Говорот на Судбината
Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате? Кликнете на Книгата... |
Останати теми:
Мое гледање на Астрологијата
Астролошките сајтови
Никој не избегал
Школо за новата реалност
Среќата го менува знакот
Седум фази
Плутон во Водолија
Господарот во матни води
Кој сее ветер
Да сум јас некој
QUO VADIS MACEDONIA?
Никој не е совршен
Кај се тие времиња?
Сакам да се дружам само со убави луѓе
Лопови, Овци, Научници и Мистици
Црешовиот цвет
Кога ќе се сретнат Среќата и Фантазијата
Тест за пријателство
Сакај ме повеќе од се на светот
Денот на Свети Валентин
Победа на животот над смртта
Зошто славиме на 14-ти јануари
Чудни се патиштата Господови
Вашиот маж е вашето огледало
Зошто нашите желби не се исполнуваат?
Катарза на стравот од смртта
Што не спречува да бидеме среќни?
Зошто жените сакаат да личат на Џокер?
Убиство со збор
Кога бракот не е консумиран
Ретроградниот Меркур наш слуга
Кај што денот ја љуби ноќта
Кога ќе го преспиеш животот
Нејзиното Височество, Госпожа Карма
Те снаоѓа тоа...
Лоши работи, добри луѓе
Другата страна на надежта
Зошто е болно човештвото?
Дали најде радост
Пет чувари на бракот
Љуби, љуби, ама глава не губи
Во музиката е лекот
Ретроградниот Меркур работи за нас
Супер Цветна Крвава Месечина
Очи во очи со Кармата
Ниедна тајна не останала вечно скриена
Јупитер во Риби
Кога ќе се појавиш љубов моја?
Знаете ли кое е најдоброто патување?
Дај му го на другиот
Соковите на љубовта
|
Објавено на 06.12.2022 во 09:35
|
Одиме на Марс... Одиме на Марс...
„Темната ноќ била првата книга поезија, а соѕвездијата биле песните“ ~ Chat Raymo Замислете си ги луѓето кои живееле пред малку повеќе од стотина години? Што можеле тие да прават кога ќе падне ноќ? Без електрична енергија (експериментите на Тесла тогаш биле во зародиш), без телевизија, грамофонот веќе бил пронајден (1894 од Емил Берлинер), но можеле да го имаат само богатите. А, винилните плочи се употребуваат од 1950 година. Е, во такви мрачни и тивки ноќи, кога вниманието на човекот не било нарушено од надворешни влијанија, секако дека тој бил повеќе во контакт со себеси и почесто го кревал својот поглед кон небото и ѕвездите. Денес, кога луѓето се презаситени од се и сешто, кога секојдневно ја уништуваме планетата на која живееме на секаков начин, повторно ги креваме очите кон небото барајќи евентуален спас на некоја друга планета, ако условите на Земјата станат неподносливи за живот. А, некои продолжуваат да сонуваат дека патувањето до Венера и Марс ќе стане толку нормално како нашите патувања со воз до Велес и Куманово. Или можеби побрзо ќе стигнеме до Венера и Марс, ако ја знаеме состојбата на нашата железница? Нејсе. Ајде да видиме што не чека кога ќе стигнеме на посакуваните дестинации? Кога би успеале да стигнеме на Сонцето, кое е оддалечено 8,5 светлосни минути (150 милиони километри), веднаш би се претвориле во пареа. Бидејќи, температурата на неговата површина изнесува околу 6000°C, а во внатрешноста се качува од 10 до 15 милиони степени. Дури и да не се претвориме во пареа, ќе се задушиме од неговата атмосфера која е составена од хелиум и водород. Месечината можеби изгледа романтично, гледана од Земјата, во песните и филмовите, и ни е најблиското небеско тело. Исто така, таму никогаш не ќе мораме да бидеме на диета, бидејќи поради 6 пати помалата гравитација, 1 килограм на Месечината тежи само 166 грама. Супееер. Ама далечен е патот до таму, драги мои, цели 384 000 км. А, богами и другите услови нема да ни одговараат. На страната која секогаш е свртена кон Земјата температурата се качува до +101°C. А, на темната страна изнесува -175°C. Многу нестабилни услови за нормален живот, ќе признаете нели? И Меркур има една страна која секогаш е свртена кон Сонцето и друга која се наоѓа во вечен мрак. Е па на таа, сончева страна, неговата температура достигнува до +427°C на екваторот, додека на темната страна -173°C. Сепак, има еден интервал меѓу денот и ноќта кога владее умерена температура. Ама тоа не ни врши работа, бидејќи Меркур нема атмосфера. А, со атмосферски притисок нула, ќе исцркаме како глувци уште во првата минута од нашиот престој. Добро, ајде да побегнеме на Венера! Според начинот на кој се движи по еклиптиката, таа оддава впечаток на грациозна планета. Но, да не се залажуваме. Венера има атмосфера исполнета со СО2, обвиткана е со темни и густи облаци кои и даваат мистична нота. Но, дури и да ги пресечеме облаците со нож, ќе не дочека воздушен притисок 92 пати поголем од оној на Земјата (како да се наоѓаме на длабочина од 1 км во некој океан) и разорни ветрови кои носат се пред себе. А, бидејќи на нормален човек му се слошува уште кога ќе стигне на 30 метри длабочина во океанот, ако не нѐ спржи температурата која изнесува 462°C, прво што ќе ни се случи, кога ќе се истовариме на Венера, е да ни пукнат ушните тапанчиња и алвеолите во белите дробови. Ако се прашувате зошто на Венера е потопло отколку на Меркур, а е подалеку од Сонцето? Одговорот се крие во нејзината атмосфера слична на стаклена градина која не дозволува таа да се разлади. Тогаш одиме на Марс...