Говорот на Судбината
Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате? Кликнете на Книгата... |
Останати теми:
Мое гледање на Астрологијата
Астролошките сајтови
Никој не избегал
Школо за новата реалност
Среќата го менува знакот
Седум фази
Плутон во Водолија
Господарот во матни води
Одиме на Марс
Кој сее ветер
Да сум јас некој
QUO VADIS MACEDONIA?
Никој не е совршен
Кај се тие времиња?
Сакам да се дружам само со убави луѓе
Лопови, Овци, Научници и Мистици
Црешовиот цвет
Кога ќе се сретнат Среќата и Фантазијата
Тест за пријателство
Сакај ме повеќе од се на светот
Денот на Свети Валентин
Победа на животот над смртта
Зошто славиме на 14-ти јануари
Чудни се патиштата Господови
Вашиот маж е вашето огледало
Зошто нашите желби не се исполнуваат?
Катарза на стравот од смртта
Што не спречува да бидеме среќни?
Зошто жените сакаат да личат на Џокер?
Кога бракот не е консумиран
Ретроградниот Меркур наш слуга
Кај што денот ја љуби ноќта
Кога ќе го преспиеш животот
Нејзиното Височество, Госпожа Карма
Те снаоѓа тоа...
Лоши работи, добри луѓе
Другата страна на надежта
Зошто е болно човештвото?
Дали најде радост
Пет чувари на бракот
Љуби, љуби, ама глава не губи
Во музиката е лекот
Ретроградниот Меркур работи за нас
Супер Цветна Крвава Месечина
Очи во очи со Кармата
Ниедна тајна не останала вечно скриена
Јупитер во Риби
Кога ќе се појавиш љубов моја?
Знаете ли кое е најдоброто патување?
Дај му го на другиот
Соковите на љубовта
|
Објавено на 14.10.2021 во 22:03
|
Убиство со збор
„Би било добро кога зборовите би биле со кус век како што е звукот што ги изговорил. Но, тие често живеат со години, како срамни рани болат, печат и го трујат животот.“ На овој прецизен увид од страна на нобеловецот Иво Андриќ се сетив пред некој ден, драги мои, кога ја слушав исповедта на еден познат странски лекар. Господинот се залага за тоа, на пациентите со тешки дијагнози, да не им се кажува вистината, бидејќи во текот на својата работа се соочувал со различни случаи, посебно со ситуации кога здравствената состојба на пациентот се влошувала откако тој ќе ја дознаел својата точна дијагноза. А, посебно ако лекарите типувале уште колку месеци живот му остануваат. Своето залагање лекарот го поткрепи со еден случај од неговата пракса. Стануваше збор за пациент со рак на бели дробови кој не ја знаел својата дијагноза и живеел 12 години откако таа била поставена. Еден ден, задоволен од работата на лекарите кои го воделе неговиот случај, тој на истата клиника донел свој пријател. За несреќа, во моментот немало никој од тимот лекари што тој ги знаел и човекот со пријателот биле примени од некој нов лекар, школуван по американски стандарди. Откако му ја изложил причината поради која се дојдени и своето искуство во клиниката, младиот лекар го нашол досијето на човекот и неможејќи да ја скрие својата шокираност, а немајќи информација дека тој не ја знае својата дијагноза, лекарот искоментирал: „Не ми се верува?! Зарем вие сте сеуште жив, по 12 години, со рак на белите дробови?!“ И веќе претпоставувате што се случило, нели? Човекот умрел во рок од два месеци по оваа случка. Што сакам да кажам? Сакам да порачам дека треба да внимаваме што, кому и како кажуваме. Бидејќи, зборовите се како клетви, зборовите се како звучни куршуми испратени кон нечија потсвест, со зборовите можеме да ја програмираме иднината и од нашите зборови можеби ќе зависи дали некој ќе живее или умре. Посебно ако тоа што го кажуваме постојано го повторуваме. Зошто? Бидејќи зборовите се како шајки и влегуваат подлабоко во глава кога се повторуваат. А, ако не ви е грижа каков ефект предизвикуваат вашите зборови кај другите, можеби ќе го смените мислењето ако ви кажам дека секогаш ни се враќа назад она што ние им го даваме на другите. Тоа значи дека во моментите кога ќе минувате низ тежок период во животот и кога ќе се прашувате себеси: „Зошто некои работи ви се случуваат вам, и покрај тоа што ништо лошо не сте направиле?“, би требало да размислите колку лоши зборови имате изречено, колку неправедни клетви кон другите луѓе пратено, колку завист кон некого имате почувствувано, колку туѓи срца раскрвавено, колку туѓа среќа расипано и колку туѓи очи насолзено! Кое е чарето? Да се покаеме и да побараме прошка. Луѓето во нашиот живот ќе доаѓаат и ќе си одат. Но, најважно е какво чувство ќе предизвикаме во нивната душа и тие во нашата. Бидејќи, чувството е тој Х-фактор по кој ќе не паметат. Виолета С. Марсол
Регистрирано во Македонска Авторска Агенција под реден број 970 Скопје Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот. Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
|
Изгледот на страницата одговара за Овните. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.
Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак. Направете го овој тест.
Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви открие каков е вашиот однос со родителите и зошто, но истовремено ќе ви покаже како да ги подобрите односите со блиските и околината.
“ |
Понекогаш ни самата незнам дали ќе ги направев вистинските животни избори, ако ја немав наталната карта. Мое огледало во минатото и мое лично упатство за подобра иднина. ” Ивона Талевска, Скопје |
Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.
Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)
|