In English

En français

Говорот
на Судбината

Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате?
 
Кликнете на Книгата...

Останати теми:

Мое гледање на Астрологијата

Астролошките сајтови


Никој не избегал

Школо за новата реалност

Среќата го менува знакот

Седум фази

Плутон во Водолија

Господарот во матни води

Одиме на Марс

Кој сее ветер

Да сум јас некој

QUO VADIS MACEDONIA?

Никој не е совршен

Кај се тие времиња?

Сакам да се дружам само со убави луѓе

Црешовиот цвет

Кога ќе се сретнат Среќата и Фантазијата

Тест за пријателство

Сакај ме повеќе од се на светот

Денот на Свети Валентин

Победа на животот над смртта

Зошто славиме на 14-ти јануари

Чудни се патиштата Господови

Вашиот маж е вашето огледало

Зошто нашите желби не се исполнуваат?

Катарза на стравот од смртта

Што не спречува да бидеме среќни?

Зошто жените сакаат да личат на Џокер?

Убиство со збор

Кога бракот не е консумиран

Ретроградниот Меркур наш слуга

Кај што денот ја љуби ноќта

Кога ќе го преспиеш животот

Нејзиното Височество, Госпожа Карма

Те снаоѓа тоа...

Лоши работи, добри луѓе

Другата страна на надежта

Зошто е болно човештвото?

Дали најде радост

Пет чувари на бракот

Љуби, љуби, ама глава не губи

Во музиката е лекот

Ретроградниот Меркур работи за нас

Супер Цветна Крвава Месечина

Очи во очи со Кармата

Ниедна тајна не останала вечно скриена

Јупитер во Риби

Кога ќе се појавиш љубов моја?

Знаете ли кое е најдоброто патување?

Дај му го на другиот

Соковите на љубовта

Од Лопови преку Овци до Научници и Мистици<br>(Зошто една иста работа гледаме на различен начин?)

Објавено на 22.04.2022 во 22:29

Од Лопови преку Овци до Научници и Мистици
(Зошто една иста работа гледаме на различен начин?)
 

Веќе подолго време мислам да го напишам овој текст, драги мои, како објаснување на прашањето: „Зошто не можеме да се разбереме со некои луѓе? Зошто имаме различни погледи на исти случувања во државата, во светот, околу верските празници, образованието? Конечно, зошто ни е тешко да се разбереме со некои членови од нашето семејство?“

Одговорот пред повеќе од 25 години го најдов во една книга на еден голем ум, на еден мистик од областа на психијатријата, Скот Пек. Тој луѓето ги дели на 4 нивоа, според нивниот духовен развој, па вели:

Ниво 1- хаотично (асоцијално)

Најниско ниво, што сочинува приближно 20% од човечката популација.

Карактеристики:

  • отсуство на духовност, отсуство на морал, нечувствителност.
  • не размислуваат за постоењето на Бог и духовниот свет, ниту пак ги интересира.
  • односите со другите луѓе се засноваат исклучиво на нивни, себични интереси, се засноваат на манипулација, но најчесто успеваат многу ефикасно да го прикријат тоа.
  • тие се хаотични, бидејќи отсуството на морал ги води низ груба импулсивност.
  • често влегуваат во неволја, стануваат криминалци, сексуални манијаци, силувачи, убијци. Патот да извршат престап е отворен за нив бидејќи нивниот недостаток на морал и совест не ги спречува да ги направат своите престапи.
  • некои луѓе на ова ниво на духовен развој успеваат да постигнат самодисциплина, но ја ставаат во служба на остварување на сопствените амбиции.
  • бескрупулозни се во остварувањето на своите амбиции, ќе направат се за да ги постигнат своите цели.
  • тоа многу често им помага да се искачат на моќни позиции и да стекнат углед, така што многумина стануваат познати личности.
  • луѓето од првото ниво понекогаш можат да ја сфатат хаотичната природа на своето битие, што за нив е болно искуство кое едноставно можат да го отфрлат, но доколку не успеат во тоа, може да дојде до самоубиство. Понекогаш болното искуство може да ги доведе до духовен развој, до ниво 2, што може да се види во фактот дека озлогласените криминалци кои во затвор доаѓаат во контакт со религијата често стануваат фанатични верници.

