In English

En français

Говорот
на Судбината

Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате?
 
Кликнете на Книгата...

Останати теми:

Мое гледање на Астрологијата

Астролошките сајтови


Никој не избегал

Школо за новата реалност

Среќата го менува знакот

Седум фази

Плутон во Водолија

Господарот во матни води

Одиме на Марс

Кој сее ветер

Да сум јас некој

QUO VADIS MACEDONIA?

Никој не е совршен

Кај се тие времиња?

Сакам да се дружам само со убави луѓе

Лопови, Овци, Научници и Мистици

Црешовиот цвет

Кога ќе се сретнат Среќата и Фантазијата

Тест за пријателство

Сакај ме повеќе од се на светот

Денот на Свети Валентин

Победа на животот над смртта

Зошто славиме на 14-ти јануари

Чудни се патиштата Господови

Вашиот маж е вашето огледало

Зошто нашите желби не се исполнуваат?

Катарза на стравот од смртта

Што не спречува да бидеме среќни?

Зошто жените сакаат да личат на Џокер?

Убиство со збор

Кога бракот не е консумиран

Ретроградниот Меркур наш слуга

Кај што денот ја љуби ноќта

Кога ќе го преспиеш животот

Нејзиното Височество, Госпожа Карма

Лоши работи, добри луѓе

Другата страна на надежта

Зошто е болно човештвото?

Дали најде радост

Пет чувари на бракот

Љуби, љуби, ама глава не губи

Во музиката е лекот

Ретроградниот Меркур работи за нас

Супер Цветна Крвава Месечина

Очи во очи со Кармата

Ниедна тајна не останала вечно скриена

Јупитер во Риби

Кога ќе се појавиш љубов моја?

Знаете ли кое е најдоброто патување?

Дај му го на другиот

Соковите на љубовта

Те снаоѓа тоа од кое најмногу се плашиш

Објавено на 07.09.2021во 23:03

Те снаоѓа тоа од кое најмногу се плашиш
 

(Вистинска приказна од мојата пракса)

 

„Совршениот брак се состои
од две несовршени личности
кои одбиваат да се откажат
еден од друг“

~ Анонимен автор

Приказната за Андреј и Тања ќе беше како секоја трета приказна што ми ја раскажуваат моите клиенти, ако немаше еден специфичен момент. Се извинувам, два. Првиот момент беше тоа што приказната ми ја раскажа Андреј. Ќе си речете: „Ништо чудно.“ Но, премногу е чудно ако се знае дека мажите сочинуваат само една десетина од моите клиенти. Уште повеќе што за својата интима обично полесно зборуваат жените. Кој беше вториот момент ќе ви кажам подоцна, бидејќи ако ви откријам на почетокот на приказната, ќе треба да ја завршам истата без да ја раскажам. Се надевам ќе имате разбирање и трпение до крајот.

Значи, Андреј беше успешен млад човек кој се приближуваше кон средните години. Образован, угледен во својата професионална средина, материјално обезбеден. Тој имаше повеќе отколку што му беше потребно за да води лагоден живот, да вози скапи коли, да патува каде што ќе посака, кога имаше слободно време, да јаде и пие само префинети нешта. Да не заборавам, беше веќе десетина години во брак со Тања, која не потекнуваше од неговото општествено милје. Но, таа успеваше да одржи чекор со навиките на нејзиниот сопруг и неговиот стил на живот.

Кога ја изработив неговата Натална Карта прво нешто што се запрашав себеси беше: „А, што ќе бара овој човек од мене кога не гледам дека има некаков проблем и дека нешто му фали?“. Во ред, секој од нас, па дури и најсреќните, имаат по некое проблемче што, како камче во чевелот, ги боцка и не им дава раат, ама таквите проблемчиња не се причина за паника бидејќи се решаваат во од. Уште повеќе што видов дека Андреј е човек кој умее да го менаџира не само својот живот, туку и другите луѓе во она што му е важно.

„Што те иницираше да ја купиш Наталната Карта?“, беше првото прашање што му го поставив кога се сретнавме. „Од тоа што можам да го видам не би требало да имаш некој позначаен проблем. Всушност, и самиот си прочитал.“

„Па, да. Шокантно прецизен опис на мојот карактер. Не би сакал тоа да го прочита жена ми“, одговори Андреј и започна да се смее, а потоа продолжи: „Да, описот е точен, дури навлегува и подлабоко во мојата личност отколку што очекував, ама таков сум, нема да се лажам себеси. А, ти веќе ми имаш направено рентген снимка“, тука и двајцата громогласно се изнасмеавме, па тој продолжи: „Изгледам мирно, ама си имам и јас свои мушички. Веќе виде. Но, една работа таму не беше напишана, а многу ме интересира. Што е со децата?“

„Ако прашуваш каков однос да заземеш кон своите деца, збор-два можам да ти кажам веднаш, додека за подетални информации би требало да ги изработиме нивните Натални Карти“, одговорив јас.

