In English

En français

Говорот
на Судбината

Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате?
 
Кликнете на Книгата...

Останати теми:

Мое гледање на Астрологијата

Астролошките сајтови


Никој не избегал

Школо за новата реалност

Среќата го менува знакот

Седум фази

Плутон во Водолија

Господарот во матни води

Одиме на Марс

Кој сее ветер

Да сум јас некој

QUO VADIS MACEDONIA?

Никој не е совршен

Кај се тие времиња?

Сакам да се дружам само со убави луѓе

Лопови, Овци, Научници и Мистици

Црешовиот цвет

Кога ќе се сретнат Среќата и Фантазијата

Тест за пријателство

Сакај ме повеќе од се на светот

Денот на Свети Валентин

Победа на животот над смртта

Зошто славиме на 14-ти јануари

Чудни се патиштата Господови

Вашиот маж е вашето огледало

Зошто нашите желби не се исполнуваат?

Катарза на стравот од смртта

Што не спречува да бидеме среќни?

Зошто жените сакаат да личат на Џокер?

Убиство со збор

Кога бракот не е консумиран

Ретроградниот Меркур наш слуга

Кај што денот ја љуби ноќта

Кога ќе го преспиеш животот

Нејзиното Височество, Госпожа Карма

Те снаоѓа тоа...

Лоши работи, добри луѓе

Другата страна на надежта

Дали најде радост

Пет чувари на бракот

Љуби, љуби, ама глава не губи

Во музиката е лекот

Ретроградниот Меркур работи за нас

Супер Цветна Крвава Месечина

Очи во очи со Кармата

Ниедна тајна не останала вечно скриена

Јупитер во Риби

Кога ќе се појавиш љубов моја?

Знаете ли кое е најдоброто патување?

Дај му го на другиот

Соковите на љубовта

Зошто е болно човештвото?

Објавено на 16.08.2021 во 23:01

Зошто е болно човештвото?
 

Сигурно веќе ви е познато, драги мои, дека во човековото тело има 7 енергетски центри (чакри). Ако ги замислиме како мали трансформатори кои Божествената, животворна енергија, ја претвораат во фреквенција на која функционираат поодделни органи и делови од телото, тогаш е јасно зошто, кога чакрите работат нормално, делот на телото во кое се сместени функционира како Швајцарски саат и ние пукаме од здравје. Кога, заради некоја причина, се поремети работата на овие центри, тогаш прво се разболуваат деловите од телото во чија близина е сместен тој мал трансформатор. А потоа, ако причината за проблемот не се отстрани, се разболуваат и други делови од телото. Бидејќи, органите во телото работат како сврзани садови.

Е сега, првата чакра, коренската (Muladhara) е сместена кај коренот на опашката (тртичната коска), меѓу анусот и половиот орган. Таа е темел на нашето емоционално и ментално здравје. A, емоционалната и психичка стабилност се создаваат во семејството во кое сме родени и во нашето опкружување во најрана возраст. На физичко ниво, таа влијае на состојбата на долниот дел од телото. Додека, на емоционално ниво претставува центар за инстинктите, скриената сила која потекнува од племенската сигурност и заштита, семејните корени, крвното сродство и карма, способноста да ги задоволиме своите егзистенцијални потреби, способноста да се браниме, општествените и семејни закони и ред, структурата.

Ако некој од овие елементи не се задоволени или ако ги прекршиме со нашето неправилно однесување, на пример, ако премногу се врземе за материјалното, за парите, ако престанеме да се грижиме за нашето семејство или пак ако тоа ни ја откаже заштитата и поддршката (ако не екскомуницира), ако некој од нашите предци направил нешто лошо некому, ако се чувствуваме незаштитени од државата (племето, Татковината) или ако работиме против неа, тогаш го пореметуваме правилниот тек на енергијата. Како резултат на тоа, започнуваме да се чувствуваме немирно, незаштитено, несигурно, нестрпливо, агресивно, стануваме алчни. Бидејќи, најдлабоката вистина која ја носиме во првата чакра е дека „Се е едно“.

На физичко ниво дисбалансот во работата на коренската чакра се манифестира со слабост во нозете, болка во долниот дел на грбот, ишијас, запек, варикозни вени, ректален тумор, повеќекратна личност, опсесивно- компулзивни пореметувања, алкохолизам, депресија, проблеми со имунолошкиот систем.