Ниво 2 - формално (институционално)

Ова е второто ниво на духовен развој.

Се нарекува институционално затоа што луѓето на ова ниво се силно поврзани со институцијата што ги надгледува - таква институција може да биде, на пример, војската, но кај повеќето луѓе тоа е формалната религија.

  • луѓето на ова ниво се цврсто приврзани за нивната религиозна институција што им обезбедува отсуство на хаотичниот живот каков што го имаат луѓето на ниво 1.
  • повеќето од нивните морални вредности се под силно влијание на нивната религија.
  • луѓето на ова ниво се зависни од некоја религиозна институција која, на некој начин, ги штити и надгледува и се силно посветени на разните форми религија (ритуали, церемонии, редовни молитви, верски обреди, читање „свети“ книги итн.)
  • убедени се дека Бог ќе ги казни оние луѓе кои не ги почитуваат заповедите и ритуалите наметнати од нивната религија („Божји закони“)
  • убедени се дека само верниците, припадници на нивната религија, ќе стигнат до Рајот, додека за другите е обезбедено чистилиштето или пеколот.
  • Луѓето од второто ниво се исклучително чувствителни на промените во формата на религијата, бидејќи тоа е формата од која зависат на нивниот пат на ослободување од хаосот. Затоа, многуте обиди за реформирање на религијата неизбежно резултираат со раскол. Како последица на тие појави, многу религии не се сменети со векови и се останати на пониските нивоа на цивилизацискиот развој.
  • Визијата за Бог, на луѓето кои се на ниво 2, е прилично детска: тие редовно го замислуваат Бог како некој таму горе кој има голема моќ и кој има способност да ги казни луѓето за нивните злодела. Тоа е визија за Бог како Господар и Полицаец, кон кого луѓето од второто ниво покажуваат послушност и од кого често се плашат. Во исто време, тие имаат многу малку разбирање за таа половина од Бога што живее во нас, односно за божественото во човечкиот дух. Таков, Бог - тиранин, е токму она што им е потребно на луѓето од ниво 2 за нивниот духовен развој. Стравот од Бога ги оддалечува од грешноста и неморалот, а нивната религија им дава упатства што е добро, а што лошо.
  • Според нив, Господ е редовно машко, тешко им е да го замислат како универзално или, не дај Боже, женско битие.

Ниво 3 -скептично (индивидуално)

  • луѓето на ова ниво се одвојуваат од формалната религија што ја набљудуваат од нивна критичка и рационална гледна точка.
  • имаат свој морален систем врз кој религијата нема значително влијание.
  • безусловно веруваат во моќта на разумот, веруваат само во она што навистина можат да го спознаат и докажат, затоа најчесто не веруваат во постоењето на Бог.
  • често веруваат дека верувањето во Бог е заостанат феномен од минатото и дека луѓето кои веруваат во Бог се интелектуално поинфериорни од нив.
  • веруваат во научното толкување на животот и светот, но не размислуваат за можноста дека постои дел од Универзумот неосознаен од луѓето.

Ниво 4 - рационално (гностички)

Луѓето на ова ниво имаат некои карактеристики на луѓето од ниво 3 (отстапување од формалната религија, нејзино критичко разгледување, изграден морален систем). Она што ги издвојува од луѓето од Ниво 3 е следново:

