Говорот на Судбината
Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате? Кликнете на Книгата... |
Останати теми:
Мое гледање на Астрологијата
Астролошките сајтови
Никој не избегал
Школо за новата реалност
Среќата го менува знакот
Седум фази
Плутон во Водолија
Господарот во матни води
Одиме на Марс
Да сум јас некој
QUO VADIS MACEDONIA?
Никој не е совршен
Кај се тие времиња?
Сакам да се дружам само со убави луѓе
Лопови, Овци, Научници и Мистици
Црешовиот цвет
Кога ќе се сретнат Среќата и Фантазијата
Тест за пријателство
Сакај ме повеќе од се на светот
Денот на Свети Валентин
Победа на животот над смртта
Зошто славиме на 14-ти јануари
Чудни се патиштата Господови
Вашиот маж е вашето огледало
Зошто нашите желби не се исполнуваат?
Катарза на стравот од смртта
Што не спречува да бидеме среќни?
Зошто жените сакаат да личат на Џокер?
Убиство со збор
Кога бракот не е консумиран
Ретроградниот Меркур наш слуга
Кај што денот ја љуби ноќта
Кога ќе го преспиеш животот
Нејзиното Височество, Госпожа Карма
Те снаоѓа тоа...
Лоши работи, добри луѓе
Другата страна на надежта
Зошто е болно човештвото?
Дали најде радост
Пет чувари на бракот
Љуби, љуби, ама глава не губи
Во музиката е лекот
Ретроградниот Меркур работи за нас
Супер Цветна Крвава Месечина
Очи во очи со Кармата
Ниедна тајна не останала вечно скриена
Јупитер во Риби
Кога ќе се појавиш љубов моја?
Знаете ли кое е најдоброто патување?
Дај му го на другиот
Соковите на љубовта
|
Објавено на 29.10.2022 во 23:47
|
Кој сее ветер, ќе жнее олуја (Ретрограден Марс во Близнаци)
Се сеќавате ли што ви се случуваше во периодот од 31 декември 2007 до 30 јануари 2008 година? Да? Не? Не можете да се сетите? Ништо посебно? Зошто е ова важно, драги мои? Бидејќи можеби ќе има сличности со она што ќе ни се случува во периодот од 30 октомври 2022 до 12 јануари 2023, затоа што Марс повторно ќе биде ретрограден во Близнаци, како во 2008. Тоа ќе трае полни 74 дена, а вкупно во Близнаци ќе помине 7 месеци. Wooow... Што е многу, многу е. Последен пат такво нешто се случило за време на Втората Светска Војна, во периодот од 28 октомври 1943 до 10 јануари 1944. А, ние веќе знаеме дека кој верува во случајности, тој не верува во Бог, нели? Колку за споредба, на Македонија во јануари 2008 година (12 јануари) и се случи еден многу немил настан. Тогаш погинаа 11 војници кои се враќаа од мировна мисија од Босна, во хеликоптерската несреќа кај катлановско Блаце. Во јануари 2008, се случи падот на светските берзи, како последица на рецесијата во САД. И тоа беше означено како прва поголема Светска економска криза после онаа од 1929-1939 година, која пак беше претходница на Втората Светска Војна. Во јануари 2008, Србија потпиша договор со Русија за изградба на гасоводот Јужен тек, а Македонија извиси. Што можеме да очекуваме овој пат? Мудриот учи од грешките, а глупавиот ги повторува. Но, понекогаш некои работи мора да се случат, без разлика колку сме свесни и паметни, бидејќи не зависат од нас. Ако знаеме дека Марсовите вибрации го будат поривот за акција и борба, го активираат тестостеронот во секој од нас, и кај мажи и кај жени, додека Близнаците се воздушен знак кој владее со сите видови комуникации, во кои се вбројуваат и патиштата, сообраќајот (копнен и воздушен), телекомуникациите, медиумите (пишани и електронски), социјалните мрежи итн., значи, најмалку што можеме да очекуваме до 12 јануари 2023 е: Да се разгори војната со зборови, лажните вести, валканата пропаганда, дезинформациите, подметнувањата, хакерските напади, преземањето на сопственоста врз социјалните мрежи, сообраќајните незгоди. Потоа, можно е да се ограничат патувањата, да се укине шенгенот, со лажни изговори. А, за очекување е да се случи и уште некоја саботажа на гасоводите, енергетските постројки, термо и хидроцентралите, иницирани од лукративни причини. Но, реперкусиите ќе ги чувствуваме сите. Опасноста ќе биде најголема неколку дена пред 19 ноември до 27 истиот месец (ретрограден Марс 90°Нептун, ретрограден Марс 0°Белатрикс). На личен план, ќе биде потребно да најдеме начин да го канализираме вишокот енергија и да ги освестиме фрустрациите, да не избрзуваме со реакциите и одлуките. Да ја практикуваме латинската поговорка која не учи да брзаме бавно (festina lente!). Да не ги напрегаме нашите сили повеќе од можностите, посебно во спортот, физичките