In English

En français

Говорот
на Судбината

Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате?
 
Кликнете на Книгата...

Останати теми:

Мое гледање на Астрологијата

Астролошките сајтови


Никој не избегал

Школо за новата реалност

Среќата го менува знакот

Седум фази

Плутон во Водолија

Господарот во матни води

Одиме на Марс

Кој сее ветер

Да сум јас некој

QUO VADIS MACEDONIA?

Никој не е совршен

Кај се тие времиња?

Сакам да се дружам само со убави луѓе

Лопови, Овци, Научници и Мистици

Црешовиот цвет

Кога ќе се сретнат Среќата и Фантазијата

Тест за пријателство

Сакај ме повеќе од се на светот

Денот на Свети Валентин

Победа на животот над смртта

Зошто славиме на 14-ти јануари

Чудни се патиштата Господови

Вашиот маж е вашето огледало

Катарза на стравот од смртта

Што не спречува да бидеме среќни?

Зошто жените сакаат да личат на Џокер?

Убиство со збор

Кога бракот не е консумиран

Ретроградниот Меркур наш слуга

Кај што денот ја љуби ноќта

Кога ќе го преспиеш животот

Нејзиното Височество, Госпожа Карма

Те снаоѓа тоа...

Лоши работи, добри луѓе

Другата страна на надежта

Зошто е болно човештвото?

Дали најде радост

Пет чувари на бракот

Љуби, љуби, ама глава не губи

Во музиката е лекот

Ретроградниот Меркур работи за нас

Супер Цветна Крвава Месечина

Очи во очи со Кармата

Ниедна тајна не останала вечно скриена

Јупитер во Риби

Кога ќе се појавиш љубов моја?

Знаете ли кое е најдоброто патување?

Дај му го на другиот

Соковите на љубовта

Зошто нашите желби не се исполнуваат?

Објавено на 23.11.2021 во 23:22

Зошто нашите желби не се исполнуваат?
 

Ова прашање честопати го слушам од вас, но многупати сум си го поставувала и самата себеси. И дојдов до следниот заклучок:

Има многу причини поради кои нашите желби не се остваруваат. Најчесто, зашто не им е дојдено вистинското време, не сме работеле доволно на нивно остварување, имаме спротивставени чувствa во однос на тие желби или затоа што, поради некоја причина, подобро е за нас ако не се остварат.

Сепак, има ситуации кои не одговараат на ништо погоре наведено. Имено, точно знаеме што сакаме, работиме тоа да се оствари, стрпливи сме во исчекување на резултатот, не правиме ништо лошо, но нашите желби не се исполнуваат или пак ни се случува токму спротивното од она што сме го посакувале.

Ако ме прашувате: „Зошто е тоа така?“

Ќе ви кажам дека одговорот секогаш се крие во кармата и во ненаучените лекции кои мора, одново и одново, да ги учиме со цел да го положиме испитот на животот и на еволуцијата. Во такви ситуации, џабе ни е позитивниот став кон работите, џабе ни се афирмативните реченици, џабе ни е работата на себе, нашите желби нема да се исполнат се додека не ги исплатиме кармичките долгови и не ги одврземе кармичките јазли што самите сме ги врзале со нашите дела или недела, во овој или во некој од минатите животи.

Прашувате: „Како да ги одврземе кармичките јазли?“

Интересен е примерот од историјата кога Александар Македонски, немајќи трпение да го отплеткува Гордиевиот јазол, го пресекол со својот меч. Луцидно решение на проблемот што многу мудреци пред него не се досетиле да го сторат. А, начинот на кој тоа го направил зборува за неговиот импулсивен карактер, младешката нестрпливост и за подготвеноста да го реши по куса постапка секој кој ќе му застане на патот на реализацијата на неговата најголема желба: да го освои светот.

Но, како што го решил проблемот, таква му била и иднината што неговиот карактер тогаш ја иницирал. Па, после брзо и успешно освојување на половина од тогаш познатиот свет, тој умира во Вавилон, три недели пред својот триесет и трети роденден. Историјата вели од акутен панкреатит. Некои пак велат од маларија. Додека неговите фанови велат од отров. Како и да е. За да не ја повториме неговата грешка, најдобро е за почеток да знаеме како кармичките јазли се врзуваат и кои се лекциите што треба да ги научиме?

Сигурно веќе знаете дека нема општи лекции, само лични. Освен кога е во прашање колективната карма на едно семејство, град, држава, цивилизација. Тогаш учиме лекции чии кармички јазли ги врзал некој од нашето племе, не ние самите, но нашиот кармички долг интерферира со колективниот. Во сите останати случаи, секој од нас ја учи лекцијата што токму нему му е потребна.

Па, некој учи како да биде добра мајка и сопруга. Некој учи како да биде добар татко. Некој треба да научи сам да се грижи за себеси без да очекува ништо од никого. Некои од нас се борат со лекции поврзани со алчноста, гордоста или моралот. Другите се соочуваат со лекции поврзани со нивниот имиџ и со сликата што за себеси ја манифестираат пред јавноста. А, некои учат како да ги надминат стравовите. Која е токму нашата лекција, каде сме кикснале во минатото и што треба да научиме, тоа единствено може да го открие нашата Натална Карта. Сето останато е трагање на слепо.

И веројатно најважно е да знаеме дека на кармичките јазли додаваме уште една „врзуванка“ секогаш кога ги озборуваме другите, кога зборуваме неубави работи за луѓето, кога ги потценуваме, им се потсмеваме, сакаме да ги злоупотребиме, искористиме, кога се однесуваме неодговорно кон сопствениот и туѓиот живот, кога го погазуваме туѓото право на слободен избор.

Значи, колку повеќе управуваме со уздите од нашиот карактер, толку повеќе ги држиме под контрола и нашите ниски пориви, а со тоа и опасноста да направиме некаков нов кармички долг.

Конечно, како што вели Роберт Ингерсол: ние растеме, подигајќи ги другите.

Виолета С. Марсол

 

 
 
Регистрирано во Македонска Авторска Агенција
под реден број 970 Скопје
 
Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот.
Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
 

Изгледот на страницата одговара за Овните. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.


Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак.
Направете го овој тест.


Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне

радикално да го подобрите вашиот животВашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне да ги откриете причинско-последичните врски меѓу вашиот минат и сегашен живот, ќе ви открие што се случувало во вашиот минат живот, како тоа се рефлектира на вашето однесување и на случувањата во сегашниот и која е целта на вашето раѓање.


Многу сум задоволна.
 
Пред да го добијам хороскопот и да се сретнам со тебе, не знаев што да очекувам и морам да признам дека податоците и објаснувањата беа шокантно вистинити. Ми понуди многу објективна слика на мојата личност и случувањата во мојот живот. Хороскопот ми е како една од оние “self-help” книги, но скроена само за мене.
 

Ана, Скопје


Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.


Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)


© 2005-2024
Виолета Марсол
Сите права се задржани

Насловна страна | Знаците и... | АстроПортети | Натална Карта | Детски Хороскоп | Љубовен Хороскоп | Бизнис Хороскоп | АстроСовети

Насловна страна Знаците и... АстроПортети Натална Карта Детски Хороскоп Љубовен Хороскоп Бизнис Хороскоп АстроСовети Овен (тековен стил) Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Шкорпија Стрелец Јарец Водолија Риби