  • веруваат во моќта на разумот и објективното спознание, но никако безусловно.
  • луѓето од ниво 4 се слободоумни, ништо не отфрлаат априори, ги анализираат сите појави, колку и да се неверојатни, од повеќе аспекти, без предрасуди и врз основа на тоа донесуваат заклучок за нив.
  • нивната способност да размислуваат отворено и рационално ги води до знаења неразбирливи за луѓето од 3-то ниво, а се однесуваат на можноста за осознавање на духовниот свет и Бог. Честопати се случува луѓето од 3-то ниво да се чудат “Како така образован и паметен човек може да верува во такви глупости”.
  • луѓето од ниво 4 се свесни за сите ограничувања на човековото спознание преку сетилата. Сепак, научното знаење обично не го отфрлаат, туку го интегрираат во нивното духовно знаење и, на тој начин, добиваат слика за светот која претставува една смислена и поврзана целина.
  • Визијата за Бог за луѓето од ниво 4 воопшто не е слична со онаа на луѓето од ниво 2: Бог за нив не е посебно битие и Господар што треба да се слуша: Бог е апстрактно суштество, сеприсутниот дух во Универзумот, редот и смислата на постоењето кое се наоѓа и во нас, самите.
  • иако луѓето од ниво 4 не се приврзани кон религиозните институции, тие сепак можат да станат приврзаници на одредена формална религија за која сметаат дека е најблиску до вечната вистина...

(Извадок од книгата „Патот по кој поретко се оди“- Скот Пек)

И сега, што си мислите, драги мои?

Ви станаа ли појасни работите? До каде сте со анализата на себеси, своите блиски, на политичарите на кои им верувате, на верските лидери? Имате ли храброст да си признаете?

Имале или немале, така стојат работите. Јас само би додала дека во првото ниво на духовен развој спаѓаат најголемиот број политичари што нам ни се познати.

Во второто спаѓаат сите оние кои слепо следат некоја политичка партија, религија, верска секта и сите останати групи, здруженија и клубови.

Во третото ниво на духовен развој спаѓаат секако научниците со тунелска визија кон науката и кон светот околу себе, а такви се изнагледавме во изминатиов период.

А, во четвртата? Во четвртата спаѓаат сите оние храбри трагачи по вистината кои ја носат искрата светлина во овој мрачен и безнадежен свет. Сите Прометеи на денешницата кои се жртвуваат себеси за човештвото да ја осознае вистината и светот да стане похумано место за живеење.

Но, да не заборавам. Шармот на оваа поделба е во тоа што во секое племе, семејство, интересна група, институција, има по некоја „црна овца“, по некој Прометеј, кој, заради некоја причина, во еден миг, како електронот, отскокнува едно ниво повисоко и на тој начин внесува Искра од Вистината во општоприфатената догма. И фала Богу што е така, бидејќи без таквите личности светот е осуден на пропаст. А, нашите животи ќе немаат вкус и боја.

И конечно, секој човек, без разлика на кое духовно ниво се наоѓа во моментов, еден ден ќе стигне на целта. Кој порано, кој подоцна.

Виолета С. Марсол

 

 
 
Регистрирано во Македонска Авторска Агенција
под реден број 970 Скопје
 
Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот.
Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
 

Изгледот на страницата одговара за Стрелците. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.


Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак.
Направете го овој тест.


Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне

радикално да го подобрите вашиот животВашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне да ги откриете причинско-последичните врски меѓу вашиот минат и сегашен живот, ќе ви открие што се случувало во вашиот минат живот, како тоа се рефлектира на вашето однесување и на случувањата во сегашниот и која е целта на вашето раѓање.


Имам веќе две натални карти и искрено не очекував Оваа да биде нешто многу поразлична од останатите. Сепак многу се изненадив. Многу сум задоволен од одговорите кои ги добив благодарејќи на Вашата натална карта! Искрено Благодарам! 

Гога Поп-Георгиевски, Скопје


Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.


Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)


© 2005-2024
Виолета Марсол
Сите права се задржани

Насловна страна | Знаците и... | АстроПортети | Натална Карта | Детски Хороскоп | Љубовен Хороскоп | Бизнис Хороскоп | АстроСовети

Насловна страна Знаците и... АстроПортети Натална Карта Детски Хороскоп Љубовен Хороскоп Бизнис Хороскоп АстроСовети Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Шкорпија Стрелец (тековен стил) Јарец Водолија Риби