„Ете, повторно ме третираш како некој кој има деца, ама јас немам“, беше разочаран Андреј.

Го погледнав со изненаденост, повторно погледнав во неговата Натална Карта обидувајќи се да откријам каде сум згрешила и зошто не сум го видела тој податок. Но, освен фактот што во минатиот живот бил богат и безобѕирен човек кој направил лоша карма на план љубов и деца, јас не видов ништо пострашно. И тоа му го реков:

„Според мене, единствената причина поради која би имал некаков проблем со добивањето деца би било твоето однесување во минатиот живот. Си бил богат наследник на позната фамилија кој бил научен сите врати да се отвораат пред него, луѓето да му бидат на услуга, а тој да прави што ќе посака. Си имал многу љубовници кои си ги третирал како крпи. Затоа, во овој живот ќе мора малку да пропатиш за да се измират долговите. Значи, ако сега се однесуваш со почит кон луѓето без оглед на нивната социјална припадност, ако ги третираш жените со респект, по некој период, ситуацијата би требало да се сврти на подоб...“

И уште не го бев ниту искажала зборот до крај, ми текна:

„Бидејќи не си ти тој кој раѓа, туку твојата сопруга, најдобро е таа да ме посети, да видиме што стои во нејзината Натална Карта“.

„Сто пати сме биле на лекар, и кај нас и во странство. Сите резултати се уредни, и кај мене и кај неа, а еве ни после десет години брак ние не успеваме да добиеме дете“, се надоврза Андреј со призвук на резигнираност во гласот.

„Можеби не сте компатибилни?! Кажи ми го датумот на раѓање на сопругата?“

Тој ги издиктира податоците кои ми беа потребни, јас го направив графичкиот приказ на нејзината Натална Карта, ги споредив нивните Натални Карти и зинав од чудо.

„Ха, па вие се знаете од минатиот живот!“, констатирав со задоволство. Но, кога подобро погледнав видов дека начинот на кој се знаеле и на кој завршило нивното познанство бил навистина суров. Тања била една од мноштвото љубовници на богатиот и размазен Андреј. Таа останала бремена, но нему ниту на крај памет не му паѓало да има нешто посериозно со жена од пониска социјална класа. Ја оставил и така си направил кармички долг и кон неа и кон нероденото дете. Затоа, во овој живот тие требаше повторно да се сретнат, во слични околности, со цел Андреј да го измири долгот и да ја одработи кармата.

Кармичката врска меѓу нив двајца беше вториот момент по кој нивната приказна се разликуваше од секоја трета која ја слушам. Во тој миг коцкичките од мозаикот на нивната врска наеднаш се наредија во мојата глава и јас извикав:

„Знаеш што?! Сега ми е јасна причината за вашиот проблем. Не знам дали го чувствува тоа или не, дали ти признала до сега или не, но кај Тања постои огромен потсвесен страв дека би можел пак да ја оставиш ако остане бремена. А, бидејќи телото само ги следи наредбите на умот, таа не си дозволува да забремени и тоа е длабоко вкоренето во нејзината потсвест. Па, на крајот, би можело да се случи токму тоа од кое најмногу се плаши, ти навистина да ја оставиш, но поради друга причина. Затоа што не може да роди.“

Се гледавме извесно време додека ги преџвакувавме сознанијата кои во тој миг скокнаа од чекмеџето на минатото пред нашите очи, обидувајќи се да ги вклопиме во актуелните случувања.

„Знаеш, јас сум премногу рационален тип. Верувам само на она што може да се измери и докаже. Ама ова што ти ми го кажуваш сега е најреалното објаснување на проблемот кој до сега сум го слушнал, а кој, ниту науката ниту лекарите не можеа да го објаснат. И јас, од внатре, чувствувам дека е вистина. Но, што сега да правам? Ако таа никогаш не го надмине стравот? Зарем треба да останам без деца? А, баш мислев да се разведам. Сега ти ме расколеба.“

„Тоа што ќе направиш од сега натаму е твој избор и твоја одлука. Јас не смеам да се мешам. Но, сега знаеш доволно елементи кои ќе ти помогнат во донесувањето на одлуката. Како жена, би ти рекла да ја растрашиш Тања со тоа што ќе ја убедиш дека никогаш нема да ја оставиш. Дури и ако не ти роди дете. Како астролог, би ти рекла дека дури кога ќе покажеш безусловна љубов ќе можеш да го подмириш кармичкиот долг кон Тања и кон Универзумот. А, ако таа навистина ти поверува, ќе се опушти и би можело да се случи тоа што најмногу го посакуваш, а таа сега го блокира да се случи. Иако до дете можеш да дојдеш и на друг начин. Сепак, ти си тој што одлучува што ќе направи.“

Од тогаш немам информација што се случи со Андреј и Тања. Се надевам на најдоброто. Меѓутоа, за сите оние кои имаат проблем да се ослободат од минатото и остануваат заглавени во спомените, од кои имаат повеќе штета отколку корист, ќе ја раскажам приказната за двајцата монаси.

