Говорот на Судбината
Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате? Кликнете на Книгата... |
Останати теми:
Мое гледање на Астрологијата
Астролошките сајтови
Никој не избегал
Школо за новата реалност
Среќата го менува знакот
Седум фази
Плутон во Водолија
Господарот во матни води
Одиме на Марс
Кој сее ветер
Да сум јас некој
QUO VADIS MACEDONIA?
Никој не е совршен
Кај се тие времиња?
Сакам да се дружам само со убави луѓе
Лопови, Овци, Научници и Мистици
Црешовиот цвет
Кога ќе се сретнат Среќата и Фантазијата
Тест за пријателство
Сакај ме повеќе од се на светот
Денот на Свети Валентин
Победа на животот над смртта
Зошто славиме на 14-ти јануари
Чудни се патиштата Господови
Вашиот маж е вашето огледало
Зошто нашите желби не се исполнуваат?
Катарза на стравот од смртта
Што не спречува да бидеме среќни?
Зошто жените сакаат да личат на Џокер?
Убиство со збор
Кога бракот не е консумиран
Ретроградниот Меркур наш слуга
Кога ќе го преспиеш животот
Нејзиното Височество, Госпожа Карма
Те снаоѓа тоа...
Лоши работи, добри луѓе
Другата страна на надежта
Зошто е болно човештвото?
Дали најде радост
Пет чувари на бракот
Љуби, љуби, ама глава не губи
Во музиката е лекот
Ретроградниот Меркур работи за нас
Супер Цветна Крвава Месечина
Очи во очи со Кармата
Ниедна тајна не останала вечно скриена
Јупитер во Риби
Кога ќе се појавиш љубов моја?
Знаете ли кое е најдоброто патување?
Дај му го на другиот
Соковите на љубовта
|
Објавено на 21.09.2021во 22:23
|
Кај што денот ја љуби ноќта
(Есенска Рамнодневница) Само јас и септември знаеме да ги расплетеме нишките на лудилото, да пуштиме да истечат лажните љубови низ скинатиот џеб на летото... Овие неповторливо убави стихови од, за мене, непознат автор комплетно ја доловуваат вибрацијата која ќе се случи денес, 22 септември во 19:21 часот. Прашувате: „Што ќе се случи?“ Еден интересен феномен, драги мои, кој се случува два пати годишно, напролет и наесен. Денот и ноќта ќе траат подеднакво долго. Од една страна ќе ги имаме: светлината, топлината, активноста, давањето и засадувањето, седнати на едниот тас од вагата, кои се карактеристични за сезоната што одминува. Тие ќе се мачат да бидат исто толку силни како темнината, студенилото, мирувањето, примањето и жетвата, наредени на другиот тас на вагата, кои се карактеристични за сезоната што доаѓа. А, токму денес, во 19:21, јазичињата меѓу тасовите на вагата ќе се израмнат. Се ќе биде во потполна хармонија и ред. Почнува есента... Зарем мислите дека случајно ја спомнав вагата? Секако дека не. Зарем мислите дека случајно во овој период на годината владее единствениот предмет во Зодијакот, Вагата? И на ова прашање одговорот е „не“. Ви текнува зошто? Бидејќи вагата е единствениот предмет кој е во состојба да го одржи балансот. А, балансот е клучниот збор за периодот во кој што се наоѓаме. Ако мислите дека претерувам, ајде застанете на една нога, ве молам и обидете се да стоите во таа позиција неколку минути! Ха, тешко е? Не издржавте? Се клатите? Паднавте? Или можеби тренирате јога, па полесно ви оди? Сакам да ви покажам дека состојбата на рамнотежа не е воопшто лесна работа. Таа не е статичен чин туку бара постојано прилагодување со цел да се задржи рамнотежата. А, рамнотежата од 22 септември 2021 до 20 март 2022, полесно ќе ја одржиме ако се ослободиме од сето она што не ни треба (предмети, луѓе, ситуации, односи), ако се опкружиме со она кое ни создава внатрешен мир и ако почесто нурнуваме во нашиот внатрешен свет каде ќе ги најдеме одговорите на сите прашања кои не мачат. Ќе имаме доволно време, бидејќи ноќта од утре ќе биде се подолга. А, физичката неактивност и долгата ноќ ќе можеме да ги искористиме и за обнова на сопствените сили. Сега е време да откриеме што во нашиот живот не е во хармонија. Па, ако тоа нешто се поправа, треба да поработиме на реконструкцијата. Ако не се поправа, треба да се ослободиме од него. Нашата ревизија би требало да ја почнеме од нашите односи со луѓето, во кои спаѓаат: нашите врски, бракови, ортачки бизниси, нашите договори. Ако е можно да најдеме начин да ги подобриме, во ред. Ако не најдеме, тогаш треба да побараме правен лек и рамка за истите во иднина. Потоа, „на тапет“ би требало да ги ставиме нашите односи со пријателите, роднините, соседите, колегите и за секој од нив да побараме начин како би постигнале хармонија. Ако е невозможно, ќе треба да најдеме начин за полесно ослободување, од кое, и двете страни ќе бидат задоволни. Бидејќи, како што вели Ганди, ако се водиме од идејата „Око за око“, цел свет би бил слеп. За свет во којшто сите луѓе гледаат кристално чисто и јасно. Виолета С. Марсол
Регистрирано во Македонска Авторска Агенција под реден број 970 Скопје Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот. Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
|
Изгледот на страницата одговара за Стрелците. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.
Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак. Направете го овој тест.
Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви открие каков е вашиот однос со родителите и зошто, но истовремено ќе ви покаже како да ги подобрите односите со блиските и околината.
“ |
Понекогаш ни самата незнам дали ќе ги направев вистинските животни избори, ако ја немав наталната карта. Мое огледало во минатото и мое лично упатство за подобра иднина. ” Ивона Талевска, Скопје |
Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.
Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)
|