одиме на Марс! Гледам, во последно време многу светски богаташи заговараат ваква преселба на народите. Што се однесува до мене, слободно ќе им го препуштам мојот билет во еден правец за на Марс. Можеби Марс изгледа сличен на Земјата, има 4 годишни времиња, вода во заледена состојба на половите, атмосфера составена од СО2 и азот. Можеби патот до Марс не е така долг, само 7 месеци (480 милиони км). Но, таму е многу студено. Иако температурата на екваторот понекогаш стигнува до +35°C, таа ноќе паѓа и до -100 °C. Додека атмосферскиот притисок е 4 пати помал од тој на Земјата, што значи дека, кога би атерирале на Марс без скафандер, уште со првото вдишување на неговиот воздух би се задушиле. А, крвта ќе ни зоврие поради нискиот притисок. Не фала. Таму нека одат Илон Маск и Бил Гејтс, ако толку сакаат. Што да кажеме за Јупитер? Можеби во астрологијата го сметаме како планета на среќата, ама тој дефинитивно не нуди среќен живот. Тој е огромна топка гас (водород, метан, хелиум) само 5,3 пати погуст од водата. Има силна гравитација и ако некогаш, не дај Боже, исчезне Сонцето, тој ќе ги собере сите планети околу себе. Но, нема да им даде ниту светлина ниту топлина. Прашувате: „Зошто?“ Затоа што Јупитер е планета, а не ѕвезда. И затоа што просечната температура на Јупитер изнесува -145°C. Знаејќи ги астролошките карактеристики на Сатурн (учител и мачител), не верувам дека кој било човек би посакал да живее на него. Однадвор тој наликува на Јупитер, со слична големина, огромна топка составена од гас (водород, метан, 3% хелиум). Температурата на површината во просек изнесува -150°C. Но, во своето јадро Сатурн е врел. Достигнува температура дури до +11 700 °C!!! Хммм... Многу непријателска атмосфера за да може еден човек да се привикне на неа. Уран по многу работи е единствена планета во Сончевиот систем. Така, Уран е единствената планета чија што оска лежи на еклиптиката, поради што, тој всушност се тркала по неа наместо да ротира, додека со едниот свој пол е свртен кон Сонцето. Потоа, Уран се наоѓа поблиску до Сонцето од Нептун, но неговата температура е пониска отколку речиси на сите останати подалечни планети (-224°C). Според овие показатели, доколку растенијата, животните и луѓето би живееле на Уран, би морале да бидат екстремно прилагодливи и постојано подготвени за промени. Бидејќи, онаму каде што денес изгреало Сонцето на Уран утре, можеби, токму таму ќе зајде и на него не би можела да се стабилизира ниедна навика условена од климата или местото (географската широчина). За да стигнеме до Нептун треба да патуваме цели 12 години. А, не се исплати, бидејќи нема живот за нас на него. Иако е потопол од Уран (-197°C), составен е од гас (водород, хелиум и метан). Па, би се задушиле веднаш, со првото вдишување на неговиот воздух. Ако тргнеме со Џамбо-џет, ќе ни требаат 817 години за да стигнеме на Плутон, а 17 години со вселенски брод. Но, и кога би стигнале ќе не дочека непријателска атмосфера составена од 70% камења и 30 % мраз. Уффф... не. Се смрзнувам од самата помисла. Значи, драги мои, наместо да сонуваме за нешто далечно и неприкладно, да се потрудиме да го сочуваме третиот скапоцен камен од Сонцето, нашата прекрасна зелена планета Земја. Бидејќи, по далечините сонува само оној кој е мрзлив да си го направи Рајот, според свои потреби, таму каде што се наоѓа. Виолета С. Марсол (Текстот е авторски и не е дозволено да се копира и реобјавува, цел или во делови, без согласност од В.С.Марсол)
Регистрирано во Македонска Авторска Агенција под реден број 970 Скопје Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот. Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
|
Изгледот на страницата одговара за Овните. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.
Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак. Направете го овој тест.
Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне да ги откриете причинско-последичните врски меѓу вашиот минат и сегашен живот, ќе ви открие што се случувало во вашиот минат живот, како тоа се рефлектира на вашето однесување и на случувањата во сегашниот и која е целта на вашето раѓање.
“ |
Наталната карта што ја добив е фантастична! Ви благодарам многу што ми го подаривте огледалото на мојот живот :) ” Виктор К., Скопје |
Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.
Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)
|