Говорот на Судбината
Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате? Кликнете на Книгата... |
Останати теми:
Мое гледање на Астрологијата
Астролошките сајтови
Никој не избегал
Школо за новата реалност
Среќата го менува знакот
Седум фази
Господарот во матни води
Одиме на Марс
Кој сее ветер
Да сум јас некој
QUO VADIS MACEDONIA?
Никој не е совршен
Кај се тие времиња?
Сакам да се дружам само со убави луѓе
Лопови, Овци, Научници и Мистици
Црешовиот цвет
Кога ќе се сретнат Среќата и Фантазијата
Тест за пријателство
Сакај ме повеќе од се на светот
Денот на Свети Валентин
Победа на животот над смртта
Зошто славиме на 14-ти јануари
Чудни се патиштата Господови
Вашиот маж е вашето огледало
Зошто нашите желби не се исполнуваат?
Катарза на стравот од смртта
Што не спречува да бидеме среќни?
Зошто жените сакаат да личат на Џокер?
Убиство со збор
Кога бракот не е консумиран
Ретроградниот Меркур наш слуга
Кај што денот ја љуби ноќта
Кога ќе го преспиеш животот
Нејзиното Височество, Госпожа Карма
Те снаоѓа тоа...
Лоши работи, добри луѓе
Другата страна на надежта
Зошто е болно човештвото?
Дали најде радост
Пет чувари на бракот
Љуби, љуби, ама глава не губи
Во музиката е лекот
Ретроградниот Меркур работи за нас
Супер Цветна Крвава Месечина
Очи во очи со Кармата
Ниедна тајна не останала вечно скриена
Јупитер во Риби
Кога ќе се појавиш љубов моја?
Знаете ли кое е најдоброто патување?
Дај му го на другиот
Соковите на љубовта
|
Објавено на 30.03.2023 во 11:10
|
Плутон во Водолија (2023-2043 - Трансформација на свеста од материјализам во хуманизам)
Текстов е малку подолг, драги мои, но така е кога треба да се објаснат важни настани на небото од кои зависи нашата иднина. Затоа, потребно е правилно да ги протолкуваме и да умееме да им се прилагодиме. Значи, свечено најавувам дека денес, 23 март 2023 година, во 13:14 часот, по 248 години, Плутон ќе го смени знакот и од Јарец ќе премине на 0°од Водолија. А, со секоја промена на знакот низ кој се движи Плутон, се менува човековата СВЕСТ во некој друг правец. Во кој правец ќе се смени свеста додека Плутон се наоѓа во Водолија, од 23 март 2023 до 9 март 2043 година? Додека патува низ Водолија, Плутон обично предизвикува БУДЕЊЕ на човештвото. Будењето, овој пат, ќе биде еден вид припрема за влез на луѓето во Ерата на Водолија. Бидејќи, ваквите припреми, кога се распаѓаат општествените системи и се создаваат нови, кога се влегува од една во друга астролошка Ера, обично траат по стотина години. А, бидејќи Водолијата е знак со кој управува Уран, планетата на електрицитетот, техничките откритија и иднината, додека Плутон, планетата на разурнувањата, потсвеста и трансформациите, транзитира низ Водолија, би требало луѓето да ја сфатат својата улога во Универзумот. Би требало, преку случувањата чии сведоци ќе бидат, да им „кликне“ во глава дека СЕ е ЕДНО, па што му правиме на ближниот како да си правиме себеси. Со таква свест станува јасно дека никој нема право да владее со другиот, ниту да ја уништува планетата, со цел да задоволи некоја своја себична цел, да се збогати. Но, никако не значи, како што си замислуваат оние кои размислуваат со ум од средниот век, дека техниката треба да завладее со луѓето. Да, во моментов се чини дека во тој правец се движи иднината на човештвото. Но, кога КОЛЕКТИВНАТА СВЕСТ ќе порасне, а тоа неминовно ќе се случи како и секогаш порано кога Плутон минувал низ Водолија, тогаш таа свест ќе се приближи до водолискиот принцип: „Техниката во служба на луѓето“. Но, ајде прво да се преслушаме што предизвика Плутон додека минуваше низ Јарец, од 2008 до 2023 година, и дали тоа не асоцира на периодот од 1762 до 1778, кога тој последен пат транзитираше низ Јарец? Плутон имаше за цел да ги разурне досегашните облици на владеење, да ги демаскира елитите, да го разруши системот на владеење и практицирање на моќта, да го разоткрие начинот на