Говорот на Судбината
Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате? Кликнете на Книгата... |
Останати теми:
Мое гледање на Астрологијата
Астролошките сајтови
Никој не избегал
Школо за новата реалност
Среќата го менува знакот
Плутон во Водолија
Господарот во матни води
Одиме на Марс
Кој сее ветер
Да сум јас некој
QUO VADIS MACEDONIA?
Никој не е совршен
Кај се тие времиња?
Сакам да се дружам само со убави луѓе
Лопови, Овци, Научници и Мистици
Црешовиот цвет
Кога ќе се сретнат Среќата и Фантазијата
Тест за пријателство
Сакај ме повеќе од се на светот
Денот на Свети Валентин
Победа на животот над смртта
Зошто славиме на 14-ти јануари
Чудни се патиштата Господови
Вашиот маж е вашето огледало
Зошто нашите желби не се исполнуваат?
Катарза на стравот од смртта
Што не спречува да бидеме среќни?
Зошто жените сакаат да личат на Џокер?
Убиство со збор
Кога бракот не е консумиран
Ретроградниот Меркур наш слуга
Кај што денот ја љуби ноќта
Кога ќе го преспиеш животот
Нејзиното Височество, Госпожа Карма
Те снаоѓа тоа...
Лоши работи, добри луѓе
Другата страна на надежта
Зошто е болно човештвото?
Дали најде радост
Пет чувари на бракот
Љуби, љуби, ама глава не губи
Во музиката е лекот
Ретроградниот Меркур работи за нас
Супер Цветна Крвава Месечина
Очи во очи со Кармата
Ниедна тајна не останала вечно скриена
Јупитер во Риби
Кога ќе се појавиш љубов моја?
Знаете ли кое е најдоброто патување?
Дај му го на другиот
Соковите на љубовта
|
Објавено на 02.05.2022 во 10:31
|
Низ седум фази до среќна врска
„Сите среќни семејства наликуваат едно на друго, секое несреќно семејство е несреќно на свој начин...“ ~ Лев Николаевич Толстој Јас, драги мои, би рекла дека оваа позната констатација на Толстој важи и за љубовта. Еве: „Сите среќни љубови наликуваат една на друга. Секоја несреќна е несреќна на свој начин.“ Како ви звучи? Ептен точно, нели? Сигурно сега размислувате во која категорија спаѓате вие и вашата врска? Дали сте среќни? Несреќни? Дали мислите дека само вие немате среќа во љубовта? Дали, кога сте сами, се би дале да сте во врска? А, кога веќе имате партнер, жалите за деновите кога бевте слободни? Верувајте, не сте единствени. Бидејќи, дури и оние кои имаат шанса да остварат среќна љубовна врска, прават грешка во чекори и раскинуваат тогаш кога врската би требало да стане подлабока. Ако прашувате: „Зошто?“, еве сега ќе ви објаснам. Имено, психолозите тврдат дека ако сакаме да имаме среќна врска, мора успешно да ги поминеме следниве 7 фази: Прва фаза – ВосхитеностНајголемиот број од луѓето се сложуваат дека секогаш им е најубав почетокот на врската. И како не би бил. Тогаш се претставуваме во најубавото светло и ги гледаме само најубавите страни на партнерот. Толку сме маѓепсани од она што ни се случува што не сме во состојба да забележиме ништо друго околу нас. Всушност, сето тоа е знак на вљубеност, а не на љубов. Но, одиме понатаму. Втора фаза - ПрезаситеностПо некое време, откако секој слободен миг сме го минувале со партнерот и сме се увериле во неговата наклонетост, започнуваме да се однесуваме поприродно и поопуштено, онакви какви што сме. Розовите очила полека се заменуваат со проѕирни стакла и ние започнуваме да ја гледаме реалната слика за него и за нашата врска. А, тоа што ќе го видиме често умее да не разочара. Трета фаза - Гадење (одљубување)Сакале ние или не, ова е неизбежната и најболна фаза во секоја врска. Се јавува по извесен период, но најдоцна по 3 години. Тогаш ги откриваме мааните на партнерот и тогаш започнуваат кавгите. Во оваа фаза паровите најчесто ги прекинуваат своите врски. А, после раскинувањето и барањето среќа во нова врска повторно се случуваат истите фази. Па, бараме среќа во нова врска и така се вртиме во маѓепсан круг. Секоја нова врска започнува со