Говорот на Судбината
Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате? Кликнете на Книгата... |
Останати теми:
Мое гледање на Астрологијата
Астролошките сајтови
Никој не избегал
Школо за новата реалност
Среќата го менува знакот
Седум фази
Плутон во Водолија
Господарот во матни води
Одиме на Марс
Кој сее ветер
QUO VADIS MACEDONIA?
Никој не е совршен
Кај се тие времиња?
Сакам да се дружам само со убави луѓе
Лопови, Овци, Научници и Мистици
Црешовиот цвет
Кога ќе се сретнат Среќата и Фантазијата
Тест за пријателство
Сакај ме повеќе од се на светот
Денот на Свети Валентин
Победа на животот над смртта
Зошто славиме на 14-ти јануари
Чудни се патиштата Господови
Вашиот маж е вашето огледало
Зошто нашите желби не се исполнуваат?
Катарза на стравот од смртта
Што не спречува да бидеме среќни?
Зошто жените сакаат да личат на Џокер?
Убиство со збор
Кога бракот не е консумиран
Ретроградниот Меркур наш слуга
Кај што денот ја љуби ноќта
Кога ќе го преспиеш животот
Нејзиното Височество, Госпожа Карма
Те снаоѓа тоа...
Лоши работи, добри луѓе
Другата страна на надежта
Зошто е болно човештвото?
Дали најде радост
Пет чувари на бракот
Љуби, љуби, ама глава не губи
Во музиката е лекот
Ретроградниот Меркур работи за нас
Супер Цветна Крвава Месечина
Очи во очи со Кармата
Ниедна тајна не останала вечно скриена
Јупитер во Риби
Кога ќе се појавиш љубов моја?
Знаете ли кое е најдоброто патување?
Дај му го на другиот
Соковите на љубовта
|
Објавено на 26.09.2022 во 19:26
|
Да сум јас некој
На времето, во Титова Југославија, кружеше еден виц за Тито и циганот (тогаш беше политички коректно да ги нарекуваме нашите соседи Роми со ова име). Вицот велеше дека кај другарот Тито, на Дедиње, дошол Циго да го кани тој да му биде кум на крштевката на неговото десетто дете. Бидејќи средствата за јавно информирање се потрудија до секој дом да стигне веста за овој обичај на Маршалот. Тито му отворил, го поканил да влезе, а нашиот другар Циго кога го видел персискиот ќилим 20 центиметри дебел, во кој стапалата пропаѓале до глуждови, почнал да ги собува чевлите, како секој воспитан човек што оди некому дома на гости. Тито изреагирал на тоа, со цел да му покаже братство-единство и рамноправност, со тоа што му рекол слободно да си влезе така, обуен. На тоа циганот одговорил дека срце не му дава да валка таква скапоцена работа. А, Тито и понатаму го охрабрувал, велејќи му дека комунизмот цвета и дека еден ден, и тој во својот дом ќе има таков скапоцен ќилим. На тоа циганот луцидно забележал: „А, бе друже Тито, сега јас дојдов тебе да те лажам или ти мене?“ За да ја препокрие непријатната атмосфера со позитивно чувство, Тито ја отворил табакерата пред гостинот и му понудил една од кубанските пури што Фидел Кастро редовно му ги праќал. „Повели, почести се“, рекол Тито. А, циганот, одбрал една од пурите и се мачел да ја стави зад уво. Кога Тито го прашал зошто го прави тоа, овој, без размислување, како од топ, изговорил: „Ја чувам за боље друштво, друже Тито!“ На оваа изјава: „Ја чувам за боље друштво“, паметам дека сме се смееле до солзи, колку и пати да сме го прераскажувале или чуеле вицот од друг, бидејќи, иако бевме деца, не можевме да замислиме дека на светот постои подобро друштво отколку друштвото на нашиот сакан другар Тито, кој беше почитуван од Лондон до Пекинг и од Вашингтон до Јоханесбург. За Владивосток не бевме сигурни, бидејќи иако односите со СССР се подобрија по доаѓањето на Хрушчов на власт, барем како што зборуваа постарите, сепак ние не верувавме дека бакнежот на кој било СССР-овец не е Јудин. Зошто ви го раскажувам ова? Бидејќи смрдеата на пурите на извесни „џентлмени“ на јавни места, во кафиќи и ресторани, би ја забранила со закон, да сум јас некој. Не знам дали ним навистина им се допаѓаат тие неидентификувани испарувања кои се создаваат кога чадот од пурата ќе се измеша со нивниот здив и неизбежниот алкохол или тоа го прават од чатал, да покажат кој е газда? Но, мене тој чад ми мириса на канализација, да не кажам нешто полошо, ме гуши, ме тера на повраќање и ми пречи да уживам во храната. Верувам дека и повеќето од вас го почувствувале истото. Згора на тоа, сметам дека никој не смее да го загадува јавниот простор на таков начин, бидејќи доволно е во цел ресторан да чури една пура, за сите да страдаат од нејзината смрдеа. Па, дури и ако се сместени во делот за непушачи. Или можеби чадот од пурата е симболична манифестација слична на познатиот Фројдовски лапсус? Па, мислејќи дека во очите на народот изгледаат како луѓе од „високото друштво“, овие „господа“ откриваат дека поминале низ лавиринт од секакви канализации за што сведочи мирисот кој се шири од нивниот „статусен симбол“. Бидејќи, нели ѓаволот се крие во деталите? Не знам. Но, ако се вистинска елита, зошто не ја чуваат пурата за подобро друштво, наместо да ги трошат нејзините „скапоцени“ ароми среде непознати луѓе? Па, дури и нашиот другар Циго, од почетокот на приказнава знаел дека пурата се чува за боље друштво. Или пак можеби јас не сум во тек со модата? Можеби денес бројот на запалени пури на јавен простор пропорционално се зголемува со бројот на згаснати оџаци по фабриките? Ех, да сум јас некој... Виолета С. Марсол
Регистрирано во Македонска Авторска Агенција под реден број 970 Скопје Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот. Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
|
Изгледот на страницата одговара за Девиците. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.
Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак. Направете го овој тест.
Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви открие каков е вашиот однос со родителите и зошто, но истовремено ќе ви покаже како да ги подобрите односите со блиските и околината.
“ |
Од секогаш сакав да си одговорам на моите големи, длабоки прашања. После средбата со вас и читањето на мојата натална карта сите одговори си дојдоа на своето место... Наталната карта ме разбуди, упати да тргнам по правата патека од мојот живот. ” Р.Б., Штип |
Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.
Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)
|