Говорот на Судбината
Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате? Кликнете на Книгата... |
Останати теми:
Мое гледање на Астрологијата
Астролошките сајтови
Никој не избегал
Среќата го менува знакот
Седум фази
Плутон во Водолија
Господарот во матни води
Одиме на Марс
Кој сее ветер
Да сум јас некој
QUO VADIS MACEDONIA?
Никој не е совршен
Кај се тие времиња?
Сакам да се дружам само со убави луѓе
Лопови, Овци, Научници и Мистици
Црешовиот цвет
Кога ќе се сретнат Среќата и Фантазијата
Тест за пријателство
Сакај ме повеќе од се на светот
Денот на Свети Валентин
Победа на животот над смртта
Зошто славиме на 14-ти јануари
Чудни се патиштата Господови
Вашиот маж е вашето огледало
Зошто нашите желби не се исполнуваат?
Катарза на стравот од смртта
Што не спречува да бидеме среќни?
Зошто жените сакаат да личат на Џокер?
Убиство со збор
Кога бракот не е консумиран
Ретроградниот Меркур наш слуга
Кај што денот ја љуби ноќта
Кога ќе го преспиеш животот
Нејзиното Височество, Госпожа Карма
Те снаоѓа тоа...
Лоши работи, добри луѓе
Другата страна на надежта
Зошто е болно човештвото?
Дали најде радост
Пет чувари на бракот
Љуби, љуби, ама глава не губи
Во музиката е лекот
Ретроградниот Меркур работи за нас
Супер Цветна Крвава Месечина
Очи во очи со Кармата
Ниедна тајна не останала вечно скриена
Јупитер во Риби
Кога ќе се појавиш љубов моја?
Знаете ли кое е најдоброто патување?
Дај му го на другиот
Соковите на љубовта
|
Објавено на 15.05.2023 во 17:38
|
Школо за новата реалност
Малку се оние што одгледуваат цвеќиња. Многу се оние кои сакаат да ги откинат
кога почнуваат да цутат... Ајде драги мои деца во возрасни тела да се присетиме на детството, на училиштето и да размислиме дали и колку ни беа од корист часовите и годините поминати во училишните клупи? Кој од нас ги употреби податоците кои ги учевме наизуст за тоа колку јаглен произведува Русија? Колку овци има во Нов Зеланд? Колку сребро произведува Аргентина? Што значи Пи и колку изнесува? Колкава е квадратурата на кругот? Што се крие зад формулата C6H12O6? На кој датум била битката кај Херонеја, кога кај Ватерло, а кога на Марица? И зошто е тоа воопшто важно кога историјата ја пишуваат победниците? Ајде да размислиме дали овие сознанија го подобрија квалитетот на нашите животи? Дали не научија како да сакаме? Како да бидеме среќни? Како да му се радуваме на животот? Како да бидеме добри пријатели, сопрузи, родители, синови, ќерки, свекрви и свекори, баби и дедовци? Признавам, овие информации, кому повеќе кому помалку во зависност од тоа колку кој учел, ни помогнаа да ја набилдаме левата хемисфера на нашите мозоци, која е одговорна за логиката и рациото. Но, гледај чудо! За сметка на тоа, десната хемисфера на нашите ореовидни творби, која е одговорна за емоциите, интуицијата, креативноста, фантазијата, остана обесправена. И денес, ние, децата во возрасни тела, не сме во хармонија со себеси, не знаеме што бараме во животот, што ни треба да се чувствуваме исполнето и задоволно. Па, некои од нас трупаат пари, иако повеќе немаат потреба од нив. Други влегуваат од врска во врска со цел повторно да го почувствуваат она чувство што се јавува на почетокот на секое ново вљубување. Трети бараат возбуда во коцкањето. Некои бегаат од реалноста во замелушувачкиот ефект на алкохолот, во дрогите. Има и такви кои се насладуваат на туѓата несреќа со што добиваат илузија дека нивната се намалила. Некои одлучуваат предвреме да заминат од овој свет...Секој се бори на свој начин. Но, речиси никој не е сосема задоволен. Ајде сега повторно да се замислиме како првачиња кои започнуваат да следат настава во едно поинакво школо. Замислете во прво одделение да учиме за тоа што е љубов меѓу ближниот и како да си помагаме еден на друг? Во второ одделение да учиме на кој начин функционира нашиот мозок и како ги привлекуваме позитивните и негативни настани во животот? Во трето да учиме за тоа како да стекнеме самодоверба и сигурност во себе? Во четврто, како да ја одбереме вистинската професија? Во петто, како да ги водиме нашите финансии? Во шесто, што е тоа што прави да се чувствуваме исполнети и како да избереме партнер идеален за нас? Во седмо, како да станеме добри родители? Во осмо, како со невидливи енергетски врски сме поврзани меѓу себе и со се што постои во Универзумот? И како со нашата работа и живот да придонесеме за општото добро? Wooow... Замислете како би изгледал светот кога би учеле вакви работи? Секој од нас и човештвото во целина, ќе бидеме задоволни од себеси, од работата, од нашиот љубовен живот, од децата. Ќе бидеме подобри луѓе, подобри соседи, покорисни и за себеси и за другите. И што е најважно, ќе знаеме како да одгледаме нова генерација деца со истите особини... Замислете го тој прекрасен, прекрасен свет! Или како што би рекол Луис Армстронг: „What a wonderful, wonderful world“... Виолета С. Марсол (Текстот е авторски и забрането е да се копира и реобјавува без дозвола од страна на авторот, освен да се шерува во оригинал)
Регистрирано во Македонска Авторска Агенција под реден број 970 Скопје Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот. Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
|
Изгледот на страницата одговара за Раковите. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.
Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак. Направете го овој тест.
Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви открие кој е вашиот идеален партнер, како се однесувате во љубовта и сексот, зошто секогаш привлекувате одреден тип на личности и како можете да го подобрите својот љубовен живот.
“ |
Наталната карта која ја направив кај вас е рефлексија на мојата душа, на суштината на она што сум јас или на она што се нарекува битие!!! Благодарам што ми ја покажавте вратата кон другите скриени димензии на креацијата наречена живот! ” Димитар Луневски-Чипо, Скопје |
Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.
Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)
|