фазата на восхитеност, па презаситеност, па одљубување. Само поискусните од нас, и оние кои работеле на себе, знаат дека фазата на одљубување е пресвртницата. Па, ако ја поминеме, само тогаш првичната вљубеност има шанси да се претвори во вистинска љубов. Четврта фаза - СтрпливостАко имаме мудрост и среќа да стигнеме до оваа фаза, тогаш стануваме потолерантни кон разликите и мааните на партнерот, бидејќи сме одлучиле дека нашата врска треба и мора да продолжи. Затоа, кавгите проретчуваат и не се толку драматични. Петта фаза - Должност и почитЕ, ова е првата фаза на вистинската љубов, бидејќи сето до тука не беше љубов, туку вљубеност. Во оваа фаза партнерите веќе одлучиле дека сакаат да останат заедно. Па, не размислуваат повеќе да раскинат, туку размислуваат за некои повисоки цели и трајни вредности. Стануваат поодговорни еден кон друг и кон својата врска. Шеста фаза - ПријателствоОпуштени и релаксирани, со доверба еден во друг, партнерите почнуваат отворено да зборуваат за сите работи и добиваат поддршка од другата страна. Тоа прави, со секој изминат ден, тие да стануваат се поблиски, да се претворат во најдобри пријатели. Оваа фаза само чекор ја дели од вистинската љубов. Седма фаза - Вистинска љубовСекоја врска мора да помине низ претходните 6 фази за да дојде до фазата на вистинска љубов. Оттука, драги мои, иако можеби ќе ви делува разочарувачки, треба да знаеме дека вистинската љубов претставува заедничка одлука меѓу нас и партнерот. Не пеперутки во стомакот, не чувство на восхит и летање. А потоа, вистинската љубов бара посветена работа до крајот на животот. Значи, вистинската љубов не е нешто што паѓа од небо. За среќа, астрологијата може да ни помогне во вистинскиот избор на партнерот. Посебно преку Споредбениот Хороскоп. Тој ќе ни открие по каков партнер несвесно копнееме и зошто? Дали имаме кармички долгови меѓу себе или кон трети луѓе? Како се однесуваме во љубовта? Дали со партнерот се знаеме од минатиот живот и дали имаме кармички долгови еден кон друг? Каква е перспективата на нашата врска? Како ќе се смениме откако ќе стапиме во врска? Како си влијаеме еден на друг? И што е најважно, Споредбениот Хороскоп ни помага да откриеме дали личноста во која сме вљубени е нашата сродна душа со која би можеле да постигнеме и духовен и душевен и интелектуален и сексуален склад во овој живот. Но, ги покажува и потенцијалните пречки што не очекуваат во врската и како би можеле да ги надминеме истите. Значи, драги мои, на крајот да заклучиме. Ако сакаме да имаме вистинска, зрела и трајна љубов, треба добро да се помачиме или како што некој мудрец рекол: „Бракот не е именка, туку глагол. Бидејќи, тој не е нешто што добиваме, туку нешто што правиме.“ На сите ви посакувам да доживеете вистинска љубов. Виолета С. Марсол
Регистрирано во Македонска Авторска Агенција под реден број 970 Скопје Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот. Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
|
Изгледот на страницата одговара за Девиците. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.
Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак. Направете го овој тест.
Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви открие кој е вашиот идеален партнер, како се однесувате во љубовта и сексот, зошто секогаш привлекувате одреден тип на личности и како можете да го подобрите својот љубовен живот.
“ |
Имам веќе две натални карти и искрено не очекував Оваа да биде нешто многу поразлична од останатите. Сепак многу се изненадив. Многу сум задоволен од одговорите кои ги добив благодарејќи на Вашата натална карта! Искрено Благодарам! ” Гога Поп-Георгиевски, Скопје |
Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.
Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)
|