Монасите живееле во еден манастир кој се наоѓал на врвовите на Хималаите и имале дадено завет дека ќе живеат во сиромаштија, во целибат и дека ќе им помагаат на другите. Еден ден монасите тргнале пеш кон најблиското гратче да купат храна. На патот покрај реката наишле на преубава млада жена која се шетале угоре-удолу долж брегот. Кога ги забележала се израдувала, им пристапила и им рекла:

„О свети луѓе, сигурно Господ ве прати. Мора да ја поминам реката, да најдам храна за децата, ама таа е премногу длабока, јас сум многу ниска, не знам да пливам, а никаде нема мост. Го молев Господ да се случи чудо и еве се појавивте вие. Ве молам да ме пренесете на другиот брег!“

Постариот монах, со насмевка на лицето, и одговорил:

„Ние сме Божји слуги и се заветувавме дека ќе им помагаме на луѓето. Секако дека ќе те пренесеме. Качи се на мојот грб.“

Жената се качила, монахот започнал да чекори низ реката, додека помладиот монах го гледал со неодобрување. Некаде на полпат тој веќе немал сила и му се обратил на помладиот монах: „Брате, јас веќе немам сила, земи ја сега женава ти!“ Така ја преминале реката.

Кога стигнале на другиот брег, жената длабоко им се заблагодарила, им ги бакнала рацете и продолжила по својот пат. И монасите го продолжиле својот пат до гратчето. За цело време младиот монах вриел од лутина и конечно експлодирал: „Брате, јас сум згрозен. Нели се заколнавме дека никогаш нема да допреме жена, а сега што направивме?! Трагедија! Ние сме извалкани, упропастени. Целата наша воздржаност беше залудна. Што ќе му кажеме на старешината?!“

Постариот монах, со мирен глас, му одговорил:

„Јас не знам во што ти е проблемот? Јас онаа жена ја спуштив на брегот на реката уште пред многу часови. Зошто ти сеуште ја носиш?“

И сега, што ми е муабетот?

Како и младиот монах, така и ние, драги пријатели, во умот носиме спомени од кои не можеме да се ослободиме и само ги вртиме како расипана плоча. За да излеземе од тој филм треба да ги заборавиме работите кои не зависат од нас и оние кои не можеме да ги промениме. Така ќе си дадеме нова шанса во животот.

Ај, со лесно нека ни е патот.

Виолета С. Марсол

 

 
 
Регистрирано во Македонска Авторска Агенција
под реден број 970 Скопје
 
Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот.
Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
 

Изгледот на страницата одговара за Раковите. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.


Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак.
Направете го овој тест.


Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне

радикално да го подобрите вашиот животВашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви открие кои се вашите скриени таленти, во кои професии би можеле да постигнете најголем успех, каков е вашиот однос со колегите и претпоставените и зошто, какви се вашите потенцијали на финансиски план.


Околу една и пол година пред да дојдам кај Вас ми се случи нешто страшно. Настанот го пребродив, но постојано ме вознемируваа прашањата “Господе што сум ти згрешила за да поминам низ такво нешто? Со што го заслужив ова, кога отсекогаш имав посебен однос спрема религијата?” Откако дојдов кај Вас добив вистинскиот одговор на сите овие прашања. Иако јас воопшто не Ви спомнав за овој настан, бев фрапирана кога меѓу првите работи од нашиот разговор ми го спомнавте. Преку наталната карта, а особено преку книгите кои ми ги посочивте да ги прочитам, успеав да добијам одговор на сите прашања. Повторно почнав да си го сакам животот, заедно со сите добри и лоши случувања во него, кои оставам да ме водат по патот на духовниот развој. Ви благодарам. 

С. М., Скопје


Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.


Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)


© 2005-2024
Виолета Марсол
Сите права се задржани

Насловна страна | Знаците и... | АстроПортети | Натална Карта | Детски Хороскоп | Љубовен Хороскоп | Бизнис Хороскоп | АстроСовети

Насловна страна Знаците и... АстроПортети Натална Карта Детски Хороскоп Љубовен Хороскоп Бизнис Хороскоп АстроСовети Овен Бик Близнаци Рак (тековен стил) Лав Девица Вага Шкорпија Стрелец Јарец Водолија Риби