активности и сексот. Бидејќи е можно да се зголеми бројот на инфаркти кај мажите кои употребуваат вијагра и бројот на преломи кај оние кои ќе одат на скијање. Потоа, пожелно е да ги избегнуваме непресметливите и насилни луѓе, да бидеме одговорни и трезни кога седнуваме зад воланот итн. Во вакви околности, најдобро е до 12 јануари 2023 да не започнуваме ништо ново, да ги одложиме договорите и преговорите и да бидеме претпазливи, ако во нашиот живот, на некаков начин, се појави некој со кого сме се скарале во минатото, на професионален или приватен план. Бидејќи кога привидно оди наназад, Марс ни ги враќа во животот старите непријатели со цел да склучиме примирје или да имаме уште една битка во нашата взаемна војна до истребување. Кој најмногу ќе го почувствува влијанието на ретрограден Марс? Сигурно погодувате, Близнаците во знак и во Подзнак, сите оние на кои Марс во Наталната Карта им е исто така во Близнаци или ретрограден, сите оние кои имаат Марс во трето или дванаесетто поле и сите кои имаат која било планета во Близнаци. За да проверите дали е тоа случајот со вас можете да го направите бесплатниот графички приказ на вашата Натална Карта на мојот сајт. И за крај, еден куриозитет: Во време додека Марс се движи во рикверц, тој во периодот од 23 до 27 ноември 2022 ќе биде во иста линија со Фиксната Ѕвезда Белатрикс од соѕвездието Орион, која се наоѓа на 20°57’ од Близнаци. Белатрикс е ѕвезда со агресивни вибрации, ѕвезда на жените воини, владее со десниот дел од телото, градната шуплина и белите дробови. Зошто го споменувам ова? Затоа што во периодот од 19 до 27 ноември можно е да има наплив од белодробни заболувања, што не е чудно за зима со пролетни температури. Но, уште поважен е фактот што во Наталната Карта на САД, Марс се наоѓа речиси на истиот степен со Белатрикс (21°22’ Близнаци) во полето на партнерствата и јавното мислење. Северниот Месечев Јазол, одговорен за кармата и Сонцето на Доналд Трамп се речиси на истата позиција (20°45’ и 22°55’ Близнаци). Сатурн во Наталната Карта на Џо Бајден е во Близнаци во полето на јавното мислење и јавната поддршка. Додека неговиот Марс во Шкорпија (12°35’) ќе биде нападнат од Лунарната Еклипса на 8 ноември (Марс 180° Лунарна Еклипса), баш на денот кога ќе се случуваат Изборите за американскиот Сенат. А, на 22°11’ од Близнаци се наоѓа Точката на Среќа во полето на смртта и трансформациите во Наталната Карта на Путин. Додека Асцендентот на Зеленски е на 21°49’ од Близнаци, во иста линија со воинствената Белатрикс. Хм, интересно, нели? Што значи тоа? Тоа значи дека на новиот континент би можело да се случува сешто. Можно е да се растурат старите партнерства и сојузи, па некои држави да му откажат љубов на стариот хегемон. Можно е да има насилства, за време и по изборите. А, опасноста да потрае до мај 2023. Сегашниот претседател би можел да ја загуби довербата и поддршката од страна на гласачкото тело и од политичките партнери или да не биде во состојба да ја извршува функцијата. А, голема е веројатноста повторно да засјае ѕвездата на Трамп. Овој процес би почнал на 8 ноември, своето крешчендо би го достигнал во периодот од 23 до 27 ноември. А, разврската ќе следува во периодот до 5 мај 2023, кога следната Лунарна Еклипса повторно ќе го погоди Марс во Наталната Карта на Бајден. Уф, многу информации на малку простор. А, ѕвездите само укажуваат, не одредуваат. Затоа, останува времето да покаже какви настани ќе предизвика колективната карма на Америка и како тие ќе се рефлектираат на останатиот дел од светот. Виолета С. Марсол
Регистрирано во Македонска Авторска Агенција под реден број 970 Скопје Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот. Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
|
Изгледот на страницата одговара за Близнаците. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.
Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак. Направете го овој тест.
Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви открие каков е вашиот однос со родителите и зошто, но истовремено ќе ви покаже како да ги подобрите односите со блиските и околината.
“ |
Наталната карта ми помогна да си одговорам на некои дилеми и ми даде смерница за понатаму. ” Данче К., Скопје |
Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.
Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)
|