Говорот на Судбината
Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате? Кликнете на Книгата... |
Останати теми:
Мое гледање на Астрологијата
Астролошките сајтови
Никој не избегал
Школо за новата реалност
Среќата го менува знакот
Седум фази
Плутон во Водолија
Господарот во матни води
Одиме на Марс
Кој сее ветер
Да сум јас некој
QUO VADIS MACEDONIA?
Никој не е совршен
Кај се тие времиња?
Сакам да се дружам само со убави луѓе
Лопови, Овци, Научници и Мистици
Црешовиот цвет
Кога ќе се сретнат Среќата и Фантазијата
Тест за пријателство
Сакај ме повеќе од се на светот
Денот на Свети Валентин
Зошто славиме на 14-ти јануари
Чудни се патиштата Господови
Вашиот маж е вашето огледало
Зошто нашите желби не се исполнуваат?
Катарза на стравот од смртта
Што не спречува да бидеме среќни?
Зошто жените сакаат да личат на Џокер?
Убиство со збор
Кога бракот не е консумиран
Ретроградниот Меркур наш слуга
Кај што денот ја љуби ноќта
Кога ќе го преспиеш животот
Нејзиното Височество, Госпожа Карма
Те снаоѓа тоа...
Лоши работи, добри луѓе
Другата страна на надежта
Зошто е болно човештвото?
Дали најде радост
Пет чувари на бракот
Љуби, љуби, ама глава не губи
Во музиката е лекот
Ретроградниот Меркур работи за нас
Супер Цветна Крвава Месечина
Очи во очи со Кармата
Ниедна тајна не останала вечно скриена
Јупитер во Риби
Кога ќе се појавиш љубов моја?
Знаете ли кое е најдоброто патување?
Дај му го на другиот
Соковите на љубовта
|
Објавено на 27.01.2022 во 00:33
|
Победа на животот над смртта
(Северен Месечев Јазол во Бик, Јужен во Шкорпија)
Дали се сеќавате што ви се случуваше во периодот од 15 април 2003 до 26 декември 2004? Ако сте повозрасни, обидете се да се сетите по што го паметите периодот од 12 септември 1984 до 9 мај 1986 година, драги мои? Ајде, ајде, потсетете се. Важно е. Јас, на пример, 1986 ја паметам по нуклеарната катастрофа во Чернобил. 2003 по започнувањето на војната во Ирак. А, 2004 по разорното цунами во Индонезија кога загинаа 230 илјади луѓе и беше предизвикана штета од 10 милијарди долари. Прашувате: „Зошто е важно да се сетите?“ Затоа што во периодот од 19 јануари 2022 до 17 јули 2023, кога Месечевите Јазли ќе се најдат на оската Бик - Шкорпија, веројатно истите теми во нашите животи, глобално и лично, ќе дојдат на ревизија. Причината поради која ќе минуваме низ слични ситуации или ќе се најдеме во слични околности е потребата да ги надминеме истите и да свртиме нова страница во животот. Всушност, би требало да тргнеме по пат по кој никогаш до сега не сме оделе. „Where No One Has Gone Before“, како што би рекле во Ѕвездени Патеки. Какво влијание ќе има на нас поставеноста на Месечевите Јазли на оската Бик - Шкорпија до 17 јули 2023? Како прво, ќе се окупираме со прашања поврзани со нашата материјална и емоционална сигурност. Не дека тие прашања не не мачат постојано. Но, во овој период ќе бидат поттикнати од надворешни влијанија. Па, сакале или не, интензивно ќе трагаме да го најдеме излезот од кризата, од лошото да научиме нешто добро, ќе се трудиме финансиски и емоционално да закрепнеме, да се стабилизираме. Ако Месечевите Јазли ги замислиме како две врати поставени на нашата животна траекторија од кои, едната, води кон минатото кое е обоено со болести, смрт, заеднички имот, трансформација и регенерација (Шкорпија), а другата води кон потребата од материјална сигурност, стабилност, комфор и комодитет (Бик), ќе треба да научиме како да ја трансформираме сексуалната енергија во исцелителска, да ги победиме стравовите, да ја надминеме болката од загубата (на драги луѓе, пари, здравје), да го пронајдеме чувството на безбедност во себеси и во некоја виша сила поголема од се што е земно, да сметаме само на сопствената способност при обезбедувањето на егзистенцијата, да го заштитиме имотот што го поседуваме. На глобален план ќе бидат засегнати областите со кои владее Бикот: природата, реките, земјата, храната, економијата. Уште повеќе што и непредвидливиот Уран, кој е поврзан со насилните промени и револуциите, ќе биде во Бик до пролетта 2026 година. Ако се сетиме што се случуваше со светот кога Уран последен пат беше во Бик, по големата Светска Економска Криза и на почетокот на Втората Светска Војна, во периодот од 7 јуни 1934 до 16 мај 1942, тоа ќе ни помогне да бидеме подготвени брзо да им се прилагодуваме на промените. Знаете зошто? Бидејќи и покрај галопирачката инфлација, пропаѓањето на многу банки, проблемот со вработувањето, гладувањето, ѕвецкањето со оружјето, сепак, луѓето и тогаш воделе љубов, влегувале во брак, раѓале деца, се школувале, живееле. Затоа што силата на животот секогаш ја победува силата на смртта. Всушност, тоа е и една од пораките која Исус му ја испрати на човештвото со чинот на воскреснувањето. Љубопитна сум да дознаам што ќе се случи кога Северниот Месечев Јазол ќе се сретне со Уран во Бик, на крајот од јули и почетокот на август 2022, а Сатурн од Водолија ќе им стави рампа? Но, за тоа кога ќе дојде времето. Па нели, додека сме живи, учиме. Виолета С. Марсол
Регистрирано во Македонска Авторска Агенција под реден број 970 Скопје Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот. Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
|
Изгледот на страницата одговара за Девиците. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.
Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак. Направете го овој тест.
Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви открие кои се вашите скриени таленти, во кои професии би можеле да постигнете најголем успех, каков е вашиот однос со колегите и претпоставените и зошто, какви се вашите потенцијали на финансиски план.
“ |
Имам веќе две натални карти и искрено не очекував Оваа да биде нешто многу поразлична од останатите. Сепак многу се изненадив. Многу сум задоволен од одговорите кои ги добив благодарејќи на Вашата натална карта! Искрено Благодарам! ” Гога Поп-Георгиевски, Скопје |
Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.
Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)
|