функционирање на Плутократијата, да воспостави нови начини на практицирање на моќта, повеќе како договори од кои корист би имале двете страни, наместо наметнување на моќта на посилниот кон послабите (поопширно за транзитот на Плутон низ Јарец можете да прочитате во мојот текст од 2009 година. А, за волја на вистината, нешто слично се случуваше и во неговиот претходен циклус во Јарец од 1762 до 1778. Во овој период кулминираше Американската војна за независност (19 април 1775), како одговор на обидот на Велика Британија да наплаќа даноци од американските колонии за да ги покрие своите долгови. Американските колонии (сеуште не биле конституирани во форма на држава), 13 на број, не ја прифатиле оваа идеја и се бореле против непопустливиот обид на Велика Британија за угнетување, што на крајот доведе до војна. Важно е да се напомене дека Америка ја доби оваа војна против обидот за употреба на моќ, угнетување и контрола на несоодветен начин (класични теми за Плутон во Јарец). ЗАКЛУЧОК: Главната улога на Плутон при преминувањето од еден во друг знак се манифестира по пресвртите. Овој пат, приодот од 2008 до 2023, се карактеризираше со создавање на критична маса во светот која се побуни против доминацијата на Америка и нејзиното практицирање на моќта. Ајде сега да се потсетиме што се случуваше во светот кога Плутон последен пат беше во Водолија од 1778 до 1798 година? Бидејќи историјата се повторува, прв пат како трагедија, а втор пат како фарса, кога ги знаеме настаните во минатото, лесно можеме да ги проектираме и оние кои ќе се случат во иднина, предизвикани од слични причини и во слични општествени околности. Така на пример, кога Плутон последен пат транзитираше низ Водолија, од 1778 до 1798 година, во ек беше индустриската револуција. Потоа се случи француската револуција (1789-1799) кога здружениот народ (Водолија) се крена против кралот Луј 16 (Лав, симбол за крал наспроти (опозиција) Водолија, симбол за народот). Беше укината апсолутистичката монархија и беше прогласена Републиката. А, слоганот „Vive le Roi“- (да живее кралот)“ беше заменета со „Liberté, égalité, fraternité“- (Слобода, еднаквост, братство). Се роди Француската декларација за човековите права која ја промени дотогашната парадигма од апсолутистичка власт на еден човек (кралот) и малубројната аристократијата врз многубројниот народ во „Луѓето се раѓаат слободни и имаат право на слобода и еднаквост.“ Никој не смее да владее со никого и да му ја забрани слободата. Типична Плутоновска приказна за трансформацијата на свеста, моќта и капиталот, која еве, ни се повторува во некоја малку поинаква форма и во 21 век. Понатаму, во 1783 со Парискиот мировен договор американските колонии се обединуваат во држава, САД, чиј устав е донесен 1789 (а Плутоновиот повраток на истото место како што бил кога се формирани САД ќе иницира неопходност за трансформација и промени на секое ниво на оваа држава), со што се дефинирани неотуѓивите човекови права на живот, слобода и потрага по среќа. Додека во август 1791 се случи и револуцијата на Хаити. ШТО МОЖЕМЕ ДА ОЧЕКУВАМЕ НА ГЛОБАЛЕН ПЛАН ДОДЕКА ПЛУТОН МИНУВА НИЗ ВОДОЛИЈА, ОД 23 МАРТ 2023 до 9 МАРТ 2043 ГОДИНА? Веројатно и овој пат, исто како и пред 248 години, ние повторно ќе се бориме за слобода и за обезбедување на човековите права (правата на живот, на слободно движење, правото на работа, правото на слободен избор-иако тоа право ни е дадено од Бога). Ќе се бориме за еднаквоста (меѓу расите, класите, половите, пред законот и сл.). Ќе се залагаме за братство меѓу народите. Потоа, како единствен знак со човечки лик, Водолијата е синоним за ХУМАНОСТА и здружување на луѓето во остварување на некоја повисока цел, изборување за своите права. За очекување е процесот природно да тече во правец на распаѓање на корпоративниот систем и создавање некаков вид на хуман систем по мерка на човекот. Владеењето