Говорот на Судбината
Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате? Кликнете на Книгата... |
Останати теми:
Мое гледање на Астрологијата
Астролошките сајтови
Никој не избегал
Школо за новата реалност
Среќата го менува знакот
Седум фази
Плутон во Водолија
Господарот во матни води
Одиме на Марс
Кој сее ветер
Да сум јас некој
QUO VADIS MACEDONIA?
Никој не е совршен
Кај се тие времиња?
Сакам да се дружам само со убави луѓе
Лопови, Овци, Научници и Мистици
Црешовиот цвет
Кога ќе се сретнат Среќата и Фантазијата
Тест за пријателство
Сакај ме повеќе од се на светот
Денот на Свети Валентин
Победа на животот над смртта
Зошто славиме на 14-ти јануари
Чудни се патиштата Господови
Вашиот маж е вашето огледало
Зошто нашите желби не се исполнуваат?
Катарза на стравот од смртта
Што не спречува да бидеме среќни?
Убиство со збор
Кога бракот не е консумиран
Ретроградниот Меркур наш слуга
Кај што денот ја љуби ноќта
Кога ќе го преспиеш животот
Нејзиното Височество, Госпожа Карма
Те снаоѓа тоа...
Лоши работи, добри луѓе
Другата страна на надежта
Зошто е болно човештвото?
Дали најде радост
Пет чувари на бракот
Љуби, љуби, ама глава не губи
Во музиката е лекот
Ретроградниот Меркур работи за нас
Супер Цветна Крвава Месечина
Очи во очи со Кармата
Ниедна тајна не останала вечно скриена
Јупитер во Риби
Кога ќе се појавиш љубов моја?
Знаете ли кое е најдоброто патување?
Дај му го на другиот
Соковите на љубовта
|
Објавено на 19.10.2021 во 09:45
|
Зошто жените сакаат да личат на Џокер?
Ова прашање му го поставив на еден мој пријател кога зборувавме за некои познати жени кои си го упропастија својот изглед претерувајќи со силиконите, филерите и естетските зафати. „Не знам“, одговори тој, „Не знам кој ги излажал дека така им се убави на мажите? Напротив. Нема ништо погрдо за мажите од една вештачка жена.“ „Ха, не би рекла“, бев сомничава јас. „Кога би било така ниедна жена не би се претворала себеси во гротеска.“ „Е, па сега ќе ти кажам што ми одговори една пријателка кога и го поставив истото прашање. Рече:„Знаеш зошто го правам ова? Не за мажите, туку за жените“. Замисли, се натпреварува со другите жени, сака да биде подобра од нив?!“, поентираше мојот пријател. „Па, што не запише некое школо тогаш? Што не направи некое добро дело?“, бев саркастична јас, сакајќи да му укажам на пријателот кои се сферите во кои вреди човек да се натпреварува и со себеси и со другите. „Да, така е“, ми го подзеде муабетот пријателот. А, јас продолжив, без да земам воздух, не сакајќи да го прекинам текот на мислите кој ми навираше во глава: „Не, не верувам дека е тоа мотивот. Нејзиниот одговор не ми личи логичен или само делумно е точен. Ако жените се нагрдуваат себеси до непрепознатливост заради другите жени, значи дека во позадината на тоа сепак стојат мажите. А, зад тоа стојат парите, драг пријателе. Зошто го велам ова? Е, па еве, самиот размисли! Кога една жена ќе види дека нејзината пријателка се наполнила со силикони, ботокс и хијалурон, како мисирка за Божиќ, и дека така си фатила некој богат дечко, таа мисли дека го нашла одговорот за богат и безгрижен живот. Па, наместо да го билда своето знаење и да работи на подобрување на својот карактер, што е потешко, таа го одбира полесниот начин и подига кредит за да се претвори во добитна комбинација на напумпана уста, гради, задник. Жените пак кои се во врска или во брак со богати мажи, од страв дека некоја „кукла на дување“ ќе им го лапне мажот, се обидуваат да се претворат токму во таквите, „напумпаните“, кои ги доживуваат како закана. И така, полека, го губат идентитетот, почнуваат да личат една на друга, стануваат униформни и здодевни за мажите. Па, на крајот, ќе се случи токму тоа од кое се плашеле“. „Кога го кажуваш на ваков начин има смисла“, се надоврза пријателот. „Во основата е сепак борбата околу мажите.“ „Или околу парите. Секогаш било, секогаш и ќе биде“, беа зборовите со кои ставивме точка на оваа тема, јас и пријателот. Меѓутоа, на моето обраќање до вас, драги дами, нема да ставам точка додека не ви кажам дека треба добро да размислите пред да одлучите да правите „работа на себе“. Прашувате: „Зошто?“ Затоа што тука има една „квака“. Ако се сведувате себеси само на голем силиконски задник, тогаш треба да очекувате дека, кога-тогаш, ќе бидете заменети со друг, уште поголем, силиконски задник. Бидејќи, кај вас задникот се наоѓа онаму каде што ви завршува грбот. А, кај мажите, кои се палат на такви жени, е поставен обратно. Кај нив започнува онаму каде што завршуваат рамениците ;) Крајот ќе го засладам со остроумното согледување на еден познат маж Шкорпија, по кој лудуваа генерации и генерации жени, Ален Делон. Тој вели:„Нема ништо поглупаво од вештачката младост. Себеси не можете да се преварите, ама можеби ќе ги насмеете луѓето.“ Виолета С. Марсол
Регистрирано во Македонска Авторска Агенција под реден број 970 Скопје Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот. Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
|
Изгледот на страницата одговара за Девиците. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.
Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак. Направете го овој тест.
Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви открие кој е вашиот идеален партнер, како се однесувате во љубовта и сексот, зошто секогаш привлекувате одреден тип на личности и како можете да го подобрите својот љубовен живот.
“ |
Наталната карта што ја добив е фантастична! Ви благодарам многу што ми го подаривте огледалото на мојот живот :) ” Виктор К., Скопје |
Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.
Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)
|