Говорот на Судбината
Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате? Кликнете на Книгата... |
Останати теми:
Мое гледање на Астрологијата
Астролошките сајтови
Никој не избегал
Школо за новата реалност
Среќата го менува знакот
Седум фази
Плутон во Водолија
Господарот во матни води
Одиме на Марс
Кој сее ветер
Да сум јас некој
QUO VADIS MACEDONIA?
Никој не е совршен
Кај се тие времиња?
Сакам да се дружам само со убави луѓе
Лопови, Овци, Научници и Мистици
Црешовиот цвет
Кога ќе се сретнат Среќата и Фантазијата
Тест за пријателство
Сакај ме повеќе од се на светот
Денот на Свети Валентин
Победа на животот над смртта
Зошто славиме на 14-ти јануари
Чудни се патиштата Господови
Вашиот маж е вашето огледало
Зошто нашите желби не се исполнуваат?
Катарза на стравот од смртта
Што не спречува да бидеме среќни?
Зошто жените сакаат да личат на Џокер?
Убиство со збор
Кога бракот не е консумиран
Ретроградниот Меркур наш слуга
Кај што денот ја љуби ноќта
Кога ќе го преспиеш животот
Нејзиното Височество, Госпожа Карма
Те снаоѓа тоа...
Лоши работи, добри луѓе
Другата страна на надежта
Зошто е болно човештвото?
Пет чувари на бракот
Љуби, љуби, ама глава не губи
Во музиката е лекот
Ретроградниот Меркур работи за нас
Супер Цветна Крвава Месечина
Очи во очи со Кармата
Ниедна тајна не останала вечно скриена
Јупитер во Риби
Кога ќе се појавиш љубов моја?
Знаете ли кое е најдоброто патување?
Дај му го на другиот
Соковите на љубовта
|
Објавено на 08.08.2021 во 23:13
|
Дали најде радост
Според едно староегипетско предание, драги мои, пред портите на Рајот, секоја од душите која го напуштила земниот живот морала да одговори само на две едноставни прашања: - Дали најде радост во твојот живот?
- Дали твојот живот донесе радост во животот на некој друг?
Од одговорот на овие прашања зависело дали портите на Рајот ќе се отворат пред душата што чека или ќе останат вечно затворени за неа. Значи, ниедна душа не била прашувана колку била позната, славна, богата, убава? Колку пари, куќи, коли, имот, стекнала додека била на Земјата? Еталон за мерење на суштината на земниот живот и билет за влез во Рајот била доживеаната и предизвиканата радост. Ќе признаете дека тоа е убав начин да се вреднува нечиј живот, нели? Е сега, да се запрашаме сите ние, дали се потрудивме да најдеме радост во животот и дали успеавме некому да донесеме радост? Мислам дека одговорот кај многумина ќе биде негативен. Па, дури и поразувачки. Затоа, да не губиме време. Да направиме реорганизација на нашиот систем на вредности. Да го искористиме времето кое ни останува на Земјата за да го пронајдеме она што ја буди во нас животната радост. Да престанеме да трупаме работи. Бидејќи, ако имаме премногу на една страна, значи дека на другата нешто фали. Рамнотежата е еден од основните Закони во Универзумот. Затоа, постојано да се трудиме јазичињата на вагата да бидат изедначени. Виолета С. Марсол
Регистрирано во Македонска Авторска Агенција под реден број 970 Скопје Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот. Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
|
Изгледот на страницата одговара за Девиците. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.
Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак. Направете го овој тест.
Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне да ги откриете причинско-последичните врски меѓу вашиот минат и сегашен живот, ќе ви открие што се случувало во вашиот минат живот, како тоа се рефлектира на вашето однесување и на случувањата во сегашниот и која е целта на вашето раѓање.
“ |
Навистина овој хороскоп не е клише како многу други. Овој хороскоп баш ти дава одговори за тоа кој си бил, каков си и што треба да правиш за да станеш подобра личност. ” Деја З.К. |
Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.
Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)
|