Авторска Агенција под реден број 970 Скопје Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот. Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
|
Изгледот на страницата одговара за Шкорпиите. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.
Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак. Направете го овој тест.
Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви открие на кои болести сте склони и зошто. Па, откако ќе ги победите причините, ќе исчезнат и негативните последици по вашето здравје.
“ |
Околу една и пол година пред да дојдам кај Вас ми се случи нешто страшно. Настанот го пребродив, но постојано ме вознемируваа прашањата “Господе што сум ти згрешила за да поминам низ такво нешто? Со што го заслужив ова, кога отсекогаш имав посебен однос спрема религијата?” Откако дојдов кај Вас добив вистинскиот одговор на сите овие прашања. Иако јас воопшто не Ви спомнав за овој настан, бев фрапирана кога меѓу првите работи од нашиот разговор ми го спомнавте. Преку наталната карта, а особено преку книгите кои ми ги посочивте да ги прочитам, успеав да добијам одговор на сите прашања. Повторно почнав да си го сакам животот, заедно со сите добри и лоши случувања во него, кои оставам да ме водат по патот на духовниот развој. Ви благодарам. ” С. М., Скопје |
Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.
Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)
|