Говорот на Судбината
Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате? Кликнете на Книгата... |
Останати теми:
Мое гледање на Астрологијата
Астролошките сајтови
Никој не избегал
Школо за новата реалност
Среќата го менува знакот
Седум фази
Плутон во Водолија
Господарот во матни води
Одиме на Марс
Кој сее ветер
Да сум јас некој
QUO VADIS MACEDONIA?
Никој не е совршен
Кај се тие времиња?
Сакам да се дружам само со убави луѓе
Лопови, Овци, Научници и Мистици
Црешовиот цвет
Кога ќе се сретнат Среќата и Фантазијата
Тест за пријателство
Сакај ме повеќе од се на светот
Денот на Свети Валентин
Победа на животот над смртта
Зошто славиме на 14-ти јануари
Чудни се патиштата Господови
Вашиот маж е вашето огледало
Зошто нашите желби не се исполнуваат?
Катарза на стравот од смртта
Што не спречува да бидеме среќни?
Зошто жените сакаат да личат на Џокер?
Убиство со збор
Кога бракот не е консумиран
Ретроградниот Меркур наш слуга
Кај што денот ја љуби ноќта
Кога ќе го преспиеш животот
Те снаоѓа тоа...
Лоши работи, добри луѓе
Другата страна на надежта
Зошто е болно човештвото?
Дали најде радост
Пет чувари на бракот
Љуби, љуби, ама глава не губи
Во музиката е лекот
Ретроградниот Меркур работи за нас
Супер Цветна Крвава Месечина
Очи во очи со Кармата
Ниедна тајна не останала вечно скриена
Јупитер во Риби
Кога ќе се појавиш љубов моја?
Знаете ли кое е најдоброто патување?
Дај му го на другиот
Соковите на љубовта
|
Објавено на 11.09.2021 во 22:12
|
Нејзиното Височество, Госпожа Карма
Ни крива ни должна, таа на своја сметка се има изнаслушано различни муабети, та дека е немилосрдна, та дека е кучка, та дека сурово казнува, та дека е злопамтило... и што уште не. Е сега, некој би рекол дека зад добар коњ прашина се крева, но јас сум забележала нешто друго. Оние кои, на некаков начин, се оштетени се крстат во нејзиниот реванш. Оние кои направиле некакво зло се преправаат дека таа не постои. Оние кои прават добро обично не размислуваат за последиците или, како што велат нашите стари: „Прави добро, не кај се. Прави лошо, надај се.“ Ајде сега да видиме „што кармата е“ и „што кармата не е“. 1. Кармата не нуди мени. Таа ви го сервира тоа што го заслужувате. 2. Кармата не наградува ниту казнува. Таа претставува праведна реакција на Универзумот на некоја наша акција во минатото. 3. Не постојат миленичиња на кармата. Што сме посеале, во овој или во некој минат живот, тоа ќе си жнееме. 4. Како луѓето се однесуваат кон нас е нивна карма. Како ние реагираме на тоа е наша. 5. Кармата порачува: Ако се фокусираме на повредата, ќе продолжиме да страдаме. Ако се фокусираме на лекцијата ќе продолжиме да растеме. 6. Нема потреба од одмазда. Потребно е само да сме стрпливи и да чекаме. Оние што не повредиле, на крајот ќе направат нешто на своја штета и, ако имаме среќа, Бог ќе ни дозволи да гледаме. 7. Кармата никогаш не ја заборава адресата. И најважното, како што вели Ц.С. Луис, во Универзумот не постои неутрална територија. Секој квадратен сантиметар, секој дел од секундата му припаѓа на Бог или е загаден од ѓаволот. Посакувам Бог во секој дел од секундата да биде со нас за да бидеме на безбедна територија. Виолета С. Марсол
Регистрирано во Македонска Авторска Агенција под реден број 970 Скопје Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот. Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
|
Изгледот на страницата одговара за Биковите. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.
Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак. Направете го овој тест.
Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне да ги откриете причинско-последичните врски меѓу вашиот минат и сегашен живот, ќе ви открие што се случувало во вашиот минат живот, како тоа се рефлектира на вашето однесување и на случувањата во сегашниот и која е целта на вашето раѓање.
“ |
Многу сум задоволна. Пред да го добијам хороскопот и да се сретнам со тебе, не знаев што да очекувам и морам да признам дека податоците и објаснувањата беа шокантно вистинити. Ми понуди многу објективна слика на мојата личност и случувањата во мојот живот. Хороскопот ми е како една од оние “self-help” книги, но скроена само за мене.
” Ана, Скопје |
Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.
Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)
|