In English

En français

Говорот
на Судбината

Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате?
 
Кликнете на Книгата...

Останати теми:

Мое гледање на Астрологијата

Астролошките сајтови


Никој не избегал

Школо за новата реалност

Среќата го менува знакот

Седум фази

Плутон во Водолија

Господарот во матни води

Одиме на Марс

Кој сее ветер

Да сум јас некој

QUO VADIS MACEDONIA?

Никој не е совршен

Кај се тие времиња?

Сакам да се дружам само со убави луѓе

Лопови, Овци, Научници и Мистици

Црешовиот цвет

Кога ќе се сретнат Среќата и Фантазијата

Тест за пријателство

Сакај ме повеќе од се на светот

Денот на Свети Валентин

Победа на животот над смртта

Зошто славиме на 14-ти јануари

Чудни се патиштата Господови

Вашиот маж е вашето огледало

Зошто нашите желби не се исполнуваат?

Катарза на стравот од смртта

Зошто жените сакаат да личат на Џокер?

Убиство со збор

Кога бракот не е консумиран

Ретроградниот Меркур наш слуга

Кај што денот ја љуби ноќта

Кога ќе го преспиеш животот

Нејзиното Височество, Госпожа Карма

Те снаоѓа тоа...

Лоши работи, добри луѓе

Другата страна на надежта

Зошто е болно човештвото?

Дали најде радост

Пет чувари на бракот

Љуби, љуби, ама глава не губи

Во музиката е лекот

Ретроградниот Меркур работи за нас

Супер Цветна Крвава Месечина

Очи во очи со Кармата

Ниедна тајна не останала вечно скриена

Јупитер во Риби

Кога ќе се појавиш љубов моја?

Знаете ли кое е најдоброто патување?

Дај му го на другиот

Соковите на љубовта

Што не спречува да бидеме среќни?

Објавено на 16.11.2021во 06:39

Што не спречува да бидеме среќни?
 

Сите ние сакаме да бидеме среќни и безгрижни. Да имаме богат и исполнет живот. Да имаме смисла и содржина во животот. Да бидеме успешни. Да бидеме сакани. Но, малкумина од нас, драги мои, знаат како тоа да го постигнат и зошто работите не им одат од рака?

За пластично да ви го објаснам ова би требало да си замислиме дека сме мали деца со раце полни разни играчки, како на пример: со страв, недоверба во себеси, чувство на несаканост. И тогаш пред нас се појавува Г-динот Живот кој ни носи убав подарок, како на пример успех, љубов, среќа.

Ајде кажете ми, како ќе го примиме подарокот ако прво не ги ослободиме рацете од непотребниот товар?

Никако.

Значи, за да бидеме среќни и да имаме богат и исполнет живот, треба да се ослободиме од следните работи:

  1. Да се ослободиме од врзаноста за материјалните работи.
    Материјалните работи имаат минлива вредност, бидејќи се што е материјално е подложно на промена, уништување, распаѓање. Но, врзаноста за материјалното ни ја одзема слободата затоа што ни создава страв од загуба. А, тој страв не блокира во развојот, пред се духовен.
     
  2. Да се ослободиме од чувството на вина.
    Чувството на вина не ни дозволува да бидеме позитивни. Затоа, треба да си признаеме пред себеси што лошо сме направиле, да го коригираме, ако можеме, да побараме прошка од оние на кои сме им згрешиле и да го прифатиме она што веќе не може да се смени.
     
  3. Да се ослободиме од самокритика.
    Самокритиката е добар начин да го држиме егото под контрола. Меѓутоа, претераната самокритика ја урива нашата почит кон себеси. А, тоа пак ја блокира нашата способност да го искористиме нашиот потенцијал и таленти.
     
  4. Да се ослободиме од предрасуди.
    Предрасудите, за некого или нешто, може да се покажат како вистинити и да не спасат од поголем проблем. Но, најчесто се лажен аларм. Па, додека не се ослободиме од нив, ние ја зацврстуваме нашата ментална бариера кон новото и различното. А, тоа не труе нас самите, бидејќи поттикнува да се чувствуваме лошо, бесно, огорчено.
     
  5. Да престанеме да бараме одобрување за нашите постапки или планови од другите луѓе.
    Зошто е ова лошо? Поради две причини: Прво, така изгледаме мали во очите на другите и тие ќе ја изгубат својата почит кон нас. Второ, убедувањата на другите би можеле да интерферираат со нашите планови и желби и да не блокираат во делувањето.
     
  6. Да се ослободиме од навиката постојано да ги одложуваме работите.
    Секако, за секоја работа постои вистинско време, ама постојаното одложување на она што треба да го направиме зборува за нашата несигурност, мрзливост и ја разводнува првичната идеја. Уште повеќе што околностите постојано се менуваат и, на крајот, не ќе можеме да го направиме утре она што сме можеле денес.
     
  7. Да ги заборавиме лошите спомени.
    Од минатото треба да извлечеме поука и да го заборавиме. Ако постојано се навраќаме на истите работи, тоа е како постојано да ставаме сол на рана. А, тоа ќе ни ја одзема енергијата со која би можеле да направиме нешто конструктивно. На страна што тоа е начинот на кој се предизвикуваат разни болести.
     
  8. Да се ослободиме од лошото друштво.
    Можеби тоа долго го одложуваме затоа што сакаме да бидеме лојални или зашто се плашиме да останеме сами. Ама лошото друштво ги расипува добрите навики. А, злобните и завидливи луѓе, колку и да се однесуваат мило кон нас, шират негативна енергија која ја намалува нашата природна вибрација и не оддалечува од нашата цел.
     
  9. Да се ослободиме од лошите навики.
    Бидејќи лошите навики се како спората на гнилежот што полека ги расипува и нашите добри особини и нашите шанси во животот.
     
  10. Да се ослободиме од мислата дека времето поминува.
    Да, времето незапирливо лета и во зима и во лето, ама времето е релативна категорија и не треба да не фаќа паника дека часовникот се побрзо ни отчукува. Сведоци сме дека она што треба да ни се случи, се случува во еден миг. А, ако не треба, може да се трудиме од петни жили, но никогаш нема да го добиеме тоа што не ни припаѓа.
     

Виолета С. Марсол

 

 
 
Регистрирано во Македонска Авторска Агенција
под реден број 970 Скопје
 
Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот.
Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
 

Изгледот на страницата одговара за Близнаците. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.


Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак.
Направете го овој тест.


Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне

радикално да го подобрите вашиот животВашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви открие кој е вашиот идеален партнер, како се однесувате во љубовта и сексот, зошто секогаш привлекувате одреден тип на личности и како можете да го подобрите својот љубовен живот.


Наталната карта што ја добив е фантастична!
Ви благодарам многу што ми го подаривте огледалото на мојот живот :) 

Виктор К., Скопје


Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.


Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)


© 2005-2024
Виолета Марсол
Сите права се задржани

Насловна страна | Знаците и... | АстроПортети | Натална Карта | Детски Хороскоп | Љубовен Хороскоп | Бизнис Хороскоп | АстроСовети

Насловна страна Знаците и... АстроПортети Натална Карта Детски Хороскоп Љубовен Хороскоп Бизнис Хороскоп АстроСовети Овен Бик Близнаци (тековен стил) Рак Лав Девица Вага Шкорпија Стрелец Јарец Водолија Риби