од еден центар, униполарноста, што е карактеристика на Лавот, во овој транзит на Плутон низ Водолија, слично како и во претходниот (од 1778 до 1798, кога апсолутистичките монархии се заменуваа со Републики), би требало да се замени со мултиполарност, што е карактеристика на Водолијата. Понатаму, процесот би требало природно да тече во правец ТЕХНИЧКИТЕ ОТКРИТИЈА да се стават во функција на луѓето, а не да владеат со нив. Парите и банкнотите би требало да исчезнат во формата во која ги познаваме сега, некои валути ќе пропаднат, а другите ќе се издигнат. Но, крешчендото на трансформацијата на свеста од материјален вредносен систем во некој похуман и прифаќањето на новите вредности би требало да се случи тогаш кога ПАРИТЕ ќе ја загубат сегашната вредност и значење. Прашувате: „Како би се случило тоа?“ Ако си дозволиме да фантазираме, можно е да дојдеме до идејата дека ќе се открие нешто што ќе им овозможи на сите луѓе да дојдат до колкава сума пари сакаат (пример, секој ќе може да си печати пари со 3-Д штампач; можно е златото, што е гарант за книжните пари, да ја загуби вредноста и слично). Како во тие услови ќе се вреднуваат нашите постигнувања? Не би можела со сигурност да кажам, претпоставувам преку добрите дела кои ќе ги направиме за другите, бидејќи Водолијата е знак која има потреба да се здружува со другите луѓе во остварување на општото добро. Како тоа би изгледало во пракса? На пример, сме пренеле бабичка преку улица, добиваме 100 поени (пари); сме му помогнале на соседот да го искоси дворот (150 поени); сме ги учеле луѓето на вештини што ние ги познаваме со цел да имаат поквалитетен живот (1000 поени), итн. Што ми е муабетот? Сакам да кажам дека секогаш кога Плутон минува низ Водолија, се случува прво трансформација на духовен, па на политички, па на економски план. Зошто тоа не би го очекувале и овој пат, во периодот од 2023 до 2043? Не смееме да заборавиме дека револуциите обично почнуваат наеднаш, но трансформациите што тие ги предизвикале се процес кој се одвива со години, некогаш и со стотици години. Овие мои согледувања можеби личат далечни во овој момент и сигурно нема да се случат веднаш, во 2023 година, бидејќи Плутон ќе биде ретрограден и два пати ќе се враќа во Јарец (на 11 јуни 2023 и на 2 септември 2024 на 29°59’ од Јарец), за конечно одлучно да зачекори во Водолија на 19 ноември 2024 година. Затоа, дури во 2025 и 2026 би можеле да очекуваме дека ќе започнат да се наѕираат промените што ќе го трасираат новиот пат по кој светот ќе се движи во иднина. Тие промени ќе се заокружат дури во 2043, кога ние што живееме во моментов, ако отпатуваме некаде и се вратиме во 2043, не ќе можеме да го препознаеме лицето на светот. Не чека долг и тежок пат, пријатели драги. Но, таа чаша не ќе може да не одмине. Затоа, со Господ напред! Виолета С. Марсол (Текстот е авторски и не е дозволено да се копира и реобјавува, цел или во делови, без согласност од В. С. Марсол)
Регистрирано во Македонска Авторска Агенција под реден број 970 Скопје Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот. Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
|
Изгледот на страницата одговара за Вагите. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.
Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак. Направете го овој тест.
Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви открие на кои болести сте склони и зошто. Па, откако ќе ги победите причините, ќе исчезнат и негативните последици по вашето здравје.
“ |
Од секогаш сакав да си одговорам на моите големи, длабоки прашања. После средбата со вас и читањето на мојата натална карта сите одговори си дојдоа на своето место... Наталната карта ме разбуди, упати да тргнам по правата патека од мојот живот. ” Р.Б., Штип |
Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.
Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)
|