In English

En français

Говорот
на Судбината

Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате?
 
Кликнете на Книгата...

Останати теми:

Мое гледање на Астрологијата

Астролошките сајтови


Никој не избегал

Школо за новата реалност

Среќата го менува знакот

Седум фази

Плутон во Водолија

Господарот во матни води

Одиме на Марс

Кој сее ветер

Да сум јас некој

QUO VADIS MACEDONIA?

Никој не е совршен

Кај се тие времиња?

Сакам да се дружам само со убави луѓе

Лопови, Овци, Научници и Мистици

Црешовиот цвет

Кога ќе се сретнат Среќата и Фантазијата

Тест за пријателство

Сакај ме повеќе од се на светот

Победа на животот над смртта

Зошто славиме на 14-ти јануари

Чудни се патиштата Господови

Вашиот маж е вашето огледало

Зошто нашите желби не се исполнуваат?

Катарза на стравот од смртта

Што не спречува да бидеме среќни?

Зошто жените сакаат да личат на Џокер?

Убиство со збор

Кога бракот не е консумиран

Ретроградниот Меркур наш слуга

Кај што денот ја љуби ноќта

Кога ќе го преспиеш животот

Нејзиното Височество, Госпожа Карма

Те снаоѓа тоа...

Лоши работи, добри луѓе

Другата страна на надежта

Зошто е болно човештвото?

Дали најде радост

Пет чувари на бракот

Љуби, љуби, ама глава не губи

Во музиката е лекот

Ретроградниот Меркур работи за нас

Супер Цветна Крвава Месечина

Очи во очи со Кармата

Ниедна тајна не останала вечно скриена

Јупитер во Риби

Кога ќе се појавиш љубов моја?

Знаете ли кое е најдоброто патување?

Дај му го на другиот

Соковите на љубовта

Денот на Свети Валентин

Објавено на 14.02.2022 во 08:55

Денот на Свети Валентин - зошто го славиме?
 

Знаете ли кој е највеличенствениот љубовен подарок на сите времиња,

драги мои?

Не знаете? Претпоставувате? Никогаш не сте размислувале за тоа?

Е па, еве, јас размислував и заклучив дека нема нешто повелелепно од Таџ Махал, палатата што Мумтаз Махал, сопругата на Шах Џахан, никогаш не ја виде, бидејќи умре кога го донесуваше на свет нивното 14-то дете. А, нејзиниот сопруг ја изгради во чест на нивната љубов. Изградбата на палатата траела 22 години, а во неа е вграден трудот, потта и солзите на 20 000 луѓе.

Знаете ли која е најстарата честитка што некој ја испратил за Денот на вљубените?

Мислам дека одговорот на ова прашање ретко кој го знае, бидејќи настанот се случил во 1415 година. Тогаш војводата од Орлеанс, кој бил затворен во лондонската кула Tower и ја испратил на својата сопруга.

Знаете ли кој прв почнал да им поклонува слатки на оние што ги сака, за Денот на Св. Валентин?

Замислете, тоа биле првите доселенеци во Америка. А, ако се прашувате:„Како им текнало да подаруваат слатки?“, одговорот е:„Затоа што шеќерот во тоа време бил скапоцен продукт, па ретко кој можел да си го дозволи.“ Значи, оној што некому подарува слатки на тој начин како да вели дека неговата љубов е скапоцена како шеќерот.

И конечно доаѓаме до сржта на темата. Знаете ли кој бил Св. Валентин?

Можеби знаете, а можеби и се двоумите. Се двоумев и јас додека не ја истражив целата работа. Значи вака, во тоа време, околу 269 година на нашата ера, постоеле тројца свештеници со ова име. Меѓутоа, судејќи според нивните дела, легендата сигурно е поврзана за оној Валентин кој тајно ги венчавал војниците со нивните сакани, пишувал љубовни писма наместо нив, ги смирувал скараните, им подарувал цвеќе на младите жени. Всушност, здушно работел на ширење на љубовта, а тоа е најважното дело во христијанството. Тој носел прстен со Купидон, симболот на љубовта, со цел да им помогне на војниците да го препознаат и делел срца од хартија, за да ги потсети христијаните на љубовта кон Господ.

Зошто е толку важна неговата мисија, па заслужил да биде прогласен за светец?

Затоа што царот Клаудиј II Готски (268-270), кој владеел со Рим во тоа време, имал увид дека оженетите војници повеќе мислат на сопругата и семејството отколку на царството и борбата, што е нели нормално? Па, со цел да го зачува воинствениот дух, донел закон со кој им забранувал на војниците да стапуваат во брак и ги казнувал со смрт. Кога тој дознал дека свештеникот Валентин ја прекршил неговата наредба, барал од него да се врати на верувањето во римските богови. Имајте на ум дека тоа е во време кога Христијанството било во зародиш, а христијаните биле протерувани и убивани од страна на Римската Империја. Е, во такво време, свештеникот Валентин го одбил барањето на царот, па дури и ги толкувал основните христијански вистини пред судот. Затоа бил осуден на погубување.

И тука нашата легенда ја доживува својата КАТАРЗА. Додека го чекал своето погубување во затворската ќелија, во свештеникот се вљубила слепата ќерка на затворскиот чувар. Валентин, кој бил заветуван на целибат, не можел да и ги возврати чувствата. Но, еден ден пред своето погубување, кое намерно било темпирано да се реализира пред римскиот, пагански празник, Луперкалиа, кој ја славел плодноста, Валентин и напишал трогателно писмо на девојката во кое и ги признал своите вистински чувства и се потпишал со (од твојот Валентин).

Девојката го добила писмото откако тој веќе бил погубен. И додека, некој од блиските и го читал писмото, се случило ЧУДО. Таа прогледала. Ова чудо придонело Валентин да се прогласи за светец и оттука се родила традицијата да се пишуваат љубовни писма токму на 14 февруари. Откако Рим станал христијански град, овие два настана, смртта на Св. Валентин и празникот Луперкалиа се соединиле во едно и се слават на 14 февруари.

Молитвата на Св. Валентин е единствена и неверојатна. Преку неа бараме Господ да ги поврзе нашите срца со срцата на тие што ги љубиме и нашите души да станат едно, за, преку својата преданост во љубовта, ја славиме преданоста кон Господ.

Уф, прекрасна порака што тера солзи на очи, ќе признаете?

ДА ЖИВЕЕ ЉУБОВТА!!!

Виолета С. Марсол

 

 
 
Регистрирано во Македонска Авторска Агенција
под реден број 970 Скопје
 
Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот.
Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
 

Изгледот на страницата одговара за Овните. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.


Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак.
Направете го овој тест.


Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне

радикално да го подобрите вашиот животВашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви открие каков е вашиот однос со родителите и зошто, но истовремено ќе ви покаже како да ги подобрите односите со блиските и околината.


Ова се вистинските зборови што ја опишуваат наталната карта што ми ја изработивте: Наталната карта на Астроскопиа е шлаканицата што ви е потребна да го направите квантниот скок во вашата судбина. Големо благодарам што ми помогнавте да живеам со ширум отворени очи! 

Сања С., Скопје


Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.


Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)


© 2005-2024
Виолета Марсол
Сите права се задржани

Насловна страна | Знаците и... | АстроПортети | Натална Карта | Детски Хороскоп | Љубовен Хороскоп | Бизнис Хороскоп | АстроСовети

Насловна страна Знаците и... АстроПортети Натална Карта Детски Хороскоп Љубовен Хороскоп Бизнис Хороскоп АстроСовети Овен (тековен стил) Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Шкорпија Стрелец Јарец Водолија Риби