Дали ви е сега појасно зошто човештвото во последно време има проблеми со имунолошкиот систем?

Мене ми е кристално јасно. Дури откако го осознав начинот на функционирање на чакрите, ми се наместија коцкичките во мозаикот и одеднаш ми стана очигледно зошто Данте Алигиери во неговото ремек-дело „Божествена комедија“, во Деветтиот, најстрашен, круг на Пеколот ги ставил предавниците. Да, да, добро прочитавте, предавниците. Не убијците, не силувачите, туку предавниците. А, потоа ги распоредил во четири концентрични појаси.

Во Првиот Појас се наоѓаат предавниците на семејството и на својот род.

Во Вториот појас се наоѓаат предавниците на Татковината.

Во Третиот Појас се предавниците на пријателите.

Во Четвртиот, предавниците на Исус Христос и на Господ.

Е овие грешници, за разлика од сите останати, наместо вечно да горат во Пеколот, вечно ќе бидат оковани во мраз и студ. Така вели Данте. А, начинот на функционирање на чакрите само го потврдува овој негов увид.

Јас пак ќе ви откријам неколку начини за урамнотежување на првата чакра, секако освен воздржувањето од правење на оние работи за кои се оди во Деветтиот Круг на Пеколот:

  1. Работа со психолог
    Проблемот е што треба да се најде психолог кој прво се урамнотежил себеси. Инаку, третманот долго трае и скапо чини.
     
  2. Третман кај биоенергетичар
    Вистинскиот биоенергетичар може да го врати функционирањето на нашата прва чакра во нормала. Но, доколку продолжиме со нашето неправилно однесување, тоа подобрување ќе биде со кус век.
     
  3. Развивање на чувството за поврзаност со земјата
    Оваа вежба го развива чувството на сигурност и помага да бидеме во хармонија со тоа што сме, со нашиот идентитет. За таа цел пожелно е што е можно почесто да одиме боси по земја, по трева.
     
  4. Медитација
    Со правилно одбраната и водена медитација би можеле да се одврземе од поривот кон материјалното, да направиме контакт со себеси, со сопствената душа и со сопственото повисоко јас.
     

Во целиот овој процес на урамнотежување на коренскиот енергетски центар ќе ни помогнат фреквенциите кои имаат за цел да ја одржат во топ форма нашата прва чакра:

Нека ни е со лесно и на здравје.

Виолета С. Марсол

 

 
 
Регистрирано во Македонска Авторска Агенција
под реден број 970 Скопје
 
Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот.
Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
 

Изгледот на страницата одговара за Девиците. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.


Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак.
Направете го овој тест.


Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне

радикално да го подобрите вашиот животВашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви открие на кои болести сте склони и зошто. Па, откако ќе ги победите причините, ќе исчезнат и негативните последици по вашето здравје.


Околу една и пол година пред да дојдам кај Вас ми се случи нешто страшно. Настанот го пребродив, но постојано ме вознемируваа прашањата “Господе што сум ти згрешила за да поминам низ такво нешто? Со што го заслужив ова, кога отсекогаш имав посебен однос спрема религијата?” Откако дојдов кај Вас добив вистинскиот одговор на сите овие прашања. Иако јас воопшто не Ви спомнав за овој настан, бев фрапирана кога меѓу првите работи од нашиот разговор ми го спомнавте. Преку наталната карта, а особено преку книгите кои ми ги посочивте да ги прочитам, успеав да добијам одговор на сите прашања. Повторно почнав да си го сакам животот, заедно со сите добри и лоши случувања во него, кои оставам да ме водат по патот на духовниот развој. Ви благодарам. 

С. М., Скопје


Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.


Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)


© 2005-2024
Виолета Марсол
Сите права се задржани

Насловна страна | Знаците и... | АстроПортети | Натална Карта | Детски Хороскоп | Љубовен Хороскоп | Бизнис Хороскоп | АстроСовети

Насловна страна Знаците и... АстроПортети Натална Карта Детски Хороскоп Љубовен Хороскоп Бизнис Хороскоп АстроСовети Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица (тековен стил) Вага Шкорпија Стрелец Јарец Водолија Риби