In English

En français

Говорот
на Судбината

Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате?
 
Кликнете на Книгата...

Останати теми:

Мое гледање на Астрологијата

Астролошките сајтови


Тоа што очајнички го посакуваме

Како научив физика

Зад секоја успешна жена

Корумпираната држава

Луѓе со кои не се дружиме

Глупавите луѓе

Нептун во Овен

Никој не избегал

Школо за новата реалност

Среќата го менува знакот

Седум фази

Плутон во Водолија

Господарот во матни води

Одиме на Марс

Кој сее ветер

Да сум јас некој

QUO VADIS MACEDONIA?

Никој не е совршен

Кај се тие времиња?

Сакам да се дружам само со убави луѓе

Лопови, Овци, Научници и Мистици

Црешовиот цвет

Кога ќе се сретнат Среќата и Фантазијата

Тест за пријателство

Сакај ме повеќе од се на светот

Денот на Свети Валентин

Победа на животот над смртта

Зошто славиме на 14-ти јануари

Чудни се патиштата Господови

Вашиот маж е вашето огледало

Зошто нашите желби не се исполнуваат?

Катарза на стравот од смртта

Што не спречува да бидеме среќни?

Зошто жените сакаат да личат на Џокер?

Убиство со збор

Кога бракот не е консумиран

Ретроградниот Меркур наш слуга

Кај што денот ја љуби ноќта

Кога ќе го преспиеш животот

Нејзиното Височество, Госпожа Карма

Те снаоѓа тоа...

Лоши работи, добри луѓе

Другата страна на надежта

Зошто е болно човештвото?

Дали најде радост

Пет чувари на бракот

Љуби, љуби, ама глава не губи

Во музиката е лекот

Ретроградниот Меркур работи за нас

Ако имаше Господ...

Објавено на 21.03.2025 во 08:53

Ако имаше Господ...
 

Пред некој ден, случајно, слушнав еден разговор од возрасен човек кој тврдеше дека ако имало Господ тој нема да ја дозволел оваа несреќа што ја зацрни Македонија.

Да, несреќата е немерлива, признавам. Да, сите ние сме длабоко потресени и се наоѓаме во втората фаза од процесот на справување со тагата. А, втората фаза е бес, кој е покритие за нашата немоќ. Бидејќи нашиот ум полесно прифаќа да сме бесни отколку да сме немоќни. Но, во моменти на тага, кога не размислуваме рационално, најлесно е да го насочиме бесот во погрешен правец. Во овој случај, човекот го насочи својот бес кон Бога. За него и за сите како него ќе го кажам следното:

Бог, како секој добар родител, не создал „според ликот свој“ и ни дал разум. За полесно да се движиме во светот ни тутнал в рака 10 Заповеди, како што мајка тутка в рака со мака одвоени пари од уста кога детето заминува во туѓина. Но, ни оставил слободна волја, бидејќи секој добар родител го прави тоа кога сака неговите деца да учат од сопствено искуство, да станат зрели личности кои сами ќе се пробиваат низ животот, а не без’рбетници.

Е сега, ако децата не ги читаат 10-те Заповеди, а уште помалку ги почитуваат, примамени од лажливите светла на градот, ако прават работи кои се противат на Законите за здрав живот, ако се бунтуваат и му се потсмеваат на „родителот“ и на неговиот светоназор, тој ќе им прости сто и еден пат. Но, не ќе може да ги спаси од нив самите и од нивниот неправилен систем на вредности.

Бидејќи не сакам да додавам сол на нашата колективна рана во денови на болка, ќе кажам само дека Бог сигурно не му ставил во глава идеја на сопственикот на диското од штала да прави диско, да не го почитува законот за таков вид објекти, да дава мито за лиценца итн. Не, тоа го направила неговата алчност (една од седумте смртни гревови). Исто така, Бог не им ги затворил очите на луѓето кои 12 години му прогледувале низ прсти. Не, тоа исто така го направила нивната алчност, кај оние кои земале мито или нивната немоќ, кај оние кои гледале од страна, итн.

Затоа, пред да обвинувате некого, пред да хулите на Бога, застанете пред огледало. Па, ако утврдите дека наликувате на него, а Тој е несправедлив кон вас, тогаш зборувајте гласно и Тој да ве чуе. Во спротивно, Библијата в раце и учете кои се моралните начела што треба да ги почитувате за да имате хармоничен живот.

Виолета С. Марсол

 

 
 
Регистрирано во Македонска Авторска Агенција
под реден број 970 Скопје
 
Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот.
Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
 

Изгледот на страницата одговара за Девиците. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.


Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак.
Направете го овој тест.


Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне

радикално да го подобрите вашиот животВашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви открие каков е вашиот однос со родителите и зошто, но истовремено ќе ви покаже како да ги подобрите односите со блиските и околината.


Ова се вистинските зборови што ја опишуваат наталната карта што ми ја изработивте: Наталната карта на Астроскопиа е шлаканицата што ви е потребна да го направите квантниот скок во вашата судбина. Големо благодарам што ми помогнавте да живеам со ширум отворени очи! 

Сања С., Скопје


Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.


Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)


© 2005-2025
Виолета Марсол
Сите права се задржани

Насловна страна | Знаците и... | АстроПортети | Натална Карта | Детски Хороскоп | Љубовен Хороскоп | Бизнис Хороскоп | АстроСовети

Насловна страна Знаците и... АстроПортети Натална Карта Детски Хороскоп Љубовен Хороскоп Бизнис Хороскоп АстроСовети Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица (тековен стил) Вага Шкорпија Стрелец Јарец Водолија Риби